Овие протестиве топ тема кај сите кај нас во Струмица сакат да организираат протест, но нешто не им оди... Иначе јас сум против екстерните тестови бидејќи од еден тест ти неможеш да оцениш ученик. Значи имам и тестови 3, 4 и 5 ама сите усни одговори ми се 5ки. Абе ај глупости нека ги укинат и да престанат тие закани и малтертирања. На пробното екстерно си заокружував на еци-пеци-пец изгледа и на оваа ќе биде вака
Кажуваат дека наместо 60 минути овој пат ќе било 40 мин. Не се знае дали се потврдени информацииве или пак се дезинформации.
Што е ова бе??!!! Пред некое време ни кажаа предмети и датуми и денес одеднаш други ? ?? Ај ако можат и ден пред тестирање нека ни кажат нови предмети ( ништо чудно ) Иаку ми е поеќе за радување зашто најлесни предмети ми се паднаа ( географија и граѓанско а предтоа ми беа физика и историја ) сепак како им е на тие што веќе ѓи извежбале предметите што им рекле дека ќе ѓи полагаат ????!! и сеа ете оп ти тоа не си друго ќе правиш ... !! Ахх бе лелелеле каде со оваа држава јас незнам
^^ И кај нас се случи истото.Ни кажаа два предмети ,јас бев македонски и географија и почнав да повторувам географија од 1-вата тема. Имале направено хаос со списоците,јазиците измешани биле па требало нови списоци ,па сеуште чекаме.Кај нас ниту денес не ги ставија новите списоци,најверојатно ќе ги ставам два дена пред тестирањето (тоа и се очекува од овие)
Не бе не повторно ги сменија.Ми беше етика и некој од странските јазици.Како и секогаш беа неинформирани и не знаеа што јазик ќе полагаме.Денес гледам етика и македонски.Мислам се океј предметите ми одговараат,полесни амин.Ама што е со датумиве?Македонски полагам на 29 а,етика на 10.Дали се нормални овие?Наместо да се распуштам и да си оладам главата од школо јас ќе имам екстерно.А,дури сега прв пат ме известуваат за екстерното македонски кое ми е следната недела.
мојата среќа кратко траше и кај нас тие предмети што ни ги кажаа - пу пу не важи !!! добро шо сме ние тука, па така да не зафркаваат?!? ќе се израдуваме еднаш што некој предмет не ни се паднал, а потоа можеби баш тој да го добиеме.. и ств. катастрофа е ова, кај нас се сменуваат затоа што немаме Англиски и Германски, ама немора целосно да ни ги сменуваат предмететите, нека заменат странски јазик со некој предмет што им се паднал на повеќе ученици, а не вака
девојки и мене ми се смениа денес предметите вчера малце се порадував бидејќи имав навистина лесни предмети а денес ми велат историја и географија :ООО ама и ова сеуште не било сигурно:/ сакав да ве прашам дали некој од вас ќе биде тестиран историја и е 7/9?
Озбилно бе у Корчагин нема да прават? Ова за корчагин како посигурно, а и гледам и по други гимназии и осмолетки збореле дека ќе немало. Ај што ќе ни кажат два дена пред тестирање, а во правилникот стои дека треба најмалку 7 дена. СРАМОТА. ДЕБИЛНА РАБОТА!!!
Се зборува нешто дека во петок во Скопје од синдикакот на некои професори ке имало протести пред владата и дека можеби ке се укине. Да се надевамее
Кај нас во Кавадарции некои професори ни кажаа дека математика ке има повеќе теореми или некои формули, а задачи не би требало да има бидејки времето е кратко.
Јас сум социологија и физика,за социологија се радувам затоа што е прелесно за 2 дена можам цела книга да ја повторам, а физика ме фаќа паника од задачите..колку ли ќе ги има па да ги решам за кратко време а и тапа сум задачи теорија супер али задачи не. исто така уште се тешам дека ке се укине оваа глупост поради што воопшто не се организирани некои училишта сеуште незнаат по што ќе се тестирани а нели требаше 7 дена да се каже пред тестирањето.. ГЛУПОСТИ! се надевам дека ке им светне во главите до петок дека ова што го прават не е во ред..
Ова со сменувањево на предметиве е катастрофа! Несредено општество! Ајде да протестираме! Ќе се спремаат сите и на крај - 20 луѓе на протест! Денес беа воведени и ликовно и музичко како предмети за тестирање. Ајде да чекаме, да видиме утре какви нови списоци ќе има.
Лелееее не ми се верува денеска па ни ги сменија предметите. Сега сум македонски и природни науки. Уфф.
Хаос!! Тотален хаос е ова шо се случува!!Таман си реков ми се погодија предметите фатив да повторувам математика и географија.. кога денес наставничката ни чита нов спосок:овај,онај..пола оделение хемија!! А најстрашно е то шо полагањата ќе бидат нареднава недела а ние уште незнаеме кој по шо предмет точно ќе полага..Ај ќе речиш имало некои измени ама треба да се одложат за + една недела поради то шо закаснаја со списоците.. Аман веќе!!!
Значи ко прво предметите се многу неправилно распоредени, на некои им се паѓаат комбинации како математика и физика, математика и историја, математика и македонски, биологија и хемија а на други ликовно или музичко најчесто со математика. И тоа кај нас општи паралелки се физика, хемија, математика, со ликовно сме само 2 деца, со музичко 3-4, додека кај билингвалниве пола класови се информатика и историја, информатика и хемија, кај нив уопште нема математика и физика. Второ, денеска ни ставаат списоци (со кој памет) а во понеделник почнува тоа, среќа што учев математика за годишен, иначе немаше шанси за 5 дена да научам. Трето, на сите професори децата го полагаат предметот што тие го предаваат. Четврто, нема шанси 30 задачи да се решат за еден саат. Петто тој што има врски ќе има и на екстерно. Шесто, без оглед на екстерните ниеден професор не го поместува тестот, испрашуваат и нема ни скратени часови ни ништо па кога мислат тие ние да учиме? Кога ќе се сумира се испаѓа дека екстерново е чиста глупост, кружат некои информации по нетов дека биле собрани 10.000 потписи и дека ако не помине на Уставен ќе нема екстерно, се надевам дека така ќе испадне.
Да,така беше на пробното ама на ова сега не.Барем така кај нас кажаа. И некои дури кажуват наместо 60 минути,ќе сме имале 40 минути за решавање. Го ебавме ежот. Порано барем малку да кажеа.
Леле катстрофааа Учев цел викенд за едно после ми се падна сосема друго,во понеделник правиме а можеби овие не се конечни.Многу сакам да го укинат,ај да имаше ама они тоа го прават многу неорганизирано и глупо,што мислат дека сме ние тука да ни менуваат предмети кога сакаат и ние за 2 дена да учиме по цели книги.Па уште и 40 минути да го направат си се откажувам и не учам па ќе правам таму со еци пеци пец.Нема шанси два предмета да научам за 5 дена,а и можеби пак ќе ни ги сменат.Одвај чекам тој протестот,да се собереме многу и да видиме што ќе излезе од тоа.
Кај нас денеска ни кажаа по кои предмети ќе бидеме тестирани. Ми се падна музичко на 28 мај и хемија на 4 јуни. Музичко ми беше баш супер, хемија така-така ... Да не се жалам, можеше да биде полошо. Ама би било добро кога во наредните две недели не би имале уште 4 теста освен екстерниве. А дали тоа навистина ќе вршат работа потписите на петицијава? И да, каде прочитавте дека може да се однесе екстерново на Уставен? Дај Боже тоа да е точно, мислам дека ако биде на Уставен 100% нема да има, нели и порано еднаш така не помина... Не знам веќе што да мислам, во што да верувам... ама се надевам дека ова е точно...
И на нас денеска ни дадоа нов список,на мене убаво ми се погодија географија и биологија а сега математика и македонски баш тие предмети кои не ги сакам...И не само тоа туку првиот ден (27 мај) се тестирам математика а македонски (29мај)..немам време кога да стигнам со повторување..сепак наставниците рекоа дека ке ги сменуваат пак списоците бидејќи има некој три предмети ќе се тестира,некој два,некој па само еден предмет.Ако се тестираме требаше да ни кажам барем 1 месец порано да знаеме што ќе се тестираме да си ја повториме целата книга а јас за 5 дена не можам да повторам цела книга а после за еден ден уште една,плус не е фер што некој ќе се тестира еден премет некој ќе се тестира три предмета а и списоците секој ден ги менуваат.Во нашиот град се организираат протести и денеска и утре и во петок ќе има изгледа а и има 10.000 потписи така да се надевам дека ќе нема екстерно оваа година.
За тие што ќе полагаат математика.Слушам муабети дека ќе имало само дефиниции и форумули ама не ме фаќајте за збор.Сепак се само муабети што сум слушала