Ај сега и јас да се пофалам Полагав денеска и се помина супер иако пола саат чекавме пред компјутерите пред да можеме да почнеме, ама само што почнавме луге изрешив се а првата минута уште ме беше изминала. Сигурно ми е петка ама имам 2 или 3 грешки, ама 5 грешки никако немам и многу сум срекнааааа Инаку моите прашања не беа сменети но на една другарка математика 70% не и биле од сајтот, значи зависи изгледа за кој предмет. Ајде сега со Господ напред да ми се погоди и вториот предмет.
денес математика полагав,не беше воопшто лесно.Сакав само да прашам која е вистинската скала на оценување? некои викаат ако направиш под а се имаш 2ка ,некои дека 15точни имаш двојка (дека нели 50% од матријалот) а еве тука гледам дека пишува за 7точни 2ка ве молам кажете ми..
Јас полагав првиот предмет и морам да ви кажам дека супер поминав,ептен беше лесно Прашањата беа сите оние што беа објавени на интеренет Лесно прелесно беше. Инаку со 5 згрешени може да имам 5ка?
На нас ни рекоа вака: 0-7 е кец 8-12 двојка 13-18 тројка 19-23 четворка 24-30 петка Не знам колку се точни ама тука некаде би требало да биде скалата
Jaс утре математика полагам, wish me luck луѓенца. Се надевам сите задачи ќе бидат познати... Патем, со среќа и на сите други што полагаат.
Ајдеее и јас вториов предмет да го откачам утрее и да се збогувам со школово. Септември малце полабаво па за матуричка да се спремамеее ајдеееее
Екстерно тестирање- моментот кога твоите препишувачки способности доаѓаат до израз почна распустот конечно
Е па годинава ми се погодија предметите, полагав латински и англиски и сигурно ќе имам 5ки. Прелесни беа прашањата!