http://daily.mk/vecherva-kje-bidat-obja ... rd=3065031 Вечер требало да бидат објавени, а вие викате објавени биле бре бре, ај да видам ова линкот твој Папи. Едит: Линкот не ми се отвора.
На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk ќе бидат јавно достапни вкупно 425.800 прашања. Значи ЌЕ бидат објавени, стрпете се малку
И јас немам ништо против екстерните тестирања бидејќи тоа нема врска со нашите конечни оценки кои ќе ги добиеме на крајот од учебната година. Тоа е само за да видат дали наставниците добро ги оцениле учениците и дали учениците ја заслужиле оценката. Мене не ми е многу страшно за екстерното оценување бидејќи моите крајни оценки нема да зависат од оценките кои што сум ги добила на екстерно тестирање. Мислам дека некои наставници се навистина сурови и ставаат оценка на некој ученик кој што не ја заслужил таа оценка. Татко и бил наставник по македонски јазик, мајка и била вработена во многу јака фирма и незнам што и незнам како и зошто и затоа таа има по македонски јазик или по било кој предмет петка. Учениците не треба да се оценуваат по тоа колку се богати, каква работа и каква професија имаат нивните родители. Многу е жално бидејќи децата кои што се сиромашни ги оценуваат со слаби оценки и навистина тоа е многу жално. Но мене не ми се важни оценките кои ќе ги добијам, бидејќи јас учам за да знам.
Јас колку што разбрав ,вчера или претходниве денови биле објавени прашањата а веднаш потоа избришани...
Вечер треба да бидат објавени. За одделенска настава биле објавени мислам, а за предметна и за средно вечер.
Од Mozilla Firefox треба, најверојатно затоа не ти ги отвора на тебе и на многу други. Мене искрено од Google Chrome ми ги отвори, ама на многу други не. Има само едно нешто да кажам во врска со прашањата. Прашањата се КАТАСТРОФА. Е толку.
Немам зборови, навистина немам.На што личи ова? Никогаш на ваков начин нема да го подобрат образованието.НИКОГАШ! Вака само повеќе се разгорува стравот кај учениците.Да дадеа кои предмети ќе се полагаат пред еден месец, ќе беше сосема доволно да се научат две книги.А вака, да учиш над 2000-3000 прашања е премногу.Па за секој предмет се ќе ти се избрка во главата.Навистина не е добро ова што го прават, а и наставниците ги ставаат во тесно.Некој наместо да му стави 5 на ученикот ќе му стави 4 само заради екстерното.Живи глупости се ова, се надевам дека кога министерот ќе има дете, ќе осети како е. Засега не можеме ништо.
Koга го видов pdf-от со прашањата... Спојлер Ај што ќе се изгубиш во илјаднициве прашања, туку дали сериозно уште и понудените одговори не ги дале, СЕРИОЗНО??? И ај пак нека излезат на вести да се фалат дека ги олесниле тестирањава со ова и дека ни го намалиле стресот!
Инфоорматика (информатичка технологија,програмирање ) се претешки прашањата,повеќето се Ц++ и програмирање..
^^Овде ги имаат запишано и сите изборнии предмети,но за нив прашања нема,но незнаеш што ќе им текне... На повеќе места сретнав Кои од примерите,а ниту еден пример не е даден! Е баш "ни ја олеснаа" работава...
Добро де таму ќе видиме битно знаеме што треба и нема потреба да учиме цели книги, мене ми е ова лесно, иако сум ПРОТИВ екстерново, но што е тоа е.