И јас полагав математика денес. Имаше некои лесни а имаше и тешки задачи. Значи некои ситници кои никогаш не сме решавале. Професорите не оставија колку толку да препишуваме, меѓутоа задачите не беа исти. Има ли некој што полага биологија?
ima li nekoj sto polagal denes istorija ? jas polagam vo sreda i ako ima nekoj da mi kaze sto prasanje ke ima ?
Искрено не учев нешто многу а инаку и јас денес полагав математика.Прашањата лесни ми беа скоро сите беа на логика + нешто малку што сме го учеле.3 прашања на еци пеци пец си ги решив .5-6 еден наставник ми ги кажа тоа не бе ше проблем зошто кај нас имаше една постара жена од министерство и само во ходник си седеше и ние и си кажувавме измегу себе а и наставниците ни кажуваа.Имаше и прашања за кои не сме учеле на пример за круг ти што беа ние тоа не сме го учеле ама ајде пројдовме некако .Во главно беа логички и лесни.Ајде уште географија во сабота и послем тоа раат сум,мада што не мислам дека ќе учам нешто многу зошто во понедлник ми е полуматура а јас еве само што денес упив фустанцхе а другото ништо и повеќе ќе ми биде паметот во тоа неголи во глупово екстерно оценување. *Да ве прашам нешто дали утре и другите денови ќе учиме..зошто нели има и другиве денови екстерно и кажете ви што денес не полагавте дали учевте *И уште нешто дали некој полага географија и кога полагате пишете ми лп!
ние си учевме само 16 деца бевме во клас ама имавме настава,директорката рече ќе било така дур трае екстерново,тие што беа на екстерно не идеа во школо,а и не се запишуваа
Кај син ми 4 прашања неможеле да се одговорат, а кај едно прашање биле дадени одговорите но не и прашањето . Е сега ако добие пониска оцена кој е виновен ? Спроведуваат огромен проект ,а воопшто не се подготвени успешно да го реализираат.
и јас полагам географија http://www.itembank.dic.edu.mk/Questions.aspx тука ги имаш сите прашања отприлика, но незнам колку се точни..
^^ Па за географија нема ниту едно прашање ... ни за историја ... за информатика има глупости и не гледам фајде од линков... или мене не ми отвара
Не знам колку сум разумна, ама се помирив со фактот дека сите непроспиени ноќи, одбиени заради учење дружби и уште многу други работи - паднаа во вода како ништо! Залудно, скроз залудно! Си реков дека за екстерново не учам, книга не фаќам - затоа што стојам на тоа дека ова не е начин на оценување, и ќе играм на среќа. Тестирана ќе бидам македонски и хемија, и не знам зошто не сум нешто посебно возбудена и не се потресувам толку. Се надевам само дека екстерново нема да се важи како валидно, и оценките нема да се внесуваат во сведителствата - затоа што би се направила една таква огромна каша попара, што нема да се знае веќе кој играл на среќа, кој учел, а на кој му кажале се професорите за време на тестирањето. Да, да, има и еден таков случај познавам, шверцуваа професорка по одреден предмет во кабинетот каде што беше тестирана една ученичка. 30/30 прашања и ги кажа. Многу сум изреволтирана, а не би требало да бидам, барем не се`уште....
А од каде ја знаете бодовната листа? Инаку јас полагам македонски и географија, македонскии утре, географија во сабота. Ако од 25-30 е петката македонски можам да добијам петка, книгата ја знам како песна, ама географија дали тројка ќе добијам А и по македонски и по географија имам петки.
Добив информација дека на екстерниот тест по македонски ќе имало дадено наслов од некој расказ, и долу ќе ти биле наведени неколку автори.И ние треба да го заокружиме точниот автор....И сега од каде ние ќе памтиме толку автори и наслови . Дали навистина ќе има вакво прашање не е 100% сигурно!