Jas pravev eksterno po matematika i angliski,a drugarka mi makedonski i geografija. Najiskreno bev protiv i uste sum protiv i ocekuvav deka moite testovi ke bidat poteski od na drugarka mi naprotiv moite bea polesni od na drugarka mi+so zaokruzuvanje se pa lesno bese taka da ne se plasete A da isto taka mnogu loso bese organizirano maledonski poveketo prasanja gi nemalo vo ucebnikot ama toa ti e zakon si e zakon mora da pocituvame :/
Крајно изреволтирана сум од географија.10 прашања со некои броеви тамо, центиметри квадратни незнам што.. потоа 5-6 прашања за каде живеат албанци, кои општини и такви глупости.Мислам стварно нема смисла ова.
Незнам стварно не очекував дека ќе биде вака..Цел учебник географија го повторвав за на крај да ми се паднат прашања шо немат врска од тоа што го учиме ние и што сме го учеле целата година,почнавме да си кажваме и вештерката шо ни предаваше географија влезе и ни се развика и не можевме да мрднеме па почнав да решавам на среќа...Ќе видиме какви ќе бидат резултатите. Вторник полагам хемија и штом географија вакви беа прашањата можам да замислам какви ќе бидат по хемија.Како и да е мене ми е поважна оцената од наставникот а географија и хемија имам 5ки. Незнам колку е точно но слушнав дека оцените од екстерното нема да се сметаат за поени за запишување во средно ама во свидителство ќе бидат напишани..Многу сум против ова екстерно тестирање наставникот напиша забелешка и му ја даде на администраторката и тој беше толку многу изнервиран шо незнам како се воздржа да не и ја бапне една кога таа ни рече Дечиња прелесно е .
Географија беше КАТАСТРОФА! За џабе учев толку кога пола од прашањата ги немаше во книгата! Очекував да има поопшти прашања од важни факти кои во иднина ќе ми требаат, а не глупостите што ги напишале. Плус, одговорите не беа дадени од учебникот по кој учиме туку од стари учебници. Ужас! Нема да ми е криво за оценката туку за поминатото време над книгата!
Ги прелистав последните неколку страни и гледам дека сите различно ја кажувате скалата за оттценување. Може ли некој да ја стави точната ако воопшто ја има?
Физика 3та година се полага в понеделник (мислам за цела држава важи тоа). Ги жалам тие кои полагаат физика бидејќи ќе имало дефиниции, формули и задачи...
Јас полагам во вторник и мислам дека ќе има бидејќи и математика имало им дале ливче да си решаваат и да заокружат кое е точно а хемија мислам дека нема да не поштедат ќе ни дадат равенки сто посто сум сигурна.
Според мене екстерново е голема глупост! Да, има заслужени и незаслужени оцени, меѓутоа не можеш да го оцениш целогодишниот труд на ученикот со еден тест, па и на заокружување! Бев тестирана математика и сум многу разочарана, немав доволно време за решавање и размислување, имав само 5 дена за да се спремам, што е премалку!! На писмени и тестови вадам 5 или 4, секој час сум активна на табла, а на екстерното не знам дали ќе имам за 2. Имав прашања од лекции кои не стасавме да ги обработиме, дефиниции, не ни беа дозолени формули (а во 3та година ги има ПРЕМНОГУ). Дури и еден професор рече дека ни тој не би можел да ги реши сите задачи. Екстерното беше наменето за професорите, а на крај ние учениците најмногу настрадавме.. типична македонска работа
ima nekoj polagano informatika od prva godina? ako ima nekoj ve molam nekoe prashanje kazhete i od prilika sho ima
Јас мислам дека сепак ова не е конечниот начин за да се оцени наставникот,или пак ученикот.Годинава слушнав дека многу од поставените прашања не биле ни дел од предвидениот материјал за учење. Многу ученици на среќа ќе заокружат и ќе ги погодат повеќето од прашањата..и тоа навидум ќе биде минус за наставникот,што во суштина не е така.Или пак,многу од оние навистина одлични нема да успеат да си ја оправдаат 5ката (како што кажав погоре,поради прашања од непоминат материјал). Како и да е...кога ќе се заврши факултет и кога ќе треба да се тропне на нечија врата,мислам дека пред се ќе треба да имаш луѓе и врски,а после тоа соодветно образование.Никаде нема до израз да дојдат овие екстерни тестови
И јас полагам и ни кажаа веќе дека треба да си носиме ливчиња зошто ќе имало задачи, е сега ќе имало некои мали бројки ама јас во секој случај ќе си носам калкулатор и периоден систем за моларни маси, можеби ќе се паднат некои добри тестатори
Јас полагав екстерно географија и историја. Историја прашањата беа ужас,одвај ги оговорив и тоа не успеав сите да ги одговорам.Мислам дека повеќе прашања имаше за Албанија,одколку за Македонија,истотака имаше и прашања за материјал кој го немавме во учебникот. Географија добро поминав,но ни по овој предмет не беа најдобри прашањата.Јас успеав да ги одговорам сите,но имаше деца помали од мене,кои исто така полагаа географија и имаа 3 прашања од типот:"Кои од наведените држави се најмногу оддалечени по воздушен/пловен пат?"Мислам АЛО!!!Го знам материјалот да помалите деца и знам дека прашањево си немаше врска со тоа што тие го учат! Мислам дека ова екстерново е чиста глупост и само предизикува нервоза и стрес и кај учениците и кај наставниците.Ако сакаат да ги проверат наставниците,нека дојдат од Министерство на некој нивни час,за да видат како го одржуваат својот час,а не на овој начин на кој и наставниците страдаат.
Луѓе полага ли некој физика? Јас утре полагам и пукнав од учење цела ден и ништо. Сега повторувам да видам што сум научила и ништо само Омов закон. Навистина е многу тешко. Ме интересира дали е можно да има и задачи и дали ќе носете лист/молив/дигитрон???