Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Да , вчетврток на 6 е по македонски :)
     
  2. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ние македонски полагаме после 17ти јуни така ни кажаа :)
     
  3. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Дали некој полагал македонски? Ќе можете ли да ми ги напишете прашањата кои што ги памтите ве молам?
    Иначе трета година сум
     
  4. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Читај бе малку девојче што е кажано на претходната страна. :!:
    Сеуште никој нема полагано македонски јазик. Еден ист предмет сите го полагаат во ист ден, без разлика која година се.
     
  5. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Претераа со протестите и галамите. Прашањата биде од општа култура, ако си ја погледнал книгата ке знаеш да одговориш. Ама нели на некои професорици не им се работи, по би си правеле маникирче отколку да се замараат со 25 невоспитани бараби и 5 добри деца.

    Камо да ги стават сите в ред, и професорите да се научат на ред, ама и на децата да им се даде на дознаење кои се и што се, да не лутат бесцелно.
     
  6. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Да ви дадам еден предлог: Сите што поминале, нека пишат предмет, одденление/година и нека напишат дел од прашањата што ги запомнале. На тој начин, следната година ќе знаеме отприлика што имало!
     
  7. luli5

    luli5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    20
    Уутре природни науки.Најлесен предмет ми е :D Ма лесно ќе биде еве сега чепкав по е-образование али инат го фатило изглеа не ми отвара :devil:
     
  8. Monicaa

    Monicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Има некој што полагал социологија од втора година? ако има нека кажит што прашања имало од прилика :D
     
  9. SparkleGirl7

    SparkleGirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Еве видете си некои прашања тука може ќе се падне нешто
    http://www.ads.gov.mk/default-mk.asp?ItemID=4289940874519E438B77545E4E3E7D1C&sRes=1

    Во спојлер само информатика да не барате.
    1. Во кој дел од централната единица на компјутерот главно се складирани информациите (директориумите и датотеките)?
    *a) Хард диск;
    b) РАМ Меморија;
    c) Процесор;
    d) Дискета;

    2. Која од следниве видови мрежи е локална компјутерска мрежа која се користи во рамки на еден стан, делови од училиште, компанија и др.?
    a) MAN;
    *b) LAN;
    c) WAN;
    d) GAN;

    3. Кој од следниве капацитети за мерење на информацијата е најмала количински?
    a) 1 MB (мегабајт);
    *b) 1 KB (килобајт);
    c) 1 GB (гигабајт);
    d) 1 TB (терабајт);

    4. Што е Open source ?
    a) Алатка која помага за инсталирање на компјутерска мрежа
    b) Софтвер за отворање и-мејл адреси;
    *c) Метода на софтвер кој овозможува бесплатно да се добие изворен код на програми за јавно користење;
    d) Софтвер за наоѓање на нелиценцирани програми;

    5. Што е лиценца за користење на софтвер?
    a) Копирање на лиценцирани поддршки на програми за инсталација и дистрибуција;
    *b) Договор помеѓу сопственикот на авторското право и корисникот, за користење на софтверот;
    c) Инсталирање на нова верзија од некоја програма;
    6. Видовите на програми кои можат да се симнат бесплатно од интернет, а потребна е само регистрација на копијата инсталирана на компјутерот се познати под името:
    *a) Freeware Програми;
    b) Shareware Програми;
    c) Demo Програми;
    d) Abandonware Програми;

    7. Стандардните периферни уреди на еден компјутер се:
    a) ЦД РОМ, графична картичка, мрежна картичка, звучна картичка;
    *b) Тастатура, глушец, монитор, печатач;
    c) Процесор, матична плоча, РАМ меморија;

    8. Според меѓусебното комуницирањето на компјутерите, принтерите, серверите итн., кој од следната компјутерска мрежа не се квалификува како мрежна архитектура (структура)?
    *a) Internet мрежа;
    b) Клиент-сервер мрежа;
    c) (P2P) мрежа од точка до точка;

    9. Кои од следните комуникациски системи за пренесување на податоци преку мрежа користи безжична технологија?
    *a) ADSL;
    b) UTP технологија;
    c) WIMAX;
    d) ISDN;

    10. Која од следниве видови мрежи е метрополска мрежа која опфаќа област на една локација или град?;
    a) LAN;
    b) WAN;
    *c) MAN;
    d) GAN;

    11. Која од следниве видови мрежи е отворена мрежа која покрива поголема област на една земја или цел континент?
    *a) WAN;
    b) LAN;
    c) MAN;
    d) GAN;

    12. Која од следниве видови мрежи е глобална мрежа која ја покрива целиот Свет, најдобар пример е интернетот?
    a) LAN;
    b) MAN;
    *c) WAN;
    d) GAN;

    13. Што е интернет?
    a) Локална поврзана компјутерска мрежа која овозможува пристап до информации и други ресурси;

    *b) Глобална поврзана компјутерска мрежа која овозможува пристап до информации и други ресурси;

    c) Компјутерска мрежа која покрива област на еден град или една земја и која овозможува пристап до информации и други ресурси преку Wi-Fi безжичната технологија ;

    d) Компјутерска мрежа која ги поврзува периферните единици на еден компјутер;

    14. Каква мрежа е интранет мрежата?
    *a) Приватна мрежа во рамките на една компанија или институција која овозможува пренос на документи, пристап до базата на податоци идр.;
    b) Надворешна мрежа која има за цел поврзување на повеќе компании или институции меѓусебе и овозможува пренос на документи и пристап на други ресурси преку интернет;
    c) Персонална мрежа која овозможува комуникација на централната единица со периферните единици на еден компјутер;

    15. Кој од следниве искази е точен?
    *a) Секоја датотека се чува во папка или директориум;
    b) Секој директориум се чува во датотека;
    c) Секоја папка се чува во повеќе датотеки;
    d) Секоја РАМ меморија се чува во една датотека;

    16. Кои податоци во одреден момент не се користат и се зачувани посебно со цел да се ослободи место на дискот ?
    a) Остаточни податоци;
    *b) Архивираните податоци;
    c) Активните податоци;

    17. Остаточните податоци...:
    a) Може да бидат повратени доколку претходно се избришани од системот;
    b) Не може да бидат повратени доколку претходно се избришани од системот;
    c) Се архивирани податоци кој во секој било момент може да бидат повратени;

    18. Како се викаат податоците кои се креираат преку оперативниот систем во текот на една работна сесија?
    *a) Привремени податоци;
    b) Трајни податоци;
    c) Остаточни податоци;

    19. Кој од следниве капацитети за мерење на информацијата е поголема количински?
    *a) 1 Бајт;
    b) 1 Бит;

    20. Која количина на зачувување на информацијата има една обична магнетна дискета (floppy дискета) ?
    a) 1.44 ТБ (терабајт);
    b) 1.44 КБ (килобајт);
    c) 1.44 ГБ (гигабајт);
    *d) 1.44 МБ (мегабајт);

    21. Што не е оперативен систем?
    *a) Microsoft Office;
    b) Windows;
    c) Linux;
    d) Apple Macintosh;
    e) Unix;

    22. За уредување на текст (пишување на писма, извештаи, молби, барања...) ја користиме софтверската програма:
    *a) Microsoft Word/Open office Writer;
    b) Microsoft Excel/Open Office Calc;
    c) Windows; Paint;

    23. За табеларно пресметување (изготвување на графикони/дијаграми) ја користиме софтверската програма:
    *a) Microsoft Excel/Open Office Calc;
    b) Windows;
    c) Microsoft Word/Open Office Writer;
    d) Paint;

    24. За изготвување на презентации ја користиме софтверската програма:
    a) Microsoft Excel/Open Office Calc;
    b) Microsoft Word/Open Office Writer;
    *c) Microsoft Power Point/Open Office Impress;
    d) Paint;

    25. Која од следните И-маил адреси е коректна и-меил адреса;
    a) http://www.ime/@mail.com;
    *b) ime@mail.com;
    c) http://ime@mail.com;

    26. Кој од следните формати претставува формат на датотека изработен во апликацијата за уредување на текст Microsoft Word;
    a) .xls;
    b) .cdr;
    c) .psd;
    *d) .doc;
    e) .pdf;

    27. Кој од следните формати претставува формат на датотека изработен во апликацијата за табеларно пресметување (изготвување на графикони/дијаграми) Microsoft Excel:
    *a) .xls;
    b) .doc;
    c) .cdr;
    d) .psd;
    e) .pdf;

    28. Како се врши снимање на документ изработен во програмскиот пакет Microsoft Office?:
    a) File --> Open;
    b) Edit --Copy;
    c) Edit --> Paste;
    *d) File --> Save;

    29. Кога работиме на нов документ во Microsoft Word при првото снимање на документот се поjавува:
    *a) диjалог прозорецот Save As;
    b) диjалог прозорецот Save All;
    c) My computer за да се одреди фолдерот во коj ќе се сними документот;
    d) ниту еден од наведените одговори не е точен;

    30. Табела во документ во Word може да се вметне преку наредбата:
    a) Insert-->Object-->Table;
    *b) Insert-->Table;
    c) Table-->Insert Table;
    d) Table-->Show Gridlines;

    31. Инициjално при активирањето на Excel, во него се отвора празна работна книга (Workbook) коjа се состои од неколку работни листови (Worksheet):
    *a) 3 работни листови;
    b) ниту еден од наведените одговори не е точен;
    c) 1 работен лист;
    d) 0 работни листови;

    32. Доколку сакаме да вметнеме динамички ефекти (анимации на слајдовите) при изготвување на презентација во Power Point потребно е да ја извршиме следната наредба:
    a) Insert --> New Slide;
    *b) Slide Show --> Custom animation;
    c) Insert --> Movies & Sounds;

    33. Какви последици може да постојат ако постојано се складираат големи документи (слики, музика, филмови итн) во канцелариските компјутери?
    *a) Блокирање на компјутерската меморија до граница за да програмите неопходни за канцелариска работа не можат да работат под оптимални параметри;
    b) Може да настане самостојно форматирање на хард дискот до граница за да се избришат сите податоци од компјутерот.;
    c) Уништување на делови од хардверот;

    34. Каков вид на пораки се "спам" пораките?
    *a) Несакани електронски пораки со комерцијален карактер;
    b) Многу важни електронски пораки којшто бараат најбрз можен одговор од Ваша страна;
    c) Алатки кои имаат улога на сигурност и заштита на Вашата Електронска пошта;

    35. Да се направи "backup" (бек-ап) на податоците, значи:
    a) Бришење на старите податоците и форматирање на хард дискот за да се обезбеди место за нови податоци;
    *b) Податоците од хард дискот да се архивираат во посебен медиум којшто овозможува зачувување на податоците;
    c) Скенирање на хард дискот и бришење на непотребните податоци;

    36. Како ќе дознаете дека вашата испратена електронска порака не е стигната до примателот, поради погрешно внесената адреса на примателот?
    *a) Ќе добиете електронска порака која ќе ви укаже дека серверот на примателот не постои или примателот во тој сервер не постои;
    b) Никогаш не може да се дознае дека не е примена пораката или дека сте ја напишале адресата на примачот погрешно;

    37. Каква улога имаат компјутерските вируси во повеќето случаи?
    a) Архивирање на постарите податоците во посебен медиум и зачувување на истите;
    *b) Штетни активности кои можат да доведат до модификација или бришење на документи;
    c) Дефрагментирање на хард дискот за да се обезбеди простор за инсталирање на нови програми;

    38. За што се користат програмите за заштитен ѕид (Firewall)?
    *a) За да го заштитат компјутерот од неовластени инфилтрирања и од вируси;
    b) За бесплатно превземање на софтверски програми од интернет;
    c) За скенирање на хард дискот;

    39. Трите столба на процесот е-влада се:
    a) G2E, G2G, G2H;
    b) G2C, G2B, G2E;
    c) G2G, G2C, G2B;
    d) G2B, G2H, G2E;

    40. Е-влада е:
    *a) Систематско воведување и користење на ИКТ во Владата заради промовирање на развојните цели;
    b) Обезбедување на компјутер за секој вработен во администрацијата;
    c) Обезбедување на интернет за секој вработен во администрацијата;

    41. Четвртата фаза во градењето на е-Владините решенија е:
    a) Поставување на информациите online; Еднонасочна интеракција;
    b) Двонасочна интеракција;
    *c) Целосни online трансакции вклучувајки испорака и плаќање;

    42. Со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис се овозможува:
    *a) Изедначување на правната важност на електронски потпишаниот документ со документот во писмена форма;
    b) Прифаќање на документи потпишани со скениран потпис;
    c) Прифаќање на сите електронски документи;

    43. Со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се уредува:
    *a) Условите, начинот и постапката за остварување на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на државна и локална власт и други институции, установи и претпријатија;
    b) Слободен пристап до сите информации со кои располага државата;
    c) Објавување на информациите со кои располага државата во медиуми;

    44. Процесот на безбедносна акредитација опфаќа:
    a) Акредитација и сертификација;
    b) Акредитација и евалуација;
    c) Акредитација, сертификација и евалуација;
    *d) Безбедносна проверка и акредитација;

    45. Кој од следниве капацитети за мерење на информацијата е најголема количински?:
    a) 1 KB (килобајт);
    b) 1 MB (мегабајт);
    *c) 1 TB (терабајт);
    d) 1 GB (гигабајт);

    46. Која е наставката кога ќе се изврши зачувување на документ во Excel?
    *a) .xls;
    b) .docx;
    c) .cdr;

    47. Како се креира нов работен лист во Excel?;
    a) File - New;
    b) File - Save;
    *c) Insert - New;

    48. Во Word, која е кратенката за отворање на нов документ?
    a) Ctrl+S;
    b) Alt+N;
    c) Ctrl+Alt+N;
    *d) Ctrl+N;

    49. Во програмскиот пакет на Microsoft Office, како се врши снимање на постоечки документ со ново име?
    *a) Со командата File - Save as;
    b) Со командата File - Save;
    c) Со командата Insert - New, па потоа File - Save.;

    50. Кои копчиња треба да се притиснат за да се повика Task Manager-от?
    a) Ctrl+Alt+Del;
    b) Alt+F4;
    c) Start - Shut Down+L;
    d) Ctrl+Alt+L;

    51. Што е Windows?
    a) Системска апликација;
    b) Работен програм;
    *c) Оперативен систем;

    52. Што значи (user name), корисничко име?
    *a) Уникатно име на корисникот што е регистрирано во компјутерот;
    b) Името на сопственикот на компјутерот;
    c) Името што корисникот на компјутерот го смислил додека се инсталирал оперативниот систем;

    53. Со која команда во Word се врши порамнување на текстот од двете страни (justified)?
    a) Ctrl+Alt+J;
    *b) Ctrl+J;
    c) Ctrl+D;

    54. Електронски потпис е ...;
    *a) е низа на податоци во електронски облик кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски облик и е наменет за автентичноста на податоците и за утврдување на идентитетот на потписникот;
    b) е низа на податоци во електронски облик кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски облик наменети за автентичноста на податоците ;
    c) податоци во електронски облик за утврдување на идентитетот на потписникот;

    55. Како се делат компјутерските мрежи според просторот на кој се наоѓаат компјутерите?
    a) канцелариски и школски;
    *b) локални и глобални;
    c) надворешни и внатрешни;



    57. Кои се периферни уреди?
    *a) тастатура, глушец, монитор и принтер;
    b) куќиште, модем, звучници и камера;
    c) USB - флеш меморија, CD или DVD ROM;

    58. Според видот на целните корисници постојат три категории на компјутерски мрежи, кои се тие?
    a) Интернет, Windows и Office;
    b) Интранет, Интернет и Екстранет;
    *c) LAN, WAN и MAN;

    59. Да се направи "backup" (бек-ап) на податоците, значи:

    *a) Податоците од хард дискот да се архивираат во посебен медиум којшто овозможува зачувување на податоците;
    b) Бришење на старите податоци и форматирање на хард дискот за да се обезбеди место за нови податоци;
    c) Скенирање на хард дискот и бришење на непотребните податоци;
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    :@ утре македонски....да се надеваме дека нема да биде толку комплицирано како што е во книгата |(
     
  11. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Уживајтеее, според мене 99% утре ќе соопштат дека екстерното поради големите пропусти ќе биде неважечко! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=IE2k3YMjRms И еве една песна за подобро расположение :D
     
  12. Serendipityy

    Serendipityy Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Утре полагам македонски и иако цела година имам 5 од писмените сепак теориjа си немам блага веза.. Стискам палци да го прогласат за неважечко и упорно си се тешам со тоа :D
     
  13. Anny-Swizzy

    Anny-Swizzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Само не ми е јасно дали отценката од екстерното ќе влегува во просекот на крај ?
     
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.021
    Пол:
    Женски
    Утре по што ќе се тестира? Знам за македонски, ама кај нас по македонски се тестираше минатата среда? Или ќе нема утре? :^)
     
  15. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    На сведителствата ќе стојат оцените од наставниците, а доле ќе има квадратче каде ќе го има напишано предметот кој си го полагала и оценката што си ја добила. :)
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Има нешто во врска со екстерново што треба да биде кажано...

    Екетерново е оценување и на професорите. Колку била средната осценка во дневник, толку треба да биде одприлика и од екстерно.

    Ама нели овааа наша чудесна земја каде секој за секого фаќа врски, се врши понекогаш голем притисок брз професорот да напише 5 онаму каде што треба да има 3. И што е лошото? Професорот за да се заштити себеси, и да има и на екстерно иста средна оценка, ако на еден ученик му попушти од 3 на 5 да му пише, тогаш треба на други двајца (што се без врски секако) да им намали по една оценка.

    И така како и да се вртиш грбот ти е одпозади.
     
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    јас правев македонски. Имаше доста двосмислени прашања, од кои или сите или повеќето одговори можеа да се точни :D инаку имаше и некои апсурдно лесни прашања
     
  18. zaki288

    zaki288 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    да,да и нас така ни кажаа,но ни рекоа и дека ќе ќе влијае на просекот. :^)
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Македонски прашањата кататрофа сите беа двосмислени.
    Плус на едно прашање,можеа да бидат точни сите понудени одговори. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ај вие што сте правеле денеска екстерно по македонски јазик, 3 година кажете некое прашање.