Кога необразовани водат држава,што друго да се очекува Секој ден,се повеќе го докажуваат истото,ама ете пак,на нив ништо не им пречи тоа,кога има други да фрлаат пари за ништо,баш му е галје и на груевски и на адеми,чиста нула се и двајцата,и пошироко,ми се повраќа од гаднава држава.
Студентите да имаат минимум знаење?????? бисери....бисери.....бисери.....студентите треба да се спремни за сериозни и одговорни предизвици, а минимум знаење во осмолетка....сега незнам како е со заокружување на испит......и мислам дека е многу полесно од наше време....ние учевме цел материјал за да положиш, а оценката зависеше од кои прашања ќе ти се паднат, расположението на професорот и твојата сијаличка колку ќе ти се упали у моментот Не го одобрувам нашиот начин на полагање, од 3 прашања неможе професорот да донесе правилна оценка....најбитно од се е да се работи со мали групи на факултет, само така може да им се пренесе знаење на студентите, со директна комуникација со студентите...а ова со тестирањето и не е лоша варијанта, бидејќи така се опфаќаат повеќе прашања од повеќе теми, но сепак мислам дека треба да има и устен дел на испрашување посебно на некои факултети каде е потребно да се види логиката на размислување кај студентот, еве да му дојде тоа нешто како практичен дел.....мислам дека министерството треба да си воведе анонимна анкета кај студентите за оценување на професорите..(мислам дека некаде го има и воведено тоа, но незнам колку се почитува) и резултатите од ваквата анкета да бидат јавно објавени....да се види квалитетот на професорите....а не тука удри само по студентите....а за неквалитетот на образованието се знае што е причината "зголемените квоти и дисперзираните студии" ни професорите неможат квалитетно да предаваат во училници со 300 студенти и со шетање од факул. на факултет и од град во град.....има едноставно и просто решение но Грујо не сака да го види бидејќи на крај се се сведува на ПАРИ....
@sadgirl21 Јас мислев на дисперзираните студии од УГД,ете поточно информациите ми се од Гевгелија.Имам другари таму што студираат Туризам и Бизнис и Логистика и ми кажуваат дека ги вадат сите поени на колоквиум.
груевски рече: ''Не знам зашто студентите протестираат,кога тоа ќе важи за запишаните во 2015 год.'' А,пред еден саат на вести ''адеми вика, во вторник ќе се знае ,што ќе биде со државниот испит,исто така и ќе се разговара со студентите за истото'' каде им е логиката и писменоста во ова?Едно зборат,друго прават.Ако важи тоа само за ново запишаните,што е целта да збори со нас студентите? Или тоа беше една лага за да не се протестира.....Искрено,жално е од толку многу студентити да испадне целава работа по нивно.
Како бе може овој нашиот ни премиер да не етикетира како партиски војничиња сите оние кои би испаднале да протестираат неможеме да си ги бараме правата ???? веднаш сме од некоја партија???? Аман бе па сите сме студенти,сите не мачат овие глупави и непромислени правила кои сакаат да ги воведат. Ќе ни ги проверувале знаењата преку еден обичен испит кој ништо реално неможе да покаже, воведете задолжителна пракса која подобро ќе покаже кој како ја земал оценката и колку знаење има, тоа ни треба и ни фали а не преку прашања да решавате кој како ја земал оценката, дали учел или не, потребно ни е да го применуваме тоа што го учиме а не само да остане на лист хартија ... Имаме право да си ги бараме правата бидејќи не направивте марионети во вашиот систем преку кој се изживувате со нас, да така ќе кажам, ни го уништивте образованието, а како што оди работата се ќе се уништи, и немојте да не делите на СДСМОВЦИ и ВМРОВЦИ ние сме само СТУДЕНТИ кои имаат право на образование, па макар и тоа право на улиците да го бараме.. АХ моја чудесна земјо
"На наредниот протест ќе излезат помалку луѓе. Најголем дел од нив ќе бидат од подмладокот на СДСМ. Ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет – истакна премиерот Груевски." Јас ова вака го преведувам: " ........првиот пат го испуштивме нашиот подмладок, не претпоставивме дека и тие ќе се бунат, види мајката се дрзнале и тие да се бунат, сега ќе се заземе стратегија и ќе се стиснат нашите да не смеат да излезат на протест и да не успее протестот"....доста бре Грујо со таа етикета ВМРО СДСМ па на крај сите сме луѓе, еве јас никогаш не сум била партиски определена, имам гласано и за овие и за овие се со цел да се подобри нешто ама кои и да се увце не ги боли кога си седнат у фотељите.... НЕМОЈТЕ ДЕЦА ДА ДОЗВОЛИТЕ ДА МАНИПУЛИРААТ СО ВАС, НЕ Е ВО ПРАШАЊЕ САМО ДРЖАВЕН ИЛИ ЕКСТЕРЕН ИСПИТ СЕГА ВЕЌЕ МИСЛАМ ДЕКА ВЛАДАТА САКА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА НЕГОВИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ СЕ ПОСЛУШНИЦИ А ДАЛИ СЕ ЗАДОВОЛНИ ТАА НЕ САКА НИ ДА ПРАША....99% СУМ СИГУРНА ДЕКА СИТЕ САКААТ ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ....НО АКО ГРУЈО НАВИСТИНА САКА ДА ГО ПОСТИГНЕ ТОА ТОГАШ НЕКА ГИ ПОСЛУША СТУДЕНТИТЕ НА ДЕБАТА....АМА НЕ ДА ГИ ЕТИКРА КОЈ Е ВМРО КОЈ СДСМ....ТА ДАЛИ МИСЛИ ДЕКА И КАЈ СТУДЕНТИТЕ ШТО НЕ СЕ ВМРО НЕМА ПАМЕТНИ ДЕЦА..?????
Kikitta и Viki693 целосно ве поддржувам и се согласувам со вас.. Дали изјавата на премиерот значи дека СТУДЕНТИТЕ ЕДНОСТАВНО СИ ГО ПРИФАТИЈА И СЕ СЛОЖИЈА, ПА ДУРИ И ГО ОДОБРУВААТ КОНЦЕПТОТ НА ДРЖАВЕН ИСПИТo. Во држава или си ВМРО ИЛИ СДСМ?! ИЛИ СЕ СОГЛАСУВАШ СО РЕФОРМИТЕ И СИ ВМРО ИЛИ СЕ ПРОТИВИШ И СИ СДС?! Е премиере СТУДЕНТИТЕ НЕ СЕ ОВЦИ ЗА СТРИЖЕЊЕ НА НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА,ТИЕ СЕ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ СОЗРЕАНИ ЛИЧНОСТИ КОИ ЗНААТ ШТО САКААТ! Само напред,не дозволувајте да ве реформираат со чудни реформи и партиски да ве обојат.
@Viki693 http://brif.mk/?p=171634 Се укличив ова да го кажам ти што го кажа. Значи јас мислам дека е џабе. Минатиот пат не бев на протест ама на 10ти ќе отидам оти кога се гласаше јас го чкртнав цело ливче и не сум ни ВМРО ни СДСМ. Но сепак моето присуство ќе биде залудно затоа што пола ако не и повеќе на протестот беа ВМРО и повеќе нема ни збор да кажат затоа што се вмешаа партии. А кога ќе се вмешаат партии тие ќутат и траат многу нормално. Како ќе им кажат од партија, така. Нема ама. И велам дека пола и повеќе беа ВМРО на протестот затоа што ВМРО е 70 % младина, затоа што за да имаш иднина ти треба партиска книшка а и нивните мозоци се најлесни за перење. Пензионерите имаат бесплатен живот што се вика за да го добијат нивниот глас не оти се стари и жално било. И сега на протест ДАЈ БОЖЕ да бидат барем исто толку колку што беа, иако мислам дека ќе бидат ни пола од тоа што беше. И јас ќе одам затоа што вмешаа партија и ја претераа работава, а немам партиска книшка, ни се замарам. Ама знам што прават и ќе одам за инат ! Смрдени.
И во ова вметнаа политика,матер да им е*м!!! И јас стално чкртам ливчиња,одам да гласам,ама не бирам партија. Очигледно целата медиумска работа беше да се каже дека ние студентите сме под партиско влијание. Ни тие ги сакам,ни другите.Од лоши,полоши. Море ми иде еден ден сите функционери да ги истребам,еден по еден.Не третираат како пиони,опозицијата се црните фигури,Владата бели,а нас не играат како ќе им прдне! Море да бегам од државава,што поскоро,тоа поарно.
Тоа е нечија идеја, да се претстават студентитие како партизирани војници. ЗАТОА НЕМОЈТЕ ТОА ДА ГО ДОЗВОЛИТЕ,ВАШИТЕ ПРОТЕСТИ НЕ СЕ ЗА ЏАБЕ.ВИЕ ЈА ЗДРМАВТЕ ЗАСПАНАТА МАКЕДОНИЈА,И ПРОДОЛЖЕТЕ. И јас сум разочарана од политиката,ниту една опција не ми се допаѓа,но ВИЕ ТРЕБА ГЛАСНО ДА КАЖЕТЕ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕТЕ ЦЕЛ НА ПОЛИТИЧКА ХАЈКА ОД БИЛО КОЈА ПАРТИЈА,И АКО НЕШТО НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА,ИМАТЕ ПРАВО ТОА ДА ГО ИСКАЖЕТЕ ЈАВНО. Не бегајте од државата,вие сте тие што можете да ја поставите на прав пат.
http://telma.com.mk/vesti/nov-studentski-protest-narednata-nedela Траги-комедијата во сето ова е што ВМРО-овските полтрончиња кои беа запишани на факултет со мене го поддржуваат тн државен испит. Е сега смешката е што некои групи на предмети беа огромни, па не се осеќаше, ама во некои групи бевме дури и по 10 до 20 души и сите со сите се знаевме. Партиски си беа истакнати уште во тоа време, дел од нив беа и моја генерација во средно, па уште и тогаш лепеа плакати. Нејсе... во малите групи лесно се забележуваше ако некој не дојде да полага, а го имаше на списокот на пложени, па погодете кои беа тие? Да, да. И ќе поминеше како шуш буш низ нас студентите, ама од пусти страв, а и неединственост, останавме непобунети... вината е на наш товар. Поентата на испитов е да нема влекачи (онаа дека, за пред јавност), само ме интересира како не ги јаде нивната лична ништожност по ова прашање? Како се убедени во своите дипломи? Нека ни дадат ретроактивен државен испит на сите што сме дипломирале во последниве 10 години да видиме кој си ја купил дипломата? Оу да, мизеријата е поголема што една професорка јавно кажуваше дека се кае што ставила потпис на магистратурата на премиерот и како тоа било една усилена претстава. И сега владата на овој човек ќе внесува промени во образованието и ќе им ја зима автономијата на универзитетите, уште извор на пари... Не успеаа поинаку, ама еве ова е другиот начин, преку грбот на студентите. Глупоста да биде поголема, тоа не било за тие што веќе се запишани, туку од догодина, демек не треба да ви биде гајле... а нели требаше да градиме некое единство?
Јас сум партиски неопределена, што значи ако излезам од дома сум дел од СДСМ? Или сороска. Колку сме дискриминирани ние студентите. Не користат како отпад. Ова сме, она сме, за ништо немаме право.
Ако веќе сакаа да се подобри образованието и да бидат стварно образовани оние кои ќе завршат факултет едноставно требаше да размислуваат пред да ги акредитираат сите приватни универзитети, пред да остворат дисперзирани студии во секој град и наместо да прават сега дополнителни глупости кои повторно нема да подобрат ништо, требаше да вратат приемни на факултети, да се намали бројот на студенти кои ќе се запишуваат и полагањата да бидат исклучиво со усно одговарање како што било некогаш. Е тогаш може да се очекува квалитетен кадар за вработување, а ова што се прави сега е само мачкање очи и создавање дополнителни стресови кај студентите (оние кои учат и сакаат да завршат). И нормално прибирање дополнително пари, со плакањето казни за непложување.
Баш ме интересира ШТО "КЕЦ У РУКАВ" ќе извадат за да ги бојкотираат протесите на студентите?! Ај баш да видиме: 1.итни задолжителни предавања и список за присутност 2.колковиуми задолжителни за полагање на истиот ден; 3.итен вонреден упис на некаков си семестат на студентски прашања, најдоцна до денот на прорести Или... 4. Контрапротест...ко проверена варијанта ......ама гарант нема да погодам.. кој знае што ли ќе им текне
Контрапротест СИГУРНО пошто има "многу студенти" што сакаат да полагат а само овие од опозиција се нешто измислуват плус народот веќе отрпна на контрапротести така да ќе се оди на проверена варијанта........
Да се вратат приемните испити, за да се избегне неписмените да се запишат на факултет. Оние на приватните факултети да го испотат задникот за оцена, не да им ја подарат. Стојам на ставот дека и по повеќе години од дипломирање, у сон ќе полагам пола од испитите, оти сум ги учела со недели и месеци и оти тоа ми е струка. Не па веднаш по дипломирање. Или по спремање. Има државни испити за мед, сестри, доктори, правосудни за правници и слично. Време е и учителкине да седнат да научат, оти дебили ни ги едуцираат децата. И да, ретроактивно да се однесува 10 години наназад, откако излегоа приватните факултети. А професорите кои за 500 - 1000 евра ( а некои и за еден ручек у кафана) даваа оцени, да си одат од професорските фотељи. Доста им е, се збогатија ко шеици. Ко да не знаеме како се плаќаше за оцена и уште се плаќа, ама сега легално, на сметка на факултетот. 2000 евра година за 8 испити. Од студент. Пребројте колку у џеб им одат на професорите и колку ќе изгубат ако не ве положат (ке си одите на друго место каде гратис оцена се добива за појавување на факс). Купени оцени помалку од државен испит. Дајте идеја како да не се купуваат повеќе оцени? Или не ви одговара тоа некако?
Затоа, наместо да се занимава со декларативни реформи, државата треба да поработи малку на копумпираниот и непотистички менталитет на просечниот граѓанин кој е вистинскиот проблем во ова општество. Потребни се затегнати мерки и поголема контрола за искоренување на такви појави, а не некакви си тестови чии решенија и онака ќе бидат достапни на интернет една недела пред испит.