1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерно тестирање на студентите

Дискусија во 'Образование' започната од Lavander, 4 октомври 2014.

?

Дали го поддржувате воведувањето на државен испит?

  1. Да

    21 глас(а)
    13,9%
  2. Не

    130 глас(а)
    86,1%
  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    st.JPG
     
    На anina, galapce и fighter им се допаѓа ова.
  2. Annabel Lee

    Annabel Lee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ! УА! НЕ ЕКСТЕРНО! АКТИВИРАЈ СЕ! РЕАЗЛИЗИРАЈ СЕ!
    -Еј ама за нас не важи ова, ќе ги тестираат оние кои ќе се запишат следната година.
    -Еј да? Епа добро, нема везе ај на кафе брат.
     
    На fighter и franca им се допаѓа ова.
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.438

    E баш вака е !!
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Епа баш не е така.
    Оние кои се бореа и понатаму ќе се борат за да нема екстерно. Добро ќе биде да се направи уште еден протест ако во случај се донесе одлуката дека ќе има екстерно. Но и да нема протест не треба да се обвинуваат само оние кои веќе излегоа на протест, туку и средношколците што моментално ич не ги боли за тоа што се случува за нивната иднина. Очекуваат од нас студентите да го решиме проблемот а тие си седат мирно на газето и си чекаат на готово. Па на крај ние што протестиравме криви ќе бидеме.
     
    На Lavander, cheetah.girl и Marossa им се допаѓа ова.
  5. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.438
    *Секој за себе се бори,до некаде и во право си,искрено јас мислам дека штом веќе спомнаа државен испит,ќе го воведат,без разлика и да се протестира и да не се протестира,како што кажа груевски,тоа е најнормално студентите да протестираат.И да бидеме реални,доколку се воведе само за новите студенти,на другите баш би им било гајле.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Добро бе, прееска гледам вести и многу ама многу се изнервирав.
    Значи не е можно толку будали во очи да не прават.
    Сега испадна дека студентите глупи се па дозволуваат опозицијата да ги манипулира. Потплатиле таму некој студент да излезе да каже дека е добро тоа што планираат да го спроведат и дека студентите го поддржуваат, па дури и дека со тоа повеќе ќе може да се докажат. (facepalm)
    И да ми каже некој што е разликата помеѓу екстерно тестирање и државен испит? Тоа на никој не му текна да праша или да се изјаснеше министерот или премиерот што е разликата.
    Нема разлика бе луѓе, не се лажете, нема разлика.
    Уште вика тој не се работи за екстерно тестирање туку за државен испит нека не измислува опозицијата,
    Која опозиција човече, за секоја глупост на нив се вадат. Класично вреѓање на интелигенцијата на народот. :fubar:
     
    На Mimi123, okcenzi, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Темава е веќе предосадна за коментирање. Не можам и не можам да разберам зашто се потресувате ако некој ве прашува колку знаете. Еве јас сум полагала еден вид таков тест зашто имам слушано одредени предмети во друг универзитет па и таму ми бараа да ми ги видат предзнаењата, а и кога се вратив овде ми ги тестираа новите полагани во странство. И да ви кажам не ги преучував на ново само ги разгледав пред второто полагање колку да не биде без ич. Од искуства на моја кожа си кажувам дека не е работава за во несвест паѓање, ама добро тоа може јас така си мислам зашто јас немам сомнежи во мојата професионалност и наученото...
    @Night Rider , брат значи пак ми ги вртиш работиве.
    1. Ти го праша ова:
    Кај сеа универзитетот и неговата автономност ја мешаш. Тоа е друг муабет.
    2. Сакаш да кажеш дека е во ред да се има испитот сеа? Иронијава која се трудиш да ја употребиш не ти е во прилог на муабетот. Слудно е да се прават тестови до недоглед и до предпензионирање, ама тоа не значи дека е оправдано да не се праваат воопшто.
    3. Јас тотално се слагам дека има премногу факултети и универзитети. И токму затоа треба да се истреби тој неквалитетен кадар кој завшил на самоникнат факултет во Свирипичино. Државниот испит мене ми изгледа солиден начин за да се реши конкуренцијата.
    Не знам баш како функционира образованието низ светов и затоа никаде не се повикав на Запад, Север или Источно од рајот. Си зборам за нашата ситуација. Како е таму, тие нека си мислат.
    Може испаѓа дека е дискриминирачки, но не, сплет на окоолности е. Ајде ако не да не упишуваме факултет за да не го дискриминирам прапрапрапрапрадедо ми. Не може да не променеме ништо само затоа што било инаку за претходните генерации.
    5. Не. Секој сам со своето знаење ќе решава за себе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ова не е екстерно, ова е државен испит. хахаххаха :D
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    @Madam-A не е поентата во тоа да се провери знаењето драга. Поентата е да се истребат студенти и демек се залагаме за државава и превземаме нешто за нашето посрано образование. Точно е дека треба да се превземат мерки, но дали ова е правиот начин тоа да се промени? НЕ. Правиот начин е приемен испит на сите факултети и построго оценување.
    Прво и основно, не можат да одат против уставот но не им е прв пат така да, ништо чудно. Нека има државен испит бе, но тој испит да содржи други мерки на казни а не да ми забрануваат да студирам.
    Секој има право на образование.
    Второ, системот на студирање не го дозволува тоа и покажува јасно и гласно дека државен испит нема услови да се воведе. Јас ако сум 3та година, имам останато испити 1 од 1ва и 1 од 2ра и сега што ќе правам јас со тие испити?
    Трето, не ги казнуваат професорите туку ги омаловажуваат. Некој професор мене 2 пати да ми ги прегледува испитите? Па тогаш зошто воопшто ме пуштил првиот пат на испит? Професорите се оние кои одлучуваат ти до каде си со материјалот и дали заслужуваш да положиш. Ако некој професор тебе ти ставил 6ка а ти немаш појма од животот ти ли си крив или професорот?

    Ако мислат дека оние мамини-татини галеничиња со врски од тетки и вујковци дека нема да поминат, многу се лажат. Баш тие ќе поминат. Која е поентата тетка ми да ме пушти на испит и на државен да ме падне???
    Да, наредната година ќе биде многу голем процентот на незапишани на факултет, но искрено, подобро им направија на средношколциве. Јасно и гласно искажуваат дека од државава нема чаре, барајте на друго место. Барем нема толку многу да се мислат.

    На Електро се 6 души во генерација... државен испит, 3ца паѓаат (оти мора некој да го крка не дека не учат, да не учеле немало да се запишат на еден од најтешките факултети). И после се бараат оние со електро, немаме човек со диплома од тој факултет. Епа нема.

    Не верувај слепо дека велат дека не се учи и кој си научил ќе положи. Нормално дека сите за државен ќе се тресеме ко камили на северот и ќе учиме најмногу до тогаш но закон чим се вовел и никој не падне на испит, не држи вода. Затоа мора некои со најмалку поени (што тие поени носат 9ка) да паднат.


     
    На Annath, Mimi123, srcence1607 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тој што има пари да си купи диплома ќе си купи и резултат од државен испит или екстерно како сакате. Што не ви е јасно? Ништо нема да смени оваа одлука, само уште толку ќе се влечкаат студентите по факултетите.
    Ако сакаат да сменат нешто и да направат да има навистина образован и стручен кадар нека воведат приемен испит на факултетите и нека ги намалат квотите, да неможе секој да се запише на факултет. Нека го поскапат ако треба, нека дадат повеќе стипендии за просек, а не вака веќе си завршил ај сеа пак да полагаш.
    И се плашам, иако не ме фаќа законот би се плашела да ме натераат после сите перипетии да полагам и екстерен тест. Се плашам затоа што јас ќе морам да повторувам милион форумили кои сум ги учела на памет, а кои реално никогаш нема да ми ги бараат на работа, се плашам пак да решавам тестови, да ги бубам пак книгите, не дај боже кај мене како што е па да ми дадат пак да цртам. Не се силете дека многу знаете, никогаш незнаеш што ќе ти дадат на тоа екстерното. Едноставно неможеш да памтиш се што си учел во 4 години. Дефнитивно треба да има повеќе пракса на техничките факултети затоа што мене ми е џабе да знам како да пресметам статика на носач, а никогаш со очи не сум го видела. Каде ми е тука мене стручноста? Јас сум крива што никогаш не ме однеле во лабараторија да видам практично како се пресметува? Па уште екстерен ќе ми даваат, џабе ќе биде и тој кога утре на работа пак нема да знам што е тоа.
    Знам дека секој факултет има различна тежина ама не е исто да му дадеш екстерен тест на некој од Педагошки кој ќе треба да прераскаже лектира и на Машински каде што ќе треба да решава тест по кинематика.
     
    На WarriorAngel, Mishela, Mimi123 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски

    Токму така, нашиов премиер докажа дека ние народот сме нетокму, а богами и ние му помагаме во тоа со нашата пасивност....поголема глупост од она синоќа на ТВ не сум слушнала, а точно е дека има разлика меѓу државен испит и екстерно но за жал тој екстерното само го преименува као да се направи паметен....значи државен испит се полага на крај на фак. и обично во пракса е или браниш дипломска или полагаш државен, а државниот е од 3-4-5 задолжителни предмети за сите студенти и по правило тоа се стручни предмети и што е најважно пак ги полагаш кај професори од фак. а не пред некоја си комисија составена од министерство, очигледно на нашиов премиер не му е познат ни самиот збор "екстерно" штом меша екстерно и државен.....Впрочем не ми е јасно цела оваа присила да се воведе полагање....има многу други мерки кои прво треба да ги преземат за да се подобри образованието па потоа како резултат на преземените мерки треба да си направи тест колку биле успешни, а вака со самото тоа што тој признава дека квалитетот на образование паднал, а знаеме зошто падна, во секое село факултет, за кои реклами и отварање се потрошија купишта пари, морално е да признае дека таа реформа е негова грешка и богами некој треба да си понесе морална и политичка одговорност, ако има доблест да го признае тоа, во што сум скептик.....уште многу чуда ќе се нагледаме ние во оваа наша Чудесна Македонија.......
     
    На Night Rider и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Браво за студентите што се будат и бунат конечно за нешто паметно. Првпат се бунеа некаде 1997/8 за глупости што воопшто не ги тангираат, секако на поединци-студенти тоа им беше поплочување на патот кон слатката власт па денес се (екс-)министри.

    Државен испит веќе полагаат лекарите, судиите и уште некои така да нема потреба од уште еден нов.
    Не било есктерно било државно - не било WC, кенеф било ... |(

    Премиерот го разбирам, се обидува да протера своја агенда, но за Сител не ми се веруваше дека можеше толку ниско да спадне пренесувајќи ја додворувачко-пропагандната вест на Кур(в)и-р :puke::
    „Врие од незадоволство меѓу студентите откако се разјасни дека станаа нова жртва на манипулаците на СДСМ и СОРОС.„ - па зарем младите од тие партии и организации немаат право да изразат мислење? И како тоа СОРОС им чинеше кога им даваше пари, а сега кога дава здраворазумна издржана критика на општеството и одредени потези на власта не им чини?
     
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    И што ако би се вовело па приемен? Тоа е идеално во случај образовниот систем да функционира праведно, не сфаќам од каде кај вас таа доверба дека нема да се манипулира со бодувањата за да го гледате како подобро решение. Исто му доаѓа како државниот, ако не и полошо.
     
  14. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    " но за Сител не ми се веруваше дека можеше толку ниско да спадне пренесувајќи ја додворувачко-пропагандната вест на Кур(в)и-р :puke::
    „Врие од незадоволство меѓу студентите откако се разјасни дека станаа нова жртва на манипулаците на СДСМ и СОРОС.„ - па зарем младите од тие партии и организации немаат право да изразат мислење? И како тоа СОРОС им чинеше кога им даваше пари, а сега кога дава здраворазумна издржана критика на општеството и одредени потези на власта не им чини?[/QUOTE]

    Сител одамна е паднат ниско :) не џабе на разочаран човек му викат " e оти бе не гледаш Сител, та паѓаш у депресии" :) :) :), a за 2-во , На ВМРО ниедна критика не им чини и кај нив луѓето се поделени на ВМРО и СДСМ - друга опција тие не признаваат, како да не смееме да размислуваме различно и од едните и од другите, црно-бели свет :)
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Јас на оваа новинка гледам како добар начин на селекција на преееееегустиот кадар, а со тоа и поквалитетно образование. Нека не биде ова, нека биде приемен како што викаш, сеедно, битно мора да се регулира запишувањето на факултет од мода и преземањето работни места во корист на полошоквалификуваните.
    И приемниот би имал негативности. Ете со него, ако не го направиш добро, нема да може да се упишеш факултет и правото за образование би било ускратено. Нема везе јас и тоа го поддржувам. И построго оценување, и тоа треба.
    Во врска со оценувањето јас замислувам дека ќе е комисиски или дека барем ќе помине низ повеќе раце тестот додека да биде истакнат конечен резултат. А и нема еден професор на катедра па за да испаѓа дека сите се оценувани по 2пати од истиот. Така да врска за еден може и ќе фатиш ама со комисиско или повеќеетапно оценување потешко се фаќаат повеќемината. Еве и има некои кои ќе фатат врски, секогаш има такви, ама 3% ќе се, а не 63%.
    Значи ова несериозно стекнување диплома ме вади од кожа, затоа го поддржувам државниов испит. Нека се проба, нека не тестираат и нас завршените пред вработување. Ако не ме бива нека се вработи тој што решил повеќе од мене, јас ќе пробам пак нареден пат. Додека нема друго решение за ова завршувањево факултет на поедини особи на база на лепе очи, јас ја прифаќам идејава како некаков акт на дејствување против таквата појава.
     
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Не сакам да кажам дека треба да има екстерно и не знам како сте дошле до таков заклучок.
    Ако најдобрите факсови на светот немаат врска со никакво екстерно тогаш што тоа ви кажува?

    Некомпетентноста, страшната и сирова некомпетентност на сите политичари кои јавно истапија со предлозите за екстерно е очигледна како што се и очигледни ``подобрувањата`` на основно и средно образование после воведувањето на испитот.

    Една од дефинициите за лудило

     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И со приемниот ќе има манипулации како и со се друго во државава, само знаете што ќе биде подобро, што нема да даваат пари за џабе луѓето. Полагаш не те примиле нема да плаќа, а не вака те примиле, си платил и на крај неможеш да дипломираш ради некои си екстерни тестирања, а практично си платил за да учиш и за да земеш диплома.
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не е сеедно Мадам, зошто ако има државен и паднеш повеќе не можеш да студираш ! А ако има приемен и ако паднеш имаш 2 опции, или ќе пробаш на друг факултет или ќе пробаш наредната година.

    И буквално истите ризици се. И ваму можеш да препишуваш-и таму, и ваму можеш врски-и таму можеш.
    Не се решава државен проблем со забрана на образование. Може до секакви компликации да дојде. Не можеш да смислиш ниту една ситуација во која студентот ќе падне од рандом оправдани причини? Има милион.

    Ти си завршила, јас сум веќе запишана и нас не не фаќа законот но греота е да ги гледам внуциве, сестра ми, моите идни деца како се мачат во оваа неправда.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    @ariela09 , a сигурно ова дека нема да може да се продолжи образование? Јас прв пат слушам дека ќе биде така. Читав дека ти имаше и претходно напишано така ама ајде си викам ваљда со преносно значење си пишала. Ако се забранува образование после неположен државен се слагам дека е too much.
    Еве баш барав сега низ нет ама не наидов што би следело после неположувањето на испитот. Не пишува ни дека ќе се забрани ни дека нема. Јас знам дека на медицински факултет ако не го положат државниот испит имаат фора да го полагаат пак после неколку месеци (заборавив после колку точно, мислам 6). Аналогно на тоа мислам дека и овој би бил таков, нема логика да не е. Еве баш ако најде некој нека постира, ме занима и мене кој е исходот на законот. Ни јас не се согласувам да се забрани образованието по неуспешно полагање, но во секој друг случај, пак ќе речам дека ми се свиѓа идејата да се контролира кој како завршува.

    Би те замолила да ми кажеш што е тоа очигледно во некомпетентноста, еве мене не ми е. Политичарите се на тоа место затоа што мнозинството од граѓани ги изгласало, а тоа ги прави доволно компетенти да преглагаат и гласаат закони. Јас стварно сакам да те разберам што сакаш да кажеш ама упорно не се наоѓаме на иста бранова должина.
    Башка тоа, како виде дека после основното и средното не се подобрени? Јас гледам примери од моја околина (братучедчиња) како поозбилно се заучиле имајќи го предвид екстерното.
     
    Последна измена: 25 ноември 2014
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Eпа зошто мислиш дека имаше хамери и постери: Секој има право на образование. ?
    Затоа што го одземаат тоа право. А што мислеше ти дека ќе се подобри ако полагаат државен испит? Дека ќе си полагаат и толку, пак ќе си продолжат. Ако е за така ич газов нема да ги боли, ќе си научам и нема да се потресувам. И ако е така, која е поентата на државниов испит?
    Погледни го почетокот на темава. Има многу линкови за тоа кои се последиците.
    Еве на пример: http://www.dokaz.mk/nema-veke-po-shto-pa-udri-po-studentite/
    Еве го оригиналот она што го кажа Адемче срцето

    Screenshot_16.png