Ајде едно потсетување. Темава не е за барање одговори, тоа се прави тука. obrazovanie/odgovori-na-prasanjata-od-eksterno-t20175/ И пишувајте на кирилица.
200, малку се, ама ќе одговорев 1000 прашања англиски, најмногу се плашев од биологија, баксуз невиден сум.
Lella исто и јас се плашев да не ми се падне хемија и тоа ми се падна.Ама коа почнав да ги одговарам прашањата видов дека се лесни затоа пробај и види
И кај нас се 200 биологија ама како што видов никој не полага,а класната ни предава биологија а англиски 300 не се многу се си знам
Благодарам, малце ме утеши, и татко ми вика така, јас колку што им фрлив поглед, видов дека се тешки. Ама ајде, малку се, денес сто, утре сто, во вторник со наставничката ќе поработам и ќе видиме што ќе излезе. Може и ќе си поделиме со еден соученик. Се надевам дека следното ќе биде полесен предмет Спојлер не го спомнувам англиски, оти се проколнав.
Lella можно е втор круг да се сврти тркалото,кој знае што ќе полагам втор пат Само не француски,се надевам нема 2 јазици
На mon.mk , па десно имаш со жолто, екстерно тестирање, Преглед на распоред за тестирање, така некако, пишуваш податоци и ќе ти излезе. Само сега е преоптоварен системот, среќа јас порано станав. Еве го инаку, се отвори: http://prasanjaeksterno.dic.edu.mk/Test ... edule.aspx
Биологија ми се падна братее уу Па и кај се мразиме со таа.. ужас, ау Има петка да извадам, да ми ја поправи тројката Одам јас да одговарам прашања
Јас утре граѓанско полагам Ги одговорив сите уште петокот па сега ќе видиме Ме фаќа страв за другото да не се падне тоа што несакам (не ни спомнувам шо несакам да ми падне)
715 гости во една категорија. Ова се нема случено во историјата на фемина колку што јас знам Инаку јас паузирам, одговорив 6 страни биологија, за денес сум решена 22 да решам. Има време.