Ако имате понова верзија на Adobe Acrobat, (значи не Adobe Reader, туку Acrobat), има една опција File - Save as - Word document. Меѓутоа зависно од тоа како е направен пдф фајлот не дава секогаш совршени резултати. А гледам и погоре има линк за бесплатен онлајн конвертер!
Девојки извинете вака, но дали ги има прашањата за IV година средно? Би сакала да ги погледнам, благодарам.
Благодарам Mahidevranfan и cresa-jagoda И пак ќе прашам нешто. Баба ми ми рече дека наутро на ТВ бил министерот за образование и рекол дека пред ова вистинското екстерно ќе има и пробно. Точно е тоа? Гледаше некој од вас?
^ Ќе имало пробно тестирање за 15годишниците,ПИСА или нешто така се викаше,официјално ќе се спроведе другата година.
Јас сум новопечена наставничка од октомври ланска година и ме интересира кога ќе бидете известени за полагањата пред колку време? И по кои предмети ќе полагате,дали имате задолжителни кои мора да ги полагате или сами тие ќе ви кажат кои предмети ќе ги полагате? Позз и тука сум за помош
^ Ќе бидеме известени кои предмети ќе ги полагаме три дена пред полагањето. Ќе биде исто како лани мислам, на среќа кои 2 предмети ќе се паднат, така да, нема задолжителни. Германски нешто викаше дека ќе имало задолжително, ама не верувам. А ти по што предаваш? Инаку мене ми е полесно кога ги дадоа прашањава. Да не е поарно без прашања!? Лани имав математика и англиски (сакам пак, најлесните предмети ) и не знаев што да учам. Иако не учев многу зашто англиски знаев се’, исто и математика, само требаше нешто да повторам. Ама сега ако ми бапнат историја, географија или биологија, такви некои со дефениции, немаше да знам што да правам. Мене лично ми се доволно три дена да ги одговорам прашањата. И среќна сум што ги дадоа зашто како што ги видов прашањата по географија ништо немаше да знам. Со прашата дадени е полесно. Барем за мене. Само гледај да препишеш ти. Кога ќе сфатите дека кога препишувате си правите полошо за себе? Само глупаво е со тие прашања од типот: Circle the correct answer. A biography is: И ако ги одземеме овие, остануваат помалку прашања за учење. Не се секирајте, се’ ќе биде добро. Само опуштено.
Добро, да. Со препишување нема ништо да научиме, ама барем оцени плус ќе имаме. Јас претходната година по Граѓанско препишував и на крај добив 5 од Екстерно, а од наставничка 3. Така да, ми се блокираа и со тоа не ми се намали успехот.
Дали има некој пробано да ги одговара прашањата за трета година-Математичка А комбинација по било кој предмет?? Ако некој има нешто одговорено ве молам пратете бидејќи на 11 тргнав на екскурзија а денес си дојдов и цела недела ми пропадна. Ќе ми помогнете многу доколку ставите барем дел од нив. Благодарам однапред