Ајде бе ја во недела ќе дознаам што предмет полагам во среда,аман веќе со ова екстерно,уште француски или историја да ми се падне и кец на десетка ќе биде се
Ги постирав и прашањата по информатика за 1ва година во темата "Одговори на прашањата од екстерно" ама и овде ќе ги постирам во случај некој да не видел.. Спојлер ЕКСТЕРНО 2014 ИНФОРМАТИКА ПРВА ГОДИНА ПРАШАЊА С++ 1 За што се користи изразот cout во програмскиот јазик С++? cout е исказ(наредба) за приказ на екран 2 Определи во кој од наведените алгоритми променливата х ќе ја достигне својата десеткратна вредност и ќе ја зголеми за еден. 3 Кои од наведените знаци се користат за почеток и крај на програмски блок во јазикот C++? { } 4 Што од наведеното претставува правилно напишан исказ if? Претпоставка за понудени одговори: 1. if(a>b) cout<<a<<endl; else cout<<b<<endl; (ТОЧЕН ОДГОВОР) 2. if(a>b); cout<<a<<endl; else cout<<b<<endl; (не е точно, затоа што после условот има ; ) 3. if{a>b} cout<<a<<endl; else cout<<b<<endl; (не е точно, затоа што условот е во големи загради {} ) Претпоставка за понудени одговори: if (logicki_izraz) (ТОЧЕН ОДГОВОР) if logicki _izraz logicki_izraz if if {logicki_izraz} 5 Кој од наведените изрази ќе предизвика бесконечно извршување на даден програмски сегмент? Бесконечно извршување на одредени наредби се случува кога условот во while, do-whle или for секогаш е исполнет (true), a тоа најчесто се случува кога нема наредба која го менува условот Пример a=15; while(а>10) { cout<<a; } 6 Која вредност се испраќа до оперативниот систем за успешно извршување на програмата? return 0; (порака до оперативниот систем дека програмата е успешно извршена) вредност 0 7 Процесот на пишување програма се состои од четири фази: 1. преведување на изворен код, 2. тестирање на програма, 3. поврзување во извршен код, 4. пишување на изворен код. Определи го правилниот редослед на прогармирање. Правилниот редослед е: 4. пишување на изворен код 1. преведување на изворен код 3. поврзување во извршен код 2. тестирање на програма 4,1,3,2 8 Што од наведеното не може да се користи како идентификатор? Правила за имиња на идентификатори: (стр.115 во учебникот – има примери за правилни и неправилни имиња на идентификатори) - името на идентификаторот може да содржи букви од англиската абецеда (a-z, A-Z), цифри (0-9) и знакот долна црта(_); името не смее да содржи други специјални знаци (& % „ “ /....), ниту знакот за празно место; - првиот знак на името може да биде буква или долна црта; - се прави разлика помеѓу мали и големи букви (C++ e case sensitive, идентификатор Zbir е различен од идентификатор zbir или ZBIR); - резервираните зборови (int, float, return, if, else,main….) не смее да се користат како идентификатори. 9 Што од наведеното НЕ е тип на променлива? Сите типови на променливи ги имаш на стр.289 во книгата bool char, signed char, unsigned char short, short int, signed short, signed short int unsigned short, unsigned short int int, signed int unsigned, unsigned int long, long int, signed long, signed long int unsigned long, unsigned long int long long, long long int, signed long long, signed long long int unsigned long long, unsigned long long int float, double, long double 10 Со кој знак завршуваат исказите во програмскиот јазик C++? со знакот ; 11 Која е разликата меѓу структурите do-while и while при креирање јамка? - кај while условот е на почетокот, додека кај do-while условот е на крајот - кај do-while наредбите од циклусот сигурно се извршуваат барем еднаш, затоа што условот се дефинира на крајот од циклусот, додека кај while, наредбите на циколусот може вопшто да не се извршат, ако условот е false уште на почетокот, затоа што кај while условот се проверува уште на почеток 12 Што од наведеното претставуваат променливите? променливите се величини кои ја менуваат својата вредност 13 Со која функција започнува извршувањето на програма во програмскиот јазик C++? main() 14 Какви броеви може да се дефинираат со променливата од типот int во програмскиот јазик C++ ? Цели броеви 15 Кои вредности ќе ги добијат променливите дефинирани со изразот x=y=z=0? Сите три променливи ќе добијат вредност 0 16 Што од наведеното точно го дефинира значењето на употребата на операторот ++? Операторот ++ се вика оператор за инкрементирање (зголемување на вредноста на променлива за 1) 17 Каква вредност имаат променливите кои се декларирани но не и иницијализирани, во програмскиот јазик С++? Со декларирањето на променливите се резервира меморија, каде подоцна се сместува вредност соодветна на типот на променливата. Ако само ги декларирате променливите и не им доделите вредност, тие имаат некоја произволна вредност. 18 Ако буквата ‘A’ во ASCII код има реден број 65, кој реден број го има буквата ‘C’? ASCII кодовите на буквите од азбуката се по ред, што значи А-65, B-66, C-67 (точен одговор) 19 Која операција ќе се изврши прва во изразот m*a*(x-y)/b со програмскиот јазик C++? таа во заградата – ОДЗЕМАЊЕ Кога има загради, прво се извршува операцијата во заградата, а ако нема загради се почитува приоритетот на извршувањето на операциите 20 Со кој од наведените знаци е претставен логичкиот оператор И(AND)? && 21 Определи што е погрешно во следниот израз while( (i < 10) && (i > 24)). Вака дефиниран услов не е логичен, променливата i да биде помала од 10 и поголема од 24, тоа не може да биде 22 Која е разликата меѓу операторите (\n) и endl? Нема разлика, двата оператора се користат за “нов ред“ или “line break“ 23 Која од наведените декларации за целобројни променливи е правилно напишана? Целобројни променливи може да се декларираат со short, short int, signed short, signed short int unsigned short, unsigned short int int, signed int unsigned, unsigned int long, long int, signed long, signed long int unsigned long, unsigned long int long long, long long int, signed long long, signed long long int unsigned long long, unsigned long long int Примери: int n =-10; short a; unsigned int a=5; 24 Од што е составена азбуката на вишите програмски јазици? Азбуката на јазикот С++ е составена од: - големите и малите букви на англиската абецеда (A-Z, a-z) - арапските цифри (0-9) - специјалните знаци (+ - * / { } ….) - знакот за празно место 25 Определи што е точно за типовите на променливи во однос на големината. Одговорот е на стр. 289 во книгата - bool, char, signed char, unsigned char СЕ СО ГОЛЕМИНА 1 Byte - short, short int, signed short, signed short int, unsigned short, unsigned short int СЕ СО ГОЛЕМИНA 2B - int, signed int, unsigned, unsigned int, long, long int, signed long, signed long int, unsigned long, unsigned long int СЕ СО ГОЛЕМИНA 4B - long long, long long int, signed long long, signed long long int, unsigned long long, unsigned long long int СЕ СО ГОЛЕМИНA 8B - float - 4 B - double – 8 B - long double – 10 или 12 B 26 Кој од наведените програмски сегменти ќе го прикаже најголемиот број? 27 Кои од наведените програми се вградени во интегрирана развојна околина за програмирање? - едитори за пишување на изворен код - програми за преведување (компајлирање) - библиотеки на готови програми - програми за наоѓање на грешки (дебагирање) 28 Со каков тип променлива треба да се декларира x, ако сакаме да му доделиме вредност ‘3,5’? float (децимален број) 29 Што од наведеното претставува правилно напишан коментар? Коментари се пишуваат на два начина: /* ova e komentar */ // ova e komentar 30 Лирие сака да провери дали бројот 8 е парен број. Таа во нејзината програма ги напишала следниве наредби x=8%2; cout<<x;. Како Лирие треба да ја декларира променливата x? int x; (затоа што операцијата % - остаток од делење е операција со податоци од типот int) 31 Која од наведените наредби означува почеток на програма во програмскиот јазик C++? main() - оваа линија означува дека тука започнува самата програма { - означува почеток на делот од програмата во кој се наоѓаат исказите (наредбите) од главната функција 32 Каква грешка е направена при користење на изразот за Питагоровата теорема c2 = a2 - b2 во еден програмски код? логичка грешка 33 Каков вид податоци може да се дефинираат со променливата од типот char во програмскиот јазик C++? знаковен тип на податоци може да се користи за чување на знаци или цели броеви (од -128 до 127) 34 Со употребата на операторот ++ во израз на програмскиот јазик C++ ќе се изврши операцијата: операцијата се вика инкрементирање, всушност значи дека ќе се зголеми вредноста на променливата за 1 зголемување на вредноста за 1 35 Која операција ќе се изврши прва во изразот k*a*(x+y)/b со програмскиот јазик C++? таа во заградата – СОБИРАЊЕ Кога има загради, прво се извршува операцијата во заградата, а ако нема загради се почитува приоритетот на извршувањето на операциите 36 Како се нарекува низа од карактери која се користи за означување на променливи? идентификатор 37 Која е улогата на програмата за преведување? Одговорот е на страна 97 во книгата да го преведе изворниот код и притоа да се добие објектен код (со наставка .о или .obj) Преведувачот ја проверува синтаксата на изворниот код и ако има синтаксни грешки испишува соодветни пораки за грешките. Дури кога сите грешки ќе бидат отстранети се добива датотека од објектен код (object code) 38 Кој од наведените идентификатори е погрешно напишан? Види го одговорот на прашањето број 8 39 Што е дефинирано со следниот израз? const int visina=100; целобројна константа visina со вредност 100 40 Во програмски јазик С++ преведувачот не ги преведува оние линии кои започнуваат со знакот: # Линиите кои започнуваат со знакот # преведувачот не ги преведува; тие се нарекуваат претпроцесорски наредби (#include<iostream>) Преведувачот исто така не ги преведува коментарите //komentar /* komentar */ 41 За диференцирање на различни видови променливи во програмскиот јазик C++ користиме: идентификатори 42 Определи со кој број е означен изразот кој е запишан неправилно. 1. a = 2 + (b = 5); 2. a = b = c = 5; 3. a = 11 % 3; 4. а*а=а*5 (НЕПРАВИЛНО) 43 Со каков тип променлива треба да се декларира x, ако сакаме да му доделиме вредност „2‟? int x; 44 Оливер сака да најде решение на равенка според формулата x=4(a+b)5a-b . Како Оливер треба да ја запише формулата во C++? x=4*(a+b)*5*a-b 45 Врз основa на алгоритамската шема определи што од наведеното е точно. Претпоставка за понудени одговори: Ако а е деливо со b отпечати „делив“, инаку отпечати „не е делив“ (ТОЧЕН ОДГОВОР) Ако а е деливо со b отпечати „не е делив“, инаку отпечати „делив“ Ако b е деливо со а отпечати „не е делив“, инаку отпечати „делив“ Ако а не е деливо со b отпечати „делив“, инаку отпечати „не е делив“ 46 Во програмата C++ декларирана е логичка променлива t, знаковна променлива r и целобројна променлива s. Која наредба е исправно зададена? bool t; char r; int s; Исправни наредби би биле тие со кои на променливите им се доделуваат вредности соодветни на нивниот тип, на пример: t=0; t=1; t=true; t=false; (иако t може да прими вредност на било кој цел број) r=’A’; r=’*’; r=’2’; (било кој карактер (знак) во единечни наводници) s=5; s= - 45; (било кој позитивен или негативен цел број) Или пак, може да се други наредби со операции соодветни за типот 47 Maja напишала програма за печатење на броевите ос 1 до 10. Кога ја превела програмата, преведувачот и јавил грешка. Каде згрешила Maja? #include <iostream> using namespace std; int main() { float x; for (x=1; x<=10; x++) { cout<<x; } return 0; } Логично е променливата x да се декларира како int, но, сепак, ако ја извршите оваа програма, преведувачот не јавува грешка, туку на екранот се прикажува 12345678910 48 Што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент? #include <iostream> using namespace std; int main () { for (int n=10; n>0; n--) { cout << n << ", "; if (n==3) { break; } } } 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, Кога променливата n ќе добие вредност 3, со наредбата break се прекинува извршувањето на наредбата for 49 Која вредност ќе ја добие променливата i по извршувањето на следните наредби? int i ; double d = 124,56 ; i = d ; 124 Затоа што променливата i е декларирана како цел број (int), ќе го запомни само целиот дел од бројот d 50 Определи која вредност ќе се прикаже по извршување на следните наредби. x=16; y=10; z=y+x; if (x>=z) z=z+x; else z=z-y; cout<<z; x=16 y=10 z=y+x=10+16=26 Условот во if наредбата не е точен(false), што значи ќе се изврши наредбата z=z-y; z=26-10=16 Точен одговор: 16 51 Која вредност ќе се прикаже по извршување на следниве наредби? x=16; y=10; z=x-y; if (x>=z) z=z+x; else z=z+y; cout<<z; x=16 y=10 z=x-y=16-10=6 Условот во if наредбата е точен(true), што значи ќе се изврши наредбата z=z+x; z=6+16=22 Точен одговор: 22 52 Определи којa е вредноста на следниот логички израз 0 || 1 || 1 && 1. Ако се однесува на ваква наредба во С++, по правило, изразот треба да се стави во заграда (0 || 1 || 1 && 1) за да даде резултат каков што очекуваме, односно резултат 1 cout<<0 || 1 || 1 && 1; прикажува 0 cout<<(0 || 1 || 1 && 0); прикажува 1 Сметам дека ова прашање не е сосема јасно дефинирано Ако во С++ се напише наредба cout<<0||1||1&&1; на екранот се прикажува 0 А, ако се напише наредба cout<<(0||1||1&&1); на екранот се прикажува 1 Ако пак се напише наредба cout<<(1||1||1&&0); на екранот се прикажува 1 Ако пак се напише наредба cout<<(0||1||1&&0); на екранот се прикажува 1 Затоа, сметам дека прашањето треба да се напише во облик: Што ќе се прикаже на екранот со следната наредба: cout<<(0||1||1&&1); 53 Лирим напишал програма за собирање на два броја но направил грешка. Каде погрешил Лирим? int x, y, zbir; zbir=x; zbir+=y; cout >> zbir >> endl; Грешката е во наредбата cout, знакчињата се погрешно напишани, треба << Оригиналната порака за грешка е: no match for 'operator>>' in 'std::cout >> zbir' Најверојатно понуден точен одговор ќе биде: Непознат оператор во наредбата cout 54 Одговори што ќе се прикаже со извршување на следниот програмски код. int x =100; while (x >=100) { x = x +100; } cout<< x; Резултатот е -2147483596 затоа што променливата x е од типот int. Сметам дека едно вакво прашање е премногу за ученици од прва година, кои првпат се среќаваат со програмирање. Мое мислење е дека посоодветно е променливата x да се декларира како float и во понудените одговори да стои дека ова е бесконечен циклус 55 Каква пресметка извршува следниот програмски сегмент? #include <iostream> using namespace std; int main() { int n,a,b; cin>>n; a=n%10; b=n/10; cout<<a+b<<endl; return 0; } Се пресметува збирот на цифрите на двоцифрен број a=n%10; со оваа наредба се наоѓа втората цифра на бројот n b=n/10; со оваа наредба се наоѓа првата цифра на бројот n 56 Кои вредности ќе добијат променливите а и b по извршување на следниот програмскиот сегмент? b=3; a=b++; а=3 b=4 Променливата а ја добива вредноста на променливата b, па потоа се зголемува вредноста на променливата b за1 (затоа што операторот ++ е употребен како постфикс) На пример, ако беше вака: b=3; a=++b; тогаш, резултатот ќе биде: a=4 b=4 57 Определи што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент. int a=5; int b=3; if(a>b) { cout<<a+b<<endl; cout<<a-b<<endl; } else { cout<<a/b<<endl; cout<<a%b<<endl; } 8 2 58 Одреди што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски код: int i, zbir; for (i = 1; i <= 20; i++) { if (i % 2 == 0) cout << i; } 2468101214161820 На екранот ќе се прикажат сите парни броеви помеѓу 1 и 20, затоа што условот во наредбата if е точен (true) кога бројот е делив со 2. 59 Определи кој е резултатот по извршување на следниот програмски код. #include <iostream> using namespace std; int main() { float broj1 = 1.1; double broj2 = 1.1; if (broj1 == broj2) cout << "Nastavnik"; else cout << "Ucenik"; return 0; } Ucenik Затоа што променливата broj1 е од типот float, a променливата broj2 од типот double Дел од кодот е со кирилица. И за ова прашање сметам дека е премногу за ученици од прва година 60 Определи кои вредности ќе ги добијат променливите a и b по извршување на следниот програмски сегмент. int main() { int a=2,b=3; if ((a==2) || (b++==4)) cout<<"bravo"; return 0; } a=2 b=3 61 Определи кој резултат ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент. x = 3; y = -2; if (2*x + 3*y > 0) cout<< (3 * x – 4 * y); else cout<<(4 * x + 3 * y); 6 Условот во if наредбата (2*3+3*(-2)>0), односно (0>0) не е точен, што значи ќе се изврши наредбата после else, односно ќе се отпечати 4*3+3*(-2) = 12+(-6) = 6 62 Тина напишала програма за прикажување на броевите од 2 до 8. #include <iostream> using namespace std; int main() { int a; for (a=1; a<=8;а++) { cout>>a; } return 0; } Кога ја превела програмата, преведувачот јавил грешка. Каде згрешила Тина? Непознат оператор во наредбата cout Покрај грешката во cout наредбата има уште една грешка, програмата треба да ги прикаже броевите од 2 до 8, а во for наредбата, вредноста на променливата а е од 1 до 8 63 Што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент? int main() { int a=10; { a=20; { a=30; cout<<a<<","; } cout<<a<<","; } cout<<a; } 30, 30, 30 64 Што ќе се прикаже по извршување на следниот програмски сегмент? int suma=0, a, b; cin >>a >>b; if (a>b) for (int i=a+1; i < b; i++) if (i%5==0) suma=suma+i; cout << suma << endl; return 0; } 0 65 Определи колкава е вредноста на целобројната променлива а по извршување на следната наредба: a = 35 / 5 % 2 + 19 % 5; 5 а = 7%2+4 =1+4 = 5 66 Што ќе се пресмета по извршување на следниот програмски сегмент? #include <iostream> using namespace std; int main() { int s=0,br=0,n; double as; cout<<"Do brojot "; cin>>n; for(int i=1;i<=n;i+=2) { ++br; s+=i; } as=s/br; } Во променливата as ќе се пресмета аритметичката средина на непарните броеви од 1 до n Во променливата br ќе го имаме бројот на такви броеви 67 #include <iostream> using namespace std; int main () {int x;cout<<”Bravo”;return 0;} Со која линија е означен почетокот на програмата? int main () 68 Што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент доколку се зададени следните вредности на променливите a = 30, b = 30 и c = 30? int a, b, c; cin>>a>>b>>c; if (a < b && a < c) cout<<"Охрид"; else if (b <= c) cout<<"Дебар"; else cout<<"Маврово"; Debar Условот (a<b&&a<c), односно (30<30&&30<30) е неточен (false), што значи наредбата cout<<"Охрид"; нема да се изврши, потоа програмата продолжува со проверка на условот (b<=c), односно (30<=30), овој услов е точен (true), што значи дека ќе се изврши наредбата cout<<"Дебар"; 69 Кога ќе се изврши следниот програмски код во кој е употребена наредбата while(x<100)? Наредбите од вака дефиниран while циклус, ќе се извршуваат ако x<100 70 Определи која вредност ќе ја има променливата t по извршување на следниов дел од програма: a = 8; b = -8; t = (a > b) && (b < a); 1 t = (a > b) && (b < a) = (8>(-)&&((-< = true && true = true = 1 71 Што ќе се прикаже по извршување на следниов програмски сегмент? int p, q; p=0; q=1; p = p + q; cout<<p<<”, ”<<q; 1, 1 72 Определи колкава ќе биде вредноста на променливата y по извршувањето на следнава наредба: y= 5 + 6 * 6 / 4 % 8; 6 y= 5 + 6 * 6 / 4 % 8 = 5+36/4%8 = 5+9%8 = 5+1 = 6 73 Определи колку пати ќе се изврши следниот код: z=3; do { z=z+1; cout<<z; } while (z<=6); четири пати z=3 do (prvpat): z=z+1 = 3+1 = 4; cout<<z; на екранот ќе се отпечати 4 се проверува условот (z<=6), (4<=6), условот е точен, што значи пак се враќа на наредбата do do (vtorpat): z=z+1 = 4+1 = 5 cout<<z; на екранот ќе се отпечати 5 се проверува условот (z<=6), (5<=6), условот е точен, што значи пак се враќа на наредбата do do (tretpat): z=z+1 = 5+1 = 6 cout<<z; на екранот ќе се отпечати 6 се проверува условот (z<=6), (6<=6), условот е точен, што значи пак се враќа на наредбата do do (cetvrti pat): z=z+1 = 6+1 = 7 cout<<z; на екранот ќе се отпечати 7 се проверува условот (z<=6), (7<=6), условот не е точен 74 Кое име ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент? int a=2; switch (a) { case 0: cout <<"Ana"; break; case 1: cout <<"Jana"; break; case 2: cout <<"Petar"; break; case 3: cout <<"Andrej"; break; default: cout << "No name"; } Petar 75 Која вредност ќе ја добие променливата t по извршување на следниот програмски сегмент? t = 0; for( i = 1;i<=4;i++) { for (j=1;j<=i; j++ ) t=t+2*i; } 60 за i=1 втората for наредба се извршува за j=1 t=t+2*i = 0+2*1 = 2 за i=2 втората for наредба се извршува за j=1,2 t=t+2*i = 2+2*2 = 6; t=t+2*i = 6+2*2 = 10; за i=3 втората for наредба се извршува за j=1,2,3 t=16; t=22; t=28; за i=4 втората for наредба се извршува за j=1,2,3,4 t=36; t=44; t=52; t=60; 76 Одговори што ќе се прикаже со извршување на следниов код: int x; x=100; while (x>=100) { x=x+100; } cout<<x; Ова прашање се појавува двапати 77 Определи која вредност ќе ја има променливата а по извршување на следниот програмски дел: а = 10; b = 2; if (a > 10 && b < 20) a = a + b; else if (a > 10) a = 2*a + b; else a = 3*a + b; 32 Условот (a > 10 && b < 20) , (false && true) e false, што значи наредбата a = a + b; нема да се изврши, Потоа, се проверува условот (a>10), (10>10), овој услов е false, што значи нема да се изврши наредбата a = 2*a + b; туку ќе се изврши наредбата a=3*a+b = 3*10+2 = 32 78 Одреди што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски код: int i, zbir; for (i = 1; i <= 10; i++) { if (i % 2 == 0) zbir+= i; } Вредноста на променливата збир Недостасува cout наредба (cout<<zbir<<endl или пак еден од понудените одговори ќе биде дека ништо нема да се прикаже затоа што нема cout наредби 79 Која од наведените декларации за знаковна променлива е правилно напишана? Примери: char a; char znak=’Z’; 80 Определи што ќе се прикаже со извршување на следниот сегмент за n=234? m = 0; while (n!=0) { m = m * 10 + n%10; n = n / 10; } cout<< m; 432 (спротивниот број) 81 Башким напишал програма за печатење на броевите од 10 до 1. #include <iostream> using namespace std; int main() { int a=1; while (a<=10) { cout<<a; } return 0; } По наредбата cout<<a; заборавил да ја напише наредбата а--;. Што ќе прикаже програмата на Башким? Бесконечно ќе се печати бројот 1 82 Какво значење има употребата на наредбата “break” во даден програмски сегмент? Наредбата break го прекинува извршувањето на тековната наредба, најчесто е поврзана со исполнувањето на некој услов (види пример на стр.173 во учебникот) 83 Ако променливите a, b и c имаат почетна вредност 10. Која од нив и понатаму ќе ја има истата вредност по извршување на следниот дел од програмата? a = a + b; b = b + a - c; c = c – b + a; променливата c a = a+b = 10+10 = 20; b = b+a-c = 10+20-10 = 20; c = c-b+a = 10-20+20 = 10 84 Кој е резултатот од извршување на следниот програмски сегмент? #include <iostream> using namespace std; int main () { int n = 10; while (n>0) { cout << n << ", "; --n; } 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1, 85 Определи која вредност ќе ја има променливата x по извршување на следниов дел од програма: x = 30; y = -6; x= x - y; y= x - y; x= x + y; 78 x = x-y =30-(-6) = 36 y = x-y = 36-(-6) = 42 x = x+y = 36+42 = 78 86 Каков резултат се добива со користење на релациони оператори во програмски код во С++? Релационите оператори (<,<= ,> ,>=, ==, !=) вршат споредба и враќаат резултат вистина или невистина, односно во С++ враќаат: 1 или 0, односно true или false 87 Определи која вредност ќе ja има променливата m по извршување на следниов дел од програма: r = -5; s = 5; m = (r == s) || (r < s) && (r > s); 0 m = (-5==5) || (-5<5) && (-5>5) = 0 || 1 && 0 = 0 88 Одговори што ќе се прикаже со извршување на следниот дел од програмата: x = 5; y = 5; if (x + y > 0) cout<<x – y; else cout<<x + y; 0 Условот (x+y>0), (10>0) e точен, што значи ќе се изврши наредбата cout<<x – y; и на екранот ќе се прикаже 0 89 Кој израз нема да овозможи зголемување на вредноста на променливата c? 90 Со употребата на знакот % во израз на програмскиот јазик C++ ќе се изврши операцијата: остаток од делење 91 Определи колкава е вредноста на целобројната променлива а по извршување на следнава наредба: a = 25 / 5 % 2 + 14 /2; a=8 a = 5%2+7 = 1+7 = 8 92 Што ќе се прикаже на екранот врз основа на прикажаната програмска шема? Претпоставувам мислат на последниот блок од блок-дијаграмот Значи, на екранот ќе се прикажат вредностите на променливите a,b,c,d,e,x 93 Што ќе се прикаже на екранот по извршување на следниот програмски сегмент? x =1001001; p = 1; d = 0; while ( x>0) { d=d + x%10*p; x=x/10; p=p*2; } cout<<d; Ако x,p и d се декларирани како int, тогаш после извршувањето на наредбите за променливата d ќе се отпечати 73 Наредбите од while ќе се извршат 7 пати: d=1 x=100100 p=2 --------------------------- d=1 x=10010 p=4 --------------------------- d=1 x=1001 p=8 --------------------------- d=9 x=100 p=16 --------------------------- d=9 x=10 p=32 --------------------------- d=9 x=1 p=64 --------------------------- d=73 x=0 p=128 --------------------------- 94 Определи која вредност ќе се прикаже по извршување на следните наредби. x=10; y=5; z=2*y; if (x>=z) z=z+x; else z=z+y; cout<<z; 20 x=10 y=5 z=2*y=10 Условот (x>=z) (10>=10) е точен, што значи ќе се изврши наредбата z=z+x = 10+10 = 20 95 Определи која вредност ќе ја има променливата t по извршување на следниов дел од програма: a = 5; b = -5; t = (a > b) && (a == b) && (a < b); 0 t=(5>(-5)) && (5==(-5)) && (5<(-5)) = 1 && 0 && 0 = 0 96 Разгледај ја декларацијата и определи што е точно. if ( y = 40) cout<< ”x е еднакво на 40“ Условот треба да се напише (y==40) 97 Горан сака да ги отпечати сите троцифрени броеви. Тој го напишал следниот програмски сегмент: x= 99; while (x>= 999) { cout<<x<<endl; x++; } Кога ја извршил програмата Горан не го добил очекуваниот резултат. Одговори што се прикажало на екранот. На екранот нема да се прикаже ништо (нема да се отпечати ниту еден број), затоа што условот во while наредбата е неточен уште во старт За да се отпечатат сите троцифрени броеви, треба да стои x=100; while(x<=999) 98 Јане напишал програма за печатење на броевите од 1 до 15: #include <iostream> using namespace std; int main() { int a=1; while (a<=15) { cout<<a; } return 0; } Кога ја превел програмата прведувачот јавил грешка. Каде згрешил Јане? Бесконечно се печати бројот 1, затоа што недостасува а++ Преведувачот не јавува грешка, туку бесконечно се печати бројот 1 99 Одговори што ќе се прикаже со извршување на следниов дел од програмата: x = 5; y = 5; if (x – y > 0) cout<<x – y; else cout<<x + y; 10 Условот (x-y>0), (0>0) не е точен, што значи ќе се изврши наредбата после else cout<x+y; односно на екранот ќе се прикаже 10 ПРАШАЊА ОД ТЕМАТА ХАРДВЕР-СОФТВЕР 1 Која од следните функции ја извршува оперативниот систем? Одговорот е на страна 31 во учебникот: - управување со процесорот - управување со меморијата - управување со влезните/излезните единици - управување со податоците 2 Пренесувањето на податоците меѓу деловите на компјутерот се изведува преку: податочна магистрала (data bus) 3 Во која компјутерска единица се сместени почетните инструкции за стартување на компјутерот? во ROM-меморијата 4 Што ќе се случи кога папката А со помош на глувчето ќе се повлече во папката Б? Ќе се направи преместување на папката А во папката B, односно операција CUT 5 Доколку сме заборавиле каде сме ја зачувале датотеката: може да ја најдеме со алатка за пребарување 6 Повеќето компјутери при успешно стартување произведуваат звук. При стартување на твојот компјутер недостасува овој звук. Што од наведеното ПРВО треба да го провериш? Зависи од понудените одговори, претпоставувам: Треба да се провери дали недостасува драјверот за звучната картичка (во Control Panel, System, Hardware, Device Manager) 7 Што од наведеното е најважна функција на контролната единица? ??? Управувачката единица (на процесорот) определува кои податоци ќе се префрлат од оперативната меморија и кои операции ќе се извршат врз нив. 8 Колку знаци може да се претстават со 850В? ??? 850, 1 знак зафаќа меморија од 1B, значи во меморија од 850B може да се запомнат 850 знаци 26800,, 850 B = 850*8 b = 6800 b 9 Што од наведеното претставува системски софтвер? Одговорот е на стр.28 во учебникот: Во системски софтвер спаѓа: - оперативни системи (windows, unix, linux, Macintosh) - услужни програми - управувачки (контролни) програми и комуникациски софтвер - програмски систем 10 На работната површина (десктоп) направени се две папки со име – primer 1 и primer 2 соодветно. Папката primer 2 е отсечена и вметната во primer 1. По преземените активности, точната состојба е прикажана со сликата под број: 2 11 Множество податоци организирани под исто име и сместени на одредена локација на дискот се нарекува: датотека (file) 12 На работната површина (десктоп) направени се две папки со име – primer1 и primer2 соодветно. Папката primer2 е ископирана и вметната во primer1. По преземените активности, точната состојба е прикажана со сликата под број: 1 13 Меморијата во која податоците не се зачувуваат со исклучување на компјутерот се нарекува: 14 Каков компјутерски модел е прикажан на сликата? Одговорот е на стр.6 во учебникот: ФОН-НОЈМАНОВ модел на компјутер 15 По кој редослед се изведуваат активностите во процесот на обработка на податоци во компјутер? 16 Определи со кој процес е постигната состојбата на слика 2. компресија на податоци 17 Со кој од наведените програми може да се обработува звук и видео записи? Одговорот е на страна 29 во учебникот: - Windows Media Centar - Power DVD - BS Player Pro - Winamp 18 Во структурата прикажана на сликата, доколку на папката со име folder2 се примени тастерот Delete од тастатурата, ќе се избришат папките: folder 5 и folder 6 19 Што од наведеното претставува правилно запишано име на датотека? 20 Оперативните системи ги извршуваат програмите во: 21 Кој од наведните записи за количество информација е правилно напишан? Одговорот е на стр.8 во учебникот Количество на информација се изразува со единици за меморија: 1b (bit)- најмало количество на информација B, KB, MB, GB, TB 22 На компјутерот треба да инсталирате софтвер со отворен код. Што од наведеното ќе одберете? Одговорот е на страна 45 од учебникот Софтвер со отворен код (open source) е софтвер со кој доаѓа и неговиот изворен код и се дозволени промени во кодот и понатамошна дистрибуција Типови на open source лиценци: GPL, LGPL, BSD 23 Од кој мемориски уред може само да се читаат податоци? CD-ROM или DVD-ROM или ... (зависи од понудените одговори) 24 Како се нарекува делот во куќиштето кој овозможува поврзување на сите хардверски елементи? матична плоча 25 Систем од повеќе датотеки се нарекува: Одговорот е на страна 34 во учебникот Системот на датотеки е групирање на датотеките во една организациона целина папка (фолдер, директориум, каталог) 26 Која операција ја изведува оперативниот систем? Оперативниот систем е множество од програми кои ја контролираат и ја координираат работата на хардверските единици и овозможуваат извршување на кориснички програми. Улога на ОС е да контролира и да управува со компјутерот со помош на наредбите од корисникот. Оперативниот систем се однесува како посредник помеѓу корисникот, програмите и хардверот. 27 Компјутерот не би можел да работи доколку не е инсталиран/а: оперативен систем 28 Која од понудените конфигурации на компјутер побрзо ќе ги обработи податоците? Понуда 2 29 Како се внесува вирус во компјутерот? Одговорот е на страна 41 во учебникот (зависи од понудените одговори) 30 За што се користат вгнездените компјутери? Одговорот е на страна 5 во учебникот Тоа се компјутери кои се вградени во други машини или во нивните делови Вгнездените компјутери немаат монитор и тастатура и не работат самостојно Тие имаат програма која не може да се менува и е наменета да извршува само една специфична работа (контрола на температура и влажност, контрола на работа на срце, надзор за обезбедување на простории и сл.) Вгнездените компјутери се вградуваат во уреди како што се дигитални фотоапарати, мобилни телефони, музички плеери, микробранови печки, машини за перење, сопирачки системи кај автомобилите и сл. 31 Подреди ги мемориските медиуми според големината, од најголем до најмал. (зависи од понудените одговори) CD – 700-800MB DVD – 4,7 -17 GB USB HDD 32 Со впишување на зборот Компјутер во внатрешната меморија на компјутерот ќе се заземе простор од: 9 B (9 бајти); 1 знак зафаќа меморија од 1B 33 Со впишување на зборот Информатика во внатрешната меморија на компјутерот ќе се заземе простор од: 11 B ПРАШАЊА WORD 1 Употребата на алатката прикажана на сликата овозможува да се : Оваа алатка ја има во картичката Developer->Controls Овозможува дизајнирање на формуларот, преминување во режим на дизајнирање 2 Учениците од I3 треба да пополнат анкета за екологија. Класниот раководител во Word/Writer направил образец (формулар) со прашања. Тој сака учениците анкетата да ја пополнат компјутерски, но така што ќе може да пишуваат само во полињата предвидени за одговор. Како треба класниот раководител да го зачува формуларот пред да го достави до учениците? Формуларот треба да се зачува како шаблон File->Save as->Word Template 3 Како се нарекува документ кој содржи полиња за контрола? формулар 4 На прикажаната слика претставен е текст со различен: стил 5 Брзо и лесно уредување на текст е овозможено со примена на: стилови 6 Што од наведеното е претставено на сликата? Табела со содржина 7 Која непроменлива компонента неопходно ја содржи еден формулар креиран во програма за обработка на текст? 8 На сликата е прикажана табела со: Индекси 9 За да вметнеш поле за контрола на слика, во групата Controls треба да кликнеш на иконата означена со: зелена боја (третото сликиче во првиот ред) 10 За што служи алатката прикажана на сликата ? за поставување проред (растојание помеѓу редиците) 11 Со употреба на копчињата прикажани на сликата во програма за обработка на текст може да креираме: Bullets Numbering i Multilevel List (не знам како би било на кирилица) 12 Листата на наслови на главните теми и на поттемите во текстуален документ во која се наведени броевите на страниците на кои тие се наоѓаат се нарекува: табела со содржина 13 Кога се заштитува документ, лозинката треба да се напише двапати. Зошто? за да се потврди 14 Учениците од едно училиште треба во електронска форма да прибираат податоци за најчесто користени апликации. Испитаниците во формата ќе можат само да одбираат некој од понудените одговори. Каков документ треба да изготват учениците? Формулар со Drop-Down листи 15 Со поставување индекс во текст се креира: Одговорот е на страна 63 во учебникот (зависи од понудените одговори) ПРАШАЊА EXCEL 1 Во програма за табеларни пресметувања изработен е графикон за податоците од една табела. Што од наведеното е точно? (зависи од понудените одговори) 2 Во програма за табеларни пресметувања направена е табела за роденденски трошоци. Со која формула ќе ги пресметаш трошоците за првиот продукт и потоа ќе ја користиш за автоматско пополнување при пресметките за останатите продукти? = B2*C2 3 Во програмата за табеларни пресметувања, функцијата SUMIF(А1:А10; А1; С1:С10) ќе ги користи вредностите кои се наоѓаат во ќелиите: Понудени одговори (претпоставка): А1 и A10 C1 и C10 од C1 до C10 - точен одговор (ги собира вредностите во келиите C1:C10, ако келиите од А1:А10 имаат вредност како во А1) од A1 до C10 од C1 до C10 4 Според податоците прикажани на сликата и користење на наведената функција ќе се пресмета заработката во продавниците со компутерски уреди: Со оваа функција ќе се соберат вредностите на ќелиите од F3 до F7, ако вредностите во ќелиите Е3:Е7 паралелно имаат вредност поголема од 15, ќе се добие резултат 100.000 ден Ќе се пресмета заработката од продавниците 2,3 и 4 5 Со која од наведените функции е добиен податокот во ќелијата А4? COUNT(A1:A3) 6 Според прикажаните податоци во табелата, на графиконот е претставен: Продажбата на монитори, куќишта и тастатури од фирмите APPLE, DELL, HP и LENOVO 7 Каков облик ќе добие референцата &D4 ако се копира во друга колона? 8 Со изразот Матура!С4:В5 дефинирана е адреса за: 9 Со кој број е означена лентата за внесување формули на зададената слика? Со број1 10 Кој од наведните оператори ќе овозможи комбинирање и соединување на податоци од различни ќелии и нивно сместување во трета ќелија? Операторот & 11 Податоците во една табела може да се заштитат со креирање: Одговорот е на страна 234 во учебникот (зависи од понудените одговори) Претпоставувам: Заштита на работен лист (Protect sheet) 12 Во програма за табеларни пресметувања направена е табела „Продажба на играчки“. Како ќе ја пресметаш вкупната продажба на играчки и која играчка најмалку се продавала? (зависи од понудените одговори) Вкупната продажба на играчки: =SUM(B24) Која играчка најмалку се продавала: =MIN(SUM(B22),SUM(B33),SUM(B44)) 13 Во табелата се прикажани просечните температури за градот Скопје во текот на една година. Кој графикон точно ги прикажува дадените податоци? Еден од можните графикони би бил: Друг можен графикон би бил: 14 Која вредност ќе се запише во ќелијата D4 со користење на формулата =$B$3*$C$3^$A$3? 196 Тоа е всушност 4*7^2 = (прво се степенува) = 4*49 = 196 15 На сликата е прикажано користење на автоматско пополнување во колоната F. Според која функција ќе се пресмета резултатот во ќелијата F3? 16 На сликата е прикажано користење на автоматско пополнување во колоната F. Според која функција ќе се пресмета резултатот во ќелијата F4? 17 Кој знак се користи за операцијата делење во програма за табеларни пресметувања? 18 Која вредност ќе се прикаже во ќелијата B3 ако ја примениме формулата запишана во ќелијата А3? 19 Во програмата за табеларни пресметувања, функцијата SUMIF(А1:А9; А1; B1:B9) ќе ги користи вредностите кои се наоѓаат во ќелиите: 20 Во програмата за табеларни пресметувања, во ќелијата А2 внесен е бројот 15. Кој е точниот резултат по пресметувањето на формулата “=А2/3+3^2 “? 21 Која ќелија е апсолутно адресирана во изразот =А2*&А&3 + C2*D3? 22 Kои вредности ќе се прикажат во ќелиите А2, А3 и А4 по извршување на зададените формули во програма за табеларни пресметувања? 23 Кои вредности кои ќе се прикажат во преостанатите ќелии ако се примени автоматско пополнување на празните ќелии? 24 Која вредност ќе се запише во ќелијата D3 со користење на формулата =$B$3*$C$3-$A$3? 26 = 4*7-2 = 28-2 = 26 25 Со кој израз е дефиниран опсегот на ќелии почнувајќи од ќелијата B1 а завршуваат во колоната G и се протегаат 10 ќелии надолу? B1:G10 26 При пишување аритметички формули во програмата за табелирање НЕ Е дозволена употребата на операторот: Одговорот е на страна 186-187 во учебникот, таму ги имате сите можни оператори во Excel Дозволени оператори во Excel се: +, -, / ,*, %, ^, < ,<= ,>, >=,<>, : ; & 27 Која ќелија е апсолутно адресирана во изразот =B4*&B&5 + C3*D5? Претпоставувам B5 има грешка, треба да стои знакот за долар Апсолутно адресирана е таа што има знак за долар пред буквата на колоната и знак за долар пред бројот на редицата $B$5 28 Што од наведеното овозможува релативното адресирање? Било која адреса на келија без знакот $, primer, A1, B16 итн. 29 Колку изнесува вредноста на логичкиот израз NOTA OR NOTB AND NOTC ако е зададено дека А = вистина, В = вистина, С = вистина. FALSE FALSE OR FALSE AND FALSE = FALSE ПРАШАЊА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ И ИНТЕРНЕТ 1 Што е потребно да се постави во една училница за да се обезбеди пристап на сите компјутери до мрежен печатач? свич (switch) или хаб (hub), уреди преку кои компјутерите се поврзуваат во една локална компјутерска мрежа (LAN) 2 Што од наведеното НЕ Е веб-пребарувач: Web пребарувачи или на англиски search engine се програми со кои се наоѓаат страници на интернет според зададени критериуми, Web пребарувачи се: GOOGLE, YAHOO, ASK, BING и др. 3 Што од наведеното може да претставува IP адреса: IP адресите имаат четири броеви, разделени со точка. Пример за IP адреса: 160.99.54.20 4 Како се нарекува компјутерската мрежа во која учениците може да заеднички да користат печатачи и датотеки? Претпоставувам мислат на локална компјутерска мрежа (LAN) 5 Што треба да се постави во компјутерската мрежа за да се контролира пристапот до нејзините ресурси? 6 Што од наведеното е точно за Блогот и за Википедија? 7 Сакаш да си дел од online заедница која ќе креира образовна веб-страница и ќе им дозволува на членовите да додаваат и да менуваат информации. Каков вид на веб-страна е потребна? 8 Која вредност за IP адреса и се доделува на влезната порта на рутер? 192.168.1.1 9 Со внесување на URL адреса во веб-пребарувач, веб-серверот добива наредба за достава и пренос на бараната страница. Кој протокол ја издава наредбата? http – Hypertext Transfer Protocol 10 Која веб-страница ќе се прикаже со впишување на адресата http://www.mioa.gov.mk/files/pdf/poimnik.pdf во веб-пребарувач? 11 Кои компјутери ќе продолжат да комуницираат меѓу себе ако серверот се исклучи од мрежата? никој со никого 12 Кои компјутери ќе продолжат да разменуваат податоци со серверот, доколку компјутерот со име client 2 се исклучи од мрежата? сите останати 13 Доколку во адресната лента на веб-страницата видлива е иконата на прикажаната слика, тоа значи дека: Овој знак значи дека адресата е безбедна Ваквите адреси напред имаат https На пример, ако ја вчитате адресата https://www.google.com/ се појавува Verified by: Google Inc 14 Како се нарекува систем кој овозможува корисниците да бараат информации од централниот компјутер ? client-server 15 Една компјутерска мрежа е поврзана со хаб. Каде ќе биде насочен сигналот во компјутерската мрежа кој е испратен од еден компјутер ? до сите останати компјутери во мрежата 16 Кој од наведените поими се користи како алатка за изработка на веб-страници? HTML – Hyper Text Markup Language 17 Што од наведеното е карактеристика на Веб 2.0? Основните карактеристики на Веб 2.0. се отвореност, слобода и колективна интелигенција Она што го карактеризира Веб 2.0. е следното: - Корисниците можат да користат апликации преку својот веб-прелистувач - Корисниците се тие на кои податоците им припаѓаат и кои имаат контрола врз нив - Структурата на веб ги поттикнува корисниците да учествуваат во креирање на њеб-содржини или апликации - Унапредени графички опкружувања во однос на т.н. Веб 1.0 18 Комуникацијата во компјутерска мрежа од типот peer to peer се одвива меѓу: двајца корисници 19 Што од наведеното користат веб-прегледниците за лоцирање на веб-страница на Интернет? 20 Која од следните референци го определува протоколот во URL адресата http://www.dzlp.mk? http – Hyper Text Transfer Protocol 21 Веб-страниците чија содржина е организирана според значењето на информациите се нарекуваат: 22 Кои уреди може да се користат мрежно? 23 Што од наведеното извршуваат рутерите? Овозможуваат различни IP адреси да комуницираат меѓу себе Рутерот е уред за насочување на податоци на нивниот пат низ мрежата 24 Што од наведеното овозможува брзо и едноставно пронаоѓање на поими во енциклопедија?
Ве молам за 2 година одговорите за ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА. Ги имам првите 100, другите ако може некој да ми ги даде. Ќе најдам прашања за било кој предмет од 2ра година како feedback
Дечки а оние што полагаат во вторник, резултатите после 12 ќе ги има на интернет или не? Не можамммм да чекам до утре, мора да видам што среќа имам
Да бе и јас сакав да прашам тоа.Некој имаше пишано дека од 22h ќе бидат и од прееска refresh и правам на страната,не можам да дочекам.Знае некој?
Ај што е екстерново глупост ама ова со исчекувањево кои предмети ќе се полагаат .. Влезени се во филм овие од министерство, демек ете ја оправивме сите по 3 дена ќе имаат. А да го регулираа и проблемот што некој ќе полага 800 а друг 200 прашања?
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: anabela525, Anakonda123, Anonymous996, beautym, BelieberYeahh, Bibii18, Blacksoul, BlairChuck, cansuuuu, Charlottexo, Cheryll, CimorelliFam, DimaAmid, Dj-19, elenna-GG, ellieamor, FairyGirl, filip44e, frose1, gikot123, GoldenValery, happybird, Ickovska, Jessica-Rabbit995, justin4ever, katence1, ladyantebellum, Lella, Lolli, Loly77, m0nster, MileMk, nikiiii, Reachel, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, s.T.e.F.i, seasopraime, sleepingbeauty, SmilerGirl, somerhalder17, SparkleGirl7, Srce01, star789, stiki18, Tanya19, tedi1, Valerija.20-14, Westlife и 347 гости Напнато е!!!!