Не знам дали гледавте Вести уште пред да почнат првите екстерни тестирања, кажаа дека резултати може да се очекуваат после 17 Јуни.
И јас да си кажам искуство. Прво полагав математика, во понеделникот, требаше од 9 ипол да почнеме а почнавме во нешто за 11, маме им ебам од спиењето ми скратија за џабе. Остај таа работа, едно 5,6 па и повеќе прашања беа од геометрија и работа со податоци теми кои што ги немаме земено, а и во другиве гимназии ги оставаат тие теми за на крај, а сепак ги имаше на екстерно. Второ, највеќе прашања имаше од првата тема таа за искази што ни рече професорката да ен обрнуваме толку внимание, а од алгебарски дропи што ни го тупи цело полугодие дека биле најважни од цел материјал и дека требаат за понатаму само 1 прашање и тоа да ги скратиш најпросто. Имаше и дефиниции кои нигде ги нема во учебник, и други некои глупости што на крај памет нема да ти текнат. Накратко, многу тешко, а и да сакаш да препишеш немаш од кај. Во средата ликовно полагав, добро тоа почнавме на време. Лесни беа прашањата, мада што имаше едно 5-6 така глупички ама се скапавме од препишување, дури и монитори вртевме, и дека полагавме со тие што полагаат историја на нив им кажуваше таа што ен гледаше прашања. Иначе, историја тие што полагале имале барем по 5-6 прашања од Албанија, а тоа ништо не сме работеле. А историја професорот ни рече ќе се жали у министерство приговор ќе праќа зашто кај некое девојче имало 11 или 17 (не слушнав убаво) прашања од Албанија. До каде со паметов бе, Албанија ли станавме?
Епа ако ни ги даваат после 17ти јуни оценките од екстерното, значи дека јас ќе дознаам што сум имала коа ќе си го видам свидетелството? -.- врв на идиотизам
Јас осеќам дека сега ќе ја тупат со екстерниве... ќе влечат,ќе влечат... Се сомневам дека ќе стасаат навреме да ги прегледаат, којзнае кога ќе ги дознаеме резултатите
Слушнав дека резултатите ќе ги истакнат на 13 јуни..јас сеуште не сум полагала ќе полагам на 6 и 10 јуни во последната недела ме ставиле да мислам и да се нервирам само за тоа
Јас не правев биологија падна системот,на 15 прашање се закочи цел ком.ме преместија на 3 др ком.и пак истото,бев во др училна и пак истото и сега ќе правам следната недела или на 17 јуни на сите 7ми одд така ни беше со ком
Епа јас бев во Понеделникот Математика.Лесно како песна Само имашше едно прашање за кое објаснување немав па некако пресметав.Можеби ми е било лесно оти сум 5 или зашто имам 5 по математика.И да бев прочитала едно мислење над мене дека требало од 5 да почнат Па дај зошто и 4 да не ги тестират зар со некои деца не сум во исти години а 4 се?Од 1-3 не треба да се тестират 4 и 5 да зошто да не? И може некој да ми каже ТОЧНАТА бодовна скала??И да надополнам сум ЗА екстремното тестирање.Но да кажат 1 месец понапред или пак на секоја завршена тема бар со 15-20 прашања.
Јас во средата бев по Македонски, се` решив и беше прееелесно .Прашањата беа многу логички. Денеска бев по Биологија.Не беа многу лесни ама не беа ни толку тешки Неколку прашања беа нелогички и тешки,а имаше и некој за кој немаше одговор во книгите .Се друго беше во ред и задоволна сум.
Во средно, прашањата се прилично логички и двосмислени. Сите ученици сме револтирани и незадовлни. Имаше многу прашања (денес полагав биологија) кои ги немаше во материјалот. Демек треба да си ги знајте од општа култура... да, секако.. Најмногу изреволтирани беа учениците беа од историја (поради обавезните 7-12 прашања за Албанците во секоја група, во Македонија живејме или во Албанија, ало?), а исто и математика бидејќи најмногу задачи имало од Хипербола, односно последната тема која никаде не е изучувана. Хаос ни е и држава и се`, државата ни пропаѓа, а тие ќе правеле реформи во образованието Жално... Мислам дека со ова ништо нема да се постигни, само што се заострија меѓуетничките тензии и проблеми. Има многу нерегуларности во екстерните и многу недоследности, па мислам дека за џабе не мачат, кога ќе ги видат резултатите и записниците од сите незадоволни училишта во земјата, ќе речат дека екстерните се неважечки И да се важечки, среќна сум бидејќи сум 3та година па за уште една година ќе завршам средно. Искрено ги жалам помалите, уште какви не реформи ќе се измислат во образованието дури да завршат средно. Дури и се зборувало за воведување на математика како задолжителен предмет за полагање матура
Апсолутно го делам мислењево и јас само што се вратив од полагање биологија и од нервоза плачев Ја знам цела биологија значи нема лекција што не сум ја учела секоја децимала од 5ката ми е заслужена но ете сега најверојатно имам 4-5 грешни кои воопшто ги нема во книгата мислам стварно ова не е мерило за моето знаење биологија За историјата веќе кажав нека ми простат припадниците на етничките малцинства во македонија( ако веќе ние македонците не сме малцинство-пошо така ми изгледа) претераа бре Незнам дали ќе ги укинат тестовиве што ли ќе биде но ова е крајна девалвација и на ученичкиот труд и на професорите
Јас прво бев математика и биологија, а сега сум географија и физика. Географија е утре(сабота), а физика е во понеделник. И кај нас историја сите прашања биле за Албанија, а ние тие лекции и не ги учевме дека се за Албанија. Инаку за физика сум малку исплашена, тешко ми оди физиката. Утре ќе видам што ќе направам географија
И јас бев денес биологија и прашањата воопшто не беа лесни (барем за мене). Иако имам 5ка од наставничката, не верувам дека на екстерново ќе добијам 5ка, ако добијам 4ка добро ќе е.
Луѓе тие што полагате утре географија што планирате да учите? Многу години и броеви има каде ќе запомнам тоа се јас.. на нас професорката ни рече само тоа што е со здебелени букви да учиме
и кај нас беше така,времето си течеше а неможеш да решаваш, измеѓу 15-16 прашање се закучуваше и сега 5 деца ќе правиме друг ден биологија
Мене најискрено иако имам 5ка Биологија , ми беше тешко .. Имаше многу прашања за кои одогвор не се наоѓа ниту во учебникот ... И жал ми што сега на крајот , кога треба да ги земеме сведителствата и да се запишаме во средно многу оценки ќе се расипат а со тоа и просекот за запишување во средно . А од друга страна и наставниците ќе бидат оштетени .. Не велам сите туку само некои , бидејќи за одделни предмети прашањата беа премногу лесни.. Еве јас веќе полагав и Биологија и Граѓанско образование . Прашањата по граѓанско беа многу лесни и тестот го решив за неполни 10 мин. Но Биологија останав да одговарам на прашањата се до крај , додека не ми истекоа и последните 2 мин. од дозволеното време ... И навистина жално е ова што го прави државата ... Се повеќе и повеќе генерации ќе бидат осакатени , за жал...