еххеее па супер е така, јас се уплашив од вторникот од книга не сум станата ни на школо немам одено веќе цела недела учам
Да кажам и мој впечаток. Полагав математика и немаше никакви проблеми со времето.Почнавме точно во 9:30. Е,сега лошите работи. Штом почнавме професорите ни рекоа ако,користете ливчиња само кријте ги кога ќе дојде некој.Во целата училница само 5 бевме трета година сите други втора.И ајде почнавме со тестот.Гледам во прашањата како теле во шарена врата.Ништо не знам.Ајде си велам нешто ќе препишам,на нешто ќе се сетам,се ќе биде добро. Само 4-5 знаев,останатите еци-пец. Кога оние што имаа петки и тетратки и книги до нив не знаеја да ги решат како тогаш јас која имам тројка да ги решам. Задачите беа многу тешки.И такви задачи никогаш не сме решавале на час или пак имало на тест. Инаку многу се препишуваше.Пишуваа задачи на лист,а потоа им ги даваа на професорите за да им ги решат.И тие професори самите си кажаа дека за да ги решат сите задачи би им требало минимум 95 минути.Па како тогаш очекуваат од нас,учениците да ги решиме за 60 минути,кога на еден професор му се потребни минимум 95 минути. На почетокот една професорка,која и не надгледуваше цело време беше околу нас,тројцата што бевме трета година и ги пишуваше на лист задачите и викаша ај наредна,ај наредна.Така жената убаво си ги напиша задачите и ги однесе задачите на син и.И сега ние ќе добиеме 2,3,а син и ќе добие 5. Оние кои полагаа од 11 дознаа дека е лесно да се препишува,па веднаш бараат тетратки,учебници.Во училниците сите биле од трета година и имало повеќе одлични ученици и нормално препишување. Не сум задоволна воопшто! Организација нула!
Јас треба да полагам економија, а во дневник имам два кеца за ова полугодие. Ако еве на пример добијам петка на екстерново (дај боже) што ќе биде? Иначе од прво полугодие имам 3,5,5,5 и сеа од второ 1,1
Сте имале вие среќа кај нас имаше комисија од скопрје двајца и цело време беа назад за да не варда да не препишуваме и не мозеше ништо да се препиши а пак едно дете го фатија и го избркаја
Да да и тоа едни за никаде цело време ни велеја дека доколку биле на наше место за две минути се ќе решеле
Во сите училишта имало надворешни тестатори. Е сега прашање е кој тестатор колку верува во овој квази проект, па пропорционално со неговата верба е и неговата строгост, заинтересираност и ангажираност во ловење препишувачи.
WTF? Ова ако е точко ја дали 3 ќе извадам бе леле Иначе кај нас многу беше лабаво,немаше препишување ама што па тие задачи неможеме да ги најдеме во тетратка и книга,а и наставниците ни кажуваа.
Разлицни тестатори ???? Кај нас си беа наставницине и се оставаа да казвиме дури и тие несто ни помагаа
А ќе можеш ли да се сетиш од прилика какви беа прашањата дека и јас сум III година и во четвртокот полагам екстерно математика, па сите велат било многу тешко, а сакам да знам од прилика какви биле прашањата...
Не сакам никого да навредам, но во мојот клас годинава математика буквално не мелеа, така да јас 26 од 30те прашања ги решив за 5-10 минути. Од останатите четири, 2 од решенијата идеа дропки, а во одговорите стоеа само броителите од дропките. Тие на среќа ги одговорив, колку ги погодив за жал не знам (и многу ми е мака што заради системска грешка скоро и немав право на лична грешка, а беа многу лесни прашања), а другите 2 ги препишав. Прашањата беа необични, едно 3-4 максимум на часови ако сме решиле, ама пак беа многу логички. Па ученик што ги има прочитано сите дефиниции и ги има решено сите од задачи од учебникот не би требало да му е тешко.
Јас полагав ликовно. Во школо бев во 12, а полагав во 2. Паднал системот. Искрено, среќна сум што не учев. На тестот 2-3 прашања дали се паднаа од учебникот. Другото или општа култура или логички. Како и да е, јас го зафрканав цел тест. Сликите што беа дадени во прилог, беа големи колку мемориска картичка за фотоапарат. Да оќориш. А да не зборам, дека имаше едно прашање, кое е делото во прилог, а немаше слика. Ни рекоа да одговориме на ТЕПКА! Бравос. ИСКРЕНО се надевам, дека кога ќе полагаме географија, нема да биде општа култура, туку од учебникот. Не дај Боже, да има некои прашања од типот: Каде се наоѓа таа и таа река. НЕ ДАЈ БОЖЕ! И навистина не е фер, рекоа од материјалот што сме го УЧЕЛЕ и којшто е во учебниците. Очигледно е дека поима си немаат што сме учеле ние. Којзнае кој ги составувал прашањата...
а кој ви кажа?? мене не ми се верува ова, значи нема шанса 1 да се добие :? а зошто тогаш наставниците кај нас велеа дека ако некој има 1, и на екстерното добие 1, дефинитивно полага, а можи и да повтори година ?!?! океј ако е вака, најверојатно добив 5, ама малце глупаво ми е што некој без учење СИГУРНО добива а 2ка, а ако има среќа и малку книга ако фатил - можи да добие и 3 ?? инаку за комисија, кај нас колку што знам немаше, барем во мојата училница немаше и тоа ај што не надгледуваше наш наставник, па и класен ми е не е воопшто строг ама не дозволуваше да се препишува (не дека некој проба).. а да се препишува можеше (за математика зборувам), затоа што беа дозволени ливчиња, а помеѓу ливчињата можеше да се стави друго со формули а инаку за препишување од соученици, неможеше затоа што бевме на различни места, јас на пример до едниот крај на училницата, другарка ми на другиот.. инаку од организацијата, јас сум задоволна (немаше многу чекање, или па системот да падни), ама прво ни кажаа во 12 почнува, а секаде пишуваше 12:30, ама добро, барем не задоцнив
И јас полагав математика, I година сум. Системот падна, па чекавме два часа да се среди тоа. Задачите и ми беа тешки, и не ми беа. Имаше доста што беа логички, а некои требаше повеќе да се решаваат. Препишување немаше бидејќи имаше тестатори, а и кој и немаше кој да се праша, зашто никој ништо не знаеше. Професорите кои беа во училната немаа поим од математика, па не се ни потрудија да видат што прашања имаме. Повеќето ученици излегоа по 15- 20 минути, ама јас останав цели 60 мин. Се решив, иако некои ги заокружив на тепка. Незнам што би можела да добијам, затоа што имаше некои работи кои не сме ги спомнале. Сега ќе видиме што ќе направам и за македонски, ако има некој што полага мак. од I година, нека ми пише пп.