Спинувањето е мода денес, ама не успева секогаш, така што... Сега може да спинувате, да менувате, ама ова останува! Како и иронијата кон туѓиот успех и цинизмот кон туѓата радост. Ако сте толку емпатични, тогаш ќе сочувствувате и со туѓата радост за постигнатиот успех. А ако сакате да смените нешто, тоа не се прави на форум , повелете во институциите и соодветно реагирајте.
Не бришев ништо. Само дупло го пратив овој ист текст, па сметав дека нема никаква потреба да фигурира два пати. Ако тоа менува нешто, ќе го постирам повтроно. Меѓутоа, не гледам потреба, зашто секој ќе си го прочита онака како што сака да го прочита. Јас ниту гледам цинизам во ова ниту имав такви чувства кога го пишував. Имав револт спрема инаетот на МОН. Има цинизам само ако го барате. Тогаш и во „Ав, ав, Шарко лае “ ќе најдете цинизам. Не забележав дека не сочувствувам и со туѓите успеси. Требаше 100 пати да напишам дека ме радува успехот на секое дете и Вие тоа да не го прочитате бидејќи не Ви се чита. Ако ништо друго, барем ќе сочувствував со успехот на своето дете. А зошто Вие не се обидете да сочувствувате со нечија неправда? Зошто не се обидете да сфатите дека таа им е нанесена на многу деца? Зошто мојата емпатија со онеправданите деца е фалш, а Вашата со оние што се радуваат е во ред? Тоа нема врска со емпатија, туку само со признавање на една фактичка состојба: многу пропусти, многу несоодветни оценки, многу повредени деца. Сеуште сметам дека не е во ред , додека се решава по голем број приговори, да излегуваме и да се фалиме. Исто како што не е убаво кога едно дете на друго дете кое нема за скапи патики, постојано му вели како носи само брендирани. Тоа е безобразие. Не е емпатија (со кого емпатија, кон кого емпатија?)ако кажам дека екстерните имаа многу пропусти. Премногу! Како го нарекувате премолчувањето на овој факт ? Кога сме кај институциите, и школите и други институции се обидоа да реагираат, вклучувајќи го МОФ, па никому ништо. Значи, видовме дека институциите беа немоќни. А Вие, иако одлично знаете дека реакциите на институциите беа игнорирани, најцинично што е можно ме испраќате да реагирам кај соодветни иснтитуции. Добро, нема потреба ни да се расправам на форум на кој луѓето ве читаат и ве коментираат онака како што сакаат да ве разберат, а не онака како што сте напишале. Тука нема никаков цинизам. Нема потсмев, нема инсинуации, нема ликување... Ликувањето заради туѓиот неуспех (поготово незаслужен) е цинично. Секако дека ќе ме радува ако дете што се трудело цела година сега си се радува на своите освоени оценки. Тоа не беше предмет на мојата реакција. Барем обидете се да сфатите за што зборував. Јас сум отворено за тоа дека тестирањето требаше да се прогласи за пилот-проект и, кога ќе се доработи, да се реализира.
Темава е да кажуваме се што е поврззано со екстерното,и како што кажувавме по кои предмети сме така и си кажуваме што отценки сме добиле. Зарем е погрешно тоа што се пофаливме за две отценки што сме ги добиле ? Па форумов не е институција која би се борела против екстерното.
Знаете дека ниедна институција нема која би можела да се бори против екстерното. Ниту една не успеа. Знаете, нели? Сега не праќате по институции! И знаете дека во почетокот беше права навалица од текстови кои се однесуваат токму на изнаоѓање начин како да се озневозможи да бидат жртви на тестирањето децата. Сега, како и секогаш, оние кои не се засегнати, тоа го заборавиле. Добро. Форумов не е институција, ама е место кајшто ќе се разменат мислења и ќе му се помогне некому да се обиде да ги реши проблемите. Обично место кајшто се нуди помош, разбирање. Дозволени се сите мислења во врска со екстерното. Сите. Не би било лошо да се отвори нова тема: Јас се фалам од екстерното тестирање за оние што ќе се фалат и тема Незадоволство од екстерното тестирање. Така барем нема да се навредуваме и повредуваме.
Добро де, има деца кои се неправедно оценети, и прашањата биле тешки, не биле од учебникот, мене лично ми се паднаа лесни предмете, односно предметите на кои најмногу работев цела година, на тие што им се падна хемија, биологија, географија, речиси никој не го доби зслужениот успех. Ама било - па поминало. Мислам, не велам дека нема деца кои не ја добиле заслужената оценка, туку дека мислам дека е стварно глупаво сега да се спротиставуваме. Луѓето не успеаја тогаш кога можеше - сега ќе успеат. Иако мислам дека екстерно догодина нема да има, барем се надевам дека нема. Екстерново сигурно не ја постигна својата цел (да се видат вистинските лица на наставниците и учениците), зашто ете, сите раскажуваат како информатичарот (главен тестатор) влегол во училница и им кажал се’ на тие што го полагале неговиот предмет. Мислам, не баш се’ зашто ако има ученикот 3ка а тој му каже за 5ка, ќе го казнат. Им кажал пола прашања и си заминал, додека на тие што полагале хемија, ни дигитрон не им дале. ОК не е дозволено, ама како можел да им каже пола тест на едните, така може и да им даде дигитрон на другите. Мислам дека догодина нема да има поради тоа што кој на кого сака кажува, кој кога сака влегува, системот паѓа, протести... Едноставно премногу е.
Јас НИКАДЕ не реков дека сум ЗА екстерно тестирање на овој начин. Никаде не напишав дека ми е сеедно за неправдите... Ги извртувате работите и тоа многу банално. Ама нападот тука со иронично „Браво!!!“на крајот упатено на децата кои тука си пишуваат што оценки добиле е за срамота! А инаку во било која цивилизирана држава проблемите се решаваат институционално, нема друг начин. И тоа што не се бламирам да им се навртам на деца на некој форум не значи дека немам реагирано за екстерното тестирање-ама се реагира на соодветно место. И вие пак можете на ова да си плетете приказни од кои ќе си се чувствувате подобро, очигледно некој се доживува како Робин Худ на екстерното тестирање,ама со тоа никому не помагате. Ако сте ТОЛКУ засегнати ќе бевте ангажирани на соодветен начин и на соодветни места. И не отстапувам, циничното Браво!!! кажува за вас повеќе од што сакавте изгледа, а сега се обидувате да манипулирате правејќи се жртва која го носи крстот во името на сите... Ама виртуелно, на форум
cien-cin, не сакам да те навредам ама не мислиш ли дека е малку нереално и бесмислено 1 месец после одржувањето на екстерните да се зборува за ова? Сите бевме против екстерното и всушност, на форумов пред да се знае дали сигурно ќе има екстерни, имаше муабети за протести, а и линк за потпишување петиција. Ама, откако се виде дека нема корист од сето тоа, моравме да го загрееме столчето и да се подготвуваме. Ученици сме, сме учеле и сме се потрудиле (добро, не сите баш толку поштено, ама ај) секако дека ќе се радуваме за постигнатиот успех, нема ништо лошо во тоа. Toa не значи дека сега сме за екстерните тестови. И како што кажа Лајонес, на темава се кажува сè околу екстерните. Секако и тие што не поминале добро, и тие што поднесувале приговори можат тоа да го напишат. Е сега, сите сме свесни дека имаше многу пропусти, дека тестовите беа пробиени и дека, како што напишав погоре, сите не ја заслужиле оценката на екстерново праведно, ама тоа е. И да, ние си се радуваме за нашите успеси, а никој не вели дека целиот проект поминал успешно.
Полагав екстерно прв пат годинава...Прашањата не беа тешки но од друга страна не беа ни лесни полагав Биологија-добив 4 и Граѓанско обр-5...Четворкава по биологија ми го расипа просекот,просекот ми беше 5,00 а сега 4,94...нема врска сепак сум одлична
Сите знаеме дека имаше премногу препишувања (не кај сите) и потшепнувања.А исто така и многу нереални оценки.Ама ова тестирање секако не беше мерило за тоа дали оценката е реална или колку ученикот ја сфатил и изучил програмата. И сега ? Дали увидоа кои се реални а кои нереални оценки ? НЕ! Зошто тие што имаа послаби оценки седнаа да учат (и препишуваат) за да добијаат повисока оценка. А зошто ? Најпрвин за да покажат дека нивната оценка е нереална (иако реална) и за да го казнат наставникот. Ама тоа не значи дека останатите го правеле истото.Некои за разлика од другите чесно си ја добиле оценката од екстерното. И ако е грешка тоа што се израдувавме на нашите оценки и ги споделивме нашите успеси тука, тогаш нека се избришат мислењата ,иако нема потреба. И сега јас ако добив две 5-ки значи дека сум ЗА екстерното ? Не бев ниту ќе сум ЗА. И што вреди сега за зборуваме за тоа кога веќе се случи ?
Еве, не било готово за сите иако веќе цел месец поминало. Има и други кои знаат дека последниве три дена откако наводно се разгледуваат приговорите, е всушност кулминација на малите пропусти на екстерното. Како што напишав пред малку, понормално е петиција да се потпишува откако нешто што тотално се утнало се фали на цел глас. Тоа е бесрамно. Тоа - ексртерното тестирање е успешен проект. А мене тука ме нападнаа дека „писнав“ на деца. Еве, има и други (циници) како мене што тоа сакаат да го постават на јавна дискусија како проблем. МОФ, на пример. Младинскиот образовен форум ли е толку циничен што сеуште се бори да го прогласи тестирањето за пилот-проект. Еве институција која интервенира. Ќе ја поддржите ли сега институционалната иницијатива или ќе си останете на ставот да ги навредувате луѓето затоа што си дозволиле имаат милсење за еден неуспешен проект со трајни последици? Еве ви го линкот на МОФ. Тој доволно зборува. Јас повеќе не треба да кажам ниту збор. Gostin #2078 2013-07-02 12:12 http://www.mof.mk/pres-konferentsija-pe ... -za-pilot/ Прес-конференција: Петиција за екстерното оценување да се прогласи за пилот Младински образовен форум (МОФ) ве кани на прес-конференција на која ќе ги презентираме натамошните активности кои организацијата ќе ги преземе по повод проблематичното екстерно оценување во Македонија и по повод нашите барања истото да се прогласи за пилот тестирање. Прес-конференцијата ќе се одржи на 03.07.2013 (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на МОФ (ул. Дренак 34-а). На прес-конференцијата ќе бидат најавени претставките кои ги подготвуваме до надлежните институции, петиција која ќе се спроведува во повеќе градови во државата, како и нови информации кои го потврдуваат неуспехот на екстерното тестирање оваа година. мапа: http://www.0.mk/mofmapa
Јас не се сеќавам дека досега макар и со еден збор Ве навредив. Вие мене да. Само затоа што сметам дека е срамота МОН да излезе со информација дека ова е успешен проект. Што е чудно ако револтиран човек има во моментот бурна реакција?! Да, бурно реагирав. И не отстапувам од мислењето дека сето тоа не беше и сеуште не е во ред. Зошто да изигрувам жртва? Немаше воопшто место за ваков коментар. Каква жртва сум јас? Никаква. Жртвите, ако некој ги забележи, ќе го етикетираат со сите можни навредливи етикети, како Вие мене. Со што манипулирам, со кого? Треба човек да има некоја корист од тоа. Која ми е па мене корист да ги провоцирам Вашите навреди? Имам право на мислење како и секој друг на овој форум. Свое, не Ваше. Вие имајте си го своето. Билошто да напишев што немаше да Ви се допадне, ќе ме навредевте. Апсолутно не е во ред вака да навредувате. Се согласувам дека напишаното кажува за нас. Имате право тука. Еве и МОФ (институција) подготвува реакција на апсурдното екстерно тестирање. Дали можеби ќе ја поддржите оваа иницијатива, покрената од институција? Или ќе останете тука фино виртуелно, на форум, да ги навредувате луѓето затоа што имаат мислење кое се разликува од Вашето и ќе им ги толкувате исказите онака како Вам Ви одговара? И имам намера да ја прекинам тука комуникацијата. Се заканува да премине во размена на навреди. Не сакам! Никогаш не ми било убаво да се навредувам со некого. Не ми е ни сега. Јас знам и што мислев и што кажав. Знам дека немаше ни трошка цинизам, освен спрема МОН, а таму не го ни кријам. Не се ни трудам да го сокријам. Ако треба, во она што понатаму ќе го напишам, најверојатно не на овој форум, и иронија ќе има, па и сарказам, ако затреба. А, да, линкот: http://www.mof.mk/pres-konferentsija-pe ... -za-pilot/
Тоа што го кажува МОФ и тоа што вие го кажавте и начинот на кој го кажувате се две различни неспоредливи работи. А кој сака да сфати-ќе разбере. Вие го перете вашето грдо однесување со ставови на МОФ и др. цитати, а вашите зборови ги заборавате? За жал, напишани се и прочитани И патем, никаде со ниту еден збор не сте навредени, само и јас размислувам поинаку од вас и според мене многу поправилно. Ако имате проблем со екстерното кажете го каде што треба, не ви се виновни децата кои сакале или не полагаа, се труделе и постигнале некаков успех па ним да им се обраќате од високо со Браво!!! затоа што не организирале револуција на форумов според вашите површни очекувања.
Аман, навистина Ве молам да престанете со навредите. Нема потреба. Навистина немав никакви лоши намери. Не гледам никаде грдо однесување. На крај, Ваше право е да Ви се допаѓа некој или не. Глупаво е да Ви се правдам, но и не Ви се правдам. Ова повеќе го изнесувам заради другите на овој форум, зашто сеуште сакам да ме разбрале правилно, или барем не сосема погрешно. Убаво Ви кажав дека изреволтиран човек понекогаш пребурно реагира. Истото го мислам што и МОФ. И од се срце ќе се борам, ако може, ова тестирање да се прогласи за пилот-тестирање. Моите зборови ги паметам одлично, само и тоа кому му се наменети. А сепак ќе признаете дека е многу болно за едно дете кое ужасно тешко ја преживеало и доживеало незаслужената оцена, да му се става сол на рана. И тоа е сепак грдо однесување, зависно од која точка гледате. Јас видов едно дете кое едвај се смири, но по прегледот на овој форум кој го следеше неговата тетка пред мене, буквално падна во очај. И тогаш реагирав. да се случеше тоа сега за прв пат, веројатно пак ќе реагирав исто толку бурно. Додека сеуште трајат приговорите, додека децата сеуште имаат надеж ... Знам, же речете дека изигрувам жртва или уште нешто слично. Мислам дека е беспредметно исто како и да Ве убедувам дека ме навредивте не со еден, туку со повеќе збора. и Вашето е напишано. Препрочитајте го. Може ќе ги забележите навредите. Пријатн ден.
Токму така! Детето заради кое вака реагирав. Тоа ме праша може ли да искоментира нешто користејќи го ова име. Јас се имам регистрирано под ова име кога барав некакви правни совети. Инаку никогаш немаше да ја забележам странава. Таква каква што јас мислам дека би требала да биде, најдов одамна на peticii.mk. Почнаа со ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ и останаа доследни. Ме заинтерсира насловов и содржината и еден ден ова дете кај мене ги погледна и пројави желба да искоментира. Се до онаа реченица што упорно ја цитирате. Да, забележав колку едно дете го боли кога тоа изложување на оценките навистина изгледа како воодушевување од екстерното тестирање и многу го кочи секој обид да се прогласи барем за пилот-проект. И вчера (значи дека не завршило уште пред еден месец, па, како е-такае), го видов истово дете буквално во очај. Приговорите,сите во тоа школо, ги одбиле како неосновани. Како - неосновани? Сега нормално не веруваат дека воопшто ги погледнале. Барем десет од оние што ги слушнав, беа или сосем точно одговорени, или слободно можеше да се сметаат за точни два од понудените одговори.Нели ниеден ученик нема да биде оштетен? Да, го гледав детето дека учи по цел ден 5 дена историја и ги вади сите години и сите важни моменти. Само не вложи толку труд и љубов во историјата колку во македонски. Знам и дека истовремено имаше и други испитувања (поточно -испити) што се паѓаа во исти денови. Знам и дека кај овој ученик нагло падна еланот и дојде до дилемата: има ли смисла учењето кога ионака многу не се цени? И тоа за единствената петка во класот важи, само сега е дополнета - во генерација! Се изнервирав и реагирав. Добро, не требаше зашто овој форум очигледно не е место кајшто треба да се искажуваат негативните страни на тестирањето. Детето сигурно повеќе нема да коментира тука ништо, јас уште помалку. Ова име под кое се логирам ќе си го користам за некој правен совет, рецепт. И детето, зашто инцидентно го користи, со него можеби ќе погледа по игри, музика, филмови, што било. Тука сигурно - не. Јас и сите ние кои сметаме дека не беше во ред и сеуште не е во ред и понатаму ќе се трудиме да се прогласи тестирањево за пилот. Знам сега сигурно дека ќе има луѓе што и покрај тоа што знаат колку многу деца се оштетени апсолутно без своја вина, и покрај тоа што знаат дека тестирањето беше погрешно, технички и содржински лошо и нјмалку беше слика на реалноста во оценувањето, ќе гледаат да остане вака како што е. Било-поминало. Не било. Сеуште е. Не поминало - последиците за некои деца ќе бидат големи. И сите од семејството ќе ја потпишеме петицијата што се подготвува. Не сум жртва. Само гледам колку едно дете страшно пати поради тоа. Не е приказна. Деновиве е многу тажен дел од мојата реалност. Го гледам ова дете. Ова го гледам, а за другите знам. Поготово што кај мене исто можеше некој секој ден да му вика - јас имам ДВЕ петки, а тоа не го прави. Изгледа немаме исто мерило за тоа што е чесно, а што не. На крајот, нема да се караме сега за тоа што немаме исти гледишта. Барем јас се изморив. Еве, веднаш по него истата судбина ја има и електронската картичка. Сосема исто: ништо не е во ред. Само, тука сепак соодветното Министерство не ќе може толку да се инаети зашто СИТЕ се засегнати, а не само некои, па на другите да не им е тоа многу важно. Е, тоа е менталитетот за кој зборував: мене ми е арно, па другите, иако знам колку е тоа нечесно, нека му ја мислат. Добро, разбравме веќе дека имаме поинакви мерила. Има форуми на кои огромното мнозинство се согласува со тоа дека ова тестирање не е во ред и во ЦИВИЛИЗИРАНИ земји (како што љубите да кажете) не само што би паднало, туку некој би одговарал за ваков дебакл на еден проект.
Потполно се согласувам со мислењето Можеби ова со екстерното не беше некој добар проект , но на нас кои со труд ни се стекнати оценките и кои со екстерното ни се потврдиле истите не требаше да напишеме мислење во темата ? И јас исто така бев и уште сум против, меѓутоа форумот е место за дискусија и секој има право да се искаже. А, и што било-поминало ...
Донекаде се согласувам. Сите имаат право да си го напишат мислењето во темата. Нопмлно, тука спаѓаат и оние кои со труд ги постигнале и со екстерното ги потврдиле оценките. Зошто тоагаш да не можат да си го кажат мислењето и оние кои со труд си ја стекнале оценката, а крајно неправедно на тестот не им е потврдена? Зошто: било-поминало? Еве, сега МОф се труди да укаже на ај да ги наречеме пропусти во приговорите. Патем речено, во сите школи за кои јас знам, а знам за повеќе, ниту еден приговор не е основан. И на тоа ли не смее да се реагира? Тие млади луѓе таму од Младинскиот образовен форум што собираат потписи за петиција, ги растеруваат како да продаваат криумчарена стока на црно по улиците. Потпишување на петиција е право на граѓаните и во моментов тоа право се крши. Значи - се случува сега. Сеуште трае. И да знаеш дека ќе трае за многумина, зашто за нив последиците ќе бидат трајни. Освен тоа, зошто да ни се убие надежта? Нели таа последна умира?
^^ Во едно друго време кога студентите го кренаа својот глас против менување на Уставот и примената на албанскиот јазик во образованието, меѓу кои најгласни беа неформалните лидери на протестите Филип Петровски, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев, јавноста (па и политичарите) немаше таков гард кон нив. Денес ловориките кои ги носат гореспоменатите, а се резултат на гореспоменатиот настан заборавија што значи да се бориш за она во кое веруваш.... но сега се е изменето, сега тие се некои други луѓе кои изгледа заборавија како се увалија во фотељите. Друго ми беше муабетот... Па нели екстерново беше првенствено да се оценат наставниците, професорите ... и ако е така да прашам, можда сум пропуштила - видовте ли некаде резултати за постигнувањата на наставниците и дали и колкави се нивните одстапувања во оценувањето? Јас, не
О, и тоа ќе го видите и тоа како. Ќе го видите кога ќе ги казнат што не ги оцениле правилно учениците на материјалот што не им бил воопшто предвиден со наставната програма, на материјалот што не е доземен, на материјалот што немаше врска ни со нивните предмети ни со точноста на податоците. На пример, ќе ги казнат професорите коишто, нормално, ставиле и по некоја петка во генерација на деца кои пишувале убави писмени, на деца кои пишувале проектни задачи, на деца кои ја читале и обработувале предвидената литература. Сега се гледа дека не биле реални зашто во цела генерација (читајте погоре во училиштето за кое знам СИГУРНО) има само една петка. На другите им ги дале незаслужено и за тој грев професорите ќе бидат секако казнети. Поготово ќе ги казнат за тоа што на учениците ИСПРАВНО им предавале онака како што стои во секој еден учебник, а во екстерното се барал или погрешен одговор за да се освои бод или се давале два можни точни одговори. И за тоа ќе бидат казнети, не плашете се. Не може сега. Треба да се ЕЛАБОРИРААТ резултатите од овој многу успешен проект. Тоа сака време, сака анализа. Како можете и да замислите дека нема да бидат казнети, кога НЕРЕАЛНО оценувале?! Еве, да биле наставници на место, не би дале ни една петка (или само една!) во генерација, па и цело школо. Да, да, ова е за тие да бидат казнети. Ми се чини дека учениците се (иако големи, можеби и најголеми, а секако најтрагични) колатерални жртви на пресметката на МОН со наставниот кадар кој ...