Извинете што ќе постирам мислење по мислење но ова е битно и сосема спротивно мислење но и двете заслужуваат да бидат одделени. Новост. Немало да биде крај на студирањето туку испитот ќе се полагал се додека не се положи. ЛИНК Вака е далеку подобро но сепак... повторно нема никаква цел. Која е сега поентата. Ќе полагаш се додека не положиш. И како ќе ги истребиме тие што не заслужуваат? Бог да чува.
Па рекоа уште пред неколку дена дека студентот ќе полага онолку пати колку што ќе му биде потребно за да положи (не може да се знае со сигурност како ќе биде, уште ни закон не е донесен). Државниот испит е реформа која нема да вроди со плод, исто како и државната матура и екстерните тестирања во средните и основните училишта, и шуто и рогато ќе може да положи без проблем. Јас мислам дека целта на ова е дел од матурираните средношколци да се повлечат заради затегнатите мерки, па воопшто да не се запишуваат. А приемен испит во вакви околности или ќе биде подеднакво небитна формалност како и државен, или пак ќе биде полошо - заради неправедни бодувања и оценувања би се создавале дополнителни фрустрации кај млади луѓе кои не можат да се запишат онаму каде што сакаат заради туѓи грешки, не заради свои. Тестирање при вработување нека има, ако те плаќаат имаат право да проценат дали и колку вредиш. Ама онаму каде што ти плаќаш да ти создават дополнителни стресови и нервози, како да не се доста административни малтретирања, и сето тоа заради некакви си експерименти... Па не знам, поддржувајте и верувајте дека ќе има ефект ако ви е толкав капацитетот за резонирање.
Не се изгласани од мнозинството граѓани, такво нешто не е возможно - во најдобар случај се работи за една четвртина од граѓаните. Мислам дека не ви е познат поимот за автономија на универзитетот и дека сметате дека избраните политичари стекнуваат автоматска компетентност со самиот избор што е честа последица на неинформираност. Ви побарав примери од земји како вакво тестирање го подобрило образованието. Тоа што такви примери нема значи дека неможе да се подобри образование со екстерен испит. Ако не може да се подобри со таков испит тогаш испитот има некоја друга цел. Ако ги видовте изјавите на пмевиевот кои се граничат со елементарен простаклук, министерот кој си купил диплома во Тирана и кој едвај може да поврзе два три збора и неговиот заменик партиски потрчко - тоа се јасни знаци на некомпетентност. Ниту знаат да кажат како и зошто екстерно ќе го оправи ибразованието, во два дена пет пати менуваат изјави и слично. Застрашувачки е што млади луѓе воопшто сериозно би земале предвид ваков закон ако се има во предвид кој го застапува. Истите кои го уништија високото образование сега ќе го поправале - со екстерен испит.
Која иронија-оние кои отвараа дисперзирани студии за и тие што не би се запишале на факултет да дипломираат,оние кои им даваа услови на постарите од 35 да забршуваат факултет и низа други бомбандирања со реклами дека "образованието е сила,образованието е моќ"...а сега истите тие воведуваат екстерно?Изгледа лесно се предомислуваат.
Министерот немал намера да им се извини на студентите. Молам?! Мооолам?! А, кој бара е*ано извинување? Ја направија работата контрадикторна до немајкаде; младите ги направија ограничени како литар млеко, а всушност тие не гледаат подалеку од носот. Уште ваква банална изјава фалеше. Ги вртат работите веќе неколку дена обидувајќи се да излезат од сопствените гомна (добро бе, дали на се' треба да му се даде политичка конотација?), па нас да не начукаат таму. Pardon my French, ама крајно изреволтирана сум во каква пос*рана држава живеам. Едно нека сфатат- трулежот доаѓа од основата. Го доведоа во ред основното и средното образование, па нели сега остана ова. Барем да беше вака и во реалност. Така е, СДСМ ме плаќа да го пишувам ова. Или СОРОС, како повеќе одговара. пс. Дискусијата за екстерното тестирање и проблемите во високото образование со проф. д-р Билјана Ванковска и член на студентскиот пленум.
Леле не ги можам више. 100 пати ја превртеа изјавата и пак не знаат што всушност сакаат. Како бе се родив тука.
http://www.kozanostra.net/studentit...-deka-odat-na-miting-na-vmro-a-ne-na-protest/ – Абе ние седевме така на факултет, и наеднаш некој викна „ВМРОООООООООООО… ВМРОООООООООООООО… НИКОЛАААААААААААААААА!!!“, и ние веднаш се стрчавме во дворот на факултетот каде се собираше поголема толпа. Прашавме наоколу што се случува и зошто се собираат студентите, па ни кажаа дека сите заедно ќе одат на митинг на ВМРО, и ние пресреќни се приклучивме на толпата и тргнавме кон владата. Ни на крај памет дека тоа било протест против екстерното, пардон, државниот испит. Па за тоа ние никогаш не би протестирале. Уствари за ништо никогаш не би протестирале, единствено само на митинзи излегуваме. Тоа е тоа, извинете многу, погрешно сме разбрале – изјавија за Курир во хор сите тројца од фотографијата погоре. ............
Казни до 12 илјади денари за студентите повторувачи на државниот испит" Извор: http://libertas.mk/казни-до-12-илјади-денари-за-студентите/ Ако по СЕДМИ ПАТ не се положи испитот....... Па нели со испитот квалитет ќе се воведувал во високото образование?!@@@ АБЕ КАКО НЕ ВИ Е СРАМ,ЌЕ БИДЕ КОЈ ИМА ПАРИ ДОЖИВОТНО ЌЕ СИ СТУДИРА И ЌЕ ПЛАЌА ЕКСТЕРНИ ПО МИЛИОНТИ ПАТ, А КОЈ НЕМА...ЧАО ПРИЈАТНО АДИОС. КВАЛИТЕТ ИЛИ КВАНТИТЕТ ВО ПАРИ Е ОВА?!
^ Цитирам реченица од министерот Адеми и величенствениот Гуевски: Целта на ова е образованието да не биде повеќе бизнис.
Првите три пати полагањето ќе ти биде бесплатно, четвртиот пат ќе платиш само 100 денари, петтиот пат – 1000, шестиот пат – 3000 денари, а седмиот обид ќе те кошта 12 000 денари. Веќе осмиот пат ќе станеш министер ко Адеми и ќе го смениш законот. вака некако? хаха
Ако некој има доволно знаење нема да стаса до седми пат... Меѓутоа сепак останувам на ставот дека сум против екстерното тестирање/државниот испит или што и да е. Ако не важи за тиe што сега сме студенти не значи дека треба да се откажеме од идејата да се спротивставиме на тој (предлог) закон. Уште колку пати ќе дадат различни изјави во врска со ова...Бог знае. А и како што читав демек овај испит немало да има никакво влијание врз професорите. Па како тогаш да се "подобри" образованието? Ако не влијае врз нив повторно ќе има професори кои за пари ќе пишуваат оценки. Кој има - ќе си плати нели. А кој страда? Нормално ние студентите.
целта се парите (барем на мене така ми изгледа) и не знам само како не им е срам да ја споредуваат оваа бедна држава со Чешка,Англија и не знам таму уште кој,ние сме чиста нула за нив. *Плус таму им наоѓаат работа,и станови им даваат,тука така кога ќе направат нема проблем што сакаат ќе полагам без проблем.
„Државниот испит ќе биде обврска од следната учебната година за новите студенти, а првото полагање ќе биде во 2017 година. Државен испит има друга цел - фокусот е минимум знаење, не се занимава концептот колку оценил професорот, туку дали студентот има минимум знаење за шестка. Минималната оценка мора да биде иста-шестка на Економскиот факулетет во Скопје треба да им исто значење со шестка на Економскиот факултет во Прилеп“, одговори премиерот Груевски на седницата за пратенички прашања, на прашање поставено од пратеникот Александар Николовски. извор:http://www.mkd.mk/makedonija/politi...-garancija-deka-studentot-ima-minimum-znaenje Ако болдираново им е целта, тогаш совреме нека ги затворат другите универзитети. Тие наместо да ги подигнат на исто ниво на квалитет сите факултети во земјава, тие ќе ги казнуваат студентите оти немале средства да плаќаат престој и да студираат на УКИМ. Ова го кажувам бидејќи сите знаеме како се добиваат оценки на УКЛО и УГД, а како на УКИМ.
@Lavander Се согласувам со тебе за се,ама дека лесно се добиваат оценки на УКЛО,многу си грешка. Не значи дека само УКИМ е веродостоен универзитет,УКЛО го ставам на исто ниво,додека за УГД во право си донекаде. Најголем проблем се дисперзираните студии,што во секој град има факултет,е таму се добиваат 10ки на 30 страни скрипта и однапред познати прашања. Ние останатите фино и лепо се утепуваме од учење. И веќе ми прекисна да гледам по вестите како се зборува за „државниот испит“ и неговата важност,ништо нема да ме увери дека е потребен.И сега,као демек ќе полагаш колку сакаш,ќе плаќаш после 3ти пат одредена сума,а после седми пат 200 евра.Ами тие пари што сме ги дале за полагање испити во текот на студиските години,тие не се важат? Одвратни ми станаа,одвратни.
Последниов дел, кога и да го слушнам, ми се превртуваат цревата. Стварно? УКИМ е мерило за степенот на образование, а другиве факултети се гола вода. И баш ме интересира на кои факултети на УГД се учи од скрипта од 30 страни и се положува со 10ка, дека и јас студирам на УГД, и под 400 страни немам книга. И принцип на полагање ми е-усно. Или во превод, на професорот каде му се отвори книгата од таму прашува. Моја другарка студира на УКИМ, значи не е филолошки, ама во семестрите има испит и англиски јазик. Пошто девојкава врска нема од јазикот, наместо неа нејзината цимерка полага. Или на правен што прават-прашања на заокружување. Чинеш анкета им прават. И на пазарот на трудот, и двете дипломирани сме конкурентни, ама таа има предност пошто студирала на УКИМ, и аналогно на тоа следува дека има повеќе знаења и вештини од мене..Хм.
А чекајте,јас не разбрав викаат тоа ќе важи само за новите студенти,еве јас сум втора година и што ако не полагам предмети и ме фати 2017-та? ќе ме тестираат и тогаш o.O
^ Најверојатно не...нели имаше изјава дека екстерното ќе важи за тие студенти што допрва ќе се запишуваат. Меѓутоа се е можно...вака како што тргнало :/
Нема потреба од давање на прашањата - нема потреба од екстерно тестирање/државен испит. Доволно е се до сега што е кажано. Ама гласот на студентите баш и не се зема во предвид.