Пфф.. знаев Стандард како и секоја година. Ај баш следната да видаш што ќе прават иако мислам дека пак истата приказна ќе биде.. Важно оваа година пак пробно,доволно за нас матурантиве и матура и проектни и 300 чуда.. уште ова ни требаше.
Абе рекоа дека нема да влијае на оценката, ама што знам.. Леле остај само тоа го зборат. Заборавил тоа да го спомне Марјан у "Kлише муабети" "Нема повишување оценки, нема попуштање, бла бла..""
А бе од министерството рекле така ама исфрустрирани, неуки и прости професори упрпале па ќе намалат и тоа охоо, има сите да не огреат.
Знаев дека ќе остане само на пробното тестирање. И ич не ми се допаѓа идејата како им е осмислена, за да се реализира тоа електронско тестирање - небаре во сите класови сите компјутери се мрежно поврзани и работат исправно - уф, колку само не!
Ахам...и замисли пред некој ден одговорав по еден предмет и една професорка ме праша зошто толку сум попуштила со успехот, а јас реално и одговорив дека некои од оцените не се баш праведно ставени на што нејзината реакција беше - Што? Цитирам: ,,Јас никогаш не сум сретнала професор кој не ставил праведна оцена, и професорите никогаш не ѓи фаќаат учениците на око'' WTF?!? Искрено ваквиот одговор ме натера да се замислам! Можеби бев премногу искрена, незнам... Како и да е не се препирав, само кимнав со главата надолу. Само не ми е јасно до кога вака бе? На 10 минутно испрашување да ги одговориш сите прашања и да ти стави од ракав 4-ка?! Само поради тоа што мислела дека ќе попуштам со успех?! Па дајте ви се молам, дали до мене е проблемот или..? А да не правиме муабет за во Орце, Карев и Васил Антевски Дрен каде половина од професорите се со носот до небо и учениците ги третираат како стоки, буквално! Но ајде, да не одам предлабоко. Темата е сепак за екстерните а не за професорите.
^Ни пробно нема да бидеме тестирани, никакво, немало услови за спроведување по електронски пат, ми рече професорот по економија денес.
Мене една 3 часа по ред ме мачеше, скоро сите прашања и‘ ги одговорив, освен едно кое никој од класот не го знаеше и едно кое го имало на некоја презентација, а таа презентација не ни ја презентирала никогаш. И знаеш што ми стави? Тројка. Друго што денес ми се случи е ова: Една проф. ми вели сум имала кај неа оцена 2, јас целата во прашалници втф? 2? Ме праша, знаев и ми стави 3. А, една друга ученичка имаше 1 пред тоа и ја испрашала и оваа нешто знаела, нешто не и 5 и‘ стави. Истата ученичка доби 4 за материјал кој не го знае, евентуално 20% го знае, а друга што знае 70% има 3.. Па, мислам од месечина се гледа колку и‘ се заслужни оценките. И ова особено ме нервира. Јас со никој проф. не сум имала друг однос освен професор-ученик, не сум им се умилкувала, не сум им велела проф. многу ви е убава косата или ташната, не сум се бунила за ниту една оцена, додека горенаведената личност, јас не сакам ни името да и’ го спомнам, толку ја мразам, а заедно учиме, го прави сево ова + еден куп врски има и нормално на крај сите и’ се петки.
Старбакс да ти кажам едно девојче од мој клас како заврши лани одлична а повеќе од пола година бегаше ? - Имаше дечко од друг клас . Колку и да не треба се споредуваш со другите , туку само за себе да гледаш не можев да останам рамнодушна . Зборев со еден професор за тоа и му реков е во четврта ќе си фатам од секој клас дечко за петки да ми се сите . Се дур не придонесуваат твоите нешто за школото или знаат некој ќе мора да учиш - дупло од тие што имаат 5 за некое минимално знаење . Не си фатив дечко од мое школо и еве учев за утре да одговарам за двата поени што не ми ги изброја проф. на тестот . Одговарам цела тема да попраам 4 на 5
А кај мене в гимназија запнале, ќе има па ќе има. Од министерство ништо не им стигнало. Пак паметните, намалуваат оценки. Да не се зафркнеле. Абе јас да сакам да ги зафркнам ( и онака планираа годинава само да е пробно) ќе ги направев сите кецови. Па ќе ги видев тогаш. А нема да има екстерни, никакви. НИ електронски, ни никакви.
Кај нас една откога дознала дека нема да има екстерни, на сите ученици им ги покачила оценките за 2 оцени. ^^ Татко ми се познава со поранешниот директор на школото, сега професор и со уште еден друг професор, но тие мене не ме знаат воопшто,а еден од нив дури и ми предаваше проектна. Што мисле таа јас немам врски, не можам да го пратам тато кај нив да средат работа. Ама, не, јас не сакам да играм како неа нечесно, сакам сите оцени да ми се заслужени.
Па барем да се реални. А не да ми намалуваат оценки. За тие да не биле зафркнати. Глупости. Е гледаш кај тебе Стар, зголемувале. Е кај нас намалуваат.. Реално никаде нема.
ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ ПРОТИВ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Мене глупо ми е се екстерните тестиранја а еве зошто 1.Во текот на годината си учиме се пополека си праиме тестови на кои сите иаме 5-ки и сеа некој екстерен тест да ни ја расипи оценката ГЛУПОСТИ! 2.Мразам ектерни тестиранја! 3.За тие децата коии не им е заслужена оценката што вас ве интересира(некјам да ве навредам) вие имате добра оцена што се грижите за него батале те го! И така еден ден кје го фатат и после се знае што му следува не се замарајте со такви деца 4.Знам дека се со заокружуванје но ајде на пример цела книга по историја да земам ја да заокружувам одговори да ги одговорам тие за само 40 мин не ИДЕ ТОА тоа е од мене
Сеа ќе имало екстерни така денеска ни кажаа. Од 26 до 29 Декември за матурантите, пробно оваа година, немало да влијаат на оцените само да видат колку сме биле реално оценувани. Абе не знаеш ништо овде, еден професор така вика, друг така, трет ќе рече нема.
Да не учиме јас и ти заедно, и зборуваме за една иста личност?! Не навистна, секогаш мора да се најде барем еден посебно ,,привилегиран'' во целиот клас... и криво ми е поради тоа. Но во Македонија работите за жал никогаш нема да се променат, тоа е факт. Целокупниот образовен систем е рамен на О и се плашам дека овде неможеме многу да промениме...за жал.
само едно ќе ви кажам,иако знам дека нема многу да ви помогне. верувајте дека екстерните тестови не се ништо посебно, без учење 4ки се вадат (ако си учел претходните години), со мало повторување 5ка има големи шанси.И многу е просто,освен Англиски малку,другото е се од лесно полесно. Знам дека ово што ви кажав многу нема да помогне,зошто и менево истово ми го имаа зборено кога бев матурантка ама не верував,откако видов колку е лесно,криво ми беше што толку се вознемирував за нив како и да е ,СРЕЌНО на сите
Абе нема да има оваа година никакви шо ви е, кај нас така кажаа дефинитивно! Од догодина тоа, даваа и на вести екстерни ќе се спроведуваат од учебната 2012/2013 и тоа на поспецифичен начин. Оваа година нема да има ни пробни.