1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27


    Има доста деца на кои мама, тато, тете работат по министерствата, врски секогаш имало и ќе има (за жал).

    Да, учиме за знаење и за нешто што треба да остане за понатаму и токму поради тоа не треба ние учениците да бидеме растргнати на сите страни (12 предмети) со најнепотребни ситници (јас учам во училиште каде што се се бара).Токму и тука ги гледам тие пропусти во образованието, а тие не може да се решат со екстерните тестови( нели тие се воведуваат за подобро образование?).
    Како може еден тест од најосновни прашања (основно не е исто за секој, некој погоре и имаше напишано дека видел прашања што ни малку не се едноставни) да даде објективна слика за знаењето на ученикот ? А и да се еве толку едноставни тестовите тогаш па сите ќе може да научат и сите ќе имаат петки.
    Еве и еден пример, истражување чисто да се види колку останува од нашето знаење:
    Лани било направено едно истражување со 50 одлични гимназијалци од добри гимназии од Македонија и Америка (познато е колку се учи во средните ушилишта таму) и им биле дадени тестови со прашања од општа култура..најосновното од сите 4 години и Американците покажале знаечително подобри резултати.

    Инаку јас си го кажав само своето мислење, секој има право и нема потреба од hard feelings :)
     
  2. s.u.n.s.h.i.n.e

    s.u.n.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    Оваа година ќе има? :wasntme:
     
  3. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    ^^
    Нас ни рекоја оваа година само пробно.
     
  4. s.u.n.s.h.i.n.e

    s.u.n.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    Па добро пробно,но сепак според мене ќе влијаат на оценките.
     
  5. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    ^^
    Не влијаат тие на оценките, тие се за професорите, како проверка колку реално оценувале преку годината а и се пробно значи ни професорите нема да снесат псоледици.
     
  6. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Нема да има оваа година ;)
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оваа година не, ама долго вака одложуваат ако дочека владава следна година осеќам ќе ги спроведе за да покажат сила, и што ќе правиме ние матурантите? И матура и екстерни ? Ај оваа година така требаше се спасија, ама догодина.. Многу сум против екстерниве, нека се за проверка на професорот ама ШТО МОРА ДА ВЛИЈААТ НА ОЦЕНАТА НА УЧЕНИКОТ? Па на крају краева штом професорот ти ја стаил оценката здравје веќе помина возот тој е крив што ја ставил и не те проверувал доволно или соодветно ако ти не ја заслужуваш.А за државната матура да, подобро така барем знаеш полагаш нешто што си учел а не приемен на факултет, пр. сум учела гимназија и сакам на медицина пр. ( а нејќам :lol: ) што ќе полагам неврологија што ја учат у Панче ни они не ја знаат а јас само како поим сум ја чула и нема да влезам без предзнаење на факс. Затоа, државната матура е добар потег, за секој да се запише каде сака (добро не баш каде сака не е до толку, ама пак не се бара толкаво предзнаење). Ти ќе си бидеш изгубен германец на факултет ама барем имаш можност да почнеш од 0, а со приемните немаш ни тоа.:!:
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас едно не сфаќам: зошто толку ви пречат децата чии родители се фукнционери, професори или не знам ти што???? Се само за нив се фаќате... :^)
     
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Не ни пречат тие, ни пречи фактот што тие го добиваат признанието што ние сме го заслужиле!
    Некој цела ноќ нама да спие, над книга ќе седи и ќе учи, а некој и дали ќе си го довлечка задникот до училиште, и ќе си добие 5ки и еден куп пофалби, а тој што учел и дали четворка ќе добие е прашање!
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Го знаеш чувството кога си единствена со 5ка во класот? Тогаш кој ќе биде пофалениот? Ти или некој друг со единицата?
    Ако го знаеш ова чувство ќе ја сфатиш мојата реченица, а ако не го знаеш не си доволно компетентна да кажуваш како другите ги добивале оценките.
    Бидејки кога учениците со врски добиваат петки тоа најмногу им пречи на (заслужените) одлични ученици.
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја мислам дека ти ВајтЕјнџл не знаеш што сакаш да кажеш. Прво прашуваш зошто пречат на сите децата што добиваат оценки на слава на родителите, а после ко за инат да бидеш контрадикторна објаснуваш како ти си таа со заслужена оценка и како ти си компетентната да кажеш какво е тоа чувство, единствена во класот со 5ка, како да си само ти таков случај.Оооо Господе помогни и ! Девојче, пред да коментираш одлучи се што ти е ставот, во еден пост се прашуваш зошто ни сметале такви деца (демек нема зашто), во друг пост викаш како ти си таа единствена заслужена 5ка па како ти е тебе, сирота ти како да си сама така.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не знам кој не знае што сака да каже! Сакав да кажам дека кога некој добива 5ка со врски тоа најмногу им пречи на оние со заслужени 5ки, но тие не се баш многу бунтовни. Додека многу добрите, добрите итн. најмногу критикуваат како таа и таа добила 5ка во дневник бидејки мајка и/татко и е тоа и тоа!
    Тоа сакав да кажам. И пак не знам зошто тие ви пречат! Ако си одлична нема потреба да се замараш со нив!
     
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Вајт ејнџел убаво ти кажа плавуша одреди си го ставот и одреди си која си ти, потоа пишувај. Прво прашуваш како може да ни пречат тие со незаслужените петки, а потоа викаш дека ти имаш заслужена петка
    барем така звучеше по она "Го знаеш чувството кога си единствена со 5ка во класот?" "ако не знаеш не си компетентна да кажуваш" (бај д веј го знам тоа чувство и веројатно многу подобро од тебе)
    и дека ти пречат тие со незаслужени петки, но не си бунтовна ...
    И и самата кажа дека на заслужените петки им пречат тие со незаслужените петки, но не им се бунат
    што не мора да значи дека не се бунат(тоа ти е стереотип)
    на професорите или на некој друг, значи сепак признаваш дека им пречи и дека не им е сеедно што ги ставаат на исто ниво со некој тиквар, буквално тиквар
    извинете на изразов
    и нормално дека кога би му се укажала можност да докажат дека се погоре од нив би сакале да ја искористат. Јас би ја искористила, сигурна сум во својот капацитет и знаење.

    Бај д веј одлучи се веќе еднаш дали си плавуша, бринета, црна, црвенокоса...мислам дека е малку глупаво плавуша да навредува плавуша со терминот плавуша
    http://forum.femina.mk/slobodno-vreme/odmor-vo-turcija-t1759/40.html
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ајде ве молам како што доликува на темава, така и да се однесувате. Дебатирајте смирено. :)
     
    На Plavusa.17 и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Годинава ќе има пробно.
    Среќа во несреќа е тоа што ни кажаа две недели предходно, можеше подоцна да ни кажат.
    Не ми смета тестирањето колку што ми смета неоргаризираноста кај нас. За вакви работи одлуки не паѓаат во март и април, туку во јули и август, за сето тоа јавно да се каже уште во септември. |(
     
  16. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    И што сега пробно имаше кај нас и пред две години.Тоа нема да влијае на оценката туку само да го направиме нели?Ако е така ич да не си се секирам :D
     
  17. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Сите викаат пробно вакво онакво.. Да и пред некоја година имаше пробно немаа да се прегледуваат и на крај ги имаа прегледано и истакнатото резултатите мислам не во школите ама на едно друго место ;)
     
  18. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Тоа се екстерни глупости.

    Девојчиња, тоа не се тестови вас да ве проверат,туку преку тие тестови ги оценуваат наставниците колку тие биле способни да ви го пренесат материјалот што го предавале.
     
  19. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Сум за ЗА затоа што конечно ке се види на кој му е заслужена оценката а на кој не.
    Сум за НЕ затоа што премногу не оптеретуваат.Не се малку 4 предмети..И плус ќе не тестираат за материјалот од цела година!И на некој од страв ке му се блокира мозокот и оп ете ти ниска оценка а можда си знаел се..Затоа сум повеке за НЕ!
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Пробни вакви такви, аман веќе!!
    Ете лани направиле пробни, годинава какви ќе се генерални проби?!
    Ако им се прават нека направат едни саглам, нека тестираат професори, наставници или ученици или не знам ти кој таму и нека прекинат со ова! Или нека има или нека нема! А не пробни, непробнни!
    Крастајци криви се овие тестови!!