Туу па дали Неможам да дочекам да видам што ќе полагам и цело време правам рефреш на страната за да видам да не ги ставиле списоците .
Еве веќе е петок и цело време сум на страната кај прашањата и уште нема ништо. Си чекам да видам на 3-ти што ќе бидам тестирана.
Ни "П" од предметиве нема за 3 јуни, а веќе дојде 12ипол. Има некој точна информација кога ќе бидат објавени?
СКАНДАЛОЗНО: ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ЕКСТЕРНО СЕ НАЈДОА НА ИНТЕРНЕТ Откако денеска Дирекцијата за заштита на личните податоци упати укажување до Министерството за образование и наука, односно до Државниот испитен центар за регулирање на обработката на личните податоци на учениците објавени на интернет, МОН веднаш почна со корекција http://inbox7.mk/?p=960 сега нема да ме чуди да им крахира системот а ние што чекаме кои предмети ќе се полагаат, да се изначекаме (како и да е, возбудливо е вака ни НГ не сум ја чекала)
Законот за заштита на л.податоци не го донесоа родителите, а домашниот закон секој по дома како сака ќе си го носи. Како и да е поентата ми беше дека може измениве да влијаат на дочекувањево на списоците, а не и анализа на законот.
Од возбуда наместо да пишам сабота е, јас сум пишала петок е. Ох јадна јас. И не, не сум изненадена дека ми се падна физика, цело време имав такво претчувство, навистина. Ги имам одговорено сите прашања и ги знам( а само физика ми се одговорени ), е сега да видиме вториот предмет.
Математика полагам. Најмалку што сакав да ми се падне, ама ете јас не одлучувам што ќе полагам тука тие. Ќе си седнам ќе си учам, ќе решавам задачи, нема друго чаре, па што бидне нека бидне.
Физика ми се падна. А знаев. Имав претчуство. А и се зареков. Кога ми ја стави двојката си реков да даде Господ на екстерно физика да ми се падне, за 5-ка да добијам. Господ ги ислуша моите молби. Ама добро и не е толку трагично. Не е математика, информатика или германски и англиски. Јас ги немам ни одговорено прашањата. Сега ке почнам да ги одговорам. Ке добијам 5-ка па што сака нека биде, бидејки во спротивно може просекот да ми се намали (како минатата год.). Отидов да учам физика.
Дали има некој да ми даде точна информација дали на екстерно ќе се паднат истите прашања што се објавени на веб страната, или пак тие се дадени ко пример и само неколку од нив ќе се паднат