Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Мислам дека екстрените тестови се инсистира да се направат и спроведат поради Албанците .Премногу им се попушта во школите каде што преовладуваат % (зеф љуш марку ,цветан димов итн ) .И основните училишта почнуваат да стануваат за нив како градинка |( .Моралното средно образование го сфакаат поинаку :!: .Има еден куп на примери каде што се врши притисок на професори по партиска линија(и од албанска националност има совесни луѓе но мн малце се и потпагаат под влијаение она нивниот систем наречен УЦЕНА ).Последен такво пример го паметам со братот на Ермира Мехмети беше актуелен .Процентуално ке испднат мн учена нација во Македонија после х х години од СИТЕ а повеќето не заслужуваат такви оценки за да бидат конкуретнти на фах ( да завзимаат место на некој што се трудел и учел ) :geek: .Многу сум љубопитен како поминало екстерното тестирање во медицинското средно Панче Караѓозов каде што секоја година имаше големи проблеми при запишување-то на албанските деца.Да се види колку од нив заслужиле да бидат таму :!: .Работат стратешки за буткање на системот ,вметнување на свои идеали,норми и правила подржани од онаму каде што имаат корист .Малце да се воздржиме и да дадеме подршка на оние деца и средношколци што полагаа-т.Жално е деца на ова топло да учат и да се малтретираат да бидат во неизвеснот дали положиле или не .Тоа се стресови,но за доброто на сите мора да се издржи .
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Јас на екстерното добив:
    Македонски јазик-4
    Природни науки и техника-5
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    јас искрено не би рекла дека беше заради тоа....ако беше така немаше да имаат 20 прашања за албанците и албанија на екстерното по историја, и нормално ниту едно за македонија (а баш на материјалот за македонија се посветуваше најмногу внимание и најстрого не оценуваа за тоа) :wasntme: и се разбира тука ќе имаат големи отстапки во оцените..................

    ај кога веќе почнав....и за математика тие што имаа екстерно лошо поминаа....половина од прашањата им биле за хипербола и парабола (за кои немале учено) и сега скоро сите имаат од 3ка па надоле.... :wasntme: :)

    инаку јас вчера бев до школо и имам 5ки и биологија и хемија ;)
     
  4. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Така е те поддржувам во се што кажа. Ама работа е што мене математика ке ми стои кец во свидетелство а географија што имам 3ка од професорот со живи маки што ми ја пиша,на екстерно сум добила 4ка,НИ ЈАС НЕЗНАМ КАКО ! Јас сабајлето кога идев да полагам се тресев од страв,денес се тресев од страв за резултатите! :/
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    Сосема те разбирам јас сум една генерација што пред х х години помина низ еден филтер наречен тестирање приемни испити за средно школо .Од лично искуство знам низ што поминав тогаш и не џабе сум вака гневен .Премногу сурово се удри по нас,додека албанските деца ни се смееа во лице како препишувале и однапред знаеле каде ке бидат запишани...После мојата генерација не сум сигурен но мислам дека се укинаа тие тестирања :@ се зимаше просек од оценките ...
    Премногу е глупаво да биде пресудно знаењето од еден тест на еден ученик.Тоа се деца што неможат да го контролираат и трпат тој стрес и притисок и некој потклекнуваат кога највеке нетреба.Инаку да би ги подржал тестирањава ,да се види кој што и колку знае но да не влијаат на оценките (освен ако некаде има преголеми отстапки :!: )
     
  6. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Јас мислам дека неможе по еден тест да се види каков е ученикот и која оценка заслужува. јас пример сум наааааааајголем труп математика а професорката ми пиша двојка само затоа што се трудам и седам на часови и пишувам активна сум итн.. многу се нервирам затоа шо ке имам кец у свидетелство уффф :devil: :@ и тоа у свидетелство ке имам математика(2) и математика екстерно(1) и поради тоа што добив од екстерно 1 ми го руши просекот,место многу добра да поминам јас сеа ке поминам добра :devil:
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Седмо по стара програма. Сега е за осмо.
     
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Денес ни ги даваа сведителствата на екстерното 2 те ми се 5ки :rofl:
    Пресреќна сум не очекував
     
  9. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Уште еден доказ дека често децата што се свесни дека не заслужуваат повисока оценка и не ја очекувале, на овој тест ја добиле. Не велам да им се одземе. Ама, вистина е дека имаше погрешно одговорени прашања во тестовите и тогаш токму децата кои ЗНАЕЛЕ ПРАВИЛНО им бележеле неточни одговори.
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    види срцка јас историја полагав и биологија:
    -историја цела година ни една лекција не научив(имав 5), не бараше проф., но за екстерно 6 дена од дома не излегов дури ни за јадење време немав и ја научив целата историја буквално нема лекција што не ја знам
    -биологија цела година учев и имав 4ки и 5ки пошо проф не ме обожаваше да речеме

    Е сега јас не очекував 5ка историја оти ми се паднаа 6 прашања кои ги нема во учебникот( ги одговорив по логика) сметав дека ни едно од тие не ми е точно
    не очекував ни 5ка биологија пошо веќе 3 години проф постојано ми пишува 4ки дури и ме убеди дека јас незнма ништо биологија

    Дали јас не заслужувам 5ка историја и покрај тоа што ја знам целата книга буквално, и покрај тоа што поминав 6 дена над книгата или не заслужувам 5ка биологија а знам повеќе од “најдобриот ученик во калсот“(кој бајд вуеј извади 4ка биологија) ??

    е да сега имаше и препишувања и слични ниски работи па дека кои имале единици изваија 5ки, но не сите, не има и такви кои поштено вложивме труд во ова и се плашевме засвоите оценки( знаевме дека незнаеме се, бидејки нормално е оној што учел да знае што не знае и да се плаши, не се плаши само оној коишто ништо не учел)
    Зато сметам дека не джи вода тоа дека ние кои се плашевме т.е. не очекувавме 5ки не ги заслужуваме :!:
     
  11. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    И јас добив 5 по историја којашто ја учев тие 5 дена пред екстерно (ќе признаеш дека не е фер да добијат помалку тие што цела година го учеле целиот материјал, а од тој материјал ни пола прашања не беа), а добив 4 по македонски, кајшто сите до една книга ми беа прочитани, имав 4 петки писмени и една награда за најдобар писмен состав на натпревар. Две прашања ми беа дупли (ниту едното од учениот материјал) и на две имам апсолутно точно одговорено според два учебника (и за гимназиско и за средно стручно), а ми се пишале неточни. Сега ќе видам колку е точно дека ќе биде исправено, зашто дадов приговор. А, да, да не го заборавам ова - единствената петка во цел клас ја има ученик што не прочитал ни една книга од поминатите и што ни се смееше што читаме кога така убаво има се готово (рече : друга будала читала!) по форумите и наваму-натаму. Барем по македонски, од екстерново научив (нарвоучение!!!) дека не треба да се читаат книгите (отсега не читам ништо зашто тоа МОН го цени - нечитање) и дека писмените не се важни. Основните работи извлечи ги како точки и учи си ги 5 дена пред квизот. На крајот и тоа не е важно. Ионака прашањата нема да бидат од материјалот.
     
  12. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Кога и каде ќе бидат соопштени резултатите од приговорите, да не знае некој? Нервите тотално ќе ми попуштат.
     
  13. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Јас правев по информатика, прашањата беа ужас не ни ги знаев прв пат ги видов во мојо живот :tmi: а извадов 3ка, тоа значи дека не е до знаење се, туку многу влијае и среќата :lol:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovesongs058

    lovesongs058 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    Се надевам дека до година ќе го укинат ова бесмилесно "оценување" :)
     
    На Glossy-girl и FromWonderland им се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    A што е битно кој кога учел кога на крај имаме исто знаење :?:
    Во нешто може да се успее на 3 начини:
    -со талент
    -со упорност
    -со среќа
    Некои биле упорни, учеле цела година а јас( изгледа и ти) сме си го искористиле талентот(капацитетот)- резултат исти дури можеби и подобри кај нас
    Е сега детето што ви советувало да не читате одело на среќа но тоа не секогаш успева
    А македонски во моето школо изгледа беа пробиени и оние кои имаа единици извадија 5ки, ама сепак не се тие виновни што јас сум немала среќа

    Како и да е сакав дапрашам од каде знаеш кои прашања ти се признаени,а кои не?? кај нас освен оенките ништо не ни кажаа :?: :?:
     
  16. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Имаше на 26. во школо. Од сабајлето дремевме таму да ни се отворат тестовите. Прво ни дојдоа некакви од друг град во Македонија (сигурно и ним им дошле нашите). Главно, накај 11 се отворија и после еден по еден ги разгледувавме и допишувавме приговори, зашто веќе ни беа поднесени без да имаме овид во тестот. Имам приговори на точно одговорени прашања (според двата учебника - и за гимназиско и за стручно), а ми се бележени како неточни. Имало прашање три пати повторено итн. Лично не верувам дека ќе има исправки. тие се заинатија за целото тестирање дека е во најдобар ред, па ќе исправале кај поединци.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  17. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Кај нас ништо од тоа немаше,онака на невидено поднеле приговори неколку деца (и тоа за историја-“албанските“ прашања што ги нема во книгата) ама проф од нашето училиште ги разгледувале приговорите и сите се одбиени :|
    Сепак не губи надеж :)
     
  18. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Па, школото треба да приговори. Каква е таа нетранспарентност! Како тоа ние да ги имаме сите тестови на увид, а вие не? Мора сите да бидеме рамноправни. Без разлика дали мене ке ми го уважат или не. Ти си исто толку ученик со истите права како јас и требало да имаш увид во тестот. Какви се тоа просветни работници во твоето школо што не ги застапувале вашите интереси? Без разлика каков ќе биде резултатот, кај нас заедно со нас преглеуваа секој одговор поединечно за секој ученик по сите предмети по кои бевме тестирани.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Знае ли некоја која е скалата за оценување? И дали може некаде да се види тестот?
     
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    А кога треба да кажат дали приговорите се прифатени или не?