дали некој досега има полагано граѓанско за деветолетка? да ми каже какви се прашањата , дали се истите и што е потешко ?
Се цитирам самата, го забележав мислењето од пред една година кое го имав напишано. Последната реченица... стана реалност...
Ајде држете среќа за утре физика полагам, а и ми треба за нешто друго среќа, но тоа ќе остане тајна, битно вие држете среќа. Со среќа нека ни е на сите што полагаме утре, со Госпо(д) напред се ќе биде у ред.
Ти држам среќа Дрим, и ти мене. Држи ми среќа да ја најдам наставничката барем 10 минути пред да полагам... За друго не се секирам.
Богами и мене држете ми среќа,полагам математика. Само нека ми се погодат добри тестатори другото не е битно.
Ех, стари времиња... Минатата година за време на екстерните тестови(кога се уште не бев зачленета овде) ја читав темава. Екстерните тестови се глупа работа. Но, изгледа нашата исфрустрирана власт има потреба да тестира се живо. А зошто нив некој не го тестира? За да тестираат некого, мора да бидеме сигурни дека тие се здрави, нели? И сега цел успех од учебната година не важи. Наместо тоа, се заменува со тест на заокружување со прашања кои дури си имаат малку врска со материјалот. Едукативниот систем ни е... , како бонбонче. Лани ми се падна историја и биологија. За биологијата скокав од радост(врз креветот), но кога слушнав дека вториот предмет е историја веднаш ми се стемни и заврши скокањето. Од тоа се плашев. Не сакав да учам 2894724 датуми и имиња на памет. Историја имаше многу прашања од лекции кои ние не ги работевме, па ги испогрешив. Биологија, како што очекував, беше премногу лесно. Го решив тестот за 5 минути. Потоа дремев уште 10-ина, па наставникот реши да ме избрка за да не правам гужва. На крај историја ми беше 4, а биологија 5. За историја и прашањата кои не беа од материјалот испративме приговор, па и оценката по историја стана 5. Оваа година ми се падна математика и географија. Баш од географија се плашев. Важно, математика ми се погоди. Математика само еднаш ги поминав прашањата, и тоа на зафрканција. На тестот одлично поминав, очекувам 5. За географијата малку се намачив со прашањата, морав неколку пати да ги минувам. Но сепак и таму супер поминав. Би требало и двете да ми се петки.
^^ Вафли што полагаше ти? Инаку и јас поминав одлично! Ја најдов наставничката, ја прашав тие прашања што не ги знаев, после на тестирањето тестатор ми беше класниот и една друга по германски. Не кажуваа ама не ми требаше. Не беа сменети прашањата и беше ептен лесно. Овојпат едно влегување, со другарка ми седнавме на последната клупа, и фала богу моронот од претходното тестирање не седеше зад мене. Пак бевме исти предмети. Ептен беа лесни прашањата, сите беа од дадените (по стоти пат кажувам )... Само за 2 не бев сигурна. Ама наставничката влезе и ми ги провери, и од тие две едното ми било грешка, а другото точно. Се’ на се’, беше одлично! Фрииидоооооом!
И јас искрено да ви кажам супер поминав..во Понеделникот полагав Физика А наставниците кои не надгледуваа во училницата беа и двата по Физичко Ама сепак екстерниот тест по Физика беше полесен од колку што мислев А во четвртокот полагав по Англиски (мојот омилен предмет )и поминав супер..само имаше едно глупаво прашање и за него не сум сигурна.. Ама како и да е супер беше И јас конечно можам да кажам дека сум СЛОБОДНАААА!!! Сега уште полуматурата ии конечно распуст
Епа и јас супер поминав. Лесно беше. И вториов пат добри тестатори се паднаа Полагав македонски и биологија. А лани македонски и информатика. Лани на двата имав петка. Да се надевам и годинава
Јас полагав историја и 5 не ми се точни ама од тие 5, две имаше кои не беа од материјалот. Сега ако имам четворка, како можам да испратам приговор за прашањата?
Јас завршив,се распуштив. Денеска бев македонски,прелесни беа. Се на се` оваа година со екстерново супер поминав.
И јас конечно завршииив Денеск полагав историја, тестаторот катастрофа бе, се ни зема, ама за среќа ми дојде професорката и ми одговори на 2-3 кои не ми беа јасни и мислам 5 ќе имам Од денес јас сум официјално распуштена