Дај боже да нема.....а и јас не сваќам што е сево ова.....само ме интересира што е следно,можеби цвеќе со картичка со нашите оценки да ни стига дома до родителите..... мислам дека е за сите,така ни кажаа нам....не е официјално кажано но можно е
Ова за сите или како?Инаку подобро е да има и за прво полугодие,па после само за второ,а не се одеднаш бидејќи многу материјал ни се собира за на крај.
Не полудеа овие од министерството за образование навистина претераа. Мене уште сега ме фаќа страв како ќе биде кога ќе полагам матура математика, јас и математика два ралзични поима сме абре што се зансува министерството уште сега знам дека математика има да се изнададам пари за часови а дали ќе положам не е сигурно ниту 20%. Екстерните тестови чиста катастрофа се! Некои што цела година има 2 вади 5 и професорите не оценувале добро. Де бе ај а да пратите подобра комсија па да видете колку се препишува на едно екстерно и дека намерно прават во една училница да има по 5-6 одлични ученци за да има овие слабите од каде да препишат. Нас професорите секоја ден ни зборуваат да учиме бидејќи џабе е ако ти се сите 5ки и тестови и се кога на екстерно вадиш слаба оцена цел просек ти се расипува. Најново што не извезстија за екстерното тестриање е тоа што сега по предметот историја географја ќе дале 100 прашање и од тие 100 прашања 30 ќе се паднат. Ама дали ќе направат вака не е сигурно а може и бонус да има некое прашање кое што не е во тие 100, е тогаш навистина ќе не за*бат, ем треба 100те прашање да ги учиш и плус цел материјал оти ќе има и надвор од тие 100 прашања. Најофицијално ново е што и за матураните ќе има има екстерно тестирање во декември а за нас другите во јануари после зимскиот распуст а ќе дознаеме што ќе полагаме на првиот ден после зимскиот распуст. И секако на крајта на годината ќе имаме пак екстерно тестирање по два редмети за цел материјал. Навистина многу се нервирам бидејќи голем претеризам е ова што го прават средното образование го направија бесплатно и бесплатни книги ама затоа душичката ни ја вадат.
Луѓенца бе од каде ви се информациите, кај нас во школо никој нема спомнато за тестови на полугодие досега... И значи ова кога го прочитав, се шокирав тотално... Тие дали се 1% нормални бре, дали им се невроните на место? Прво кога прочитав на полугодие дека ќе се прави, си мислев добро ај, ќе има стресови 2 пати во годината ама барем на помал материјал ќе бидеме тестирани. Ама 100 прашања, за учење? Ден после зимскиот распуст? И плус, која логика е тоа на крај пак за цел материјал да бидеме тестирани, кога веќе ќе бидеме еднаш тестирани за оној од 1во полугодие? Спојлер А и за математикава на матура не знам што да кажам, не знам што баксуз ќе бевме оваа нашава генерација. Немам коментар, шта речи... што ли уште нема да измислат во ова пустово образование...
со овие нови закони со екстерни тестирања сестрана се заклучи во соба и учит по цел ден и не излегува од соба вика дека ке има по 100 прашања на првото полугодие.. овие не се нормални брее...
Нас денес ни потврдија дека 100% е сугурно дека ќе има екстерни тестови два пати годишно и дека по историја ќе се учат сите лекции и оние за Албанија, и дека по предметот Историја и Географија ќе има однапред 100 прашања но има шанси и да има некое прашање надвор од тие 100 прашања. Ужас, невиден!!!
Деца, најискрено МНОГУ МИ Е ЖАЛ за состојбата во која се наоѓате. Буквално сте претворени во машини за учење. Мојот син е во основно школо и гледам колку многу има за учење, плус гледам колку многу се тресе за тоа екстерното. И јас рабрав дека ќе има екстерно и на полугодие, дури се споменува екстерно тестирање за сите предмети на секое тромесечие, што навистина е лудачки и нетокму. Лани син ми полагаше историја, а кога ми ги кажа прашањата, тие ги немаше во книгата. Меѓутоа неможам како младина да ве разберам, зошто не се буните? Зошто премолчувате?
кој премолчува? тоа што не јавија на МТВ1 не значи дека немало протести во сите градови поединечно имаше протести на интернет имаше петиција со 10 000 гласови за укинување на екстерното и што да не го укинаа?!? За матура претходно цела македонија пред влада беше и што да не не се полага матура случано? ви се молам немојте да зборите за тоа што не го знаете
Јас не реков зошто не излегувате на протести? Јас ги прашувам децата зошто не се бунат, а начинот на кој тоа ќе го изведат, доколку сакаат е нивни. Знам дека излегоа и собираа потписи против екстерното и за матурата се бунеа. Ако разговарате за протести, јас во МК не памтам некакви си протести од студентските и средношколските протести во 90тите години, кога сите студенти и средношколци беа на улиците.
Ни јас не паметам, ама баш оној ден прокоментирав (од вести гледав) дека студентите во Бугарија имаат јако лоби и влада ќе бутнат. Не ми текнува баш сега кај беше точно што студенти владата ја бутнаа
Навистина и на полугодие ќе има екстерно? Леле не е фер, не беше доволно што и на крај година не мачат со тоа екстерно, па сега и на полугоодие, нека се стават малку на наше место
http://www.youtube.com/watch?v=Ph-hxCmnAWQ од куманово http://www.youtube.com/watch?v=pU0J8bXs6ro од тетово http://www.youtube.com/watch?v=e5ma8u3Zxgw од скопје http://www.youtube.com/watch?v=93hnM7y81vI од струмица Зарем ова не се протести? а какви ти тоа протести очекуваш од средношколци или уште полошо од основци,па ние сме малолетни апсолутно зависни од родителите и пак сме успеале да организираме какви такви протести,значи сме се побуниле а кога сум кај побунувањето да се вратам на прво болдираново, што ти тоа подразбираш под бунење ако не протести, да ги саботираме екстерниве и да не го решаваме тестот кога денови наназад со сите овие потписи и протести не се укина, зарем треба да одиме со глава во ѕид,свесно да изгубам бодови за уписи на фах а со тоа да си отворам мноогу поголема главоболка? Ме чуди како еден родител што подразбира директна инволвираност во проблемов од една страна а од друга страна подразбира една зрела личност свесна за тоа каква ни е државава и кој е кој и што е што во државава. Што ти како родител направи за тоа твое дете(кога тоа веќе е мало и неможе да оди на протест) зошто ти како родител и пред се полнолетен човек не излезе на протест-ако ти е ќеиф ќе ко крстиме бунење?
прво извинете шо пишувам едно под друго мислење но одделни теми се па прво да ги погледнеме термините користени: Студенти-то се бре пред се полнолетни граѓани со право на глас во оваа гржава, зарем дете од 5 одд го споредувате со студент? да разграничиме ние сме пред се МАЛОЛЕТНИ со се она што тоа подразбира, а тие се тоа што се во Бугарија-бугарија и македонија се 2 различни поими кај нас демократијата е само на праче хартија погледнете само околу вас што се случува и никој не смее да се побуни, нема ваљда јас овака да ви држам предавање што е што и кој е кој во државава, за бугарија за жал неможам да дискутирам но самото тоа што се во ЕУ кажува многу за демократијата и тоа какво влијание може да има една побуна
Начини да се буниш има многу, тоа автоматски не подразбира протести! Очигледно е дека протестите не вродиле со плод. Можеби и веќе било доцна за протести, кога ни пред тоа никој како средношколци или основнци не ве консултирал кога го носел ова решение. Тоа и сакам да ви кажам на вас младите, дека треба да ги барате вашите права во општеството (немој одма под барате да ме подразберете крајно радикално и да ме цитирате дека сум мислела на нешто поинаку ) Протестите се крајно решение, кое во случајот (претходно наведен со клиповите од you tube) воопшто не вродил со плод. Џабе се протестите ако претходно нема дијалог со младината/учениците . На крајот од краиштата вие сте тие што ќе ја одлучувате иднината, вие сте тие што треба да аргументирате зошто сметате дека не ви е потребно екстерно и зошто е истото непотребно оптоварување.
Начини да се буниш има многу но ти не ми наброи ни 2 за да можам да ти кажам зошто немаме постапено така Очигледно е дека протестите не вродиле со плод Протестите се крајно решение а зарем тоа не ти кажува доволно дека ние сме стигнале и до крајното ’’решение’’, сите ние се имаме побунето кај професорите,директорите и другите повикани, а тоа што тие не го пренесо тоа на повисоко ниво не е наша кривица. Еве пред некој ден кога ни кажаа дека за матура ќе полагаме 3 екстерни предмети се буневме, пробавме да разговараме со директор преку претставник на средношколска унија ама што од тоа кога коњот излезе на ТВ и збореше како биле многу позитивни промените на владата треба да ги барате вашите права во општеството вие сте тие што ќе ја одлучувате иднината види или ти незнаеш кај живееш или незнам што е проблемот зарем во општество во кое предуслов за работа(па макар и за чистач) е партиска книшка, а за успех и градење кариера ни да не зборувам, во општество каде 50 годишни баби треба да полагаат за лиценца,таксист со вечерно основно да зборува англиски, брутално осуден новинар заради напишан текст за кој скоро и да не е виновен и ред други апсури во земјава дошло ред ние најмалите да се буниме и да бараме статус и права, ние сме биле иднината, па вие сте сегашноста бре, вие(зборувам како општествена група) сте повеќе повикани да го менувате ова општество ,зошто сите велите иднината е на младите а не се свртете кон сегашноста, па да видите по аналогија чија е таа?
Ние се буневме ама не доволно. Можеби во некои училишта имаше поголеми протести а некаде не. И да има и да нема голем протест џабе е кога тие се одвиваат една недела пред да почне екстерното тестирање. Касно е тогаш, се е спремно се чека само да дојде датата, треба уште сега да се буниме ај нека има екстерно два пати годишно ама зошто на крај на година за цел материјал да учиме кога треба само од второто полугодине. Тоа е неправда, штом два пати се спреведува екстерно нека ни е поделен материјалот а не на крај година да се шекнуваме од учење и да го учиме цел материјал. Ете сега ни спомнуваат дека во четврта година ќе имаме математика на матура сите си ќутат има време до четврта ама уште сега треба да се почне со некакви приговори за да се спречи на матура во четврта да има математика. Ама тоа е не се сите сложни а има и многу прочни ние сме малолетни ученици и како ќе ни наредат така, а повеќето ученици се плашат немаат храброст, многу пати слушав како некои викат "нее јас не излевам на протест ако ме избркааат од школото после" Треба повеќе да се организираме за протести и секакви видови на приговоро а не само една недела пред екстерно тестирање, не значи дека ако сме малолетни дека немаме никакво право на глас.
Eпа неможам више...Значи следната недела секој ден по 2 теста имаме,и по предметите што више правевме изговор - ПА КЕ ИМА ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ! Па што ми е гајле бе ја да неможам да мрднам од дома,од соба заради вашето екстерно човек неможе да мрдне од книга...Неможам више да поднесам еј!И ДАЛИ БЕШЕ СЕРИОЗЕН МУАБЕТОВ ДЕКА НА ПОЛУГОДИЕ ЌЕ ИМА ЕКСТЕРНО?Па дали се нормални овие бе ми иде да се иселам од државава жими се не се трпи ова!И со ова е дневников ајде сфатив се,ама бе смс да им праќаат за нашите оцени?Не бе не се здрави,не ми се верува,незнам што да кажам...И не премолчуваме,туку џабе е што се буниме!