Не бре , другарка ми кажуваше имало некое прашање : Каква особина поседува лисицата ?.... И плус понудени 4 одговори бе
Јас денес бев историја. Ауу главата ме боли, од сабалје рано сум станата да учам И на крај испадна, Џабе сум учела. НИШТО не се падна од тоа што учев. Ништо .. И почнува тестот, до мене другарка ми ете да е здрава и жива ми помогна многу.. И имаше мнгоу грешни прашања.. ! Грешки милиониииии Пр. Војната траела од 1946-1949 А на екстерно ти даваат: a) 1946-1948 б) 1947-1949 И да не знаеш што да напишеш Ама сепак ете и наставниците сакаат да помагаат, така да немајте гајле Со среќа на сите
Според мене екстерново тестирање е огромна грешка. Прво затоа што не може тоа така наеднаш да се воведе.. до вчера го немало а денес веќе е воведено.И навистина не е фер минатите генерации не полагале воопшто, а ние полагаме. Второ е тоа што не се свесни ама ова е стрес за сите ученици.Без разлика колку и да учиш сепак не може да не те фати трема, и таа трема дефинитивно не е позитивна.На пример јас денес полагав и поради тоа цела вечер не спиев мирно и денес кога отидов на полагање бев неверојатно исплашена иако 5-6 дена ги поминав во учење. И трето а воедно и најважно е тоа дека не може да се оцени твоето знаење врз основа на само еден глупав екстерен испит. Па има некој што цела година учел, бил активен на часови, на повторувања, бил дисциплиниран и сите тестови ги правел за 5, а сега со два испита и 60 прашања кои немаат смисла ќе му го расипат цел успех. Не може овие оценки кои ќе ги добиеме од екстерните тестови да бидат реални. И искрено прашањата се многу глупави... јас денес полагав историја и сфатив дека имаше 4-5 пршања што не се од тоа што го имаме учено, околу 15 прашања за Албанската национална историја, 3-4 прашања за нашата национална историја и 5-6 прашања за останатите историски настани кои ги имаме учено. А за одговорите па воопшто немам зборови.. или ниту еден не е точен или има најмалку 2 точни одговори а можеби и сите 4 се точни, па ти чуди се кое да го заокружиш. И секако тука си играш еци пеци пец и на среќа кое падне тоа го обележуваш. И за крај 99% сум сигурна дека на екстерново нема да имам 5 иако целааа година се замарав со историја.
јас имав само 6 прашања за Албанија,ама имам предобар наставник кој сите лекции за Албанија ни ги спои во една кратка лекција,и знаев да си ги решам, а и тој влезе кај мене во училна и ми кажа 3 прашања
Здраво! Сакам да прашам тие што беа тестирани денески по Историја, дали може некој да напише барем неколку прашања? Благодарам
Значи и јас се тестирав историја енес може ли да дискутирам со некој кој е прва година да видам како му е било јас се чуствувам ужасно
Господи боже имало прашање на истоија Кој прв летал во авион ? И многу прашања од албанија а ние само една лекција учииме за албанија... Кој полага Биологија седмо одделение ?
Кој прв летал со авион ?, за Албанија имаше кога станала независна и други прашања за Албанија,Кој го кренал Разловечкото востание ? Која е сличноста помеѓу Кресненското и Разловечкото востание ? Кој ја измислил првата парна машина ? за Француската декларација имаше, за Берлинскиот конгес и Смилевскиот,Кои биле сличностите помеѓу Берлинскиот и Букурешкиот договор..скоро се беше од 2 и 3та тема.. не ми текнува друго,лесно беше барем мене ми беше,немаше скоро ич години. Спојлер иначе очила јас сум биологија во петок
Историја беше тапа! Потапа-здравје! Како да учиме албанска историја, а не македонска. У мојот тест имаше 8 прашања за албанците, 2 само за македонците и остаток-свет и балкан! Лудница! 6 од 8 тие шо беа за Албанија ги немаше у книгата. Еј! Мозоци! Кои „писмени“ фаци ги правеле истите АЛАЛ ДА ИМ Е! Немаше кој ја напишал и каде и кога била издадена „Бели мугри“ на Рацин, а имаше за „Лахута е Глупитис Албанитис“. Поентата не ми е да ги навредам малцинствата, туку сакам да укажам на фактот дека учиме МАКЕДОНСКА Историја. Понижување е ова жими све. пЉус, џабе се утепуев учејќи она другото! К А Т А С Т Р О Ф А!
Во мојот тест немаше ни едно прашање за Македонија. А за Албанија... 8 имаше сигурно. И тоа ги читам и се чудам. А и повеќето од прашањата беа двосмислени. Имаше кај мене едно прашање на кое трите од понудените одговори се точни. Крш. За препишување имаше многу простор, ама јас ај да играм ферски. Мореее ќе видат они во вторник.
Aбе да ве прашам од кое оделение се полага екстерно? Живеам близу до основно училиште, и има во непосредна близина пекара, и од сабајле бев да си купам ѓеврек и ги гледам едни прцули мали ептен потресени. Жал ми падна греотчка бе уште од мали со вакви стресови, зашто безпотребно. Ма да овие ни не ми изгледаа за постари од 4то оделение.
Денеска дојдоа во школо некои од децава што полагаа денеска историја специјално да се пофалат дека професорот све им кажал. Спојлер Иначе, малце офтопик ама... http://www.lajkuvaj.com/115309/# Човекот што го напишал статусов како да има некои јасновидски способности.
Ццц греота децава ќе ги истрауматизираат. Па се собрале у купче и само за тоа зборат како ние после испит поулавени. Ама на 10 години не е исто како на 18.