Тука има примери како ќе изгледаат прашањата http://novamakedonija.com.mk/dodatoci/e ... index.html Само не ми е јасно.. Пишува дека некои ќе бидат тестирани од 9:30, 11:30, 13:30.Па тогаш зошто нам на сите ни кажаа да одиме во 9:30?
Дали има некој што ќе биде тестиран ликовно, втора година гимназија може да ми каже отприлика што ќе учи, што ке има на тестовите ?????
znaci kajnas postojano gi menuvaa spisocite trebase da imame samo 3 dena da naucime nas ni bese jasno deka so protestite nisto ne postignuvame samo sakame da dokazime deka nikoj od ucenicite ne se slozuva da ima eksterno nas zaradi protestite i poradi toa sto ne se znaese koj predmet polagame i nemame vreme da naucime ni ja smenija datata na polagane
Мислам дека сум единствена што ќе ги полагам единствените предмети од кои се плашев!! Уфф Зошто ли си се распуштив хемија Ама лесна наставничка и немора учење, А другата наставничка па бетер - не ни ги предаваше лекциите за Албанија (За историја ви зборам) И вчера ми вели: Оние со екстерно и Албанија лекциите да не ги заборавите Нема поголем баксуз од мене!! Од Македонски и Биологија паднав на Хемија и Историја!! Мислам дека екстерното е многу неправедно особено за основците!! Да требаше да го учиме цел материјал и на крај да го полагаме, ова ќе функционираше како факултет.. А не цела година да не мачат со испрашувања. Зошто? За на крај да пишат тројки зошто се плашат да не им „зафркнеме нешто„.
А ти мислиш на нас средношколците ни е полесно што имаме 10 пати повеќе и потежок материјал од вас? Камо јас да бев основно,дојди ти да го полагаш тоа јас што ке го полагам,па тогаш да видам што ке кажеш.
на сите ни е тешко, што и да праавиме тоа е. а ова со протестите требаше да се организираме порано. сега е веќе доцна. книгата в раце, кафе, чоколадо и ајде на учење.
^ Ако требало основците да учат материјал за средно, немаше воопшто да има средно - тоа се прилагодува според годините. И ти кога си била основно ти било тешко тоа што се учело, никој не се родил научен, па оди на школо само за да си повтори. Така да не омаловажувајте ги другите, на сите ви е тешко. Според мене ова е тешка глупост, не ме фати мене, но кога јас бев 3та година тогаш ги најавија и ние протестиравме и тоа неколку дена не одевме на часови, или одевме само на некои часови.
не си единствена, верувај.. шо се не би дала за мене да ми се паднеа Хемија и Историја (и нас не ни ги предаваа за Албанија).. и ми се падна Хемија и Македонски на првиот список, и бев пресреќна што не ми се паднаа Математика и Географија, и со вторите - баш тие предмети ми се паднаа.. и сега јас треба да седам над книга по цел ден и да се мислам какви прашања ќе има за лекциите на компјутери што ги работевме (вектори, транслација и др.), бидејќи кај нив нема никакви задачи што се со пресметување, и затоа не планирам ни да учам за таа тема, ама ако се падни нешто за таа тема, појма немам што ќе правам http://novamakedonija.com.mk/dodatoci/e ... index.html - ХАХАХ, ме изнасмеа ова, односно одговорот на прашањето - Дали ќе има настава на денот на тестирањето ? - Сите ученици што се на распоред на денот на тестирањето НЕМА да одат на настава. Сите други ученици имаат редовна настава според распоредот на часови... да, да, секако, во понеделник само пола клас ќе има настава (скоро половина од класот ќе бидиме тестирани математика) и можеби е така во другите училишта (иако не ми се верува), ама кај мене нема шанса такво нешто да се случи
нас наставникот историја ни е премногу добар,и тој не ни ги предаде лекциите за Албанија ( т.е ни ги предаде ама сите лекции ни ги спои во една,и ја пишувавме во тетратка,ако сакате ќе ви го напишам планот не е долг) и ни рече да не ги учиме ќе немало за тоа,ни рече само да ги читнеме ако сакаме од книга,ама планот од тетратка да го знаеме ( и јас имам историја екстерно) ќе имало само поважни работи, со прашањата за историска ориентација : Кој ? Кога ? Каде ?.... на пример за малдотурка револуција Кoј? младотурците Кога ? 3 јули 1908 Каде ? Ресен. Тaка ќе имало поважни работи.
Џабе се сега протести...тоа уште пред неколку недели требаше..и тоа никој да неиде во школо може ке имаше повеќе шанси...и така неколку години се одложува.. А и никако неможе да се организира сите да искочат на протест или пак никој да неиде во школо..секогаш има некој што ке зезне работа..како и да е тоа на нет што објавија демек какви ке биле прашањата е чиста глупост..да да сигурно ке стаат такви лесни жими ... посебно ме интересира на кој и по што ке му стаат прашање слично како она деветото. Како прво една моја професорка ги има праено прашањата за нејзинито предмет кој е стручен и сама си кажа дека и она сама 5ка тешко би добила да ги решава зашто 40 мин. е малку време за 40 прашања..ти за едно прашање имаш 1 мин. а некој прашања се за размислување неможе туку така да се кликне само и ајт готово. Ова екстерно е за никаде. А и да кога ке видам некој кој завршил школо на фб ке пише ете сега ке се види кој учел кој преку мама и тато има 5ки или пак ние на факс повеќе учиме не се бунете за едно тестирање Абе ајде...да вие на факс повеќе учите не викам не ама вие не полагате еден тест со матријал од цела година и тоа ти го мењаат предметот 500 пати.!! А да не зборам за тоа што некој лекции воопшто не се учат.
Кои 10 000 ? Дали имало илјадарка. Како и да е, и да беа 10 000 ништо немаше да биде. Најреално, на никој не му се учи, да научиш два предмета за недела две не е толку тешко. Сите бараат оправдувања, измислуваат глупости. И треба да се тестира нашиот систем. За многу, ние сме НЕМАЛЕ систем, што и до негде е вистина, па ова е еден чекор за подобрување на ситуацијата. Многу наставници работат со фаворизам, што и не е во ред. Некој ќе добие четворка со раскажани две лекции, а некој тројка со три. Не е сегде праведно во секој случај. И нормално, на никој не му се читка Се работи за општа култура и за кратко прелистување. Протестот беше непотребен, сите знаеме дека куп дечиња нема да ги поколебат горните. А за фактот дека огромна сума пари е дадена за ова? Глупости.
Не сакав погрешно да се сфатиме. Не мислев ништо да ти извртам, туку да ти кажам дека стварно се со право протестите. Не ги знаеш бодувањата? Јас добро го исчитав прирачникот и информациите што министерството ги има објавено, па ќе ти кажам. Не мора да ме земеш за збор затоа што сите правила 100 пати ги изменија и уште толку пати ги испрекршија. Секое едно прашање се бодува со еден поен, а многу ни е на сите јасно дека петка треба најмалку 90% од материјалот во секој момент да го знае. Спрема тоа, од 30 прашања, 10% се 3 прашања. Што значи, а и јас погрешно пред тоа грубо се изразив, ако ученикот одговори најмалку 4 прашања порешно, не може да има петка. Што значи, да си кажеме по нашки, имаш право само на 3 грешки за петката да си ја задржиш. Зошто го потценуваш предметот ликовно? Па зошто постојат толку многу музеи низ светов со врвни осигурувања, да не можеш ни да сликаш уметничко дело? Вистина е дека денес не се исти вредностите што некогаш биле, но имај на ум дека де пред 2 века, да си уметник било слично ко да си демибог. А чисто се сомневам дека не знаеш кои се основни бои, затоа што одличниот ученик ќе го знае тоа, ако не од ликовно и чиста логика, тогаш од физика и хемија. А, и јас не ја сакам политиката и одбивам да верувам во предностите на политички поврзаните луѓе. Ама фактите се тие, и сега замисли си ситуација чичко ти да е не знам таму на колку висока позиција во министерството за образование и има акцес до прашањата, не ќе ти ги каже? Чисто се сомневам. А, гледаш и самата што се за пари прават, па и да немаш фамилијарни врски, со неколку илјади евра сигурно ќе ги поткупиш. Да, ќе учиме и повторуваме и ќе ги одговориме повеќето прашања. Но дека екстерното оценување се врши на правилен начин со цел да го подобри образованието, па мислам дека е многу јасно дека воопшто не е така. И уште сега на вести ќе кажувале како тоа имало само минимален отпор... како не им е срам, е баш за тоа јас пак не можам да се изначудам. Да додадам уште за учениците од основно, не се стресувајте многу, оценките од основно никаде не се бараат освен на уписите за средно, а пак средно е задолжително и нема кој не се запишал. Едноставно не вреди да си се измачувате себе си за нешто олку бесцелно како екстерново А за нас средношколците.. имат да си бубаме по цел ден, еве јас имам 3 дена за математика да повторам, 3 за биологија и плус 3 полугодишни, 3 годишни тестови по математикиве, англиски, германски, историја, физика.. охохоо, следнава недела - пекол. Нема дурго, обратно уште од сега да си збогуваме со факултетите што ги сакаме. Барем мојот случај е таков.
Тие што полагаат Историја за 2ра година,во ЛП чекам информации како ќе учите.Уфф ке полудаам,цела година ништо не учевме по овој предмет и баш на најголемиот баксуз т.е ЈАС мораше да полага баш ИСТОРИЈАА
Уф добро е што ќе има само поважни работи! Поважните работи се лесни Инаку напиши го планот.. ако си осмо ќе ми помогне Ако си седмо не мора (зошто спомнуваш младотурска револуција, а ние тоа лани го учевме )
Велат дека тестовите ќе се оценуваат според официјалните критериуми за оценување (прилагодени на предметот, што и да значи тоа). Според официјалните критериуми за оценување, оценка 5 се добива ако ученикот има совладано 76% до 100% од материјалот, на највисоко ниво (анализа, синтеза, примена итн итн). Тоа тешко може да се заклучи со тест во кој прашањата се одговараат со избирање на еден од понудените одговори (не тешко, никако не може да се заклучи нивото на знаење кога тој тип прашања се за најниско ниво на знаење-препознавање). Така што самите креатори на тестовиве се негираат себеси со начинот на кој воопшто се извршува тестирањето, како да ги правел некој заталкан во образование, без идеја како всушност се работи, кои се постапките при составување објективен тест и како се прави бодирањето и оценувањето на објективните тестови. Аматери, во секој поглед...
Деца ај не се глупирајте, седнете и учете. Ако сте биле толку добри оваа година и сте ја заслужиле петката, сигурно нема да ви биде тешко да седнете и да повторите викендов, нели?