Кај нас на некои деца им кажаја класните дека пак ќе полагаат по биологија т.е на тие од 7мо одд. а и јас исто полагав биологија ама јас за 8мо полагав и мене класната ми нема кажано, сигурно не сум јас.. Па ако не те имаат известено сигурно не си ,ако беше ќе те известеја
Зошто вака? Зошто волку горчина и спрема наставниците и спрема учениците? Толку ли лош ученик бевте, што сега чувствувате бес? Според писменоста, ни тест за 1. одд. не би требало да поминете. Треба ли да знаеме материјал што не е предаден? Не беше тест по општа култура, туку тест по историја. По програмата - историја на Македонија. Целиот материјал го знам. Целиот учебник. Нека ми донесат комисија и ќе одговарам, ама од ПРЕДАДЕНИОТ (и предвиден со наставниот план и програма) материјал. Навистина не може за една година материјалот од сите години да се научи. Инаку би имале една огромна историја на се и сешто само во една година и тогаш тоа би бил материјал којшто сме морале да го научиме. Ако јас сум во 2. година, не морам да го знам материјалот за 3. и 4. ниту морал професорот да ни го предаде. Тој не си ги маникираше ноктите, туку беше многу ангажиран, само што, наместо да предава општа култура и историја за 1.2.3. и 4. година одеднаш, се држеше за наставниот план и ја предаваше материјата, предвидена по историја за 2. година.Таа книга е во издание на МОН и МОН ни ја испрати да учиме од неа. Може барем да си ги испочитува учебникот што го издало и поделило по школите и програмата што ја одобрило. Македонски ми нудеа по два исти одговора од 4. Прашањата двосмислени. Потоа, за овој тест не требаше воопшто да се читаат предвидените дела. Подобро ќе беше да си прочитав на фб готови обработки и прераскажувања. На овој начин се се сведува на учење само на податоци. Зошто тогаш правиме писмени? Напротив, се намалува квалитетот на знаењето. Тестоманијата почна да го намалува квалитетот и на високото образование, а камоли на основното и средното. Оценката се дава на многу сегменти од изучениот материјал. Богами, нема мене некој да ми каже дека ме мрзело да учам. Ама учев се темелно, не само најважни податоци. Не сакам сето учење да ми го обезвредат со лош, неорганизиран квиз, полн со грешки и несоодветен на предадениот материјал. Така се лута бесцелно. Да не зборувам за тоа дека беше речено дека ќе се полагаат еден стручен и еден општообразовен, а мене мојата стручност ми ја оценуваат со два општообразовни. Ќе откривале таленти! Кој талент ќе ни го откријат со предмети кои не се посебно битни за мојот профил? Така, ќе Ве замолам да не ги навредувате учениците кои ниту ги познавате, ниту знаете колку труд вложиле во усвојување и совладување на ПРЕДВИДЕНИОТ материјал. Тоа што Вие изгледа патолошки ги мразите наставниците, веројатно има некакви корени, но тие Ваши проблеми и фрустрации не Ви даваат право да етикетирате деца кои воопшто не ги познавате. А јас аргументи имам и тие држат. И сите овие деца што наведоа низа пропусти кои утре тие ќе треба да ги платат и со изгубено лето и со нерви, имаат аргументи. Вие секако и без тоа знаете дека аргументите се ОК и дека ова екстерно тестирање , да бидеме искрени, доживеа вистинско фијаско и покрај секојдневното удирање в гради на креаторите на оваа циркузијада, но не сакате да признаете дека е така, зашто веројатно од некоја причина САКАТЕ да не е така.
Не ТАКА ИСПАЃА, туку ТАКА Е. Веза нема ова , екстерново. Не е најголем проблем во тоа што имало прашања за Албанците, туку што одговорите на тие прашања не биле изучувани во текот на годината. Ги нема податоците во учебникот. Моето дете учеше се за Албанците што има во учебникот, ама прашањата не беа од материјалот. Тоа беше и со останатиот материјал. Прашањата требаше да бидат од македонската историја, а беа од американската, француската, германската... најмалку од македонската. Ниту на учениците им беше предвидено во таа една година да ја изучуваат целата светска историја, ниту на професорот да ја предаде.
Добро, денес ќе бидат резултатите за сите останати освен за осмоодделенците (коишто ги добија први), или ќе чекаме да помине летото?
Вистина е ! Јас добив информација дека само во нашево школо ќе се преполага биологија ама гледам дека цела Македонија го има истиот проблем. Јас не одам да преполагам. Како прво немам книга.Од што да учам ? Како второ не планирам кога сите одат на плажа јас да бубам дома. Како трето јас си одам на одмор оваа недела и што сакаат нека прават,јас не планирам да се откажувам од одморот заради нив.
Хаха, тоа е што е. Јас бев убедена дека нема да го важат како и да е, со овие преполагањата и 300 други глупости се докажа по 100ти пат дека организацијата им е катастрофа
Јас бев прееска до школо,немаше резултати за осмоодделенците.Кога ќе има бре аман,за недела дена треба да се запишуваме !
Во некои школи има резултати од екстерното. На пример мајка ми предава во едно основно училиште, таму има. Но, сега не е проблемот во намалени оцени, туку накачени. Има ученици кои од професорите имаат 2 или 3, а од екстерното 4 или 5. Во мојата гимназија уште нема резултати ама и таму сигурно ќе биде ист случајот. Проблемот беше во тестаторите, ни дадоа да си кажуваме, а кај некои дале и учебници на клупа да си вадат. Разбирам дека сакаат да ни помогнат, но на некој начин им одмагаат на своите колеги...
Добро, имаш ли некоја информација за тоа каква беше скалата на оценување по број на одговорени прашања (или проценти). Колку одговори требаше за 5, 4 ...?
Еве, сега ја прашав мајка ми за ова. Не бил даден критериумот на оценување и колку точни одговори треба да има за одредена оцена, но дадени биле резултатите за секое дете посебно - број на точни одговори и оцена. Од 30 прашања кои биле за одговарање, 2ка децата веќе имале со само 7 точни одговори, а 5ка со 23! Според мене тоа е многу малку, дадениот критериум за оценување во текот на школската година беше друг, многу построг.
Јас денес требаше да преполагам.Одам таму и кога не читаат "Голден,ти си ја исполнила квотата на бодови.Нема потреба да преполагаш."Онака ми олесни но,за џабе учев се нервирав,цела недела.За што?За ништо.Организација 0.
Многу добро ќе биде ако 5 биде од 23 поени Инаку секако критериумот кај професорите беше многу построг, барем во средните училишта.