извадок од правилникот за екстерно тетирање П. Кога учениците ќе добијат информација кој ден ќе бидат тестирани и по кој предмет? О. Училишната комисија е должна да го објави Интерниот распоред на огласна табла во училиштето веднаш по добивање на истиот од Државниот испитен центар, а најдоцна седум дена пред тестирањето. Третите и конечни списоци во училиштата се доставени во вторникот 21.05.2013 , во 17h, со што ова правило од правилникот е прекршено. (истите се објавени среда 22.05.2013) п.с. ако не се кадарни листи да состават, ќе бидат ли кадарни тестирање на спроведат? Спојлер еве зошто се правеше корекција на листите: 1. на првиот список - пропуштени два предмети 2. на вториот список - додадени предмети кои не се предмет на екстерно оценување
Мене ми се падна Граѓанско и Географија Ајде Граѓанско знам ама Географија не знам ништо ии материјалот е многу тежок. Ова недела цела со испрашувања тестови... Географија сум на 1 јуни ( А Граѓанско на 27
јас мислам дека сепак нешто на крајот ќе излези и нема да има екстерно тестирање неможи вака неспремни се во последен момент незнам шо се замислува дека ние машини или компијутери сме..
^^Ќе има тестирање.Неможе да се откаже бидејќи веќе тие што треба да се тестираат во понеделник се знае и во колку и каде се. И како што изјавија поголем дел од наставниците: Оценката од екстерното тестирање не е мерило за тоа колку еден ученик ја совладал наставната програма.
Аман бе. Што направија? Повторно нови списоци? Нека се решат веќе еднаш. И да бе, јас во сабота ќе одам да решавам екстерно. А ќе има препишување на ВЕЛИКО, во тоа сум 100% сигурна. Знам од пробното. Доволно е да седнеш на последна клупа, се` се гледа кој што решава. И да седнеш на прва, малку да ја свртиш главата, ќе видиш што решава тој до тебе. Да не има случајно 4 групи? Аааа, да... компјутерите одвај се уклучуваат, па уште тоа им фали, кога ќе се уклучат да сменат група. И навистина, тогаш која е функцијата на професорите, ако некој друг не` оценува, што нема поима од материјалот? И тие ќе имаат плати по учинок? Јас сум сигурна дека ќе има тестирање. Ама ќе се` ќе биде бетер од турли тава. Глупости, само за џабе нервози. Не се доволни тестовите и испрашувањата овие недели, па уште на попот капата ни фали. И поради екстерниве, ние мора да ги направиме повеќето тестови оваа недела. И што ќе правиме до 10ти јуни? Ќе блееме. Прво ни рекоа дека изненадно ќе ни се паднат предметите. Па не сум јас компјутер, па за сите предмети да памтам цели книги. Јас вчера не знам што сум ручала, а не па тоа...
нови списоци?? секаде ?? нас денес ни е патронатот и не отидов на училиште, ама ако е секаде сменето тогаш можеби и кај нас е Сеуште има надеж за мене барем еден од предметите нека ми сменат (Математика или Географија), задоволна ќе бидам и со тоа Monufche - и мене Географија како што гледам кај тебе во профил, имаш 13 год., значи иста возраст сме, и да навистина е претешко, јас за Европа можам да научам, ама за Азија нема шанса И датумите ни се исти, само што мене на 27ми ми е Математика И барем наставниците нека држат дополнителни часови (добро за Математика неможи, бидејќи е сега во понеделник) ама кога излегоа првите списоци, наставничките по Математика и Физика сакаа да држат предчас со учениците (незнам дали оддржаа бидејќи се сменија листите), по Историја на час му даваше примери за прашањата, нека прават така сите наставници..
И Кичево денес се протестираше. А и на Метрополис радио кажа дека Учениците од цела Македонија се на протести деновиве поради одлуката за екстерно тестирање кое треба да почне за некој ден.
И кај нас денес протестираа.Ама џабе ни е и протести и се кога веќе има и кој во која училница.. дефинитивно е.Да седнеме ние да си учиме подобро ќе биде.
Абе се додека не седнам на столчето во училница бр. 2, се дотогаш ќе имам надеж дека ќе го укинат... не за џабе рекле надежта последна умира
На повеќето од вас барем ви кажале по кој предмет и кога. Ние знаеме само граѓанско и математика дека ќе бидиме тестирани во понеделник и ништо друго не ни кажаја...
Спојлер Иста сорта сме Ќе оди утре некој на протест во Скопје? П.С. Браво за Струмичани, навистина, големо БРАВО И што викавте дека нема ни 20 души да се соберат... кога таму се собрале толку многу можам да замислам во Скопје како ќе биде
Јас ќе идам и скоро сите деца што ги познавам.. Се надевам ќе се собереме доволно за да се направи нешто.. Инаку знам дека доколку 10 000 од населението се против нешто (некој закон..), тоа се поништува, а против екстерново има повеќе од 10 000.
http://sitel.com.mk/gostin-vo-dnevnikot ... che-kralev Детално објаснување зошто ќе има екстерно.Но како што пишаа,не треба да се жалиме,затоа што не чекаат и полагање матура и факултет,и испити и триста чуда,така да во споредба со тоа екстерново е лесно.Ама сепак не се фер што само 4 дена пред ни ги кажуваат предметите.Во правилникот стоело дека МОРААТ барем една недела порано да ни кажат.
Знаете јас што мислам? Најубо да се откажиме и да фатиме книга да учиме.Што не е фер,навистина не. Но ќе се помириме со тоа,самите сме свесни дека еден тест неможе да го докаже целиот труд на ученикот од цела година.Ете пример јас се и да знам,знам дека трема ќе ме фати и се дека ќе згрешам. Колку и да протестираме и да се буниме....министеров се скриват ко пи*ка под кошула. Решил да има екстерно и ќе има. Тврдоглав.
-Ликовно во понеделник 27.05.2013 НАЈГОЛЕМИ ГЛУПОСТИ ЛИКОВНО ТЕОРИЈА СЕГА ДА УЧАМ, А ЦЕЛА ГОДИНА САМО ЦРТЕЖИ ЦРТАВМЕ -Устав (Конституционо уредување) во среда 29.05.2013