Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    http://www.mof.mk/10-apsurdi-na-eksternoto-testirane/

    Ако е ова вистина, како правниците дозволуваат ова да помине? Или за некого нема закон кога е закон над законот? Или сево ова нема врска со прекршување на законот?
     
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тестот можеш да го видиш само ако си поднела приговор.
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Околу 5тото, нема потреба дискутираме и да си мачкаме очи. Сите знаеме дека е вистина.
    И за 7мото ми е многу криво, исто така. Затоа што ни кажаа дека материјалот што го имаше по предметот ликовно, бил уствари материјал од 3та и 4та година, а не за 2ра. Само го буљав тестот и се чудев. Одев по логика. А тоа што беше прашањето, како се вика сликата (а нема слика)... си викав:
    - Ај за ова имаше претходно прашање... за ова имаше прашање... е од овие две, најверојатно е ова, попознато ми звучи. За некои техники, првпат прочитав. А имаше некои коишто го решија за 3-4 минути. (знаеме од кои причини)

    И? Така ли треба да не` оценуваат? Тоа е праведно?!
     
    На tea4e, BornToBeWild и sara3 им се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас разбрав дека за 2 треба да имаш 20 точни одговори, а сега незнам колку е точно.
     
  5. BornToBeWild

    BornToBeWild Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    исто Елена,и јас полагав ликовно.... катастрофа ! гледав и се чудев ,одев по некоја логика(незнам и јас каква) :tmi: ,а ние и плус што немавме никакви учебници за ликовно (за 1ва год) ..не се ни надевав на повеке од 3.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Имаше ли приговори? Па, каде се родителите да истапуваат со јавни писма во медиумите? Каде се да испражаат информации со кои ќе го побијат тврдењето на МОН дека се е во најдобар ред и екстерното е успешно ? Вака навистина испаѓа дека е успешно, а малите недостатоци ќе бидат отклонети во од.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Малце касно се јавувам, ама да си се пофалам, петки ми се и математика и англиски. ^_^ И сите други ми се петки. Просекот ми е 5,00! :rock: :wasntme:
     
    На Glossy-girl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. badgirl14

    badgirl14 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Физика-во дневник 2 а на екстерно 4 ццц оди па барај ја правдата :P :fubar:
     
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    И јас малце каснам ама ај да си кажам. :D

    И по двата предмети имам 5-ки. -Македонски и биологија. :clap:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    И на крај овој форум на кој требаше да се избориме против тоа срамна екстерна квизоманија се претвори во пано на кое ќе се кажуваат резултатите од овој резил на МОН и ќе се потврдува успешноста на славниот проект. Браво!!!
     
  11. Anny-Swizzy

    Anny-Swizzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Дали отценките од екстерното ви влегоа во просекот?
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Да,влегуваат во просек.
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Нереално е некој да очекува форум да се избори за нешто! Борбата за ваки работи мора да биде организирана и преку институции. Форумот служи за дискусија и за размена на мислења, не за организирање револуција. Секој кој сака организирана борба, нека започне од себе, со време. За екстерното се зборува со години, имаше неколку пробни тестирања, значи имаше неколку години за организирање протест и официјализирање на некои барања. Не се криви децата што си ги кажуваат оценките тука, па за тоа и служи темава, за СЕ во врска со екстерното. Учеле (најголемиот дел ) и постигнале некој успех што ги радува, не треба да им плукаме на успехот заради наши фрустрации.
     
    На Someonespecial, Lella, tea4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. butterfly..2

    butterfly..2 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Се согасувам
     
  15. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Никој не плука по нивните успеси. Плука по уништените надежи на деца дека со учење освоиле услов за стипендија, дека нивните награди нешто значеле, дека прочитаните книги нешто значеле. Дете што добило 5 на екстерниот тест по македонски вели дека повеќе нема да ги чита книгите зашто за ваков тест доволно е да ги прочита обработните на некој форум. Дете што добило 5 на тестот по историја вели дека нема смисла да учи зашто учело, не учело исто му се фаќа - ионака не биле голем дел од прашањата од материјалот. Плука по неправилните и неточни одговори за кои им се одземани бодови, плука по висењето цел ден за да го тестираат доцна попладне откако цел ден седело, напнато и исплашено. Плука по нерамноправноста на учениците од кои на едни им помагале тестаторите и се јавувале по мобилни, а втори како знаеле се снаоѓале во непоминатиот материјал. Децата нека се радуваат. Ако, деца се. На мнозина од нив по ова тестирање ќе им стане јасно дека не треба да учат, туку убаво да се снајдат. Тоа ли беше целта на екстерново? А, што се однесува до времето кое помина... сепак не знаевме колку ситни пропусти ќе има, па да реагираме однапред. Можеби јас не сум против проверка на знаењата, но сум против вакво неорганизирано тестирање. Да, и страшно сум против себичноста : главно моето дете помина, па ако други деца што учеле и знаеле сега се жртви на ситните пропусти, што ме боли. Нека му се мисли неговиот родител. Каков менталитет!
     
  16. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Од ко се изнервирав сега не вреди прекасно е.. :swear: :x И едно време ќе се креваа професорите на штрајк и на крајот сите мадро си седнаа. Сите ги спуштиа „реалните“ отценки и сите извадовме повеќе..
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Па што има врска ако кажуваме!? Форумов не е место за протести .. |(
     
    На tea4e и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    И јас сум против себичноста- моето дете не помина како што очекував, па сега ќе им писнам на децата кои се фалат со оценките... точно-каков менталитет и уште поточно-каков карактер :o
    Не се децава тука виновни ни за пропустите ни за тестирањето ни за неуспехот на некое дете... И убаво е што еве се фалат со успех и со оценки, а не со штикли и со направени глупости. :!:
     
  19. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    И јас по двата имам 5 :) Географија и македонски...
     
  20. cien-cin

    cien-cin Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Моето дете , видете, на двата предмета од тестирањето доби -5. И просекот од свидетелството му е 5.00. затоа немам никава причина да „им писнам“ на децата што се фалат со оценките. Им писнав на оние што немаа доволно деоблест да признаат дека екстерното доживеа фијаско. Карактерот, оној што Вие очигледно ми го оценивте со НИКАКОВ, не ми дозволува да не сочувствувам со децата кои заради туѓи грешки немале шанса да се радуваат заедно со моето. Можело исто толку да има ужасни прашања. Знам негови другари кои имаа толку невозможни прашања што е грев да им се намали просекот заради такви прашања. Ако негодувам поради едно недоработено тестирање и грст неправди, нанесени на деца (не постои на светот само моето дете), за Вас тоа е немање на карактер. Напротив, сакам сите деца да се чесно оценети за своето чесно учење во текот на целата година и да нема разочарани деца. Ве уверувам дека ги има. Многу ги има. Ама таквите некарактерни како мене се ужасно револтирани што на многу деца им е одземено правото и тие да се радуваат за она што навистина го заслужиле. Сите кои заслужиле знаат дека заслужиле и многу ги боли кога се онеправдани. Така јас и покрај тоа што моето дете тука може слободно да куца: “јупиии јууу, јас имам петки, а другарите ми немаат...“, денеска се согласувам да се прогласи ова екстерно за пилот-проект. И затоа се бројам во СЕБИЧНИ, НЕКАРАКТЕРНИ и со искривен МЕНТАЛИТЕТ. Изгледа, пред да се изреволтирате во името на нападнатите деца, требаше да го прочитате она што го напишав, па ќе видевте дека не ги напаѓам децата, дека се радувам на секој нивен успех, но не можам да се согласам никако со тоа без никаква вина да се соочат со неуспех (апсолутно незаслужен неуспех, разочарување и дестимулација за учење). Ако тоа што ми се важни и успехот и чувствата на секое дете значи дека немам карактер, благодарам, и понатаму ќе размислувам на ист начин.
    Моето почитување.