Како бомба одекна веста за предлог-законот за екстерно тестирање на студентите од сите факултети при државните и приватните универзитети. Имено според овој предлог-закон секој студент после втора и после четврта година ќе треба да полага тест кој ќе содржи прашања од сите предмети. Доколку студентот го не го положи тестот нема право на понатамошно студирање или да дипломира(ако го падни тестот после четврта година). Исто така овој закон предвидува укинување на квотите за странски државјани, што би придонело на покачување на школарините на другите квоти. Кое е вашето мислење за предлог законов кои се причините за истиот, кои се лошите страни, а кои се добрите страни? Дали е демократски некој да ниго ускратува правото на студирање? Дали се свесни колкава би била тежината и комплексноста на еден таков тест? Дали можете да замислите како би изгледал еден таков тест од техничките факултети или од медицински факултет и колку би било исто така тешко изводливо да се положи на било кој од останатите факултети како правен, филозофски, економски итн итн. Дали прашањата ќе бидат двосмислени и со грешни одговори како тие на екстерното тестирање за средношколците? Зошто не го тестираат квалитетот и знаењето на дипломираните со проектот 40+? Луѓето над 40 години заслужуваат повеќе диплома од младите луѓе? Кој ќе им ги врати парите за кирии, сметки , школарина на родителите кои ги инвестирале во студирањето на нивното дете? Дали се свесни каков стрес е тоа за еден студент? Дали се уште не научија дека не се прави проверка на знаење со еден тест? Дали знаат дека со ова уште толку ќе си ја избркаат младината од државата? http://www.time.mk/c/2da9537c32/ekstern ... -fela.html
Ах бреее, абе во оваа напатена државичка од никогаш не се знаело кој пие а кој плаќа, ама па како минува времето лудилото ескалира до степен на неподносливост. Се е хаос, а образованието ... немам коментар за тој ресор буквално. Значи го испорасипаа комплетно од почеток - од основните одделенија па се до универзитети и за жал имаме само неписмена младина и Н-И-Ш-Т-О друго! Кој ги тераше бре ''владетелите'' да укинуваат приемен испит на факултет, да воведуваат не знам ти какви не програми на оценување, на полагање на испити и во секое село да се отвараат факултети кај што нема ќорав професор, доаѓа еднаш во два месеци, а студентите ''полагаат'' на препис оти не ги чува тој што треба, туку тетката од студентски прашања на пример. ДА даааа, баш така. Се произведе само квантитет на високообразован кадар, а квалитет 0 (со чест на исклучоци нели). И сега, ајдееее може се освестија (???), па им истекна оваа НОВИНА. Луѓе, вратете ги приемните испити на факултет, вратете го стариот систем на полагање, да се знае бре како се полага, а не дипломиран студент да не знае да раскажува оти полагал на заокружување 4ри години. Тогаш кога некој ќе заврши откако полагал ИСПИТИ од 400 стр. , а не колоквиумчиња од 40тина стр. и тоа на заокружување, е тогаш ќе биде веќе подруго и нема да има потреба да се изведуваат бесни кривини од типот на екстерни тестирања и незнамтикакви уште не нелогичности. Вака, се додека 95-98% од средношколците се запишуваат на студии без никакви рестрикции кој тоа ќе влезе на факултет, а кој не, се е џабе. Направија од факултетите пазари и ај сеа удрете. Срамота!
Се согласувам со горното мислење, ама зошто да тоа да плаќаат и студентите од медицински и техничките факулети при УКИМ, каде критериумите се се уште на прилично високо ниво и полаѓањето на нив е далеку од тоа опишаното на претходниот пост. Уште едно прашање дали и какви последици ќе сносат професорите после овие тестови? Исто така и јас лично се согласувам за враќање на приемните испити. Или намалување на квотите и тотална проверка на валидноста на матурата, ако веќе не сакаат да спроведат приемен испит. Зошто дури сега еден откако еден куп луѓе кои на старост дипломираа(студирањето им беше бесплатно со пректот за луѓе над 40 години) и ги вработија во државни институции им текна да прават вакви тестирања на 20 и нешто годишните? Дали се свесни какви последици ќе предизвикаат со тие стресови и притисоци врз тие млади луѓе од 18-24 години кои и така едвај застануваат на нозе? Толку ли сакаат идната на државата да биде во рацете на психички поболени млади луѓе? Еве едно од мислењата на родителите http://www.dokaz.mk/nema-veke-po-shto-p ... tudentite/.
И јас се сложувам за тоа дека медицинските и техничките факултети при УКИМ се држат добро сеуште, ама претпоставувам дека би настанал општ хаос да ги искулчат нив од тестирање, а техничките при УГД не, а тие според мене и те како се далеку од технички и тежината која што би требало да ја има еден таков факултет. Така што, секако би се јавиле несогласувања од студентите на овие факултети при различните универзитети, а на тие што го измислиле тестирањето не им треба тоа. За возрасните што дипломираа со тој проект не знам што да искоментирам, има и негативни и позитивни страни(еве да речеме остварување на младешки сон којшто тогаш од Х причини го запоставиле)... Во државните институции има и вишисти кои што си седат удобно во столчињата и си земаат поголема плата (оти имаат стаж!) и од нововработените со високо образование, така да помалото од двете зла е дека барем овие возрасни луѓе со проектот БАРЕМ завршиле високо, зошто бесплатно не знам, како да имавме дефицит во државава од факултетски образовани луѓе , па нив ги пуштија без пари да завршат а младите нека просат од дома и нека ги цедат до последен денар родителите. За притисоците и за тоа што тие донесуваат како последица на психата на младите луѓе кои треба да се ИДНИНАТА на земјава (ако има иднина) можам само да кажам WHO CARES! Третирани сме како стока во сопствената земја и таа е реалноста. Па ај да речеш да ти се исплати стресот што ќе го сносиш и да знаеш после дека ќе најдеш работа достојна, без да му се молиш на некој неписмен вмровец а тој да се прчи и да ти треска врата пред нос и да биде недостУпан у секое време, ама жалното е што гротото знаеме дека и по сите стресови и сите тестирања стари и новоизмислени, дипломата ќе ни дреме дома, а ние чат-пат ќе си ја погледнуваме чисто да не остане онака ептен заборавена, оти друг некој тешко дека ќе ја погледне.
Ова екстерново за студенти верувам дека многу малку би положиле ако стават материјал од сите години. Посебно на техничките факултети. Ако сакаат да не "изретчат", ако сакаат да ги издвојат квалитетните студенти може да ги стегнат критериумите (иако има доста професори кои уште се држат, не дозволуваат така лесно да се положи), да не може еден предмет да се полага по сто пати и слично. Мислам дека дефинитивно треба да се вратат приемните испити на факултет. Али си способен да учиш, али не си. Не може таму некоја од медицината да дојде на информатика и да не знае колку е 3x-2x. Не се сите такви, ама треба да има некој приемен, конкретно за кај нас еве, по математика. Се согласувам со Еми, во тоа дека треба да се воведе драстична промена во спроведувањето на испитите и колоквиумите. Имав професорка кај која што колоквиумот содржеше 15 прашања и 5 задачи. Мислам, не може математика да се отценува на заокружување. Некој може и на среќа ќе заокружи (како слепа кокошка, знаеше да каже еден професор, кај и да е нешто ќе најде) , ќе препише ама ела препиши цела задача ако не ја знаеш барем постапката на решавање. Јас имам колеги што не знаат две реченици да сврзат, што практично се неписмени и затоа го одобрувам усното полагање на испити.
Прво нека понудат подобро образование и пракса пред се, бидејќи со набубан материјал колку пати да е полаган ништо без пракса, подобро е приемен испит ако сакаат капацитет, ама џабе е се во државава кога се со врски се прави, дури ни медицина факултетот не е тоа што бил...
Перење пари.. Честитки за министерот. Некој милион повеќе во џеб. Срам да му е. Толку од мене како револтирана студентка
Mи се повраќа од се што постои во држата. Катастрофа сме, брука. И да, повеќе не ме чуди ништо, ама баш ништо.
Несмееме ние студентите да го дозволиме ова екстерно тестирање. Па никој несмее да ни забрани да студираме, ако не помиеш испит нема диплома.. ова е глупост Право на образование е основно човечко право... а ако не поминеме испит нема повеќе студирање??!! Тука се крши основното човеково право.
Екстерно тестирање за студентите - чиста глупост!!! И тоа во втора и четврта година? Па нели сега има и студии 3+2? Мислам дека и екстерното тестирање на основците и средношколците е глупост, наводно се проверувала реалноста на оценувањето на професорите! Па, има ли казнети професори? Мислам дека НЕМА!!! Казнети се само учениците - имаат стрес секој јуни пред крај на учебната година, а и понизок успех ако случајно добиле една пониска оценка од реалната која што цела година ја имале!!! А, пак државната матура!!? Уште една глупост во нашето образование - математика задолжително ќе се полага!!! А, сите знаеме дека години наназад на математика најмногу се паѓа на матура - паднаа и деца кои сами ја избрале за полагање!!! А замислете што ќе се случи кога ќе ја полагаат сите деца - најверојатно 70-80% од матурантите нема да положат!!! Затоа под итно одговорните лица во Министерството за образование, професорите и сите останати што се занимаваат со ОБРАЗОВАНИЕТО во Р. Македонија, да ги преиспитаат своите замисли и решенија за: 1. Екстерното тестирање на студентите 2. Екстерното тестирање на основците и средношколците 3. Математика - како дел од државната матура!!!
Будалска работа! Не бе не се саглам,кај им плаќам па уште и сега ќе се занасаат..... екстерни тестирањааа,алоо?! ццц, па то све треба да се убиеее. У пи*ку матер све отишло у неповрат брее
Ноу комент.... ...па затоа после се чудат зошто одат младите во странство.. Ќе парафразирам еден колега: Предлог закон: Да не пуштаат будали во влада.
Системов образовен отишол во неповрат. Државата исто така. Денеска најпаметно со 8мо да си останеш... Или УПС средното беше задолжително. И демек со екстерново ќе добиеме супер остручени кадри. По отварањето во секое градче факултет и фактот што секој може да си купи диплома или да ја заработи со учење од 50 страни (ова не важи за УКИМ) се знае кое знаење може да го имаат дипломциве. Место глупости од ваков тип нека воведат приемни испити на факултетиве, нека го укинат полагањето со заокружување и нека ги преиспитаат програмиве. Мислам зошто луѓето да учат книги од 600 страни ако подоцна од тие 600 ниту 6 не им требаат...
Како што со пустиов медицински (на УКИМ) ни бел ден ни викенд не гледам, уште ова ми фалеше вчера што го чув и нели дамла сега не ме мавна не знам кога и од што... Не знам колку сте вие другите запознаени со ова, ама дозволете да ве известам. Ние, гревчињата од општа медицина, на крај на втора година треба да полагаме испит подготвен од страна на тим лекари од Лекарска Комора, и плус сега ова, со прашања од сите предмети од прва и втора, и ако не положиме едно од нив оп - отидоа две години и мал рид пари јабана - не можеш да се запишеш во трета. Да не зборувам за полагањето после четврта, тоа некако многу далеку се гледа... А на страна и тоа што не гледам каде би ги убутале сиве овие дополнителни тестирања, кога секој месец имаме колоквиумска, на шест месеци испитна сесија. Ама не, ОК е, може ако сакаат и да си плаќаме ние за да полагаме, и онака изгледа имаме премногу и време, и енергија, и живци, и финансии, па да не се улегачиме многу...
Јас пак ке кажам не се толку проблемите во полагањето на прашања или што ти ја знам колку што е никнувањето на факултети на секој чекор и ги завршува и ќоро и сакато. На Правен конкретно само неколку години беше тој ЕКТС систем со полагање писмено,сега пак го вратија усменото и е 100 пати потешко од порано бидејки полагаат квалификациони па усмен испит па после оцена.А тука не го ставам теророт со есеите за кои сме учеле многу повеке отколку за испит што сме учеле.Така не е точно дека не се стекнува знаење ако прашањата на испит ти биле на заокружување ,знаеле да дадат многу заебанки прашања па да треба да ги мозгаш ко небаре испит за во НАСА полагаш. Како што кажав најголемиот проблем се факултетите низ Македонијава без разлика дали приватни или државни,каде студентите не знаат што предмет полагаат а сите имаат положено.Професорите не се појавуаат а само пред сесија прашања им оставаат за да не замараат со нив .Ова го слушнав од студенти од Штипскиот каде нас тука напатените од УКИМ во Скопје ни се потсмеваа како се потиме за една 6ка а они на лепи очи ги зимале . И утре тој 2 реда муабет нема да знае да направи ама ке биде дипломиран правник,економист или што годе и ке се вработи а тој што со ноќи не спиел над книгата ке дреме дома без работа. Уште еден искличително голем проблем во образованието се Штулов и Тетовски универзитет каде албанците буквално без да се појават на полагање зимаат оцени бидејки пола од професорите им се родбина или пријател на некоја нивна родбина.И ова не е муабет на памет,шнајдерот мој сам ми го има кажано. До вчера беше без никаква амбиција за високо образование сосема задоволен од неговата работа како маалски шнајдер,денес пред дипломирање на Правен на Тетовскиот Универзитет. Кога разговарам со него пола не знае какви предмети опфаќа факултетот и самиот си признава дека чичко му е професор и он му ги средува сите оцени. Да не зборам за јазичната бариера која што постои и 90 посто од тие предмети не знаат на македонски да им го кажат насловот а не па утре со тоа знаење странка да претставува негде. Ама битно со амбиција е да се вработи во државна администрација ( повторно како што сам кажува чичковците ке средат да ме примат на работа) и ќе си дреме и ке си прави клати врата зимај плата.А повторно оние напатените без чичковци и без врски што се треселе пред секој испит и го полагале и по неколку пати ке дремат дома без работа и живи ке се јадосуваат. Ете за таквите треба екстерно тестирање,ама саглам тестирање а не пак со врски и со снаогања па да видиме дали тие високо образовани кадри од малцинството се навистина високо образовани или не знаат една реченица да сврзат од неписменоќа.Ама како и се друго во државава долку испадне оваа работа пак ке си пати обичниот студент и ке пага на испити, и ке биде бркан од факултет а тие со дебела позадина ке се снајдат и ке има кој да ги прогура низ животот па и низ образованието.
Не сакам да бидам сфатена како некоја дискриминаторски настроена Баба Рога, ама екстерново треба да важи за сите универзитети освен тие при УКИМ. Оти сите знаеме колку се „убиваат“ од учење за една 6ка на другите универзитети, а за на УКИМ важи тешки ти положи оцена не е битна ,освен ако не земаш стипендија. Исто така мислам дека треба да направат тестирање на СИТЕ кои завршиле факултет во последниве 7- 8 години на тетовскиот и штипскиот, па и битолскиот универзитет. Бидејќи знаеме гледам колку ги фалите сите дисперзираните студии во претходниве постови. Како и знаењето како што имаше некоја претходно спомнато на дипломираните со 40+ проектот. Ги собраа од по ниви ги вработија па дури и магистри ги направија, а овде ем младината бега од државата , сега ако се спроведи ова тестирање уште после средно ќе си заминуваат. Цела политика им е обратна. Старите што одвај прехрануваат 2 деца да роделе 3то дете. Луѓе што си знаеа каде им е местото, општи работници, чистачи, магационери и што друго знам ги направија доктори на науки и магистри. Па и секој втор од младите кој не може да најде работа е на магистерски. Наместо да им дадат на младите работни места, квалитетно образование, убави плати отколку на некои намуртени караконџолки, да си создадат семејства да останат во земјава, тие студирањето со сила ќе им го крателе . Со сила си ги бркаат идните плаќачи на данок и полначи на буџетот и подигнувачи на наталитетот. Свесни се тие дека Скопје од студентите живее? Имаат статистика колку скопјани, па и штипјани и битолчани живеат од кириите кои им ги плаќаат студентите? Како планираат да им ги исплатат оние 1000 евра плата на професорите, кога сигурно барем 2 третини од студентите нема да го положат испитот? Имаат ли проверено колкав процент од државниот буџет го полнат студентите со нивните школарини и што уште не? Очигледно не. И помили им се пензионерите кои се со испрани мозоци од социјализмот и мислат дека се уште живеат во социјализмот, отколку младите, оти нели пензионерите се иднината. Од што се големи патриоти најголеми привилегии им дадоа на оние (Господ да ми прости и сите останти) што се со една нога в земја, отколку на 20 и нешто годишните.
Се согласувам од збор до збор. Јас мислам дека нема да се реализира, ама сепак и самата помисла ме нервира. Се им дадоа на пензионерине веќе стварно, и јас стално викам ние како млади луѓе и како иднина на оваа скапана држава (барем ние што ќе останеме) немаме никакви привилегии, место да не чуваат како капка на дланка. Зашто бе 80-годишна баба да се вози во автобус беспари што цела пензија ја чува стисната под перница, а јас како 20-годишна невработена студентка што ги цедам родителите а имам еден куп трошоци, да си плаќам слободна? А? А?? Ова е само една од работите кои ме револтираат, а свесна сум дека отидов оф топик. И пак ќе кажам се согласувам со се што кажа. Не е фер ова, се знае дека со заебанција не се завршува факултет, не е ова средно. Што мајката било потребно екстерно?? Па и да сакам без учење нема еден испит да положам. Зар треба некаков доказ за тоа? Бог да чува и да брани од државава, само тоа ќе кажам.
А едно не ми е јасно како му е измислена оваа работа за екстерново на овие од владава кога дел од нив самите ке се тестираат бидејќи голем дел од нив се професори на некој факултетет како на пример на Правниот при уким ? Нели се осеќаат навредено и каде им е достоинството дека се др-проф. или нешто повеке ? Нели тешко им е да стават 10ки на студентите мислејќи дека никој студент не може повеќе од нив да знае ? До тука ли беше нивното преценување... Навистина немам коментар.Доволно кажав ..........
Еве и некоја група на фб против екстерно тестирање на студентите https://www.facebook.com/pages/Не-за-државни-испити-за-студентите
Епа време е да се свестат студентите и да реагираат веќе еднаш, во сите модерни држави студентите се најгласни, а нашиве трпат и ќутат. Точно е дека сега студирањето е далеку од квалитетот што го имаше порано, но КОЈ Е КРИВ ЗА ТОА???? факултет во секој град...образованието е наука-образованието е сила, оваа година се запишани 97% од матурантите на факулет, ако не се лажам сето тоа беа скапи реклами платени со наши пари....значи сега пак, оп....не требало сите запишани да завршат....и молим те синоќа слушам на ТВ министерот за образование, ако образованието се подобрило по својот квалитет, младите полесно ќе наоѓале работа....ееееј деца...значи не е до немање работни места и до партиска книшка туку не ви чини образованието, е сега со државниот испит тие ќе кажат кому му чини кому не??????????? А бе има толку други критериуми како до поквалитетно образование, зарем не им е доволно под каков стрес ги ставаат младите, зарем не гледат што ни се случува со младите....критериум треба тестирања при вработување а не на сред студирање, критериум треба за прием на број на студенти, а не прими ги 2 год. па кастри ги....критериум треба во бодирање на ранг на факултети...оние матуранти што сакаат да постигнат нешто и те како бираат построги и со реноме факултети....критериуми треба на професорите....каков квалитет даваат на студентите....и на крај пракса....многу пракса треба да се воведе во текот на самото студирање....во многу земји 2-3 дена во текот на неделата е практична настава....а не заокружување на тестови.... СТУДЕНТИТЕ НЕ ТРЕБА ДА ДОЗВОЛАТ ДА ПРОДОЛЖИ ОВАА ЛАКРДИЈА...