Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Џабе сега приговори (уште 1000 денари мајката :^) ) кога веќе се оценките пресметани во успех...
    Ама барем бе да направеа некој просек од пишаната оценка од професорот и екстерното, не ова ко за џабе да сум учела цела година, што ако ги имам двете оценки исти кога ми се расипува просек. :@
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Па, еве, тоа ти е незаконски. Тоа е и неправедно. Ама, имаше тука и навреди и обиди за дисквалификација на личности што се обидоа да реагираат на нерегуларноста на ова тестирање. Токму таквите како тебе се оштетени, а се рече дека ниту еден ученик нема да биде оштетен. МОФ даде уште една шанса да се види колку оштетени и незадоволни има. Ако се потпишеа сите незадоволни, можеби ќе имаше основа да се истера донекаде. Слушнав дека Инспекторатот има право и да поништи свидетелства... Ама, ако има толку малку незадоволни потписници на петицијата ...
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била 5,00. И оваа година така по сите предмети, но на екстерново добив две четворки по предметите. Целиот свет ми се сруши. Проклетство! Зошто мораа да влезат у просек ? Поголема демотивација јас во животов не сум имала. За џабе се трудев толку многу, имав поинакви цели. Ова ме утепа психички ептен. Ќе ми треба подолго време да закрепнам, едноставно не ми се верува.
    А да не зборувам за тоа дека прашањата воопшто не беа соодветни за нашиот материјал...пријавив и неправилности во самите прашања на одговорните додека бев на тестирањето, но тоа е. Ништо не се зима во предвид. Јас сум оштетена. Поготово психички, а и не сум 5,00 само поради двете четворки на ова глупаво екстерно со еден куп пропусти и неправилности. Џабе ми се другите сите петки, џабе вложував толкав труд. Ми доаѓа да викам!
     
  4. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    И двете (историја и биологија) ми се 5ки! :geek:
     
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    И македонски и информатика имав петка па заради тоа можеби трите 4ки ми ги поправија по другите предмети :geek:
     
  6. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Кои од Вас авршија втора година? Ај ќе Ве молам да ми пишите во лп!
     
  7. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Екстерново и те како ми намали просек. :| Математика - 2(добро никогаш не ме бивало) и македонски - 3 |( (што учам како коњ цела година)
    Ако толку сакаат да им бидеме заморчиња :| и да не тестираат како сакаат, нека направат екстерно тестирање на крајот од првото полугодие и после пак на крајот на годината и од двете оцени нека се извади средина. Така барем ќе биде полесно. :|
    Поднесување приговор - 1000 денари? :o
    Знаете зошто?
    Затоа што знаат дека сите се буниме и го измислија овој приговор и му ставија цена 1000 денари и така ќе лапнат многу пари. :| Со оглед дека многу деца и професори се побунија и сите тие за да поднесат приговор ќе дадат по 1000 денари и ете им нив пари!
    Не поднесувајте приговор.
    Ем не третираат како сакаат, ем ние пари ќе им дадеме за приговор кој нив ништо не им значи. :|
     
  8. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=14690

    „Околу четири илјади ученици кои од различни причини не беа оценети во мајско-јунскиот термин на екстерното, тоа ќе можат да го направат сега во петок на 16 август и в понеделник на 19-ти.“

    + ќе го цитирам поштованиот ни минстер од видеото на линкот:
    „Би сакал да изразам апел да учениците се подготват добро за своето полагање во август...“

    За два дена друже, ти да се спремиш! :fubar:
    Ја сум на одмор. У Јапан. :d:
     
  9. alavanda

    alavanda Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    супер му е ова екстерново и сум за бидејќи цела година си учам, а некои што не учеа пак 5 имаа на крај. Е баш ич не ми е жал што моите сироти ученици наместо да поминат со сите 5, поминаа со 4 :devil: и ич не ми е срам бидејќи се многу гадни деца, кои се запиша ја во гимназија и на класен час пред класната изјави ја дека кога се запишувале не мислеле дека ќе треба да учат :fubar: никаквов страв и никаква трема немаше кај децата кои стварно си учеа, а за другите кои мама и тато му ги поправи ја, не ни ме интересира! 8)
     
  10. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Ајдеее ние матурантите оваа година во декември ќе полагаме екстерни, а во јуни државна матура.. уште некое полагање да стават, овие малку се |(
     
  11. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Во мојата гимназија велат дека уште не е сигурно тоа дали ќе не тестираат нас матурантите. Се надевам дека нема :D
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Кај нас на големо се збори за ова^ и сите се нервозни и ни набиваат тензии, и муабети од типот епа сега не значи дека ако сте матуранти дека ќе ви попуштаме, ќе си имате екстерни на полугодие, бла бла бла.Па уште и физичко ќе се полагало екстерно, благо потресени се професориве и нормално само стрес ни создаваат.
     
  13. simone.16

    simone.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    isto i vo bitola se slusaat muabeti deka maturantite ke polagaat eksterni testovi na polugodie...
     
  14. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Вистина е дека матурантите ќе полагаат екстерно и тоа период од јануари- февруари за материјал од прво полугодие. Ова го пишува и во училишниот календар кој е доставен до секое училиште.
     
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    во декември кај нас ќе се полага ни стигна од министерство такво календар/известување што и да е
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.076
    Допаѓања:
    12.590
    Пол:
    Женски
    нели за овие екстерните се зборуваше дека уште на почетокот на учебната година ќе ни ги кажеле предметите !? или јас грешка сум разбрала :?:
    можам да кажам дека не беше организираноста ни на просечно ниво, а не пак тестирање + џабе учење цела година на крајот 4 и 5 . не ми е жал за 4 ката туку списоците 2 пати ни ги сменија (добро кај мене немаше никакви промени,повторно истите предмети) , но имаше деца кои цела година со 1 ци и 2ки едвај ги поминаа и на екстерното вадат 5 ки :wasntme: и ај сега просветлете ме ? цела година спијат на клупите и наеднаш wayyyyy па и те понижуваат ,, како ти цела година учеше за џабе, а ние така и оп 5 ки ,, што да кажам секоја чест :clap: а и за препишување да не зборуваме, само јас ли озбилно си ја сватив работата и седнав поштено да го решавам тестот :?: ?
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    На крајот на минатата учебна година, екстерното што го правевме беше гоолеема пропаст. Целосно сум против ваквото тестирање. Добра е идејата да се види кој колку научил за цела година па така некој што не учел нема да добие 5, но сепак не беше така. Познавам многу личности што и за екстерното не чепнаа книга, па на крајот повторно успеаја да добијат 5 и тоа преку препишување од тие што се измачиле да научат, бидејќи немаше никакви луѓе од министерството да надгледуваат како им оди проектот и дали учениците препишуваат еден од друг. Еве јас лично полагав историја и половината и повеќето прашања не беа од учебникот, а пак некои други имаа прашања на албански. Па де бре луѓе, и најосновно да е јас на албански не го научив -_- (не навредувам, само сакам да кажам дека прашањата беа поставени на јазик којшто не е мајчиниот и не е изучен) А и толку е нелогично што и децата со посебни потреби МОРААТ да прават екстерни. Како можат да им ги даваат истите тешки задачи како и на нас ? Па сега дури и матурантите ќе треба да прават, ем матура, ем екстерно. До каде ќе стигнеме вака незнам.
     
  18. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Се зборува дека има екстерно и за прво полугодие т.е по првото полугодие екстерно...... :x
     
  19. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    за сите ова или само за матуранти? :?:
     
  20. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Супер,лајк за ова.Ако може и на секој месец па ич проблем нема да ни биде.
    Сериозни се овие?Електронски дневник,СМС пораки,екстерно тестирање на крај на година сега ако лупнат и на полугодие незнам каде ми е крајот!Може и чип да ни стават у главата па да не следат цело време и да има потсетник на пола саат:It's party time!Фати ја книгата и денсајте со повремено бубање на истата!" |(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.