И јас денес го земав свидетелството и сите ми се 5ки и од екстерното. 5,00 ми е просекот. Имам по 26 точни одговори на двата теста од екстерното.
И јас денес го земас свидетелството , и само од екстерното имам две 3ки другите ми се сите 5ки тоа е добро , а и уште подобро е што имам освоено повеќе награди на државно ниво па заедно со тие бода од дипломите ми се пополнува просекот и можам да се запишам на тоа што го сакам Инаку ако има некој некаква информација да ми даде во врска со стипендиите што се доделуваат на талентирани ученици кои имаат добиено награда на државно ниво
Пред една година, кога јас конкурирав,имав освоено први државни награди, ама еден од условите за 50-те стипендии за талентирани ученици беше и просек 5.00. Јас немав. Имав некаде 4.87-88. Имаше и еден конкурс за 400 стипендии, ама таму се гледаше повеќе материјалната состојба, бројот на деца во семејството... убаво те суредиле на екстерното! И ти се согласуваш со тоа дека тие петки ти биле незаслужени?
а каде можат да се видат резултати од екстерното за деветолетка или мораме да чекаме свидетелства, па таму да се изненадиме???????? да не има некој линк каде се објавени резултати или????
И јас денеска го зедов сведителството па само од екстерното ми е математика 4ка и биологија 4ка останатото ми е сето 5
1) Се собираат просеците од V, VI, VII и VIII одд; Пр.: V - 4,70; VI - 5,00; VII - 3,94; VIII - 4,86 = 18,5; 2) Потоа тој број поделете го со 4; Пр.: 18,5 : 4 = 4,625 3) Запирката поместете ја едно место кон десно; Пр. 4,625 -> 46,25; ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПРОСЕКОТ ОД СИТЕ 4 ГОДИНИ! ************************************************** Во секое училиште има 4 предмети кој се најважни за струката за која сте се одлучиле [Македонски и Англиски + 2 други (зависи од училиштето)]; Пр.: За гимназија се Македонски, Англиски, Математика и Историја; ~V одд.: - Македонски 4; - Математика 5; - Англиски 5; - Историја 5: ~ VI одд.: - Македонски 5; - Математика 5; - Англиски 4; - Историја 3; ~ VII одд.: - Македонски 4; - Математика 4; - Англиски 3; - Историја 5; ~ VIII одд.: - Македонски 4; - Математика 5; - Англиски 5; - Историја 5; ~Значи: - За V одд. просекот е 5 (4,75); - За VI одд. просекот е 4 (4,25); - За VII одд. просекот е 4 (4,00); - За VIII одд. просекот е 5 (4,75); ~Потоа: 5 + 4 + 4 + 5 = 18 Збирот се додава на претходните поени од сите предмети; Пр.: 46, 25 + 18 = 64,25; ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПОВАЖНИТЕ ПРЕДМЕТИ! ************************************************** На крај, се пресметува поведението од сите одделенија; Поведението може да биде: - Примерно (5); - Незадоволително (4); - Непримерно (3); Пр.: V одд. - Примерно (5); VI одд. - Примерно (5); VII одд. - Незадоволително (4); VIII одд. - Непримерно (3); Потоа: 5 + 5 + 4 + 3 = 17; 17 : 4 = 4,25 - Значи (4); ОВА Е БРОЈОТ НА ПОЕНИ ОД ПОВЕДЕНИЕТО! ************************************************** Крајниот збир од поведението се додава на поените; Пр.: 64,25 + 4 = 68,25 ОВА Е ВКУПНИОТ БРОЈ НА ВАШИТЕ ПОЕНИ!
мислам дека да,влагаат во просекот ако сите ти се 5ки а на екстерното имаш на пример две 4ки просекот нема да ти е 5.00
Уште ова, во училиштето кај што ќе се запишува еден од важните предмети е физика а има полагано физика екстерно, која оценка се пишува таму во собирањето??
Па, еднаш ти кажав за пропозициите за талентирани ученици. Имаш 400 стипендии, главно за ученици со послаба материјална состојба и 50 за талентирани, кајшто се бараат награди на државни и меѓународни натпревари и кајшто се бара просек 5.00.