http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/ ... te-testovi Еве го ова за потписите ама само може да нагаѓаме што ќе се деси.
петок ќе имало нови промени во списоците овие не се салам па кога ќе учат децата? будала работа се 5 до 12 дојде
нас ни кажаа дека ќе има промени и има по математика што е нас ни кажаа на 1јуни а сега е на 27мај и каде ке се спремиме за 4дена а природни науки добро ни кажаа на 3јуни а сега е на 6јуни се е изменето и ќе имало и деца кои ќе биле тестирани и по техничко а ние само по техничко правиме некои коли камиони тоа само и од кај ќе знаеме!!--мислам дека треба да се укинат екстерниве оценувањаа :/
Собрани 10,000 потписи и можно е укинување на екстерните тестови Денес беа собрани потребните 10,000 потписи, кои беа поставени како услов родителите да побараат прекин на екстерното тестирање во училиштата. Според порталот turlitava.com, укинувањето на овие екстерни тестови е можно, но сепак тоа сè уште не е сигурно за да се говори како за завршена работа. Во ситуација ако не случи тоа, тогаш протестите ќе продолжат и понатаму со исто темпо, каде што родителите се незадоволни од одлуката на владата да им прави екстерни тестови на своите деца. Родителите за порталот Турлитава, изјавиле дека ако не поминат овие потписи за стопирање на екстерното тестирање во училиштата, правдата ќе ја бараат пред Уставниот суд.
Ние денес протестиравме. Не викнаа на класен. Кажавме кои се нашите барања и денес ќе има совет. Собравме и потписи, па да видиме дали ќе бидне рабптава, ама тешко верувам...
полошо од ова екстрерново неможе да има, цела година си била активна и на крај ти доага некој ти вика ќе праиш екстерно( EDEN TEST) за они да видат дали професорот те оценил правилно абе ајде кај им е логиката одличниот ученик од трема ќе напраи лош тест а лошиот ученик пошо му се дало шанса ќе набуба на памет и кој е во добивка..тој што книга не фатил цела година второ што ме лути е тоа што влегува во диплома, би требало тука да има нешто друго стимулација, трето рокот за екстерно е многу краток..мене ми се падна економија и бизнис, бизнис полагам во вторник а економија во петок..и ајде нека дојде министерот да ме просветли коа и што да учам боже петра спаси ме !!
Не ми е јасно зошто сте толку сите уплашени, Екстерно ќе имало!!! Да нормално е да те фаќа паника, сепак одиш на полагање ама оваа од типот леле за 4дена како ќе спремам цела книга или како ќе научам математика, некако излитено ми е... Феминката погоре имаше напишано дека цела година била активна, епа за сите што си учеле цела година и биле нон стоп активни не гледам причина за паника, материјалот е научен треба да се повтори само и тоа е тоа. Е сега ако не си учел редовно и си забушавал нормално е дека ќе те фаќа страв и паника и дека ќе се жалиш. Феминки вие што полагате екстерно не се жалете сепак имате неколку дена за спремање, знаете дека ми се има случено од денес за утре да ми закажат колоквиум од 200страни. И да сепак е прва година и сите ќе ви прогледаат низ прсти, не се плашете толку многу! Со среќа на сите и без паники
и нас утре ќе ни ги кажеле ,а таман се израдував дека немам матеаматика абе ајде незнаат ни они со праат
Де бре феминки...па не е толку страшно. Океј е дека ве фаќа паника ама сепак тоа е тест од материјал од една година. А кога ќе дојди да полагате матура? Што материјалот е од 4 години?? И тогаш ли ќе се жалите и ќе протестирате? А да не правиме муабет за на факултет...како што кажа miljkovic кога од денес за утре ви закажуваат колоквиум од 200+ страни.
првиот пат имав најлесни предмити не е фер шо смениа у петок сите сте поканети на протест во 12 значи јас иам 5 математика ама одговарано имам за 5-6 лекции а не 50-60 како они шо праат за цела книга