Лелеееее не ми се веρува двата најлесни пρедмети ми паднаа се молев господ англисκи да ми падне и κога читам таму англисκи и ρипам од стол!!!
Јас во четврток т.е. на 05.96.2014 полагам македонскииииии . Многу сум среќна , иако се 400 прашања сепак е подобро отколку да полагам математика .
Физика, полошо не можеше да ми се падне До четврток ќе успеам а научам колку толку Ако ги има некој одговорите за физика 8/9 нека ми ги прати ЛП или во темата нека ги објави.
Со среќа на сите што во моментов сте во училиште и полагате. Инаку јас полагам историја во четврток.... А сега,во десет ипол Англиски.
Полагав сабајле во 9 математика и не да ми беше тешко, претешко.Прашањата кога ги гледав дома ми беа лесни, но имаше и тешки.И баш тие тешките ми се паднаа.Па нема шански да си оправдам петката. Тројка мислам дека ќе извлечам, а можеби и четворка, а петка нема шанси освен ако на среќа сум погодила. Во четврток полагам англиски, тоа фала богу е полесно.Па ај со лесно нека ми е.Инаку им посакувам на сите среќа на екстерново.
Ја полагав граѓанско Полесно неможеше да ми се падне У четврток македонски Претешко е македонскииии,има некои грди прашања од лектири што ги немаме допрено
Лелее, уште сега трема ме фаќа. Денес видов другарка ми одговараше македонски прашања, толку се лесни, ќе си приумрам од мака. А јас се зацапав биологија, каде едно прашање ќе го бараш во книгата 15 минути, и пак нема да го најдеш. Денеска тешко се наоѓаа наставниците. Утре, и да е тестаторка, ќе ја најдам биологија и ќе ја прашам за сите прашања. Поарно за неа, петка имам. ЗОШТО БИОЛОГИЈА, ЗОШТО БЕ ЗОШТО!? Инаку и германси е претешко, колку што ги видов прашањата, ништо не знам. Леле, ако може германски да ми се падне, нејќам ни да помислам. Тогаш ќе се закопам. А пред една недела со другарка ми се шегувавме и рече Да даде Господ да ти се падне биологија. И ете. Денес ја натерав да ме „проколне“ за англиски. И тоа неколку пати. Фаќаат клетви од неа. Леле мори мајко, кога ќе помислам уште колку само прашања имам, ми доаѓа да легнам и да го преспијам периодов. Ќе и’ кажам на другарка ми да фрли некоја клетва и на Сприче.
Денес полагав Англиски и прелесно беше, за 6 минути ги решив сите. Си ги знаев прашањата од што ги имам вежбано и не ни морав да ги дочитувам целите текстови. Ги решив за 6 минути, а ме оставија уште пола саат да сум си проверувала, мислам дека 100 пати проверив. Битно не седов до крај таму. Во четврток Македонски полагам.
Јас полагав програмски и имаше доста сменети прашања. Ме заебаа за сва времена. Во четврток полагам латински, ваљда нема и тоа да ме зезне...
Полагав денеска Англиски Не беше тешко Ама во четврток физика WHY GOD WHY? Мислам дека физика ќе расипам.. Сликава смирувачко делува
Ја денес полагав Англиски. Многу беа лесни прашањата. А во четврток истотија, предмет кој највише го мразам. Немам друг избор, морам да седнам и да ги научам прашањата.
Денеска што полагаа македонски и математика рекоа пола прашање биле сменети не биле од дадениве. Ќе се отрујам, кај 400 прашања да учам па и сменети да даде Господ цела фамилија да им се сотре на тие што ги прават.