Тотално сум против. Одлична сум, секоја оценка ми е добиена со знаење и активност, немам врски со наставниците но сепак сум ПРОТИВ. Зошто? Епа и мене ми смета ако јас имам 5ка а се утепувам од учење, а некој друг има исто така 5ка а секој ден дома спие... Еј, мајката, ама па што да речам ако ми се случи блокада на мозокот во моментот? Ако сите знаења што ги имам во моментот се блокираат( а во тоа потпомага огроооооооомниот притисок што ни го вршат наставниците, директорите, медиумите па чак и домашните ) Се направи толкава узбуна со екстерното тестирање што почна да ми станува ноќна мора кога ќе помислам на крајот на година. Методот не го оправдувам бидејќи со само еден тест неможе да се утврди знаењето на ученикот и вкупната активност во целогодишните проекти ќе пропадне во вода. Спојлер Ќе кажам само Sh*t, и едно големо УА за новиот бескорисен начин на проверување на знаечања. own: own:
Се сложувам со тебе.. Има многу не-чесни добиени оцени.. Ќе наведам пример: На тестот по македонски имам добиено 3, а на писмената 5. И ми остави 4, јас не се бунам, во ред е. Но другарка ми ги има скроз исти оцени добиено (3 и 5) И има 5. Значи јас кажав дека не заслужувам 5! Но, ако не заслужувам јас, не заслужува ни она.. А за активноста на часот сме исти..
Што толку сте се исплашиле, тестовите се прелесни, јас полагав пред три години со првата генерација матуранти кои полагавме државна матура, штрајкувавме се траќавме дење и ноќе за џабе, на крај си полагавме и се испадна во најдобар ред, тестовите лесни беа ептен, па и голема работа што оценките не се високи како што биле на крајот од секоја година, верувајте ми, не играа баш голема улога во запишувањето на фах, значи со еден збор кажано државната матура е една голема формалност која секако мора да се помине што би рекле старите "ради реда" Немојте да паничите околу тоа, спремајте си се мераклиски за матурската вечер и без гајле, матурата и онака ке си ја положите без проблем
Без лутачки, ама глупави ми се оправдувањата за да не се прават екстерни. Сакам да кажам дека нема цел живот да земаш плата затоа што во 3та година професорката по биологија ти пишала петка, туку затоа што ќе застаниш пред човек на кој треба да му пресадиш бубрег на пример, но ако ти сега квичиш како си под стрес и ти се блокирал мозокот, за еден глупав тест кој би требало да можеш да го решиш со мижење, тогаш што тогаш и тогаш ќе бидеш под стрес и притисок и наредниот пат ќе бидеш и наредниот и што, нека умираат луѓето, важно тебе 5 ка ти пиша митра биологија. Некој имаше споменато дека некој што не учи, ќе научи само за екстерниот и ќе добие 5ка, па не било фер спрема тој што ги учел со ред лекциите. Стварно не гледам што тука не е фер ако и ти и тој ја владеете исто материјата, па тогаш што си ти повеќе од него, што е битно дали вчера ја научи лекцијата или пред две недели, кога вие ја знаете исто! Е сега ако некој препишува нормално дека нема да биде фер, ама веројатно повеќе ќе се внимава некој да не препишува, а мамините синчиња и ќеркички мислам дека не ни се способни да препишат како што треба и за препишување е потребно да знаеш нешто, за да можеш да се ориентираш од каде да препишиш, за цел учебник се работи, ама за да знаеш треба ја фатиш книгата, а за да ја фатиш треба да знаеш како изгледа
Како да има тестирање кога во секое школо не учат по исти учебници? Кога ги гледав примерите на пр. колку е висок тој и тој врв во еден учебник е друго во друг друго и сега за таква работа можеш да си ја зезнеш оценката. Плус не може еден тест да го одреди твоето знаење. Некој цела година учел вредно работел бил активен се трудел и ќе киксне и отиде оценката а друг цела година спиел и ден пред тоа ќе набуба се на памет и ајде 5 и за една недела ништо веќе нема да знае. Па сега исто ли е нивното знаење?? И некои ученици многу подобро се изразуваат усно од писмено. Исто и притисокот кој го вршат наставниците е преголем и предминатата година голем број деца завршија на психијатар ! И после ние сме сакале да бидеме некоја голема држава. Место да учиме нешто што навистина ќе ни треба во животот ние учиме колку жители на км2 има во Африка колку им е природниот прираст.. А се прашувам дали они воопшто знаат за Македонија ? И за бројот на жители во Африка и многу други непотребни работи ќе си го зезнеш успехот преку овие тестирања ! Сите сте толку самоуверени и велите:,,Ех преку овие тестирања ќе има конечно правда тие што имале добиени повисоки оценки од тоа што требало сега ќе имаат помали..`` Не се радувајте пред време. Они пак ќе си поминат ако си имаат врски, а вие само ќе си зезнете. А за постарите кои веќе завршиле средно и постојано велат дека треба да има тестирање, се прашувам како би изреагирале они ако требало нив да ги тестираат во средно и основно? Многу е лесно да се гледа од страна и да се вели дека е прелесно тестирањето и дека треба да не тестираат.
Тотално се сложувам со тебе!! Шо ми е гајле мене за Африка, поточно јас уште незнам точно колкава е Македонија во км2. А знам за Африка и Јужна Америка.
прво тие податоци си требало да ги знаеш и да не правиме екстерен(доколку имаш висока оцена), иако такви ситници сигурно нема да има на екстерниот, во тоа можеш да бидеш 100% сигурна второ никој не може да научи цел учебник на памет во еден ден(се ќе му се измеше), може да го научи само ако ги поврзува работите т.е со разбирање, така да нема да го заборави тоа што ќе го научи трето тие што се со врски не му се врски грујо, бранко, министерот и сл. туку професорите му се мајки, татковци, тетки, стрини, вујни, дел се лижалчиња ...евентуално некој ако си ја плати оцената, ама мислам дека нема доволно будал родител што ќе плати голема сума за оцената на детето(се разбира дека нема да биде иста цената на еден обичен професор и на повисоко тело што ќе му ги даде тестовите или нешто), сепак оцената е за полесно запишување на факултет, а него подобро му е да плати повеќе за упис на факултет отколку сега за притисокот се изјаснав веќе
Јас сум ПРОТИВ екстерните тестови. Како прво учам во средно стручно училиште и по стручните предмети немаме книги, туку професорите наоѓаат материјали од разни учебници и ни подготвуваат скрипти, што значи дека децата од цела македонија што го учат мојот смер учат од различни материјали, а тестовите што ќе ги прави министерството ќе бидат за сите исти и е можно многу од тоа што ќе го има јас да не сум го учела или пак некој друг да не го учел. Како второ ако министерството одлучило во оцената на ученикот да влегува и неговата активност на часот и изработените проекти, тогаш зошто се тестови на цел материјал?
Да се ми е научено никоја оценка не ми е подарена ама не сакам да има екстерни поради тоа што ги гледав прашњата и некои работи ние ги немае учено! И сеа ја да од кај да ги ископам ти мене објасни ми ??? И како што напоменав не може еден тест да го одреди твоето знаење!
епа не знам како ви е во стручните, пошто учам во гимназија, ама сите професори колку што знам си имаат план (од министерството веројатно) во кој е запишано што ќе "предаваат" на часот и тие треба да одат според него, е сега ако не го почитуваат тоа е друга работа сеедно...баш и помалку се битни оцените од основно
Еве се јавија дипломираните, кои одамна ги оставиле зад себе ученичките клупи и стресовите пред тест. Јас сум против екстерните тестови! Еве и зошто: 1. јас цела година се трудам, учам за секој тест и испрашување, активна сум на секој час и професорот донел одлука јас да имам 5. Но, јас сигурно дека не го паметам материјалот од први септември; 2. некој цела година си свирка и уживка, не се секира за оценките, ама на крај ќе извади 5 на екстерниот и професорот сакал-неќел мора да му пиши 5; 3. глупав е начинот и замислата на кој сакаат да ги тестираат професорите! Ние добиваме по три оценки во полугодие и на крај од секое полугодие добиваме средна оценка. Мене тоа ми е ептен реално. Еве на пр. ако си имал прва оценка 4, па втора 3, а трета 5, за крај на полугодие ќе имаш 4 (средна оценка). А некој може да го зезне тестот и ај докажи дека знаеш. Мене лично потешко ми оди писменото изразување него усното. И сакав да ја појаснам 3. точка: може професорот да биде најдобар, најубаво да предава, ама ако ученикот не учи тој нема што да му прави. На тест е лесно, ќе препише, за испрашивање ќе подкажи нешто што чул и запамтил и ќе има 3-4. Ама ако екстерниот тест покаже дека ученикот не е за таа оценка од проста причина што тој не учел цела година, професорот ќе биде казнет кратко кажано ни крив ни должен. Значи, екстерните тестови се лош начин за тестирање на професорите преку учениците. И некој тука спомна дека нема да земаш плата за 5ката по биологија, туку за пресадување на бубрег. Да, тоа е целосно точно, ама зошто тогаш толку се инсистира на вакви тестови во средно? Зашто ако немаш основа од средно и основно на факултет не се стекнува таа основа за ти да можеш да се дообразуваш и да пресадуваш бубрези.
доколку мислеше на мене-фала за дипломата, ама ќе треба уште минимум некои 6-7 години да дремам над книга во ученичките клупи за да си ја земам доволно е ова па затоа, за да се потрудат учениците да научат за екстерните и да ја добијат таа основа, материјалот и од 1ви септември ќе ти биде потребен некогаш - не петката доколку си научи зошто да не ако професорот ги остава учениците да му препишуваат на тест - не е добар!
Според мене не е и баш сеедно, ако немаш добри оцени, дефинитивно неможеш да се запишеш каде што ќе сакаш..
Против екстерни тестови сум, иако сум одлична и ги имам заслужено своите оценки. Зарем не мислите дека на тојшто му ставале 5ки со врски, нема да ги добие однапред и овие тестови?? Како може еден тест да ја оцени мојата работа и знаење во текот на целата година. И така ни даваат премногу тестови во текот на годината и учиме многу непотребни работи коишто испаруваат веднаш после тестовите и за жал оние што треба да останат не остануваат поради многуте глупости. И по некоја логика на нештата ако на есктерните има само основни прашања, тогаш оние што добивале 2ки и го знаеле само основното ќе добијат 5ки, а оние што учеле ситници ете нема да се сетат баш на тоа што некој го сметал за главно и ќе утнат на тестот. Не може недостатоците во образованието да се пополнат со овие тестови, дупката само повеќе ќе се продлабочи!!
ако не ти остани тоа што си го учела и тоа што треба да го знаеш(поради многуте глупости) тогаш која е поентата на учењето, не се учи само за оцена, се учи и за знаење 2ките сигурно не ги барале основните работи во лекциите(така се ќе научеа, за да го најдеш поважното треба се да прочиташ), тие си стануваат за помалку лекции, евентуално некој со препишување ја добил двојката појасни ми го ова, стварно не го разбирам, со што ќе се продлабочи!?
Како помала бев против тестовиве,но сега ќе кажам едно огромно ДА!!! Се сложувам со фактот дека не може се она што сме го учеле во текот на 1 година да се прикаже само на тестот.Но она што човек го учи,не избледува.Ќе наведам некои причини поради кои сметам дека не е направено грешка со воведувањето на екстерните тестови: 1.Сите ние кои учиме зарем сме побудали од оние кои не учат и на крај имаат двојки за да преминат во следната година(не знам кај вас девојки , но во мојата ценета гимназија е така).Место да шетаат и да се дрогираат,нека седнат и нека научат за 2јка,вистина материјалот е обемен ама знаењето на крај ке се исплати. 2.Препишувачите на тестови на крај имаат поголема оценка од нас,кои сме учеле деноноќно за тестовите и за испрашувањата. 3.Децата чии родители се на високи функции.Па не ни ги испрашуваат,доволно е да се појават на час и имаат веќе 5ки,а останатите е за нив мора учење,ние сме од ниските слоеви. Но бидејки ова е Македонија,не може а да не помине без нерегуларности,сигурно ќе има препишување на големо... Така да... остануваме на сонот за вистинско прикажување на оценката
Против сум, ама се ова се праи за професорите а не за да им се смалуваат оценките на учениците. Да, некој може знае за 5 а на екстерните ќе има 3,4 и тоа не е фер, ама од друга страна и сами викате дека до вчера професорите не се ни замараа па баш заради тоа да почнат да се замараат се екстерните.А за државната матура иако е офф-топик сум за, подобро тоа отколку приемни на факултетиве.А многу против сум што се збореше одреден период дека матурантите ќе полагаат и екстерни и матура.Па добро бе, не се роботи мајкуму.