Морам да кажам дека сум горда на моите струмичани.. се надевам дека и утре ќе има многу народ како што кажав погоре се надевам дека ќе го укинат иначе јас си учам па и да не го укинат не ми пречи (мислам ми пречи де ама барем ќе сум спремна) А нели нешто викаа дека немало да се протестира во Скопје ? Читав дека синдикатот го откажал протестот
Прилеп учениците ги заклучиле вчера по училиштата и не ги пуштале на протести му викале дека протестиве ги организира опозицијата цц страмота
Кај нас за чудо не ги сменија списоците ниту еднаш ( или јас не сум видела ) Од двете едно ќе е.Инаку и ние требаше да протестираме и директорката коа не дозна на училиштето сите не отера у пм посебно тие 4/5 души што бевме како организатори на настанот, секако ни изнавика и ништо од протестот демек тоа било закон бла бла....
Каков синдикат, тоа ние учениците го организираме и настанот си стои на фејсбук, нема таква информација. Едит: ang246, не ми се верува што читам, едноставно не ми се верува... Кој смее да им забрани да одат на протест? И во ова ли ќе мешаат власт, опозиција, политики, мајко мила... Каква е оваа демократија кога се донесува закон на којшто се противат сите што се засегнати од него?
Нема да има можност за препишување затоа што нема да може да седат еден до друг во една училница што го полагаат истиот предмет, бидејќи во сите училници ќе бидат измешани децата од разни предмети штотреба да се полагаат тој ден.
Морам уште ова да го споделам. http://www.sitel.com.mk/stav-na-ums-na- ... testiranje ПА ЗАРЕМ? Што да речам освен Господ да чува и брани. Значи тоа што не сакам просекот од 5.00 да ми е уништен е затоа што сите партии кои што не се ВМРО ме убедиле така да мислам. Е, фала ви што ми појаснивте, и јас не знаев зошто досега. Се да се вмешало со политика бре. Во вакви моменти дури и ми е криво што не следам политика, барем ќе ми беше јасно зошто ова се случува.
И кај нас денес имаше протести. Не верувам дека ќе има некој исход од тоа, ама ето. Во општина ни кажаја дека не се сигурни за тестирањата за трета година ама сигурно ќе има екстерни. Тоа е тоа
и мене не ми се веруваше кога слушнав ама денеска самите ученици кажуваја дека ги заклучиле и дека ја обвинувале опозицијата за ова...незнам до кај ќе стасаме вака искрено...
Екстеното тестирање навистина не е фер. Но, тоа што ниеден возрасен не им обраќа внимание на нашите проетести е уште повеќе не фер. Дали денеска ќе се соберавме над 500 деца ако немавме причина да протестираме? Се разбира дека не. Јас искрено не паметам друг протест на малолетници во мојот град. Но, иако направивме голем протест, сепак додека одевме по улиците добивавме коментари од типот: "Основци да протестират?! Кај се видело такво нешто„ или "Тие не знаат ни што е екстерно, а протестираат„. Сите само зборат, а низ каков стрес поминуваме никој не го интересира. Матура не чекало, испити на факултет не чекале, епа тоа не чека за повеќе од 5 години, а не сега. Сепак кога возрасните не не’ подржуваат се пропаѓа во вода - бидејќи нели малолетниците не смеат да одржуват протести, односно не смеат да ги барат своите права. Толку од мене.
Ги читам коментариве погоре, и неможам да се изначудам. Прочитав некаде дека сакале да им кажат 1 месец пред тестирањето, за 5 дена не се стасува. Како не се стасува бе луѓе? Јас сум среда, не сум ни почната, за 2 саати ќе повториш се` ако си учел континуирано цела година. Па, и 2 би биле многу. Зошто толку паника?? Да, не` затвораа по училиштата во Прилеп. Поточно Гимназија и Медицинско, за другите незнам. Тоа беше затоа што се организиравме да не одиме на настава или да протестираме во двор. Значи, сите кажуваат дека нема простор за паника, не треба да се преучуваме. Прашањата се со заокружување, 1 саат, најважното од сите лекции. Тоа би требало да го знаете и без да повторувате, а не па 1 месец. И, од тој 1 месец, 3.5 недели би се одмарале и пак во последните 3-4 дена би учеле. Не се секирајте, лесно ќе биде и со среќа на сите. Само најголемата глупост во сето ова е тоа што ликовно е предмет на оценување и никој не е поштеден, па барем малите првоодделенчија...
Уфф колку сакав да сум на местото на Ивона, па монологот и климањето со глава да го развијам во дијалог... Најнапред, уводниот збор на министерот беше како да се обраќа на малоумни. Ќе влезат во училница, ќе седнат на столче, ќе уклучат компјутер.... (заборави да каже ќе станат сабајле, срцето ќе им биде во петици, ќе се измијат, облечат.....) Во многу земји во светот се спроведувало вакво тестирање... Ех драги министре, така е, ама во тие земји децата немаат по 240 страни материјал (со илјадници грешки), туку по строго рецензирани 40-тина страни. Исто така, во тие земји има професионализам. Дали не се срамите што неумеевте ни списоците да ги направите онака како што треба (искрено нема ни да ме чуди да на дете од 4-то му тутнат тест од 6-то одд.) Зошто бре Ивонче не праша која печатница ги отштампа новите сведителства? .... барем ќе знаевме кој е единствениот профитер од овој проект. И повторно мојата забелешка ... правилникот за тестирање е прекршен со тоа што списоците не се објавени најкасно седум дена пред тестирање ... имаме ли правна држава, зошто никој надлежен (државен испитен центар) не реагира???? И мојот најголем сомнеж... Полагањето ќе се одвива во 3 термини 9:30, 11:30, 13:30) ... онаму каде што тоа ќе биде потребно (зависно од број на ученици и опремени училници). Мојот сомнеж е дека, во третиот термин ќе бидат деца на овој, оној ... па навреме веќе после првиот термин ќе си ги знаат прашањата. И Еленаааа немој да помислуваш да препишуваш! Прашањата ќе бидат исти ДА, ама твоето прво прашање ќе биде 16-то на твојот соученик (кога кажа министерот дека секое дете ќе добие различен тест, на тоа мислеше) Се гледаме утре... ако ништо друго, да го слушнат нашиот глас. Нека ви се на здравје новите списоци, зошто овие со ликовно и техничко во нив се само ВТОРАТА ВАРИЈАНТА.
А пак, дали сме ние виновни ако цела година професорот не ни предавал? Јас имам среќа што не сака 5ка да ми пише уште од прва година па си бубам секоја година по предмет што повеќето мои соученици не знаат ни книгата кај им е. Ама сум малер, што баш тој предмет ми падна, затоа што е друго кога професор ти го објасни нештово. Физика, хемија, математика - добри професори и од час се учи главното. Дали ти со твојот пост тврдиш дека ја џабе ја поминав скоро цела учебна година дома, учејќи ги сите предмети? Математичко под а не е ич лесно. А ликовно? Епа кај нас еден од најстрогите професори беше тој по ликовно. Ти нацртај си цртеж што во суштина некој ќе го нарече уметничко дело, ама два збора од една дефиниција или поим згреши, па можеш и 3ка да си имаш. Во втора година теоријата на памет ја учевме, рачунај си 30 страни да знаеш да ги рецитираш. Еден збор грешаваш и те тера од ново цела лекција да ја кажуваш. Дали сеуште не можеш да се изначудиш? Јас ќе речам дека ни е полесно нам што учевме континуирано цела година - да! Но навистина, најлесно им е на тие што на им е исто да влезат во приватна квота кога ќе се запишуваме на факултет. А пак тие што сакаат странство да одат? Еве со екстерново, згреши ги 3 прашања за да имаш 4ка, и збогувај си се со стипендија па со факултетот. Да се разбереме, некои семејства повеќе од 15 илјади месечно никогаш не виделе.
Аман луѓе ова екстерново :'( кај нас 3 пати ги менаја списоците во еден ден и само пред 3 дена ни кажаа по што ќе бидиме тестирани Иначе јас сум по математика и биологија.. дали можев да бидам толку многу баксуззззз ајде биологија сепак полесно е .. ама математикаааааааааа can I die good :'(
И нека не се чудат зошто после сакам да се отселам од државата! Ќе си седнам сега, ќе испонабубам, среќа многу лесни предмети ми се паднаа- физика и граѓанско. Лесно е ептен. Ама ова што го прават, после сите тие протести и потписи е крајно безобразно. Ама тоа е, ќе си трпиме. И ќе бегаме одовде, додека е со време. Прва прилика и дим да ме њама!
Значи толку ми го изврти постов.. Ликовно, дали сте учеле или не, сепак, не би требало да е предмет на оценување. Еве, јас сум одлична ученичка, со сите 5, па незнам кои се основни бои. И од кај знаеш дека со 3 прашања згрешени ќе имаш 4ка? Не ги знаеме бодувањата. Има семејства и со под 10 илјади што поминуваат, што ти е поентава? Сите се трудат. Списоците се пратени од ск така да ако немаш некои ептен големи врски нема да си ги наместиш предметиве. Не зборувам конкретно за твојов пост, погоре прочитав дека децата на професорите ги имаат предметите што ги предаваат нивните родители. Глупост. И како оние со врски би ги знаеле прашањата? Со магично стапче партијата ќе им го донесе тестот 2 дена претходно?
Не ми се јасни овие протестите! Деца ако државата одлучила да воведе екстерни тестови да знаете дека ќе си ги полагате. Што и да правите не помага. Како кажале така ќе биде . И ајде позз