Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас вчера кога полагав географија,да ви кажам имаше 2 прашања кои не беа во оние на интернет дадените.Сосема нови прашања. :@ .И малку ме подизнервираа :angel: :envy: .
     
  2. blue-diamond

    blue-diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    49
    Прашањата јас како што забележав и на серверот се менуваат
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Па прво ни тие не знаат да ги формулираат како што треба, едно прашање 4-5 пати го има во различна варијанта и тие што ги има не им се ко што треба, ајде па нови. |( Да ги видам баш 400 прашања кога ќе научат стоки едни, баш да видам нивните деца дали полагаат.
    И денес биле сменети, математика 40 % не биле од дадените, информација од прва рака.
     
  4. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Не знам, ете јас конкретно денес полагав македонски јазик и литерaтура за трета година, стручно образование, сите триесет прашања веќе ми беа познати од сајтот. Од мојата генерација не слушнав од никој ученик жалба дека има променети прашања, по било кој предмет. Не се паничете без потреба тие што сеуште не сте тестирани.
     
    На Butterfly14 и Lella им се допаѓа ова.
  5. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Јас денес се тестирав хемија и морам да кажам дека беше прелесно. :D На почетокот имаше технички проблеми и не можевме неколку ученици да се најавиме,но се реши тоа и решававме.Имаше опуштена атмосфера си кажувавме меѓусебно,па и препишувавме. :rofl: Кога завршивме им помагавме на оние што не знаат.Се на се беше прелесно,не знам зашто се паничев толку за тестирањево.И нека ни е со среќа на сите за вториот предмет. :wasntme:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Јас полагав денес граѓанско(8/9 сум).Не беше нешто тешко.Вториот ми е на 9ти.Дајбоже да ми се падне нешто што сакам хаха.
    Ако ми се падне географија втор,жими се ќе играм пајдушко сред школо од што ќе се израдувам :rofl:
     
  7. Gragjansko

    Gragjansko Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    Одговори на прашањата од екстерно

    што мислите, дали со нгде 5 грешки може да се добиа 5тка? :^)
     
  8. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Одговори на прашањата од екстерно

    ^Знам дека петката е од 25-30 поени. Значи и да имаш 25, ќе имаш пак петка.
     
    На Gragjansko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.992
    Пол:
    Женски
    Истите ли беа прашањата? Стварно се загрижив сега. :worried:
     
  10. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Истите прашања беа барем кај мене. :D
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    62
    Ако можеш да ми ги напишеш тука или во лп некои од прашајната :)
     
  12. LudaDevojka

    LudaDevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    62
    Јас утре сум по граганско викаат лесно било,се надевам и мене ке ми биде лесно :D инаку цело одд паднавме на ист датум :D 4 и 10 баш 10-ти ;(
     
  13. Gragjansko

    Gragjansko Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    Одговори на прашањата од екстерно

    некој што беше француски на екстерно..лесно ли му беше?
     
  14. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Денес полагам :?:
    Уф,држете среќа! :rofl: :l:
     
  15. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Дали некој ги има одговорите по Физика за прва година средно стручно образованиее..Ве молам за помошшш!!! ;( ;( :sweat: :sweat: :worried: :worried:
     
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.009
    Допаѓања:
    12.356
    Пол:
    Женски
    Значи да кажам нешто.Без паника :!:
    Баш бев да полагам понеделникот, и гледам сите испаничени :?:
    Се ствара едно многу незгодна ситуација,разбирам на сите ни е страв (што е нормално),но не се потресувајте толку.Стварно се ствара напната ситуација.
    :!: Не дозволувајте стравот да ве спречи и да ве фати трема.

    Среќно на оние кои полагаат :hai:
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.992
    Пол:
    Женски
    Еве јас како прва од четврти да си кажам дека моминав добро. :D
    Баш како што очекував, неколку прашања за кои не сум сигурна, а другите лесни.
    Инаку, кај мене не беа сменети прашањата. :)

    Ја имав најглупавата тестаторка. :D Со другарка ми се погодивме во иста училница, и седнавме една до друга, ама на претпоследната клупа, а најслабиот ученик седна точно зад мене (и тој е биологија) :envy:
    И јас почнав да се бунам оти ќе препишува, зашто стварно јас 3 дена прснав од учење, а овој уживаше, и сега на готово.
    Тестаторкава почна да прашува кој колкава оценка има. Јас викам: Јас имам петка тој двојка. Викам сега на готово ќе си препише.
    И оваа кермидата вика а ти за кого учиш, за оценка или за тебе, или за тој да не препише? Викам: јас учев што учев, ама овој се ќе препише и ќе добие поголема оценка.
    Можеби вака изгледа чудно што се будам, ама само да го знаете, каков глупак е, и јас да му дадам да препише. Е жалам ама нема!
    И одозгора плавушава ми вика: Па, нека извади поголема оценка, па што. :o Во тој миг како сакав да ја мавдам еден бокс. :|

    И арно тоа, јас место да се фокусирам на прашањата треба да кријам, будалава зад мене да не препише.
    И оваа плавушата отиде кај него, му кажа 5-6 прашања (не ја ни слушав) и си седна на место, а овој ѕенѕа од радост, му кажале. :rofl: И плавушава ми вика: А каква боја се леукопластите, знаеш ли? :o
    Сериозно, и јас и плескам: Знам, ама не кажувам. ; Ај само едно! ; Како не, и викам, нему ќе му кажувам. И прчлава вика: Пиши зелени :rofl:
    Јас се воздржав да не се насмеам. Па од општа култура, мајка му стара. :|
    После некое време оваа ми дреме над глава и ми ги кажува одговорените прашања. [​IMG]

    На крај кога излегов, кецашот усран од радост, му кажале 6 прашања. [​IMG]
    До душа, тестаторкава ако не знае каква боја се леукопластите, не верувам дека и другите што му ги кажала и’ се точни.
    Ама дефинитивно ме замрази. И јас неа. [​IMG]

    Се’ на се’, арно беше. Сеа да земам да ги проверам.. ии.. ако има некој официјална бодовна скала, ве молам ставете ја. [​IMG]
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Луѓе пишав и во темата за одговори..
    Македонски за 1 година? Некој,било кој?
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.378
    Пол:
    Женски
    Денеска паднал системот. :D
     
  20. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Еее јас вчера полагав географија.
    Абе пола саат системот не работеше :devil: , не сакаше да не најави и ја си викам уф супер ќе помине времето.

    Каква среќа!Наставникот што ми предава географија беше тестатор во просторијата каде полагав :rofl:
    Абе све решив и овој ми иде и кога почна од почеток од 1 до 30 прашање сите ми ги провери.
    Имав 5 грешни, и овој зема сите точни ми ги кажа :rofl: !!
    Значи легенда наставник многу си го сакам :D :D