Јас си ги симнав стручните и изборните предмети и си ги испринтав сите да си ги решавам. Секој ден по неколку прашања од сите и ќе се решат. После само ќе ги прочитам кога ќе истакнат што ќе се полага. Молам Господ хемија и бизнис и англиски да не ми се паднат зашто ќе ми отиде просекот
и јас не сакам француски да се падне, можеби и нас ќе не одминат бидејќи во 4та година никој не полагаше француски(барем во нашата гимназија)
http://prasanjaeksterno.dic.edu.mk/QBan ... stion.aspx ова и овие исти се http://prasanjaeksterno.dic.edu.mk/Publ ... %D0%B8.pdf ??? Иначе бидејќи се 10 предмети ние со 2 другарки се поделивме сите сме одлични и по кои предмети и така ќе ги одговараме и после што ќе ни се падне ќе имаме по сите предмети одговорено.Е сега уште да почнеме да ги одговараме
аман ова екстерно па кој ќе успее за 3 дена да реши 400 прашања? сигурно не сум будала по сите предмети да ги одговарам прашањата а незнам што ќе полагам зошто цела година сум се трудела а за еден помочан саат да си расипам просек? навистина е грдо Луѓе го напуштаат школото а стануваат најголеми богаташи и угледни луѓе а ние овде тапиме мозок и пак ништо од нашето образование, братми студира на бизнис и логистика и утре кога ќе треба да се вработи нема да може затоа што нема врски како и да е на екстерно се препишува на големо а наставниците си го јадат стапот
Доколку има некој исто вака како на сликава, нека ми пише. Братучед ми ме замоли да му помогнам околу прашањата па..
Неделава ни κажаа, и сега итно ни баρаат да ги одговоρиме пρашањата еκстеρно по оκолу 8 пρедмета! Па шо сме ние овде!? Овци!? Мамето нивно најдоа со нас дечишта да пеρат паρи бρее!!!
Eкстерното е лошо за одличните ученици. Ако се извади нешто помалку од 5 на нив им се расипува просекот и тоа што учеле цела година нон-стоп и пропаѓа во вода. Значи ти утепај се од учење цела година, учи нон-стоп и биди со сите 5 и на крај еден глуп екстерен тест да ти упропасти се. Глупости. Јас не ни планирам да ги одговарам прашањата. Може само да ги разлистам од кога ќе дознаам што полагам па ќе видеме како ќе биде. Само да не ми се погоди математика, француски, хемија, информатика.. друго што било нека е. Лани се исплашив ептен. Ми се падна да полагам информатика и ликовно (лол комбинација) а јас информатика сум тапа и имав 2. Отидов таму и не знаев ништо, се на среќа кликав и оппп 3. Хехе. А една другарка што имаше цела година 5, извади екстерно информатика 3, како мене. Па ајде сега де.. Како може така.
Само математика да не ми се падне. Јас ниедна лекција од учебникот незнам,ниедна!! Наставничката не ни предава ништо,само си седи. !! И лани на крај на година ни стави на сите 4ки и 5ки и толку. Појма си немаме математика,цела генерација. Лани и јас бев со сите 5ки, и само на екстерното една 4ка, и тоа по историја. Омилен предмет ми е, знам дека заслужена ми беше 5ката,и по натрпевари сум одела,ама ете.. ме зезнаа прашањата за Албанците. Бидејќи ние тие лекции не ги учевме.
Јас сум 3та год. општа Б. Инаку прашањата за задолжителните предмети се исти, само за изборните предмети се други...
Јас планирав кога ќе ми ги кажат предметите да ги исфотокопирам и да ги одговарам. Ама не ме држи место. Се предомислив. Почнувам да ги одговарам. Едно по едно, ќе завршам. Дог, наставничката ве упропастила Можам да речам дека имам среќа што нам математика ни е супер. Многу е лошо вака по најважниот предмет да имаш таква наставничка.
Искрено сум и за и против. Потполно се согласувам со тоа што го кажуваш околу оценките со врски. Го имам почувствувано тоа, но попусто би се бунела. За сум бидејќи има навистина неодговорни наставници/професори што дури ми имаат дадено дел од нивната работа да ја завршам. Ајде ќе си ја делиме платата ако не. И оценките ги ставаат без врска. А против, пак, сум зашто не можеме се да стигнеме ние. Цел материјал ало?!