Јас утре правам по географија, а денес наставничката ни подговтвила 40 прашања на заокружување и лесни ми беа, но дали и на екстерното ќе бидат лесни е прашање.
Епа тогаш како ќе ги пишат во свидетелствата, има некои уписи за средно образование почнуваат од 17ти.
Имате некоја информација за физика 7 осмолетка? Материјалот е лесен и го знам, што незнам ќедоучам, лесно е. Ама задачите ме плашат. Да нема многу задачи, оти ќе на***м И дали ќе има само од формулите што ги има во книгата. Дај боже така да биде. А и онаќа џабе прашувам. И вие не знаете. Ајде со среќа нека ни биде.
Денеска за прв пат полагав и можам да кажам- катастрофа.Иако по предметото имам 5 па цела книга ја повторив и не бев задоволна од прашањата.Имаше толку непознати поими и прашања што ги нема во книгите од кои што учиме.Исто така имаше прашања од лекции кои не се предвидени во програмата!Се логиравме брзо,ама организацијата голема 0.Надгледувачот ти го завршува тестот ако си ги напишал сите прашања,тоа најмногу ме иреволтира.Веројатно е така поради тоа што имаат само 5 училници со пола здрави компјутери па така ни направија на сите коишто полагавме.Сега во понеделни ако ми направат така ќе се побунам бидејќи мислам дека можам да седам и да си ги проверам прашањата како и што треба. И ако прават нешто па нека го направат така како што треба!
Ајде и на мене да нека ми е со среќа за утре географија...Ја повторив цела книга освен темата за екологија која ке си ја прочитам пред спиење.Утре пред екстерното и ќе си ги повторам од сите лекции вазните поими во жолто зошто наставничката ни кажа дека од некаде дознала дека од тоа ќе бидат прашањата...Едвај ја повторив цела книга зошто цела сум под еуфорија за полуматура во понеделник па затоа незнам што знам а што незнам ај да се надеваме дека ќе бидат лесни прашањата
Сега се вртатив од училиште полагав географија потешко неможеше да биде јас имам 5 , бев и на натпревар а едвај го решив тестот господ нека ни е напомош
Moжам да кажам само дека сум разочарана.Од себеси.Премногу беше тежок,но јас не бев способна ништо точно да заокружам .Знам дека резултатие ке бидат лоши.И тоа многу лоши.По само 30 мин нервозна излетав од училницата.Зошто? Затоа што побарав само мала помош.Наставничката постојано им кажуваше на други девојчиња и секако ке си добијат петки,а јас што и побарав помош само ми одговори :Што ми е гајле? Реши си го како сакаш!: И малку фалеше да заплачам. А вчера,наставничата по биологија и се јави на тел на моја соученичка која што е ќерка на една од наставничките во училиштето и цело врме и ги кажуваше одговорите. Ова не е начин за да се оцени дете.Не е.Бидејки некој ке имаат петки,а ништо не учеле,а пак некои ке имаат единици,а пак малку се потрудиле.Ова не е праведно.Ова е катастрофа.Да бев само јас добро,но не сум само јас има и милион други деца кои што сигурно се нашле/ќе се најдат во ваква ситуација на екстерното. А за хемија,за во вторник не учам,ако имам среќа со еци пеци пец добро,ако не пак е добро.Повеке не се нервирам. И да,многу беше тежок.Имаше 5 прашања во кои што 3 се општо за природата и 2 за Македонија,а тоа не го учевме сега во 8-мо.Останатите прашања беа кои народи се наогаат,а кои не и колку километри изнесува површианата,колку е надморска височина.Во глобала тоа беше. И сфатив само едно-повеке не се нервирам и не ми е гајле,и така си имам 2,сега ке завршам 8-мо,а во средно друга политака ке биде .
Само што се вракам од тестирањето по социологија и.. мозам да казам дека беше прелесно.. тестатор ни беше најдобрата професорка.. ии тoa
ИСТО И ЈАС ПРЕМНОГУ РАЗОЧАРАНА СУМ! ОД ПРАШАЊАТА ПОЛОВИНА ГИ НЕМАШЕ ВО УЧЕБНИКОТ.И ТОА ПЕТКА ИМАМ ГЕОГРАФИЈА А СЕГА ГОСПО ЗНАЈ ШО ЌЕ ИЗВАМ! БОЛНА НАЦИЈА!
Крајно разочарана од прашањата ! Само 5 прашања дали беа од учебникот. Не може еден ученик кој вложил напор цела година, на крајот оценката да му зависи од еден тест. А организацијата пред се беше катастрофа
денеска полагав анатомија и можам да кажам дека сум разочарана затоа што имаше прашања што воопшо професорката ги немаше спомнато катастрофа сега останува да чекам до четврток и да полагам македонски уффф
Оргазинација воопшто не беше добра. Јас полагав досега по еден предмет и имаше некои работи кои воопшто не сме ги спомнале. Ама ајде, се снајдов и се излезе добро.
Денеска полагав географија и сум многу разочарана затоа што имаше многу заебани прашања,острови и градови со јапонски и кинески имиња кои воопшто не сме ги спомнале и ниту ги има во учебникот,никој ништо не ни помогна на среќа решив па сега што биде нека биде тоа е тоа ионака на крај ќе ми бидат сите петки.
Многууу сум разочарана од прашањата по географија, катастрофа беа! После тестирањето по македонски се израдував, мислев и географија ќе бидат така лесни прашањата, ама ме зезнаа. Сега ја прелистав целата книга, никаде неможев да најдам одговор на некои прашања. Колку е долг Суецкиот Канал? Господ да чува, поглупи прашања здравје.
Хаххах и јас бев географија и супер поминав.. Наставницине се ни казвеа, а за прасанјата околу 20 беа добри и лесни, ама тие 10 беа катасрофа имасе многу прасанја со бројки
Јас сум 7 осмолетка Иако не правам физика..иам другарка ќе прави. Наставничката им даде да си испечатат еден прирачник за екстерно тестирање, во него имало повеке формули.. само не знам дали биле тие од книгата или имало и некои плус Да, ќе имало и дефиниции некои повтори се од почеток до крај А јас правам математика и хемија бе Со среќа
Добро значит викате дека еден тест не е мерило за знаењето на ученикот цела година така? Се дешават да се збуниш и да изгрешиш се на тестов,добро го разбирам тоа. Ама едно не го разбирам,кога веќе професориве си пишуваат оценки како што ќе им текнит нив, на некого му кратат,а на некого му додадаваат.Ова е совршено. Чист пример сум јас.Цела година бубам,учам.И имам 3ка,и сега за на крај година ќе сум имала 2ка зошто госпожата ми викат што ќе праиме сега со тебе на екстерно.Значит појма сум немала јас што сме учеле цела година.Абе ајде? Ти се молам,секој час станата лекции раскажувам и незнам што сме учеле. Ако бе сестро златна ми одговарат мене,слободно ти пиши ми 2ка а јас ќе извадам петка. Друго школскиов мој цела година книга немат фатено и имат 4ка,и сега на крај 5ка.На екстерно тој ќе извадит 2ка,а таа му има пишано 5ка. И тоа без испрашување,ни ништо.Причина за неговата оценка : Пријателски врски,куќни пријатели се. И еве ти не учи,нати петка.И уште му викат: не се соменвам јас во тебе ти 5ка ќе извадиш на екстерно. Да,да секако ќе извади,ако појма немат цела година што се учело. И сега тој ќе има на крај година 5ка,ништо незнајт.А јас ќе имам 2ка. Немам право да се бунам.Се бунев на почеток на учебнава година и уште кога дојде на час госпожава ме изруга.Која си ти ми викат,да одиш да кажуваш таму. А диркеторов пред некој ден на состанок викат,ако имате проблеми со професорите слободно да си кажите,намалување на оценки поради екстерново тестирање. И добро како да кажам ајде кажете ми со кој ум јас да кажам? Ќе појдам ќе се пожалам,и пак господичнава ќе ме навердујт. Друго: Ако извадам на екстерно оценката која што ја заслужувам,ќе ме колнит цел живот.Ќе ми речит цела година ништо незнаеше сега намерно си препишала,за да имам намалување на платата. И што? Уба работа си е екстерново. Јас знам дека немат да успеам да го постигнам тоа што го заслужувам,ама тоа е. Во средново образование особено во гимназијата каде што учам ако не застанит некој зад тебе,буквално си како загубен гермнаец во Шпанско село.Учењево во гимназијава ти идит како борба за опстанок. Го поддржувам буквално.Но не ги поддржувам професорите што им дозволуваат на учениците да препишуваат.И знам дека годинава ќе се поништит бидејќи имало многу нерегуларности.Прашања од други учебници,од лекции кои воопшто не биле учени. Но како и да е. Можеби не е место каде што јас го кажувам ова,но сепак е само мое мислење.
^ Ејј, баш да напишеш се, нека ја казнат. Па што сака нека каже. Многу ти е гајле. Среќа јас немам вакви наставнци. Да бев на твое место, ќе се пожалев на директорот, па која е она тука?