Во 10:30 треба да бидам пред школото. Денес граѓанско полагам. Страв ми е, тапа сум. Колку и да е мала книгата, мене овие предмети ич не ми идат и со мака си ги учам. Среќата да ме послужи бидејќи е на заокружување, оти ќе го оберам бостанот. Викат лесно било, ама мене не ми е. Па ако сака книгата и 20 стр. нека биде
Женски,ја полагам математика од 16:45. Дај вие што полагате порано,кога ќе се вратите пишете некое прашање...
и јас денес математика, во 12:00, ама треба да бидеме таму во 11:30 стискајте палци, јас си научив, се надевам дека нема да заборавам се
Заврши некоја од Вас- посебно тие што беа на математика? Дај кажете лесно, тешко, колку задачи имаше? А инаку, кога ќе се дознаат резултатите? Да не Ви имаат кажано и бодовна скала?
Завршив јаас. Ич не беа тешки прашањата, барем за мене. :geek: Имаше 30 задачи, а не ни кажаа ни за резултати, ни за бодовна скала, беше исто како на пробното, само други прашања, ја прашав сега мајка ми, само 1 ми е грешка ама нема врска, од кај да знаеш, може ќи изникнат други грешка. Инаку откога не прочитаа, во училницата чекавме пола саат додека да ѕвони, па тогаш да почнеме. Уште во четврток Англиски толку.
Еве и јас да ги утешам сите што допрва полагаат, математика било лесно и без проблем се одговарале сите прашања и за помалку од 60 мин, доволно биле 30-40 мин за сите прашања.
мене сега ми се јави една наставничка сестрами полагаше математика рече дека па и не биле баш лесни имало и задачи од матријал шо не му бил доземен...
Сестра ми полагаше математика и многу бил логички и лесен, а и на анкети видов во глобала се задоволни учениците. Очекував да биде така, сепак првпат е како се спроведува
и јас се вратив, и тоа со насмевка на лицето тестот беше прелесен, го решив за 20тина минути, знам дека не добив 5ка, оти имам 4-5 грешни, ама не сум јас крива, не ги имаме учено тие, бидејќи се последни и не мислевме дека се важни, па наставничката не ни ги предаде арно ама, имаше едно со просек пресметување, е тоа го знам, ама другите не ги знаев, едно за малку точно ќе го одговорев, и се предомислив како и да е, мислам дека добив 4ка сега ми останува уште географија, се надевам лесно е и најневерјатно од се - навистина немаме настава денес
Мене ми беше многу тешко математика а и на тие што беа со мене во училна.Логички беа повеќето,од трема се збунив,гледам овие што полагаа граѓанско сите прашања одговорени а јас 5-6 дали имав.Важно на крај сите ги решив па што ќе биде нека биде.Уште македонски во среда и готово,македонски мислам дека ќе ми биде лесно го имам научено пола материјалот а другото само да повторам.
Математика ми беше многу лесно, сите одговори беа логични. Можеше и да се препишува, но тоа беше во зависност кој наставник е во училницата. Некои деца немаа компјутер за полагање, а и јас бев меѓу тие, но имаше училница со резервни компјутери така да немаше проблеми. И граѓанско било лесно, немало години. Сега ми останува уште англиски во четврток.
Денес јас полагав ЛИКОВНО и задоволна сум лесни беа прашањата инаку имаше 7 прашања со слика која што слика не можеше да се види беше црна подлогата со црвен прешкртан икс и тие 7 прашања ни рекоа да не ги одговараме, бидејќи така стигнале од Министерството за образование, а од останатите прашања мислам дека 1-2 или 2-3 имам згрешено. Инаку материјалот иако сум средно, беше ист како и од основно.
Девојки некои историја или биологија да полагал??? какви се прашањата многу ли се детални или онака по општи?? и кој ве пазеше, професори од вашето школо или??
Некои што беа денеска ми кажаа дека имало многу грешки.На пример имало одговор а немало прашање и обратно.