Не ми се верува што учам. Граѓанско полагам, читам Македонија демократска држава била! Хмм... Него да си ве прашам, оти овој по граѓанска малце... не е баш заинтересиран. Сте учеле ли за настанокот на човековите права? Оти ни рече тогаш да не ја учиме лекцијата, долга била да не сме се мачеле. Треба и таа да се научи, така?
Сум ЗА ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТОВИ и редно беше да почнат да се спроведуваат бидејќи особено во ОСНОВНИТЕ училишта на 85%-90% од учениците им се попуштени и подарени оценките од страна на наставниците и кога ќе се запишат во средно се без знаење како да немаат завршено основно образование и преку цела година имаат 1 и се оставаат на полагање на крај година што постои можност и да ја изгубат годината или пак некои и директно губат година, сето тоа се случува, бидејќи така се научени од наставниците во основните училишта без труд, напор и знаење да имаат 5 и на крај година да поминуваат одлични. И на тој начин и третман од страна на наставниците од основните училишта ги изедначуваат сите оние кои незаслужено имаат 5 и поминуваат на крај година одлични со нас кој вредно и напорно учиме преку цела година. Сега завршувам прва година средно и можам да кажам дека секоја им чест на професорите во Средните училишта кои си го ценат секој својот предмет и не ставаат подарени оценки, бидејќи ако некој не знае затоа постои и оценката 1 па макар и изгуби година, бидејќи на пример каков ли ќе биде тој економиста ако не знае Математика и само за да помине година му се подари 2-3 или повеќе.
Јас не би била толку против екстерните доколку ни дозволуваа да одбереме кој предмет ќе го полагаме и после тој предмет ќе ни биде потребен и на факултет.А вака на некои деца им се паѓа некој предмет кој го учат со сила односно предмет за кој никогаш не би им паднало на памет да одат на таков факултет.Пример зошто да полагам музичко кога го учам само две години? Ако сум сакала музичка уметност ќе сум идела во таква гимназија а не во општа. И сега сите ќе се посветиме на екстерново, ќе ги занемариме другите предмети и после не се знаел материјалот.. па како да најдам време ?!
Абе дечки, зошто толку паники? Сфаќам, страв ви е да не добете пониска оцена, но имајте во предвид дека : а) не сите училишта учат по исти учебници. Тоа значи дека ќе го има она што е предвидено со наставната програма, многу општи работи, а не се што ви е дадено во учебникот. Ако ве интересира како изгледа наставната програма за предметот кој ќе го полагате за вашето одделение, прочепкајте на страната на бирото за развој на образованието, во делот наставни програми. Како и да е, ви гарантирам, ќе биде прелесно б) Добивате поголема оцена. Што со тоа? Ништо! Исто како и ако добиете иста или пониска. И двете оцени ќе стојат во сведителството,онаа од наставникот и од екстерното. Плус тоа, имајте на ум дека има и наставници кои не си ја работат работата, така да оцената колку што ве отсликува вас, толку дава слика и за самите професори. в) Основци, сериозно ли мислите дека ако сега добиете пониска нема да се запишете онаму каде што сте наумиле? Или вие од средно? Дечки, наталтетот е паднат, ученици има се помалку, и секоја година остануваат празни места во средните училишта и факултетите. Ќе се запишете каде сакате, верувајте ми, не ви игра голема улога ова екстерното. Лично сметам дека повеќе се прави за да се добие една слика за квалитетот на образованието и оцените. Толку. Според она што го читав, имате по 2 мин време за едно прашање (60 мин за 30 прашања). Тоа значи дека вие апсолутно не ни имате време за нешто многу многу да размислувате. Пишувате по сеќавање, она што ви останало во глава. Ова учење во последен момент мене воопшто не ми е јасно Со среќа на сите
Не знам зашто толку паничите, се буните и сл, кога делумно и на факултет ве чека истото.. Стигнати се сведителства со две оцени, ќе се внесат ( барем тука од каде што сум јас ). Министерот кажа пред некој ден дека имате шанса да се враќате назад на прашањата, да бирате сами кое прашање ќе одговорите, не мора по ред да решавате. Плус пола од оцените се од ракав трескани, дека ќерка на овој, сестра на онаа, па ајде нека има повисока оцена. За некои стварно е потребно да ги репнат на плата, идат и кафиња пијат, или воопшто забораваат дека имаат предавање, па ајде моли се некој друг да влезе да пополни часот.. Катастрофа.
Јас сум математика и Англиски. Добро е. Англиски е лесно, а ме бива и за математика. Во понеделник е математика, денеска решив да повторам, но и да ги научам и содржините што уште не ни се земени. Англиски во четврток. Јас не паничам многу, но сепак мислам дека треба да се стегнам. Следната недела ќе ми биде доста тешка, 2 екстерна, тест, и 2 испрашувања. Како и да е, ќе пишам впечатоци задутре.
Mене прво ми се паднаа македонски и информатика,а од кога ги сменија списоците ми се паднаа биологија и историја. Историја,најнеомилениот предмет за кој се молев да не ми се падне.Кај не ги паметам добро лекциите,па уште треба и цела книга да ја знам.Биологија ми е ок,само ќе ја пролистам книгата за да се потсетам,бидејќи знам. Македонски и информатика ми беа добри,а кога дознав дека историја ми се падна многу се изнервирав. Како и да е,со среќа нека ми е во среда и петок.
Кај нас на четворица им се паднаа македонски и информатика и не се задоволни, а јас од информатика и биологија најмногу се плашев. Премногу работи има за помнење, дефиниции, а тие работи мене баш не ми одат. :geek:
Ееее и ова екстерно тестирање нема многу да покаже кој наставник оцнеувал објективно, а кој не. Другарка ми ми кажа дека наставникот им кажал да не се секираат, сите 100 прашање ќе им ги даде да си ги научат. Си има човекот пријатели и врски, али тоа е така кај нас во Македонија, знаењето е сила, ама врските моќ! И дали е праведно ова ? Некој ќе се утепа од учење и пак на крај нема да добие 5, а некој на готово ќе ги има прашањата и без многу труд ќе си добие 5.
Јас не полагам историја, но кај нас професорката кажа дека би требало да има години, но оние најважните(зборувам за материјал за трета година средно):прва и втора светска војна, конференции, побитни револуции,капитулација и ослободување на државите.
Точно е дека ќе има од лекциите за Албанците на екстерното? За историја зборам. Наставничката така ни рече.