а музичко што прашања би имало? и од кај ке извадат 30 прашања коа прилично е мал материјалот -.- (се надевам нема да има нешто за скали знам да ги изведувам ама не ги знам на памет)
И јас ќе бидам математика тестирана. Иначе, 10 од задачите ќе биле теорија, односно дефиниции, 10 други со средна "тежина" и другите 10 тешки. Со помин нека ни е. Што да ви кажам.
Супер. Јас математика и физика.Поголем баксуз од мене нема. Јас не знам кој уче дефиниции по математика. Ние формулите ги пишуваме на хамер,а некои на лист кога правеме тест.А сега ќе треба сите формули да ги научам и дефиниции кои никогаш не сме ги учеле. Едно прашање имаш време да го одговориш за 2 минути,а една задача колку и да е лесна не можеш да ја решиш во рок од 2 минути.Ќе си правеме еци,пеци,пец. Во нашиот клас имаше неколку ученици што беа испуштени,ги немаше на списокот.И сега во среда кога конечно беше истакнат списокот нив пак ги немаше. Нели оние кои ќе прават екстерно тој ден не треба да се настава,а нашиот класен ни кажа најдобро да си дојдеме на училиште од сабајле.
Девојки ај мислете малце логички! Како е можно математика да има некои ептен тешки задачи за решавање? тоа не е можно бидејќи ако беше така ќе ни дадеа 2 саата за решавање а не 1 -.- сигурно ќе има теорија и некои прости задачи
Да ве прашам за граѓанско. Општи работи ќе бидат, така? Оти мене предмети како граѓанско, кога се учат права и случни глупости најтешко ми е, безразлика што книгата е некои си седумдесетина странички. Ама пустото тешко ми е. Камо да мипаднеше биологија. Се надевам лесно ќе биде оти утре полагам. Господ напомош нека ми биде...
какви задачи беее? сигурно ќе нема некои за да треба да изведуваш формули па да решаваш па тек да заокружиш одговорот ни 10 прашања ко така нема да одговориме
И јас така мислам,бидејќи не е фер и нема смисла ние по математика и физика да имаме задачи од тие потешките.Сепак кој и да прашам не знае да ми одговоре.
И јас полагам музичка уметност.По моја логика повеќето од прашањата сигурно ќе бидат со делата од композиторите што ги пишувале за 2ра година зборувам.А професорот кажуваше дека можно било да ни дадат нешто и од скалите. Јас мислам дека ќе имат и некои прашања колку да зафркнат нешто.Пример како се викал братот на Гершвин. Ама не сум сигурна.Али сепак повеќе вниамние посвети на делата
Бидејки се многу дела нам професорката ни рече да обрнеме внимание на тие долу што се дадени како музички примери бидејки самата авторка ги спремала прашањата за екстерното и штом ги дала за слушање најверојатно ги смета за побитни и ако има некои дела ваљда тие ќе бидат.
http://www.itembank.dic.edu.mk/Questions.aspx видете на оваа страницава читав на фб ги имало прашањата ама мене ништо не ми излагат пробајте и вие
Јас сакав да ми се падне музичко, ама ништо... Тоа е единствениот предмет, од кој го знам цел учебник. И скали и теорија. Дури и материјалот од прва. Утре полагам ликовно, 213 страни, а јас немам книга чепнато. Супер!
Со среќа на сите феминки, и камо сите да положиме со 5! Хиихихихихихиих, мислам дека темава може да и биде конкуренција на онаа со државна матура!
Мене ништо не ми искача или пак јас незнам ако да ми искочат.....кај тоа клучни зборови што треба да се пише??? Иначе полагам утре математика и во сабота географија.Радосна сум што не ми се падна некои гупи предмети како ликовно,музичко,историја,физика што неможеш да ги научиш али пак сум против екстерното..абе овие нормални сте или пак немаат(имаат ли овие деца па да видат колку ке треба да учат)Само се молам на господ само да бидат лесни и да може дигитрон.Ај за математика и науцхив треите теми-последната ме мрзи али за географија дали се овие нормални во понеделник ми е полуматура а ја треба во сабота да полагам алоо
И јас ќе се тестирам по граѓанско утре. Овој тестов што го имавте ставено погоре е прилично лесен, па ако бидат такви и прашањата на екстерно добро ќе биде петка имам морам да ја оправдам
Еве јас да кажам зошто сум толку изреволтирана што толку доцна ни кажаа. Утре полагам екстерно ликовно. Во прво полугодие ликовно навистина учевме, професорот ни даваше скрипти, планови, значи се предвидено според планот и програмата. Е сега, во второ полугодие е предвидено учениците да се оценуваат со цртање и така и беше. А сега, мене во вторникот ми кажуваат дека во понеделник ме тестираат ликовно и дека треба да го учам целиот материјал од второ полугодие што не ни требаше да се учи. Тоа е навистина претеризам. Да беше некој предмет што континуирано се учи немаше да биде проблем, ама морало вака да биде. Веќе искрено гајле ми е, што сака нека биде. Нема јас живци да губам за едно скапано ектерно!
Ме нервира што не сметаат за малоумни. Пред две недели учениците знаеле кој што ќе полага (прочитајте во текстот) ???? Зошто? Луди сме ние? Не знаеме кога се дадени списоците? http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=8089