Јас да ви кажам да не се лажете. Ист случај, значи буквало ист случај беше со воведувањето на матурата која јас бев 4та година. Протестиравме, па се смири топката демек тоа за од наредна година, за инди генерации бла бла и на крај пак ни ја лупнаа и си полагавме. Така да да не се застанува со протестирање, и не само студентите и нивните родители треба да излезат.
Целосно се согласувам Мимс,освен тоа колку од тие студенти имаат браќа,сестри,братучеди помали што сега се во средно или основно училиште и реално се премногу мали за да се организираат и борат за себе. Ова пробуваат да не фатат на класична финта,за нас нема,гајле ни е за другите. И дури и да нема за веќе запишаните студенти,наша должност е да испаднеме фер и веќе ако сме против да бидеме против до крај,а не да вртме глава ако не не засега директно.
Добро би било поддржувачите на ова тестирање да објаснат колку се подобрило основното и средното после воведувањето на екстерно. Ако одговорот е дека квалитетот е исти или оди во надолна линија, нека се замислат што тоа поддржуваат и за високото образование.
Се тргна надолу откога е воведено ектерното. Ако мислат дека децата почнаа редовно да учат откако го воведоа ектерното, се лажат. Децата пак учат кампањски пред полагање. Па и зошто да не. Кога колку и да учат професорите и наставничките ако е за 5ка ќе му стават 4ка, ако е за 4ка ќе му стават 3ка итн итн. Сите професори се стремат да пишуваат отприлика некоја средна оцена. Не им се ризикува, ама ни тоа не им е гаранција. Секој може под пртисок и стрес да се блокира да не го прочита убаво прашањето и сл. Исто така не знам кој прави проверка на прашањата. Прашањата ги внесуваат во системот студенти од ФИНКИ и други факултети за 4000 ден и потпис за пракса. Треба да внесат 300 прашања или 100 прашања во еден ден и тоа трае 20 работни дена. Кој после тоа ги проверува прањањата и дали некој воопшто ги проверува никој не знае. А студентот како студент може да е изморен, може да не е сконцентриран и тој е човек. На крајот на краиштата нема никакво подобрување освен казнети професори кои едвај им пишале двојки на некои тиквари кои не биле свртени на училиште, а со препишување или со бубање извадиле повисока оцена. Учениците се учат на бубање и усовршување во препишувањето. Исто така морам да напоменам дека матурата не е валидна. Кога јас полагав матура буквално и професор пуштаа со учениците кои мораа да одат во тоалет ама кога дојдов на факултет и си ги споделивме искуствата испадна дека во многу гимназии им било дозволено да препишуваат. Во некои гимназии дури посебна училница ги ставале да полагаат тие што морале да извадат 5ки по одредени предмети, оти ќе се запишувале или надвор од земјава на факултет или на медицина или на некој од техничкиве факултети па им требале високи оцени. После толку неправилности и очигледна невалидност на матурата и резултатите од екстерните тестирања единствен филтер се факултетите при УКИМ. Кој знае, има стекнато навика за редовно учење ќе полага на колоквиуми, ќе има просек ќе заврши на време, ќе се труди да оди на натпревари пракси и сл и полесно ќе си најде работа во приватниот сектор. Во приватниот сектор секогаш се цени и вреднува знаењето, никој не бара партиска книшка. И тие ако го спроведат екстерното тестирање и на факултет студентите нема веќе книга да фатат ќе учат само од прашањата за екстерно. Каква пракса, какво знаење најбитно ќе им биде да го положат екстерното, да не им испадне цел факултет промашена инвестиција. Место да измислуваат топла вода и глупости нека се посветат на накревање на универзитетите и општо квалитетот и пазарот во градовите во внатрешноста на Македонија кои полека полека умираат. Кога сите универзитети ќе се со приближен квалитет и навистина ќе има каде да работат младите, тогаш нема ни да има потреба од екстерно тестрање. Ама кога тие веќе немаат каде да вработат млади луѓе со незавидно знаење стекнато на УГД и УКЛО и немаат изгледи да се вработат во приватниот сектор па единствена шанса им е партиски да се вработат, треба да им е јасно дека тоа што посадиле тоа и ќе си жнеат и дека некои работи треба да се сменат или тие што ги собраа од по ниви и им дадоа бесплатни дипломи за по цел ден на работа да превртуваат финџали кафе и да си гатаат,треба да ги вратат таму каде што им е местото.
Како одеднаш екстерното за студентите се преименува во државен испит? Наидоа на тврд камен, па сега не сте не разбрале. Ама ве (со мала буква) разбираме и подобро од што мислите. Не сметате за недоветни? Објаснете ни каква е потребата од државен испит? Да не студираме на грб на државата? Да не имаме гарантирана работа од државата по дипломирање? (јас комај по втор пат ќе дипломирам, ама за државна работа ... го немам главното “пемпеле“) Да не забраните фирмите да спроведат тестирање при вработување? Смешни сте, а колку по смешни станувате толку повеќе им давате сила на студентите ... И уште нешто, не сметате за недоветни? (да по втор пат ) Ниско и срамно е да обвините дека некој манипулира со студентите. (не ги бранам СДСМ...јас всушност ги презирам и ги сметам за партија која е во зимски сон) Сега СДСМ вулгарно сака да капитализира политички профит на грбот на студентите и да ги претстави како нивна експозитура што во суштина е класична злоупотреба и поигрување со студентите.СДСМ свесно и намерно сака да внесе забуна и шири дезинформации за реформата која се однесува за подобрување на знаењето и квалитетот во високото образование и полагање на државен испит, се вели во реакцијата на владејачката партија. СДК студентите не се играчка.
Студирав на приватен факултет на кој, како што кажа некоја феминка погоре, се плаќаше по 8000е за целото студирање. Плус книги, униформи, легитимациски картички, семинари... Колоквиуми - 450д еден. Испити - 600ден еден. Казна за неположен испит 200е и сл. Се запишав како сосема одличен ученик без ни една 4-ка а излегов како студент со просек 9,8. Но не затоа што татичко имаше пари да ми ја купи дипломата туку затоа што го греев столот секој ден. Купувањето го има секаде. Не само на приватни или државни факултети туку и во вработувањето. Плати па ќе те вработаат. Проблемот е во професорите а не во сопственоста на факултетот. Тестирање треба да има. Јас како дипломец на ФОН не можам да си најдам работа бидејќи никој не ми ја сваќа дипломата сериозно. Ако има било какво тестирање јас би била можеби и со поголемо знаење од оние кои завршиле на државен. Од друга страна мислам дека државата си игра играчки со студентите. Нека има тестирање при вработување или сл. Кога веќе нема работа за сите, зошто да бидат сите тестирани.
Во случај да се изгласа закон за студентиве мислам дека не треба да се откажат од нивниот став ,без разлика дали ги фаќа или не.Па нели младите се носител на целата енергија во општеството. Што знам ако веќе се изгласа таков закон,барем нека биде направен да им олеснето на студентите.Да се полага секоја година на пример,дури е знаењето свежо.
Страшни работи се дешаваат во нашата ни државичка Само си пати македончето, си патело и ќе пати. Дајте студенти, изборете се до крај, во вас е надежта!!!
Извор: http://kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=54282 Цитирам: -" Размислувањата околу воведување на екстерно тестирање на факултетите се со цел подобрување на знаењето и квалитетот на високото образование, односно младите луѓе да добијат диплома со знаење кое понатаму ќе им помогне во животот, вели премиерот Груевски околу студентските протести одржани оваа недела". И...сега одеднаш стана ДРЖАВЕН ИСПИТ...мижи Асан да ти баам работава. СТУДЕНТИ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ УБЕДУВАЊА. САМО НАПРЕД,ВИЕ СТЕ СВЕТЛАТА ИДНИНА НА ОВАА ДРЖАВА.
Ако ме верувате, смечено ми е да живеам во држава каде што гласот на младите луѓе воопшто не се вреднува. И не мислам само по ова прашање. Мака ми е кога некој на здрав памет не' прави глупави, а на две очи и уши- слепи и глуви. Испадна како демек не сме се разбрале, дечки; ова нема да е екстерно тестирање, ова ќе биде државен испит. И, која е поентата? Што се менува кога студентите и понатаму ќе бидат подложени на тестирање? Се слушнаа информации, дека доколку не го положиш тестирањето, автоматски завршуваш со обрзование. Вчера излегоа со вести дека доколку студентот еднаш падне на тестирањето/ испитот, сеедно, истиот може да го полага се' додека конечно не го положи. Значи може да го зема 2 пати, а може и 10. Тогаш која е логиката? Бараат што е можно повеќе начин да не замолчат. Тестирањето прв пат ќе се спроведи врз генерацијата 2015/ 16. Кул, ова треба да значи дека сега членовите на студентскиот пленум ќе се преполоват? Браво за логиката, што да речам. Ова не влијаело врз професорите, што е случајот во основното и средното образование. Вака да ви кажам, тие професори кои искрено се грижат за своите студенти, ќе стојат до нив безразлика на се'. Професорите кои го поддржаа маршот, тоа го направија затоа што сакаа, затоа што чувстуваа морална одговорност, а не затоа што им зажеже на кожата. Боли колку си во право Валерин, боли и тажно е. Вчера во мојот град се одржа вториот студентски пленум. Мала дискусија за да резимираме до каде сме и што треба да се прави понатаму. Најблиските другарки кои ги викнав да ни се придружат, не можеа. Спиеа де, затоа што нели тоа е далеку попаметна опција. Друга пак ни рече, цитирам: „Што ќе одам, има кој да се грижи за тоа и да протестира.“ Се' додека имаме толку пасивна младина, може и не го заслужуваме гласот кој можиме да го искористиме, а не сакаме. Нека не газат, ќе молчиме, ако. А потоа ќе се жалиме што државата ни ја водат понављачи. Едит: Сериозно ова? Вчера добив информација дека средношколците не смеат да се „мешаат“. Чинам, премиерот го кажал ова, ама не можам да пронајдам таква вест.
Надлежните изгледа си мислат дека имаат таква младина без кичма што може да и прават што сакаат. Да си играат мајтап. Да, ова е играње мајтап. Со иднината и образованието на оние што еден ден би требало да допринесат за развојот на земјата. Екстерно тестирање за студентите, па екстерно тестирање само за оние што доправа ќе се запишуваат, ако паднеш готово е, па не, не било екстерно, кој бре така кажал, државен испит бил што можеш да го полагаш додека не го положиш. Која е целта на државниот испит? Студираш на државен факултет, полагаш испити, што има тогаш државата дополнително да те тестира? Ги дистанцираат сега и професорите, за да ја одземат нивната поддршка. А протестите треба само да се засилат, ма не студенти, средношколци нека излезат и родителите да дадат поддршка, за иднината на своите деца. Очигледно борбата треба да биде против глупоќата која се обидуваат да ја наметнат.
Генерално екстерново тестирање ми е жива глупост! Државата немоќна да воведе контролни механизми на сопствениот наставен кадар, па воведува вакви мерки. Значи место превентивен механизам и контрола воведува некој квази контролеен. И цената ја плакаат учениците, родителите, студентите. Место на 10 јуни децата да одмараат они се смараат и чекаат да видат кој тест им паднал. А па прашањата кое од кое поглупо. Добар дел сите ги видовме по социјалните мрежи. Кој плаќал и ова ќе го плати. Кој си учел,пак ќе учи.
А што е разликата помеѓу екстерно тестирање и државен испит? Ццц, какви манипулатори. Ако тестираат така, да не се полагаат испити и колоквиуми веќе, и да нема професори, сите ќе читкаме по дома па ќе одиме на државен испит, за што ми се инаку оценките во индекс кога треба пак да го докажувам своето знаење. Незнам како професориве го прифаќаат ова.
Тажно е кога ќе се погледне кој ја дадол изјавата, пвемиевот. Кога само ќе помисли човек дека едно такво битие кое со ништо не може да импонира на млад човек, корумпирана карикатура, има толкава моќ во оваа држава и си дава за право да одлучува за судбини на млади луѓе кои допрва треба да влезат во животот.
Првин владава нека го тестира министеров Шќипоња, неговата стручност и од каде му е дипломата, затоа што македонски зборува како холандскиот амбасадор.
ГРУЕВСКИ НА СИТЕЛ: Опозицијата ги вади студентите на улица http://faktor.mk/archives/132920?ut...sitel-opozicijata-gi-vadi-studentite-na-ulica. А АКО НЕ ПОСТОЕШЕ ОПОЗОЦИЈА,СТУДЕНТИТЕ ОВА НЕМО ЌЕ ГИ ПРИФАТЕА?! КО ВО ПЕСНАТА НА БОРА "БУТАЈ ШТА ТИ СЕ СЕРВИРА". СРАМОТА Е ДА СТУДЕНТИТЕ ДА СЕ ТРЕТИРААТ КАКО ГРАЃАНИ КОИ НЕМААТ СВОЕ МИСЛЕЊЕ!!!!!
Како не им е срам вака да прават? :/ Само тоа не ми е јасно... И после сме бегале во странство оф бе,зборат за Чешка и не знам кој други држави,им се чудам на паметот оваа бедна држава да се споредува со такви,навреда е тоа за нив.
И да ќе заборавев,па нели високото образование не е задолжително? Што ќе им е екстерно? Или некој мора со пари да се полни на наша сметка цц бедни