Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Утре полагам ја :$ :wasntme: :rock:
     
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Јас по англиски го решив за 10 минути ,прелесни беа. И да,истите прашања беа. ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    А која година/ одделение си?
    И јас утре полагам англиски, не ми е нешто многу страв, само ме интересира како се поминало.
     
  4. Emma4

    Emma4 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    67
    Се плашам дали и двојка ке имам. ;( ;( Зошто?
    Учев, ама се збунив, се блокирав и ништо не направив.
    Како бе така се ви е толку лесно и 5-ки си вадите?
    Јас двојка дали ке имам?! Ете тоа е. И џабе што сега скоро се знам кога ке имам 2-ка. Касно е.
    Инаку истите прашања беа.
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Некој што полагал Македонски јазик и литература?
    Да ми каже дали стварно се сменети прашањата?
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Јас полагав македонски, не беа сменети прашањата, до буква сите беа исти. :)
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Кај мене од класот што полагаа Вовед во право(гимназија) кажаа дека им биле сменети прашањата.
    Социологија и Македонски било прелесно.
    Се надевам и Математика е така.
    ;(
     
  8. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Полагав прееска Деловна психологија и имаше сменети прашања...
    Исто и јавно право има доста сменети
    Не ја сфаќам поентата зошто ни ги даваат прашањата ако ги менуваат ??? |(
     
  9. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Јас полагав денес историја, и да имаше неколку сменети ама не беа сите.
     
  10. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Здраво. Утре полагам Математика и ми е многу страв.Ве молам ако некој го тестирале Математика нека пише дали се сменети прашањата и дали беше тешко :( Инаку сум 3та година.
     
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Полагав денес физика и се помина супер, прашањата не беа сменети и сите ги одговорив.За препишување, со овие наставници што се тестатори кај нас во школо нема шанси, повеќето не дозволуваат да погледнеш во туѓ компјутер а таман работа да подкажеш. :D
    Инаку, за тестови и вакви работи не сум паничарка, не ми се случило да се блокирам.Дури се прашувам дали е нормално ич да не чувствувам страв. :D
    Ќе извадам 5-ка или 4-ка(уствари првото е поверојатно ама ај да не се урочам). ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Како што сум против полагање матура, така сум и против овие екстерни тестови ! Јас полагав во јануари, и секој ден ни ги менуваа прашањата! Ве сфаќам како ви е, дома си ги решите прашањата, а на тесирање се паднат сосема други одговори, за кои што прв пат слушаш. Начинот на спроведување на ова тестирање е многу погрешен и не ја дава вистинската слика за знаењето, а особено за вештините и способностите на учениците. Со еден тест од 30 прашања никако неможе да се утврди знаењето на ученикот, покрај тоа никој не сака уште сега факултетско образование и испити на огромни материјали. Децата не се компјутери! Не треба да се скратува детството уште сега!!
     
    На Someonespecial, Dennings и Lella им се допаѓа ова.
  13. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Утре полагам Музичко. Ги имам одговорено сите прашања а и предметот го учев цела година и лесен ми е. Ама сега слушам Информатика и Математика биле сменети па професорките паничат децата не ги знаеле тие прашања кои уствари биле од минатата година по тој предмет за таа година, додека пак други професорки викат немало врска тоа. Сега не знам во што да верувам :worried: Не може бе така кога ќе им текне да ги менат, тие што полагале првиот ден истите прашања и подобри резултати а другите да си загазат со неизвежбани прашања. Мислам ќе прснам сега ептен ми е страв :(
     
  14. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Денес полагав математика,имаше 2 или 3 прашања преформулирани,да речам,не беа исти како тие што ни се дадени на страницата за прашањата. I passed one,one more to go,со среќа на сите! :)
     
  15. pinkberry

    pinkberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    564
    Одговори на прашањата од екстерно

    може ли некој од тие што полагале екстерно да ми каже дали прашањата на тестовите што ги полагавте во школо се исти со тие што ги има на страната за екстерно тестирање? фала многу. :* ;)
     
  16. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Одговори на прашањата од екстерно

    информатика за втора беа истите прашања
     
    На pinkberry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alek123

    Alek123 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Има предмети по кои учиме од три учебника. Професорот не оценувал ЦЕЛА година и сега одеднаш некој сака во период од еден час да го процени нашето знаење? Ма немој.
    Во оваа оценка се вбројува само кој колку може да научи напамет. Не се вбројува практиката, проектите, лабараториските вежби, усмените одговори...

    Мене не ми се проблем тестовите, гарантирам дека ќе добијам 4тка во најмала рака, но стресот е огромен и одеднаш од учениците за солидна 5тка се бара 5 пати повеќе знаење од минатите години...
    Со ова се казнуваат учениците кои навистина учат, а оние мамини мази чиј вујко е сопственик на убава и распозната фирма си ги добиваат оценките исто како и порано.
    Екстерното воопошто не е проблем за тие што веќе имаат врски.
     
    На Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Добро побогу,ако е ко што кажувате некои од прашањата да се сменети.Тогаш зошто ги кажуваа прашањата,и зошто учев 400 прашања.
    Да и им ибам. :devil: :devil:
     
    На Lella и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. super-man

    super-man Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дечкии, ако ги има некој одговорите англиски за 1 година ве молам да ми ги прати
     
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да ви кажам дека математика (втора година) е претешко. Се' ми е на среќа, ќе видеме колку ќе има точни. :D
    Ако не ги знаете формулите, џабе ви е се..