Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. (mooning)
    [​IMG]
     
    На Sm1ley, makedonkamak и Valerin им се допаѓа ова.
  2. Ale1

    Ale1 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Сега па заземаа нов став као демек бољи од оној претходниот.
    Демек немало да не тестираат нас, кои веќе сме започнале со студии, туку идните генерации.
    Тешки глупости се тоа, на кубен! Ама и средношколциве се од една страна криви. Покрени иницијатива бре братко, организирај се убаво, па да видиме кој што ви може. Вака само седат како утки и ништо не преземаат. Ќе ги видиш само тука по форуми колку се гласни, а кога треба никаде ги нема.
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    ^Ух, добро е, сега сите незасегнати, сите останати студенти може да си кулираат, нема потреба веќе да се мачат штом не ги фаќа. Нека патат другите!
     
    На srcence1607, lunicka, specificone и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сега нека почнат да протеситраат ие што ќе во 2015 треба да се запишат на факултет :D
    Ахх бе златен приемен, ама па така кој ќе го полни буџетот, многу дилеми се во прашање...
     
    На Marossa и makedonkamak им се допаѓа ова.
  7. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ок, не мора екстерно ама мора таквите примери како што ги кажавме, или баш од таквите треба малку да бидат построги работите.

    Исто паметам и во средно образование. Истиот пример, ке научат лекција на памет, цело време бегаат од часови дојде време за испитување и ке раскажат сето тоа што го набубале и оп петки.. Утре наместо на државен факултет одаат на приватен затоа што знаат дека таму се гледа низ прсти. Епа доста беше...
    Мене лично ми е понижување да имам иста оценка со некој што нема врска од она што го учи а јас знам повеќе..
    Имав еден пример кај мене на факултет, прашува професорката кој ке прочита домашната, и погоди еден што рече на сиот глас дека не знае да чита. Епа брат зошто си се запишал?
    Едно време на факултет одеа одличните и оние кои имаа добри оценки.. Сега, сега се е испомешано.

    Имав еден професор во гимназија кој сите ученици го сакаа еднаш ни даде еден добар пример: Одиш со некој глупак на факултет.. Утре двајцата завршувате, тој се вработува, ти седиш дома...Утре одиш во државна институција за да тој неписмениот да ти заврши работа и секој ден те заебава... Е од таквите си патиме.
    Нешто мора да се направи. Мора! Вака не иде.
     
  8. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Немојте да им попуштате студенти, значи вие се борите воопшто да нема екстерно а не да ве замајуват "нема да важи за вас"...колку бедно од владата....организирајте пак протест со тоа што ќе ги повикате и средношколците и професорите....преку овој протест всушност ќе им дадете на знаење дека "претераа веќе во се", нека размислат малку овие "горе"......
     
    На zarah, eliesaab, specificone и 3 други им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР КАСТРИОТ МИФТАРАЈ

    МИНИСТЕРОТ АДЕМИ НЕ СЕ ИЗЈАСНУВА ДАЛИ ЈА КУПИЛ ДИПЛОМАТА ВО ТИРАНА

    "Не го познавам човекот. Тоа е најголема глупост. Нема да се изјаснам за таа тема", одговори министерот Адеми во телефонска порака на прашањето на "Вест" дали е точно дека ја купил дипломата за инжинер по металургија

    Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми нема да се изјасни за тврдењето на албанскиот политички аналитичар Кастриот Мифтарај дека тој си ја купил универзитетската диплома во Тирана. Мифтарај во неговата колумна тврди дека македонскиот министер за образование во 1996 година ја купил дипломата за инженер по металургија.

    [​IMG]

    Целиот текст е објавен во печатеното и електронското издание на Вест.
     
    На Sm1ley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мифтарај: Господине Ахмети, дипломата на Адеми не само што е фалсификувана, туку е и лошо фалсификувана


    Албанскиот политички аналитичар од Тирана Кастриот Мифтарај, со отворено писмо му се обраќа на претседателот на ДУИ околу, како што вели, фалсификувањето на дипломата на министерот за образование од неговата партија, Абдилаќим Адеми.

    [​IMG]


    Кастриот Мифтарај, политички аналитичар од Албанија


    Либертас ви пренесува превод на дел од писмото, односно поентата на истото, објавено во весникот на албански јазик Лајм.

    „Имајќи го предвид фактот што многу медиуми од Македонија ми се јавуваа овие денови, решив да се обратам на јавноста и на Ахмети директно” пишува Мифтарај.

    „Господине Ахмети, дипломата на Адеми не само што е фалсификувана, туку е и лошо фалсификувана. Господинот Адеми самиот не му верувал на документот, па затоа во својата биографија како пратеник на сајтот на парламентот тој не дава детали за своето образование“, пишува меѓу другото Мифтарај.

    „Адеми треба да даде оставка, господине Ахмети! Вие треба да го барате тоа од него, бидејќи и Вие имате одговорност инсталирајќи интелектуален барбаризам меѓу вашите редови, заклучува Мифтарај.

    Писмото во целост на албански јазик можете да го прочитате на порталот на Лајм на следниот линк.

    Откако Либертас вчера не доби никаков одговор од Адеми на ова прашање, денеска тој одговорил кратко за весникот Вест, со изјава од која ништо не може да се разбере, односно во која го нема одговорот на прашањето, дали ја купил својата диплома.

    „Не го познавам човекот. Тоа е најголема глупост. Нема да се изјаснам за таа тема”, одговори министерот Адеми во телефонска порака на прашањето на „Вест” дали е точно дека ја купил дипломата за инжинер по металургија.


    [​IMG]



    Министерот Адеми деновиве е актуелен поради неговите контроверзни изјави против протестот на студентите, а во однос на најавите за воведување на екстерно тестирање во високото образование, нешто што го подготвува токму министерството со кое тој раководи.

     
    На Sm1ley, Valerin и sanjaeva им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    KOLKU DA SE ZNAE KOJ NI VODI DRZAVA I OBRAZOVANIE.
     
    На Viki693, Sm1ley и Valerin им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    132.661
    Oф леле...Некој че види напис и одма верува... Што се не ќе видам ;( Денеска сите на рекла казала веруваат, никој не бара факти.
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Цка уште пред да биде објавено ова, пишав за неговата диплома. Значи пред повеке од недела. Знам дека изгледа како медимски шлајм ама за овој човек, како и за Форина и уште некоии, знаеме уште од 2001 дека беа неписмени па зедоа фалс дипломи за да седнат во фотеља. Овој кољ албански незнае, а не па државен јазик и тој истиот ми млати слама за екстерно.
     
    На Daydream, Edie.S, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    А да беше за Бранко одма ќе скокнеше во напад....Од далеку се познавате веќе кој сте и како сте.
     
    На Emy867, sajonaramucaca, Sm1ley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Нема што, ваков превид беше очекуван. На ситни поенчиња да се игра и да се поентира кај порприлично глупава таргет група. Видоа дека сегашните студенти нема да потклекнат и се свртија кон идните кои и онака немаат поим што значи да се студира, да се полага испит, а да не зборувам за бирократските лавиринти на УКИМ.

    Видете, факт е дека постои екстерно во другите држави и факт е дека истото нема потреба да се објаснува зошто е потребно. Меѓутоа во тие држави имате и: средено здравство, ефикасна администрација, парични инвестирања во профитабилни проекти од парите собрани од данок, добра инфраструктура итн.
    Кај нас секогаш се почнува од шлагот и затоа никогаш нема да мрднеме и никогаш нема да заличиме на нешто што има ред и поредок, а најмалце здрава хиерархија.
    Во однос на купувањето дипломи, искрено не знам колку пати до сега станав магистер во разни области на луѓе што се најчесто деца на директорчиња и шефчиња, како и вработени во администрација. Еве јас лично, од прва рака го знам тоа дека е така. Обичните луѓе учат, полагаат и поминуваат со диплома стекната со труд. Другиве ќе се натоварат на буџет и онака неуки како што се или биле ќе дрват колку треба екстерно зошто истите ќе ги имаат прашањата, а „квалитетот“ од неквалитетниот кадар нема да биде намален.
     
    На zarah и Viki693 им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    По бедна изјава и по голема глупост до сега премиерот нема дадено.
    Уцвика ли?
    Ај дечки смирете се, па не ќе ве тестираме вас.
    Да го прогураме ние законов, вие шат ап, а новине нека му ја мислат.
    Не ли сватија дека се протестира против лудава деградирачка идеја?

    Сега очекувам дека и средношколците ќе рипнат, и основците, и родителите.
    Навистина доста беше!

    Овие денови државичкава ми е поубава, по жива.
    Гласот на студентите е движечка сила во секое општество.
    Всушност, на младите светот останува.
     
    На zarah, cheetah.girl, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.492
    Пол:
    Женски
    не знам дали ова беше иронично кажано, ама уште кога сенајави екстерното тестирање се знаеше дека нема да не "фати " нас кои веќе студираме, од причина што треба време да се донесе конечнта одлука и да се спроведе во пракса.
    Ама... И покрај тоа што се знаеше дека како и да е нема да се полага, се излезе и се протестираше. Затоа што утре ден нечиј брат сестра треба да се запише на факултет и да полага, или еве пример мои деца :)
    Според мене би требало и оние што се средно да се вклучат, ако не сите тогаш оние што се трета четврта година, доколку се воведе законот они се тие што ќе полагаат. Мило ми е што имаше професори кои излегоа и протестираа. Треба да се вклучат и останатите, како што кажаа погоре, и професори и родители.

    Како и да е се мислам дека без разлика на протестиве влдава ќе си го заврши започнатото. Протестирале или не, ќе има екстерно. Не за џабе толку напињаа да се запишуваат матурантите на факултет, ги спуштија критериумите, се запиша и тој што треба и тој што не треба. Се си беше однапред осмислено, и сега дојде ред тие пари што се дадени за студирање, да си останат во буџетот а за возврат студентите и нивните родители да останат со празни раце и џебови.

    Ако воведат приемен на факултетиве можете да претпоставите колку студенти ќе го положат и ќе се запишат а колку ќе се откажат од студирање? И така колку пари од партиципација и остали глупости ќе изгуби држжавава м?Зашто уште во старт да те елиминираат кога може да те цедат? Вака фино лепо плакаш 4, 5 години, па полагаш и ако паднеш екстерно па ќе си доплатиш уште година, две и така.
    Од некаде мора да се полни буџетот за сите оние споменици и фасади. Мислам поочигледна стратегија амин.

    Гледам по фб го прозиваат претседателот на студентски парламент. Зашто го прозиваат кога сами го избравме? Значи лично, моја другарка која патем дреме во штаб на вмро кај неа во населба ми рече абе заокружи таму за Кирил така ни рекоа од штаб, он ќе победи.
    Кога така му го дадоа таа место на претседател, преку партија, не може да излезе и да се изјасни против партијатакоја е заслужна што он е на таа функциј, ќе си ќути човекот. Поради тоа и го наместија за да биде претседател, да им биде марионетка а не да се залага за права на студенти.
    Али добро бе, затоа и ќе има обарзована нација во државава, а и таа што е образованата ќе гледа што побрзо да најде излез од државава, па Грујо нека си ја води земјава со пензионериве. Друго еве не знам што би можело да се случи...
     
    Последна измена: 21 ноември 2014
    На Viki693 и senza.parole им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Баш од прееска бев во мисла дали да пишам, во врска со образованието на дотичниов господин.
    Така да ,не знам дали станува збор за медиумска варка, но она што сигурно го забележав е дека човеков не знае да говори македонски јазик бидејќи акцентот му доминира, кој иако е неизбежен со оглед на неговата националност, сметам дека треба да припази кога зборува во јавност. Впрочем, користи и многу едноставна терминологија. Не дека треба да се расфрла, па да испадне во очите на јавноста квази-интелектуалец, ама сепак можеше и боље.
    Втора работа, контрадикторен е ако е ова вистина. Го подведува под прашање квалитетот на наставата во високото образование, автоматски побивајќи се себе си споменувајќи ги и т.н. негови меАнизми. (facepalm) (Кој го слушаше последното интервју каде ги исправа кривите дрини кои ги накрца ќе сфати зошто зборов го пишав вака).

    Нема да должам уште многу, сепак ужасно е ова што ни се случува. Се прави обид да се кршат устави ко од шала на штета на оние кои треба да бидат во најмала рака привилегирани.
    Битно драго ми е што успеавме да се сплотиме, се надевам дека ќе издржиме до крај за да докажеме дека ваков третман и нему сличните се сосем излишни.
     
    На zarah, senza.parole, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Студенти сегашни и идни. Не дозволувајте вакви глупости. Немој да дозволите некој да се поигрува со вас. Оние кои ќе го завршат факултетот поради мама и тато и со екстерно и без ќе го завршат, само вие ќе се мачите и нерви ке корнете и ред за на психолог ќе чекате. Не дозволувајте некој глупак да ве гази.
    Немојте вашето достоинство да го прегазите. Вие сте ИДНИНАТА. Вложете труд во знаењето, гледајте што повеќе да научите за тие 4 год и да излезете барем полуисмени за вашата струка, на кој сигурно ќе и фали практична работа и пракса. Доволно е маката што ве чека откако ќе ја земете дипломата, па не мора уште сега да скренувате со мозокот.
    Фала многу пријатно
     
    На eliesaab, Night Rider, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски

    А ти Цка веруваш без да видиш факти, исто му доаѓа, значи оваа изјава во написов фрла сомнеж, а одговорот на министерот уште поголем, а за најавените идеи за реформа да не зборувам......