Здраво на сите Ќе може ли некој да пише што прашања се паднаа по англиски на екстерното? за било кое одделение?
Денес полагав Англиски, прелесно беше. За 5-6 мин. се решив и си останав, си дремев до 40 мин. Ако ги сака некој прашањата нека ми пише ЛП. И ако може некој да ми ја напише точната скала на оценување.
Јас полагав математика сега понеделник сум физика. Беше дадено само основното од се по малце. лесно е не се плашете. Знај некој физика што има да знам како да учам? И ако полага некој математика нека праша за прашања
http://www.fakulteti.mk/news/13-05-30/p ... ranje.aspx По се изгледа дека средношколците се револтирани од екстерното тестирање...
Наставникот нас ни рече да се задржиме на најосновните работи иначе јас сум 8мо одделение..Ќе ги одговорам сите прашања од учебникот така полесно ќе научам..Велеа дека од екстерното прашањата ги ваделе од српски учебници,јас на интернет најдов српски учебници по географија и немаат врска со она што го учиме ние се надевам дека нема од нив да ни се падни нешто.
Kaко си дремеше? Зар не те пуштија кога го реши? Јас го решив и си излегов. Никој не знае и никој не може да знае. Еден предмет во еден ден, никој не полагал биологија, ниту географија ниту физика, колку што знам биологија е утре, географија е во сабота, а физика во понеделник? А во вторник информатика? Главно овие предмети никој ги нема полагано уште. Џабе питате за прашања, никој не знае какви ќе има.
Kaко си дремеше? Зар не те пуштија кога го реши? Јас го решив и си излегов. Не, туку ми рекоа ако сакаш поседи уште малце ако сакаш искочи.
И јас полагав Англиски лесно беше а колку се плашев пред да тргнам накај училиште Инаку еве ти ја скалата на оценување 0-9=1 10-17=2 18-22=3 23-27=4 28-30=5 и за 5 се прифаќаат и 3 неточни така ни кажаја
Девојки, јас имам физика, инаку сум 3та година. Дали сте нешто информирани на што највеќе треба да обрнеме внимание? Задачи претпоставувам ќе има, па од што би можеле да бидат? Да учиме најопшти работи или.. ? Ве молам за малку помош и ако имате некои прашања да ми пратите бидејќи професорката моја несака ни со прст да мрдне..
Не се знае што ќе излезе од сето ова, но мислам дека е добро да наместо по ЛП, тука на темава да се напишат прашањата по предметите, со назнака предмет и одделение/година. Ако по некое чудо експериментов има и второ продолжение догодина, да бидеме спремни зошто сигурно нема да ги менуваат прашањата (едвај и овие ги спремија)
Абе знаете дека пола Албанци си ги имаат прашањата на готово. Ги знаат прашањата. Комшијата има пријател албанец. Коментирале за екстерниве и комшијата рекол дека син му е исплашен, дека му било тешко. На ова албанецот рекол како бе тешко, па нашиве си ги имаа прашањава. А и ова со историјава што пола прашања за Албанија беа. Значи страшно! Срамота. И по 100 пат ќе повторам, прва прилика и да ме нема од оваа мизерија овде! Запрепастена сум. Сега не ме фаќајте за збот, не зборам за сите Албанци. Ама ако ова е точно, јас сум запрепастена
Доста е нереално вака. Многу е мала разликата меѓу 2 и 5. Мислам дека секоја оценка ќе се разликува за 5 освен 2 која ќе почнува од 9, 10.
Сигурно ќе чекаат прво да ги спуштат годишните оценки и после со овие резултати да можат да ги казнат