Иии како поминавте? Се помина во ред кај вас? Тука убаво помина....Кај нас тука малите од 5то пред да почне екстерното- се расплакаја, се уплашија.. Ги разбирам Иначе стварно имало во прашањата по Граѓанско за 7мо, работи кои не ги имале учено? Јас така се информирав
Јас ќе кажам каков впечаток ми остави. Организација 0! Како може лекции математика што не сме ги училе, и што ги нема во програмата да се стават? Плус, графиците од кои што требаше да се одговори прашањето ги немашее .. На сликата пишаше мисинг. Глупости! Кај мене ми се паднаа добри професорки, и во мојот клас имаше и деца од друга струка, и на нив тестот им бил направен од сосем друг материјал/учебник.
Најпрво да кажам дека организацијата им беше за никаде... кога отидоа тие од првиот круг во 09:30 немаше интернет па полагаа во 12:00, а ние што бевме во 11:00 полагавме во 13:30. Ај што не беше организирано не беше ... па задачите беа ужас едни глупави до крајност... немам зборови.. имаше и некои едноставни што и дете од 1во одделение може да ги реши, а имаше некои што и професорот не ги знаеше И плус тоа сликите не се отвараа
Ај просветлете дали во прашањата од 8мо по математика имаше многу од оние линеарните функции и равенки ?
Кое олеснување ми беше денес кога си додов дома. До сега спиев, замрена за спиење бев Инаку вака, глупо беше. Искрено! И ова за граѓанско, точно е! Имаше прашања кои ги нема во учебникот. Е сега да си малце попаметен и логички да размислиш- ќе ги одговориш. Кај нас лесно беше да се прапише. Мене погрешка ме сместија до дете што полага граѓанско а има 2. А убаво му реков немој! Ќе го казнат наставникот, тој упорно. А неможев да го наклеветам, сепак школски ми е. Имаше некои многу лесни, но имаше доста двосмислени, дел од нив ги нема во книгата... Битно можеше да се препише. Среќа наставникот по граѓанско влезе еднаш внатре, па за две прашања ме исправи. Само незнам кои се критериумите на оценување, ама за 4ка верувам дека ќе имам. Ајде уште физика и после ќе си го сончам г'зот.
кај мене беа неколку равенки,неколку глупави прашања без смисла,имаше 2-3 задачи потешки,имаше 1 или 2 система,за графици имаше и неколку полесни прашања.
Се сложувам со тебе ептен беа глупави по граѓанско прашањата, ама и лесни беа од општа култура повеќето бидејќи доста имаше што ги нема во учебникот. На пример забележав едно кои медиуми спаѓаат во печатени медиуми и понудени одговори беа компјутер и книга, весник и радио, списанија и тв и книги и списанија Битно добро помина, сега уште хемија ми остана мене на 4ти (а хемија бев на натпревар и се си знам, така да немам никакви проблеми, можеби ќе го разлистам учебникот), и распустот може да почне
Тууу бре, сум утнала едно. Туку сакав да прашам, колку фора имаме да утнеме за 5ка? Да знам дали многу да се секирам... Ајде де, ќе се тешам дека и 4ка би била во ред. Ама и ќе биде, само 3ка да не е, ќе ми ја намалат оценјата
дечки оваа ви е листата за 1 не треба листа инче ве ја : 1-10 - 2 10-20-3 20-25-4 и од 25 па нагоре точно одговорени прашања е еднакво на 5
ај ве молам, по се што е кажано за екстерново, мене уште не ми е јасно како ќе се формира оценката во сведителство. Ако има на пр. од наставникот математика 5, а на екстерно добие 4, дали во сведителството ќе стои четворката? Инаку не е фер, во тестот на син ми по математика имало три прашања од работа со податоци-лекции кои нити наставникот ги предава, нити се спомнуваат во програмата.
Двете оценки се внесуваат во свидетелство, едната како оценка од наставник, другата како оценка од екстерно тестирање. И оценките од екстерното оценување влегуваат во просечниот успех на ученикот (значи се пресметуваат заедно со другите оценки). И кај син ми имало од работа со податоци, ама си ги работат тие лекции најнормално, со столбест ваков-таков дијаграм, со читање податоци од различни видови дијаграми итн... Веројатно е пропуст на наставникот за кој за жал ќе платат децата.
^Peppermint се зборува дека ќе стојат двете оценки една од професорот, и една од екстерното, барем нас така не извести директорот. Инаку ова е едно од најнеорганизираните нешта.Требаше да полагам во 1:30, системот падна,почнавме со полагање во 2:30.Во текот на полагање на многумина им се исклучуваа тестовите, се кочеа компјутерите, сосема несредено беше, хаос.Имаше неправилности и во самите тестови: имаше кај одредени ученици исти прашања по неколку пати во тестот, потоа имаше прашања од материја која што не ни е учена и одма тие бодови ти се одземаат од тие 30 прашања.Инаку конкретно математика денеска тестот беше што знам глупав,имаше работи што кога учиш никогаш не би им обрнал внимание, буквално глупости.И да имаше прашања што може секој да ги реши, но и и некој што се многу тешки. Мене ми остана уште македонски на 6ти јуни, за тоа не сум видно потресено, имам континуирано учење па пополека ќе си го повторувам материјалот. Инаку на твитер јавен хејт има, се изнасмеав на коментарите, едноставно морам да ги споделам. Луди Ален @Idninataa 5h System of a down - омилен бенд на програмерите шо работат на #екстерно. #ПрашањеЗаЕкстерно:најголемата елементарна непогода што и се случила на Македонија е? 1. Земјотресот во Скопје 2. Скопје2014 3. Драган Вучич Реџина Филенџи @mikicasrc 1h #ПрашањеЗаЕкстерно Што сака да каже авторот со Раке пуке раке шлаке?