И мене ме интересира кога ќе бидат објавени резултатите за останатите, посебно за средношколците? Лани беа околу 21/22 Јуни, предпоставувам дека и оваа година ќе биде исто.
Во моето училиште резултатите се објавени . Пред малку бев таму и ги видов резултатите . И македонски и географија имам петка . Сега конечно ги завршив сите мои обврски во врска со учењето се до септември .
^Само за полуматурантите се дадени резултатите.На огласна табла на училиште П.С. Да се пофала. Географија 5,Биологија 5
Еве ја официјалната табела за оценување на екстерно 7-10 бодови = 2 ; 11-18 бодови = 3 ; 19-22 бодови = 4 ; 23-30 бодови = 5
Од каде ти е оваа информација ? Прашувам онака чисто, дали е дојдена од извор на кој може да му се верува. Кај нас некои наставници викаат од 23-30 било 5ка, некои од 25-30 било 5ка, некои од 27-30, сите различно и да не знаеш на кого да веруваш. А, ако е вака како што кажуваш, многу малку разлика има помеѓу 5 и 4.