Всушност јас сум ЗА. Затоа што професорите ме мразат и не гледаат никаков потенцијал во мене. Потенциијалот беше видлив само за мене, мајка ми, мојата класна и учителката до 4то. Епа затоа што не веруваат во мене, сега нема да одговарам. Ке наредам се четворки и тројки и кога ќе дојде ектерното оценување ќе заокружам се точно, со што здраво ќе го зафркнам професорот. поздрав
^Е да бе, сите професори те мразат, немаат друга работа тебе ќе те мразат, не ме зезај. Инаку за екстерниве рекоа сега на тв пробни ќе биле дефинитивно, пилот што значи оценката нигде нема да ни оди јеје
ма шо сакаат нека прават јас ако речам да или не демек така ќе биде мене ќе ме пуслушаат и нема да ни дадат или обратно,ако има ако тоа е повеќе за наставниците јас знам за кој предмет колку знам и знам дека за некои не е заслужена оценката вака барем ќе се докаже лојалноста на наставниците при оценувањето
Екстерните и оваа година ќе бидат пробни, ќе бидат по нова година. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=82487
Јессс колку сум само среќнаааа Се надевам дека уште долго време ќе се одложуваат ова смрдениве тестови
Имаш само еден мал превид... ако оценката на екстерниот тест е разликува за повеќе од 2 оценки од добиената оценка на училиште, се намалува оценката за конкретниот предмет. p.s. Toa и е направено токму заради тоа да не им текне на учениците да трескаат глупости на тестовите и да се мајтапат
Па искрено не сум ни за ни против. На пример еве јас учам, но да имам еден погрешен одговор до два на испрашување (за ситница) секогаш ја добивам пониската отцена. Ми нема помош...па затоа сите оцени скоро на тромесечие ми се 4-ки А конкретно за екстерново сакам да се спроведе бидејки многу професори на децата кои имаат врски им ставаат повисоки оцени, а на децата кои немаат им кратат од оцена
Кај мене многу гледаа во клас така... Таткоти кој е, мајка ти што е... И деца кои немаа врска од животот, кои не се појавуваа во школо, деца кои само зафаќаа место во класот беа со сите 5-ки.... А ти убисе од учење и пак нема да ти се сите 5-ки... Ама сега се виде до каде стигнаа тие таквите
Фала му на Бога и сите светци што нема тестирања. Да се запишам во средно, па после што сакаат нека прават.
^ Мона, и јас во осмо така си викав, а сега си викам само да завршам средно па што сакаат нека прават Кога ќе видиш, екстерново се влечка веќе 3-4 години. Не гледав вести и незнам зошто поточно е откажано, ама не верувам и дека некогаш ќе се реализира бидејќи ми изгледа дека ќе има голем отпор од учениците.. Нешто особено не ми пречи, бидејќи сигурно мојата оцена нема да се разликува за 2 од онаа на екстерното.
Не ми пречи толку оти има многу на кои им се гледа преку прсти и после на крајот, некој што цела година дремел, на крај поминал со 5, ти се фали. Прашањата ќе беа на заокружување, само 1 одговор, а другите два ги биле ептен оддалечени од прашањето, што ќе нема логика ако се заокружи некое од тоа. Значи сосем трето. Само не е фер за некои стручни школи, во кои што нема книги за стручните предмети, а тестови им кажуваат. Кај нас лани и полани, правеа пробни, само на осмите, ама само на еден клас, ги одбираа. Кај нас велеа дека Географија ќе беше сигурно, ако имаше.
Добро е, ќе заминам од средно не тестирана дупло масирање, кај матура па и екстерни. Добро е што им текна да ги укинат.
Ајде сега дишете мирно и почнете да оценувате правилно, а не да пазите на тоа дали ќе се поклопувале оценките на екстерните.
^Јас ко што сум матурантка ептен ми се погоди, да одеше се по планот демек ќе требаше 4 екстерни тестови, 2 интерни проектни како и секогаш што праиме, и 4 предмети за државна матура и 1 матурска проектна задача тоа се 11 задолжителни обврски, и те како значајни + оценките по секој предмет интерно на ниво на училиште. Е богами, добро олеснување е барем за нас матурантите пробното тестирање, шо е многу - многу е
^Ќе се прави, ама пробно ќе биде само годинава, а веќе од догодина регуларно како што е предвидено ќе се спроведува по програма и ќе важи оценката
Аха, кој ти знае и за догодина како ќе биде. Веќе три години по ред кажуваат догодина та догодина ќе е задолжително . А и пробно да е, ако не напишаме ништо, ќе има после намалување оценки . Професорите ак`л си немат од овие екстерни.