мхмм не се согласувам со екстерново но сега можеби наместо од цела год во еден ден ке биде на секое тромесечије
Леле ајде конечно да ни ги соопштат,да не мислиме веќе на тоа.А,навистина како може да се види колко точни одговори сме имале?
Претпоставував дека вакво нешто може да се случи, штом министерот го сменија и дојде на негово место сегашниот министер-Спиро Ристовски. Инаку што ли беше причината за неочекуваната одлука??
Да,вистина е. Само за математика и историја не се знаеле прашањата, од кога поминале тие 2 полагања, ги пробиле.
Не сум суредена , не се секирај Како што кажав и во предходниот пост благодарение на дипломите кои ги имам добиено на ниво на државата го имам посакуваниот успех односно просек А тоа значи дека не сум јас суредената туку наставниците кои ми предавале по предметите што сум полагала (ако му е бе ) Не , не се согласувам со тоа , затоа што тие петки ми се заслужени и сум учела за да ги добијам , а за екстерното не учев , да учев ќе добиев 5ки и на екстерното а ако ми веруваш не прескокнав прашање на екстерното на кое не направив еци пеци пец затоа што пола и повеќе прашања како прво не беа од материјалот , а да не зборувам за тоа што некои ми беа однапред одговорени , што му се побркуваше системот , кочеше и што учте не .....ама ете ми се погодило , си имам среќа што и до 3ка сум догурала затоа што овие екстерни тестирања не му дадов никакво посебно внимание и не губев време за да учам Не , мислам дека не ми е затоа што имам 4 дипломи на државно ниво (едното е нешто како сертификат и незнам дали ќе се важи ) како што мене ми соопшти директорката на гимназијата во мојот град една диплома е 5 бода а 4*5 се 20 (сегашниот просек ми е 4,75+20 се 4,95 ) е сега да се молам уште тоа како сертификат што е да ми го уважат и ќе си заиграм од среќа
Што има да ти верувам или не верувам? Знам. И ваму беа прашањата од се само не од материјалот. По едниот предмет повеќето НЕ од материјалот, а на другиот понудени по два исти и два различни одговори помеѓу четири. За останатите да не зборувам колку двосмислени беа. Само ти кажувам дека пред една година конкурирав со две освоени државни награди (први), ама условот беше 5.00. Дај боже да е сменето зашто сега немам само прва туку и СПЕЦИЈАЛНА. Ги немаме уште оценките во средно, ама се плашам да не ми го расипе просекот 5.00 и пак да не можам да добијам стипендија. Инаку, секому му посакувам успех.И зошто -ако му е бе? Затоа што ти дале 5 ? Не си баш посебно фер. Тие биле пофер луѓе од тебе. А догодина сигурно нема да ти дадaт 5 зашто никој не сака да биде казнет. Ќе се окозуваме за 4.
И што ако е вистина? Тие веќе ги разделија свидетелствата на осмоодделенците со внесен оценки од екстерните. Вистина е дека 100 пати е прекшен законот - дадени предмети и термини во 5 до 12, по цел ден и два одложување на испит, неточни прашања, неточни одговори, прашања надвор од материјалот ... еве и пробивање на тестот. Па што? Ништо! Каква врска има одењето на Кралев? И по Кралев се си продолжи исто како порано... УСПЕШНО. Ако некој се ветрее дека сега, после дадените свидетелства на осмоодделенците, нешто може да се смени, нека си прави бајрам со мозокот.
Според мене, екстерното како тестирање за да се провери објективноста на професорите е одлична идеа, меѓутоа НЕ имплементирана на начин на кој што е. Прва работа, чист пример ни е Словенија. Имаат екстерно, меѓутоа кај нив не се создава страв, паника, притисок од професори, медиуми или што и да е. Никој не е казнет, никој не е награден. Се случува чисто за да се измери нивото на образование во училиштата. Потоа, ваквиот систем на екстерно тестирање воопшто не се вклопува со она што нашиот образовен систем го налага, т.е. со критериумите на професорот. Нас не оценуваат од активност на час, континуитет, домашни задачи, проекти, заинтересираност, начин на одговарање, учење и сл., додека тука се случува една огромна тортура која ни налага да ги бубаме лекциите на памет, за притоа да знаеме да одговориме на прашање со замислете четири понудени одговори кои сме биле приморани да ги научиме на памет поради тоа што сите понудени одговори се синоними еден на друг. Каква е таа тортура? Каде е тоа дека треба да се учи за знаење, дека е сила, дека е моќ, М? Како средношколка мене ми е искрено мака и ми се повраќа од тоа што системот на образование се повеќе и повеќе се залага кон глупави роботи без ни трошка знаење кои потоа само ќе бидат полесни за калапење и полесно ќе им се пере мозокот. Епа IN YOUR ASS, добар дел од свесната младина се едуцира преку интернет. Да се навратам на одговарањето со четири понудени одговори, луѓе, свесна сум дека ова го има и на факултет, меѓутоа ваквото тестирање е прелошо. Нема ниту капка доказ дека со решавањето на ваквото тестирање оцените ќе бидат реални. Ако јас имам барем малце среќа ќе ги погодам, а да не збориме за тоа колку само можеше да се препишува. Потоа, вистината излезе на виделина - Македонија не е технички спремна тестирањето да го изведе компјутерски. Дали беше до недобро оформениот систем или можеби до расипаните компјутери - не знам, меѓутоа убаво велат старите - рашири се колку што ти е долга чергата. Системот паѓаше, маусите прекинуваа, екраните беа испогребани и што уште не... На крајот на краиштата, зошто само 2 предмети бе луѓе? Јас имам 14 предмети, која ефективност ќе ја постигнат ако другите 12 професори ми стават петка? Зошто тоа прашање апсолутно сите го игнорираат кога треба да имаш подпросечно IQ за да не разбереш дека кога предметите се кажани две недели предходно ЌЕ ИМА ПАК ОЦЕНКИ ОД РАКАВ. Исто така, проблем беше и стандардизацијата. Драги мои МОН-овци, гимназиите и стручните училишта не учат ист материјал - ПРОСВЕТЛЕНИ СТЕ! Имаше исто така и проблеми од политичка рамка. Во тестовите за историја речиси половина прашања беа за Албанија. Не велам дека е лошо, професорот треба да ги предаде сите лекции, меѓутоа не сакам некој да ми се пуца у груди кажувајќи ми: „МИ СЕ МОЖЕ ГЛУПАЧО“ со тоа што ми воведува пола тест од само три лекции. Клучот во ова лежи во тоа што секој професор може да отстапи 30% од материјалот, а нашите драги професори по историја метата ја ставаат токму на овие лекции. И тука доаѓаме до истото прашање:„КОЈ НЕ ТРКАЛА НАС КАКО УЧЕНИЦИ?“ Јас искрено сум згрозена од моменталната ситуација околу екстерново. Згрозена сум од фактот дека во сопствена држава нас како учениците никој не не слуша, а токму ние сме тие врз кои сета оваа тортура се спроведува. Згрозена сум од тоа шо свртев милион броеви и никој не сакаше да ме чуе. Ми се повраќа од тоа дека ми спуштаа слушалка кога слушаа дека сум ученичка, а бројот беше за СИТЕ. Згрозена сум од тоа што сите си ја ишкаа мувата од капата и ја праќаа кај тој до нив, признавајќи дека се само марионети кои ги движи кој како сака. Постов ми кулминира општо за тоа какво образование имаме ние во нашава демократија што постои само во некоја утопија. Мене тука нешто опасно многу ми смрди, некој опасно многу верува дека светот е розев, додека другиот се смее. Државава ми смрди, тортурата ми смрди, ми смрди и неправдата. Убаво велат Флојдовци, на крајот одејќи како роботи ќе се смелеме во огромна машина за мелење месо.
Убаво е да се знаат сечии мислења. Само, мене ми е едно јасно. Сите тие муабети се ептен бош кога нема никаква корист од нив. Се се сведува на едно - џабе сите овие долги и мудри дискусии. Така е како што е; така е како што беше зацртано да си биде ПО СЕКОЈА ЦЕНА.
^ Доколку протестиравме на време СИТЕ, пред да се донесе законот со јасни и зацртани цели ова дереџе немаше да се случи. Сега седете си мирно и вртете си филџани за кафе.
Сепак не можевме однапред да тврдиме дека се ќе излезе вака ужасно. МОН имаше барем некакво право да си го истерува своето. Уставниот суд одлучи да не се расправа по ова прашање. Не беше лесно да се укинат тестирањата однапред. СЕГА има милион и еден аргумент за поништување на тестовите. Тогаш не знаевме дека ќе се прекрши зконот (4 дена пред екстерно трети пат променети предметите, одложено од утро до вечер или за другиот ден тестирањето /а смее само 1/2 час/, намалување на просекот и губење на одличен успех во случај да се потврдат дадените оценки /што го негира тврдењето дека ниту еден ученик нема да биде оштетен/), паѓање на системот, немање одговори, немање прашања, прашања без врска со материјалот ... не ми ни текнува што уште не? Е, на ова може да се реагира. Ама, веројатно целото екстерно тестирање е навистина е во рамките на законот кога не се најде ниту еден правник да реагира. Не чув некој, освен по форумите (кој па ги чита нив и кој ги сфаќа сериозно ?) да се побунил дека нешто не е законски. Значи, се е по закон и има да си тече така фино се по закон...
нас наст. по македонски ни кажа дека секое прашање носи по 1 бод значи ако имаш 28 бода си имала 28 точни одговори
Јас сум осмо и ги земав оценките сите ми се петки а на екстерното имам математика 5 и геограгија 4 е сега на предходните страници пишуваше како се пресметуваат бодови и според тоа имам 89.85 но јас ги рачунав така што за поважни оценки и ги ставив оценките од наставникот а не од екстерното а за поени од сведителство си го ставив просекот заедно со екстерното така треба или како ???
Јас мислам дека се сметаат оценката и од наставникот и од екстерното ^ Иначе сега безкорисно е да се коментира еве нас на осмите веќе ни ги дадоа сведителствата, како и да е оценките важат
Точно така : законски - незаконски, објективни - необјективни, чинеле - не чинеле = ВАЖАТ зашто однапред беше одлучено да важат и ГОТОВО. Толку! Мислам дека секој лаф-муабет на овие страни е веќе беспредметен.
Едно време беше многу посетена страната http://www.peticije24.net Сега се помалку луѓе ја посетуваат. Изгледа јасно е дека ја изгубила актуелноста. Уписите во средните училишта почнаа. Секој разговор за екстерните тестови е без врска.
На страната на Радио МОФ (младински образовен форум) има добар приачник како да напишеш жалба околу екстерното оценување.
Па, тука испаѓа дека можеме да се жалиме само ако се утврди разлика, а не за тоа што во тестот имало премногу грешки и несоодветни прашања ! Откај знам дали има разлики и каков е тој приговор кога јас приговарам за тоа дека несоодветниот тест ми е крив за неодговорените прашања? Како ќе реагирам ако немам точно одговорено на прашања кои не се од материјал или се погрешно поставени? Како да реагирам на тестот по историја кога повеќе од 10 прашања не се од материјалот или во учебникот ги нема (дури и ако дозволиме 30% од материјалот, според осдобрената одлука на професорот, да биде предадена или не)? Не остануваат повеќе од 20 на кои може да се одговори! Па, сите да беа одговорени, немаше шанса за 5 !!!