Не бе нема шанси, прашањата мора да се од оние што ни беа дадени.Веројатно тие што ти кажале не ги ни извежбале сите 400 прашања или пак ги подзаборавиле, не се малку.
Кај нас оние што полагаа биологија рекоа дека имало неколку прашања сосема други од дадените. Веројатно не е точно.
Не ми е ова од еден, пола клас полагаа денеска и македонски и математика истово ми го рекоа, а учат децава не се пропалици некои Јас па се чудам зашо волку лесни се прашањава македонски, кога ќе ми лупнат нешто ќе се чешам Шта речи а не заплакати работава.
^Ајдеее, па не е фер ако е така. Јас физика полагам и си ги научив сите прашања, онака лесни ми се погодија, се израдував.Сега ме замисливте со ова што го пишавте....
Јас полагав веќе и беа тие прашања, немаше некои други. А и сите кажаа дека биле тие прашања, а не некои други. Инаку како што кажав погоре полагам англиски, лесно ми е, 5ка имам, ама прашањата не се одговараат.На секое второ прашање кој од следниве, па кој од следниве.Аман бе.
Денеска полагав историја и прашањата беа од базата, ама понудените одговори немаа никаква врска со тоа што го има во учебникот. Катастрофа! На пола деца не им се отвараше тестот. 4 прашања мислам дека не ми се точни, можно ли е со 26 поени 5 да имам? Во четврток полагам математика барем точни одговори имам.
Леле луѓе, не ме плашете. Биологија сум ртка. Дадениве прашања дали ќе ги знам, а не пак другиве. Ехх, лани и интересно ми беше, англиски и математика. Инаку има некој прогрес, денес со тој што е од мојот клас биологија заедно ги одговоривме сите прашања, сега седнав малку да се одморам, па ќе земам отпочеток ќе ги повторам, и ќе ги извадам 50-те неодговорени. Спојлер 1/4 немам одговорено Леле мајко, ако може тие 30 прашања да ми се паднат. И утре наставничката се надевам дека ќе ја најдам и ќе ја испопрашам. Ај ус срејча.
Јас овие не знам дали ке ги знам не пак некои други. Ме исплашивте дефинитиво. Брат ми и негов другар денес полагаа и рекоа дека беа други прашања. А и една професорка рече дека др прашања ке бидат. Зошто? Фер ли е ова? Не мора 5-ка да добијам, се откажав од тоа, ама барем 4-ка да добијам, ама тоа ми звучи некако невозможно.
Што оценка се добива со 26 сигурно точни одговори?? 4 или 5?? Јас имам едно сигурно не точно, а за 3 не се сеќавам што одговорив од нервоза , но ако ги земам како неточни и тие ќе имам ли 5??