Јас не спомнав казнување ... и сметам дека оцената на ученикот е труд постигнат и резултат докажан во текот на целата учебна година, а не за време од 60 мин. и правопропорционално со тоа сметам и дека не е реално работата на наставникот и неговото оценување да се едначи со оцена добиена од компјутер. Спојлер гледав дечиња од 9-10 год. кои пред полагањето се тресеа од страв, а наставничките им ги бришеа солзите и им даваа поттик, ги храбреа ... и сакаа. Нека ги научат компјутерите да го сторат тоа, па нека поистоветуваат педагог со машина Од МОН овој проект го најавија како оцена на квалитетот на образованието и контрола за работењето на наставниот кадар. Ако е така, постигнатиот успех на учениците е небитен за објавување. требаше да изнесат резултати за наставниците (кои повторно ќе беа/се нереални)
Ни јас не реков дека не се согласувам со Вас. напротив, ми се допаѓа Вашето мислење. Знам дека не спомнавте казнување. Јас го спомнав. Ако некому му се одземе од платата зашто нереално оценувал, зарем тоа не е казнување? Уште ако неговото нереално оценување се мери со вака невалидно екстерно тестирање, тогаш значи е и неправедно казнување. Токму пред малку прочитав дека Ристовски си останува на своето после се. Изгледа дека однапред од не знам кои причини убаво знаеле и што ќе биде и како ќе биде. Се согласувам и со тоа дека не требаше да им се впишуваат воопшто оценките на учениците ако навистина беа наменети само за наставниците. Нели имаа едно време некоја концепција според која ќе се сметаше за отстапување само ако имаат две оценки разлика? Една оценка помалку-повеќе. Па, нели е стимулативно за ученикот да му се впише поголемата ако е помеѓу две оценки? Вака треба и наставниците да се разберат ако од следната година почнат да ја впишуваат пониската. Реков, ова инаетење на Ристовски и МОН може да има последици во сите сегменти на основното и средното образование.
Јас ради екстерново одлична не поминав, 4.466 ми е просек да даде Господ сите од министерство бел ден да не видат, и после немало да има штета на учениците, абе нека идат на плоштад нека се обесат.
Покрај толку пропусти,се правеше тестирањето.Прво средете системот бе,а после правете тестирања. Сестра ми требаше да полага информатика од 9 часот но бидејки системот паднал го правеше во 12 часот и дремеа 3 саата во школо.Кога видам на колку одлични ученици им е расипан просекот со екстерново,коса ми се дига ..ништо друго нема да кажам освен дека оценувањето не помина како што треба и со многу пропусти.
Што е најинтересно, ако на нивното успешно тестирање (ниеден ученик нема да биде оштетен!) си ги потврдиш оценките од свидетелството, ако си бил одличен, ќе ти се намали успехот и ќе станеш мн. добар. Знаеш ли за петицијата што се потпишува во Македонија? Веројатно ни таа нема да успее, ама барем да се знае дека има многу незадоволни од ова тестирање.
И јас исто...одлична си бев и денес кога ги зедовме сведетелствата...многу добар успех Да многу ми е добар успехот заради шо се рачунаат оценките од екстерното... 4 географија и 3 математика ете...
Како тоа 4.466, нели на 2 децимали беше? Ако, тоа не е битно. Стварно ми е жал, а ако и догодина правиме на 4 предмети во текот на цел година, е тогаш веќе....
Ако си била скроз одлична по другите предмети, 3кта и 4ката од екстерното неможат да ти го расипат целиот успек 5ка
Не ако била СКРОЗ одлична ( 5.00 ). Само џабе се трудела цела година да биде СКРОЗ одлична. Но, ако имала 4.54, на пример, би била - одлична. Сега, ако две оценки по кои имала 4 ги потврдила (односно има четворки и на екстерното), казнета е што и биле исти оценките со тоа што просекот паѓа под 4.50, а тоа е веќе мн. добар.
Не е можно да ти се расипал успехот поради екстерното бидејќи ако ти досега си била одлична(со сите 5-ки) пак ќе си поминела одлична безразлика на оценките од екстерното.
Ти читаш ли добро? Можеби не била СКРОЗ одлична, ама била ОДЛИЧНА. А сега не е одлична после екстерново! Ако била со сите петки, сега не би била со сите петки. Ако била со 4.54 би била ОДЛИЧНА, а со потврдените оценки од свидетелството на екстерното (значи - исти како во свидетелството), паѓа под 4.50 и НЕ Е ОДЛИЧНА туку МН. ДОБРА. Девојчето не зборуваше за сите или не-сите петки, туку за одличен (над 4.50) и мн. добар успех (под 4.50).
^^ ехееј, не ја тепај.. амаан Инаку јас сум сведок на многу различни ситуации со ова екстерново. Едни намалија успех, други зголемија и кога ќе видиш се е хаос... Иначе јас си ги оправдав петките
ехеј полека ќе се скарате... 4.5 ми беше просекот си учев по предметот ептен и на екстерново мислам дека згрешив 4 прашања,а со 3 петка ќе имав...а со екстерното заради предметот географија шо имав 4 на екстерното ми се намали на 4.4 просекот... на 6 души од кај мене во класот му се намали,а на некој му се зголеми... ама готово сега се помирив...в година ете повеќе труд Готово нема потреба да се нервираме..помина
Нема да се скараме. За тоа постојат мислењата, за да се спротивставуваат. Мене не ми пречи што некој си има мислење и што си го објавува. Ама, останува фактот дека имаше многу пропусти и дека повеќето се оштетени. Во некои школи цели генерации. Ти велиш - мислиш си згрешила. А виде ли колку имаш згрешени? Имаше ли увид во тестот? Има кои не згрешиле , па сепак знаат дека им се сметало како погрешно точно одговорено прашање (според учебникот) и за тоа не може да се даде приговор. Има кои имале прашања од непознат материјал. И за тоа не може да се даде приговор. Што има тоа врска со повеќе труд идната година, кога може и да не зависи од трудот?
Дали тие од министерството се нормални? 1000денари, да поднесеш приговор Не биле важачки приговорите поднесени од тестаторите. И сега, каде ќе одат парите за проговорот? И зошто не ни ги дадат тестовите да видаме каде сме згрешиле? :roll:
Ова со платените приговори го има ли на некој званичен сајт? Јас немам чуено ништо за тоа. Нели поминаа одамна роковите за приговори? Ова нешто ново е? Да не има некој нов рок за приговори?
^ Викаат дека оваа апликација може да се симне од сајтот на Државниот испитен центар, поминаа роковите, ама приговорите кои биле доставени од страна на тестаторите не биле валидни.
Ако не е некоја спекулација, овој податок би требало да се достави до МОФ да се провери. Јас сега го прегледував сајтот на ДИЦ и не најдов ништо такво. Ако е ова вистина, тогаш станува збор за сериозна повреда на правото на приговор (покрај тоа што не е застапена повеќестепеноста). Ова сепак ќе мора да се провери добро пред да се употреби како аргумент.