Еее значи аман со овие екстерниве..Врти сучи пак децата си го јадат подебелиот стап..Јас од пред еден ден не памтам штп правев па што сум учела од септември ..и кога ќе дојди време за екстерни јас треба да земем цееел учебник да го учам..остави тоа па ако ми се падни биологија..оф леле мајко уште тоа ми фали..аман!!!
Оваа година некако биологијава е многу тешка..не знам оти така абре ни на најголемиот душман не му посакувам биологија на екстерното! А и да,и кај нас: *Деца,видете лани ова го имаше на екстерното,па затоа следниот час за ова ќе прашувам.* *Деца ова не треба за тестот,но сепак да си го знајте,ќе го има на екстерното-и лани го имаше* *На екстроното деца,имаше лекции дури и од прва година* :geek: Да,јас памтам се’ шо учев во прва..така е...да да,секој ден со Ајнштајн си се потсетуваме...
Слушнав дека ни ги давале прашањата пред екстерното за сите предмети, а неколку дена пред ектерното се кажувало по кој предмети ќе правиме.И еве математика иаме 4 пати во неделата, ќе има 400 задачи, уау .Само ова да не ми се падни. Иначе, дали наставниците ви ги одговараат дадените прашања, или сте оставени сами на себе да ги барате одговорите и да вежбате?
Многу нормално дека сама ќе си ги одговараш. Абре не ме потсетувајте има време и за ова. Ме чека мене првин 7 дневна.
Ние сме таков народ кој ќе дозволи владата да го гази, поставувајќи му норми никогаш неприфатливи во рамките на нашите стандарди. Работава е, очемо бити запад, али нисмо мочни. Па удри со копита. Не ми е целта да подгревам рани, и стварам тензии, но веќе и птичките пејат дека средношколците не се согласуваат со донесениот закон за спроведување на екстерни тестови. Лани за среќа или несреќа, ние ја имавме таа чест да бидеме последната генерација која ја избегна оваа ,,чест'' да биде дел од трагикомедијава. Но, затоа сега вие и генерациите после вас ќе си го кркаат. Тоа што стварите не функционираат ни проближно океј, не е битно. Или тоа што и онака се знае дека учениците ќе си го извлечат подебелиот крај од целава прича, а професорот/професорката чиј татко, маж, жена се на висока фунцкија во владата ќе и направат цмок на предвидената дебела казна. Работава е, бараме праведност, ама половична. И кој најмногу ќе испашта кога ќе се дигне прашината од незадоволство од резултатите? Па, учениците, секако! Ако им е бе! Нека учат, нека се потресуваат за џабе. Гајле ни е ако утре не најдат соодветна работа. Битно е ние да го покажеме нашиот дволичен карактер пред Е.У. да видат дека сме ,,способни'' за влез. Ех македонче, златно. И до последно да е нема да станеш дел од толпата која се бори за своите права. А зошто? Бидејќи другарчето до тебе се лупа у груди дека тато - му зима 5.0000 евра. Тоа што наредил кецови и двојки, уво не го боли, бидејќи он е патриот и слепо ќе го подржи законот на владата, и ќе стои зад фактот дека треба да се прават екстерни без оглед на исходот.
По англиски прашања читав и сите беа на македонски. Едно прашање гласеше: "По што лудуваат момчињата?" и имаше една реченица: "I didn't drive bicycle yesterday". Сега вие проценете дали нашето министерство и нашиот глуп министер за образование се образовани за да составуваат прашања за екстерно тестирање.
Баш вчера ги читав прашањата, е аман бе ние Ајнштајн сме? Француски, англиски и македонски има текстови, додека да ги прочиташ отиде времето
Ај дајте линк од прашањата да почнам со одговарање. Верувам и на други им требаат, a јас не можам да ги најдам.
Незнам колку ќе помогнат, но еве од моето одделение... https://attachment.fbsbx.com/file_downl ... FguiEoKHWf Прашањата зависат од колку часа имаш во неделата, како 4 часа 400 прашања, 3 часа 300 прашања и така...